Промо тв Серии

„Вавилон Берлин“

Најскапата германска серија на сите времиња, “Вавилон Берлин” ексклузивно на Телма

“Серијата “Вавилон Берлин”, не’ внесува во една приказна која се одвива помеѓу двете светски војни и не само што е сама по себе вистинско уметничко дело, туку има мошне актуелна порака – тој што владее со стравот, ја има власта во своите раце…

1920 година. Берлин, во еден живописен период пред нацистите да дојдат на власт. Градот во тој период поминува низ една културна експлозија и нагло паѓање на моралните стандарди.

Двајца инспектори се наоѓаат помеѓу два фронта. Од една страна Црниот “Reichswehr”, тајна паравоена организација која работи за повторно вооружување на Германија, вклучувајќи го и хемиското оружје, со што го повредува Договорот од Версај, а од друга страна вооружена троцкистичка група која сака да го пренасочи вагонот полн со злато од берлинските пруги кон Русија, за да ја финансира контрареволуцијата.

Во целата приказна ќе се најде и кралот на подземјето во чиј гламурозен локал сите протагонисти ќе заиграат на истата музика, оние кои не се опоравиле од минатото и егоманите кои ја сонуваат иднината.

Серијата “Вавилон Берлин” ги прикажува сите добро документирани инциденти на Вајмарската република, диви сцени со танцување, горчливото сиромаштво и гламурозното богатство, животот во ноќните клубови и силните закани од страна на нацистите во подем.

Освен трудот кој е вложен во автентичното снимање на атмосферата во тој период, „Вавилон Берлин“ е навистина добра детективската приказна. Режисерот Том Тиквер за серијата вели , постојат детективи, комесари, невини луѓе и они помалку невини. Постојат жени кои ги надмудруваат мажите и мажи кои постојано ги менуваат жените. Сите потребни елементи за приказна се тука.

Со буџет од 40 милиони евра, со 190 денови снимање на серијата, посебно сериозен бил логистичкиот предизвик да се организираат 3000 рољи и до 5000 статисти во продукцијата. Различни сцени неретко биле снимани во исто време, со по еден режисер на секоја локација.

Трудот на авторскиот тим кој стои зад „Вавилон Берин“ донесе многу награди на серијата, но и беспрекорни оценки за квалитетот на оваа историска крими-драма.

Понеделник и вторник (29.и 30.11.2021.) серијата се емитуваше во 22:40, додека од среда 1-ви декември ќе се емитува од 22:15.

Вавилон Берлин од понеделник до четврток во 22.15 минути, само на Телма телевизија.

Улоги: Фолкер Бруч, Питер Курт, Лив Лиза Фриз, Јенс Харцер …

Креатори на серијата: Том Тиквер, Ахим фон Борис и Хенк Хендлегтен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БАТИСТ- сериски филм – од понеделник до четврток во 22:15

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – сериски филм – прва епизода 30.04 во 13:40

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе