Промо тв Серии

ДНК – сезона 1

Данска криминалистичка серија. 

Истражителот од Кпенхаген, Ролф Ларсен, е во потрага по киднапирана девојка со необична бенка на лицето. Пронајдената ДНК покажува дека киднаперот е таткото. Ролф, сепак не верува во оваа верзија. Некои траги укажуваат на поврзаност со настан во Полска. Дополнително, од таму доаѓа порака дека некој таму видел исчезнато девојче. Ролф одлучува самиот да замине во Полска, но на патувањето со себе мора да ја земе и својата 11-месечна ќерка. На траект за Германија, во момент на ненимание, бебето исчезнува под трагични околности. Таткото, вознемирен од тага, повеќе не може да ја продолжи истрагата.

Пет години по трагедијата, се појавува нова трага кога се открива сериозен пропуст во националната база на податоци за ДНК на данската полиција. Сфаќајќи дека неговата ќерка можеби сè уште е жива, Ролф се обидува да открие што навистина ѝ се случило со истражување на паралелен случај со врски со меѓународен синџир за трговија со деца. Ролф ќе добие помош од Клер, искусна француска истражителка која работи на сличен случај.

Првата сезоне е во 8 продолженија.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БАТИСТ- сериски филм – од понеделник до четврток во 22:15

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – сериски филм – прва епизода 30.04 во 13:40

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе