Елиф Емлас уште еднаш покажува зошто треба да биде клучен играч во Аталанта откако нашиот ас блесна и на вечерашното дерби со Интер. Aталанта беше во нокдаун по вториот гол на Еспозито за 0-2, но токму Елмас беше фудбалерот што ги врати домашните во игра, стрелајќи силно и прецизно под гредата и преполовувајќи ја на тој начин негативата на својот тим. Новиот погодок на Елиф Елмас во дресот на Аталанта можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК. ...

Интер и Аталанта одиграа неверојатен натпревар во Бергамо, кој заврши без победник, 4-4, во 12-тото коло во Серија А. Миланскиот тим ја прекина серијата од четири последовни гостински победи против Аталанта, а публиката беше сведок на вистинска голеада и драматична завршница. Главна фигура на Интер беше младиот Пио Еспозито, кој постигна хет-трик и уште еднаш го потврди одличниот период во кој се наоѓа. Напаѓачот најпрво во 16-тата минута ја ...