Дел од нивите во делчевско кои ги купила ЕВН Електрани, случај за кој предистрага водат Управата за финансиска полиција и ОЈО Скопје, компанијата ги платила 40 поскапо од пазарната вредност. Лицата кои ги продале нивите ги добиле на подарок само три недели претходно Дел од инволвираните извршувале различни функции како кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата тврдат дека не знаат кои лица се опфатени со случајот, но и дека станува збор за ...

На 8 септември 1991 година мнозинството граѓани во тогашна Социјалистичка Република Македонија решија дека сакаат самостојна држава. Напуштањето на југословенската федерација значеше напуштање на политичкиот и економскиот модел. Предизвикот им беше јасен на сите уште при прогласувањето на Уставот во ноември, истата година. „Престои донесување на голем број на значајни, системски закони, со кои ќе треба да се уредат односите во политичкиот ...

На секои 100 килограми отпад од пакување кој се создава во земјава, само за 60 килограми некој плаќа тој отпад да биде собран. Остатокот за кој никој не плаќа да се собере годишно изнесува околу 40 000 тони. Ова е Центарот за трансфер на технологии и иновации при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Тим од професори, меѓу кои и Јосиф Ќосев, заедно со неколкумина надворешни експерти развиваат прототипот на машина ...

Во штипската касарна „Јане Сандански“ е сместен водот кој втора година по ред е прогласен за најдобар во Армијата на Република Северна Македонија. Со него командува поручник Неда Волчева. Уште како средношколка имала желба да биде дел од Армијата. Завршила воена академија, а со тоа станала и офицер во Армијата, која кај нас се уште се смета за машки свет. Во неа е веќе трета година. „Тоа се три години исполнети со многу ...

Ова издание е посветено на соочување на кандидатите за градоначалник на Град Скопје. Пред емисијата, кандидатите влечеа ждрепка за да го утврдиме редоследот на одговарање. Теми се: загадувањето на воздухот, урбанистичкото планирање, сообраќајната инфраструктура, јавниот транспорт… Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое предизборно дебатираат Петре Шилегов, Данела Арсовска, Арбен Бени Шаќири, Петар Георгиевски Камиказа, Ана Петровска ...

Поп-рок пејачката Кристина Арнаудова веќе шест години се занимава со хуманитарна мисија, а преку „Проектот среќа“ досега им е помогнато на многу деца од социјално загрозени семејства. Речиси една година работи и на „Проект куќа со Кристина“, емисија во која таа е автор, водител, продуцент, организатор, буквално сѐ. Вели и да ѝ е тешко, не се откажува од идејата да ги средува домовите на социјално загрозените семејства. Во план им е да средат 16 ...

Не беше лесно да најдеме луѓе по селските улици и нивите за да поразговараме за феноменот што во Долнени, општина со помалку од 12 000 избирачи, на овие избори има толку многу кандидати за градоначалник ДУИ, чиј кадар во моментов ја води општината, одлучи на овие избори да кандидираат друга личност – Урим Ибески, вработен во Општината Општината Долнени се наоѓа на северниот крај на Пелагонија. „Минијатурната Северна Македонија“, како што некои ...

Српската глумица Катарина Радивојевиќ неодамна во Скопје го промовира својот нов филм „Нечиста крв“. Актерката, која и денес за многумина е Зона Замфирова, за малку ќе задоцнеше на скопската премиера. „На граница имаше долга колона, па отидов до полицијата и ги молев да нè пуштат преку ред. Кога ме препознаа, ми рекоа: ‘Зоне не смее да доцни’, па пуштија. Мислам дека никогаш нема да излезам од сенката на оваа улога“, ни раскажа Катарина. Првата ...

Во Северна Македонија на последните избори беа избрани само шест жени градоначалници од вкупно 81 општина во земјата. Од 20-те позиции во Владата само 4 ги извршуваат жени. Досега, од независноста, никогаш немало жена на некои од највисоките политички функции, како претседателската, премиерската или онаа на претседател на собрание. И по 30 години, жените не добиваат лидерски позиции во партиите. Тоа е значајна порака до јавноста. Каде е ...

Го прашавме Заев како од позиција на премиер гледа на овие активности откако изборите се веќе распишани. Тој се повика на Изборниот законик и договорот од Пржино – дека од 20 дена пред почетокот на кампањата до крајот на изборите е забрането да се почнува со изградба на објекти или тие да се пуштаат во употреба. Увидот на терен го немало меѓу забраните Лопати, ленти, голови – го одбележаа владеењето на експремиерот кој избега, Никола Груевски. ...

Како заробеници на ковид, станавме актери на бруталноста на животот. Филмот „Сестри“ на Дума по Чешка, на „Манаки фест“. Овие креативни вредности се европска агенда од нашата држава. Дали отворен Балкан е проект против Унијата? Бугари не се попишуваат, а сакаат во македонскиот Устав. Нови дојденци од Авганистан. Ќе се отворат ли новите стази за бегалците? Доктори градоначалници. Што е со архитектите и урбанистите? Трилинг со своја диоптрија за ...

„Кањонинг“ претставува планинарење низ речен кањон. Ова е релативно нова рекреативна активност или спорт дури и во светски рамки, па со терминот „кањонинг“, најверојатно, многумина во земјава се среќаваат првпат. „360 степени“ се приклучи на една група „ловци на адреналин“ во Мариово Неизбрусен дијамант. Вака го нарекуваат Мариово. По природните убавини и туристичкиот потенцијал – има и зошто. „Кањонинг“ е релативо нова активност – нов адреналин ...

Со „амин“ од Владата, 11 градоначалници не го „фермаат“ Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, кој предвидува прогласување „финансиска нестабилност“ на општината ако сметката ѝ е блокирана најмалку шест месеци. Казната е (би требало да биде) меѓу 5 000 и 10 000 евра за градоначалниците што не прогласуваат финансиска нестабилност и покрај исполнетите услови Без прогласување финансиска нестабилност, општините со блокирани ...

Левиот бек на македонската репрезентација, Езѓан Џани Алиоски, важи за еден од милениците на публиката. За неговите шеги на тренинзите и во соблекувалната раскажуваат и фудбалерите и фановите, а и тој често објавува забавни видеа на социјалните мрежи. На Евро 2020 даде гол против Украина по Горан Пандев, кој го постигна првиот гол за Македонија на европските првенства. „Јас сум најмладиот стрелец за Македонија на едно Европско, ако имам 29 ...

„360 степени“ ги посети регионите погодени од најголемите пожари ова лето – глетката е стравотна, а стравотни се и приказните на неколку домаќинства кои изгубиле речиси сè, од домовите до малите семејни бизниси Финансискиот и материјалниот дел ќе го надоместиме, но другиот дел од штетата е значително тешко да се надомести, вели директорката на ЈП „Национални шуми“, Јулиана Николова Растение што е речиси искоренето – пијанец. Исто име има и овој ...

„Никогаш не сакав да излезам од сенката на мојот татко или моето семејство, кое се занимаваше со една успешна бизнис приказна. И денес слушам муабети за себе, дека во некои работи сум успеал оти сум син на Зоре Темелковски, ама веќе навикнав на тоа. Искрено, јас никогаш не бегав од тоа кој сум, но големи беа кондурите на мојот татко за да ги пополнам, кога веќе споредувате, но секогаш се трудев да одам по неговиот пат“. Ова е само дел од ...

Три децении самостојност. Дваесет години Рамковен договор. НАТО е сојузник, но никако да стигнеме до ЕУ. Прво Република, потоа ФИРОМ, сега Северна, но секогаш Македонија. Петтиот претседател меѓу харизмата на Глигоров и безличноста на Иванов. Како ги оценува своите претходници? Која е алтернативата на ЕУ? Што иницира балканското трио со Шенген движењето и економското зајакнување? Дали Бугарија го стимулира или предизвикува Балканот и без неа? ...

Почина доајенот на македонскиот документарен филм, Љубе Цветановски. Цветановски во својата кариера има снимено преку 100 документарни филмови и патеписи, a за повеќето од нив бил наградуван и на светски манифестации. Tој работеше и како новинар, уредник и директор во Македонската радио телевизија, а своето искуство им го пренесуваше на младите генерации на Универзитетот за аудио визуелни уметности `Есра`. ———– Љубе Цветановски (Слоештица, 1949 ...

Македонскиот игран филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески од 19-ти јули ќе се прикажува во грчките кино сали. Својата кино премиера филмот ќе ја има во едно од најстарите кина во Атина – „Трианон“. „Исцелител“ е прв долгометражен филм во македонско-грчка копродукција и е единствениот македонски филм добитник на награда на престижниот Солунски филмски фестивал. Кино дистрибуцијата на „Исцелител“ во Грција следува по освоените девет ...

Во кино „Милениум“ синоќа беше отворено 6-тото издание на Филмски фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“, со италијанскиот филм „По трагите на мојот татко“ на режисерот Марко Сегато. До 11 октомври фестивалот ќе се оджрува на повеќе локации во Скопје. Програма содржи долгометражни и краткометражни филмови, креативни работилници, мастеркласови, креативни и едукативни активности во кои ќе бидат вклучени околу 650 деца и млади на возраст од ...

На денешен ден (27 февруари 1967) во Пропиштип е роден Владо Јовановски – македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Завршил Факултет за драмски уметности во Скопје. Член на Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година. За пошироката публика е можеби најпознат по серијалот „Истражи ја Македонија“ – кратки документарни емисии за неоткриените убавини на Македонија. Серијалот, кој привлече доста внимание и често беше емитуван на ...

Поради корона вирусот Владата ги затвори градинките, училиштата и факултетите, со цел да го спречи ширењето на заразата. Учениците нема да одат на училиште се до 24 март. Веста ја соопшти на фејсбук режисерот Унковски. Драг Венко,овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едукативна серија за деца во 31 епизода…Малку да помогнеме во пополнување на времето ...

Зачестија трансплантациите на органи. Дали меѓу граѓани расте свеста за донорство? Кои се подолговечни оние луѓе кои добиваат орган од жив донор или од кадавер? Дали има трговија со органи? Зошто лекарите многу често сакаат да го заменат белиот мантил со костум и да запливаат во политички води? На овие на други прашања, интервју со д-р Сашо Дохчев директор на Урологија. Дали најавената изградба на зимски туристички центар на Пониква е реалност ...

Роберт Билбилов 20 години е на музичката сцена и како композитор и како пејач. Не мислел да пее, ама „Тајните ангели“ која некогаш беше хит, наместо да ја даде на пејачот за кого ја напишал, ја задржал за себе. Раде Врчаковски-Врчак, го наговорил за оваа работа и така од композитор, Билбилов стана и пејач. Она што тргнало на шега, за Роберт денес е сериозна професија, а веќе работи и на третиот албум кој ќе излезе до крајот на годината. Неговиот ...

Една од најбрзорастечките и до скоро најголеми компании во Битола – „СВ-Инвест“, е во стечај. На последното стечајно рочиште беше обелоденето дека фирмата на Стојан Чифлигаровски должи над 25 милиони евра, иако до преклани прикажуваше профити од 2,5 милиони евра. На местото на оваа фирма која опозицијата ја врзуваше во власта, сега доаѓа нова компанија, „Новоматрикс“. Но, според истражувањето на „360 степени“, таа компанија има редица врски со ...

Уште од мали нозе го оставиле родителите и бил сместен во Домот без родители „11 Октомври", a потоа најголем дел од детството го минал во СОС Детско село каде во изминатите 20 години биле згрижени 400 деца, сторија на Игор Стојанов. Европското првенство за македонската фудбалска репрезентација заврши, разговор со универзитетски професор Иван Анастасовски. Дали по бугарското вето со локалните, можни се и предвремени парламентарни избори? Кој ќе ...

Попов укажа дека сета корупција и криминал ги гледаат и младите и не гледаат нема иднина за нив тука. – Корупцијата ја гледаат и и младите, и се прашуваат како да направам нешто за себе во ваква ситуација. Гледаат што се случува со висок функционер во владата кој е поврзан со низа скандали, а кој си замина на одмор во Мексико. Нормално е да се иселуваат младите гледаат само корупција и криминал околу себе. Дури и со вакцините правеа криминал. ...

– Станува збор за предлог законско решение коешто доаѓа од владејачкото мнозинство односно од СДСМ и не доаѓа на предлог од ВМРО-ДПМНЕ. Оние тези коишто се лиферуваат во јавноста дека станува збор за амнестија за господинот Стевчо Јакимовски за зграда изградена во Хром, можеме тоа да го погледнем од друг агол и да се запрашаме дали станува збор за амнестија за Зоран Заев за случајот за којшто е осомничен – „Цареви кули“, кадешто има изградено ...

– Муслиманите што живеат во Израел слават Рамазан во најсветото место во исламот – џамијата Ал-Акса. Секоја година таму се одржуваат молитвите за овој празник. Бидејќи е многу специфично место, исто што се случува во Ал-Акса се случува и во црквата на воскресението, бидејќи е исто поделена во пет „секти“ на христијански групи и секогаш се случуваат мали караници или „белји“. се случува и внатре во цркават и се случи во џамијата, се случува ...

Тоа што тие велат дека е дискриминација, всушност претставува матрица на размислување која не е државотворна, туку на невладиниот сектор. – Во НВО секторот ние можеме да експериментираме, да имплементираме проекти, да имаме поголема слобода. Но, кога станува збор за образование, за државна институција, тоа не смее да се гледа како невладин сектор, истакна пратеничката. Ова што Царовска сака да го направи во историјата, но и во другите предмети, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
46%
1016
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
54%
1016
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
78%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
37%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.42
32%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
94%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
4.12
51%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
78%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
57%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
1.03
39%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
5.14
62%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
69%
1013
Currency

61.53

Currency

52.8054

Currency

70.9423

Currency

34.491

Currency

38.2639

Currency

65.716

Currency

7.3959

Currency

0.64969

Currency

0.35649

Currency

0.52657

Currency

1.28033

Currency

0.59816