Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Јули е месец посветен на намалување на количината на пластичен отпад. Секојдневно доаѓаме во контакт со пластика, а според извештајот на Светската организација за заштита на природата (WWF), таа моментално сочинува 95 проценти од целиот отпад што плови во морињата и океаните. Отфрлениот пластичен отпад ги загрозува сите форми на живот и влијае на здравјето. Андреа Човиќ Видовиќ, заменик-шеф на Претставништвото на Европската комисија во ...
„Спејс екс“ (SpaceX) од вторникот станува дел од индексот Nasdaq 100, додека брокерските куќи на Волстрит почнуваат да ја следат компанијата на Илон Маск за ракети, сателити и вештачка интелигенција со јасен консензус: препораката е купување на акцијата. Најмалку шест брокерски куќи, меѓу кои „Морган Стенли“ (Morgan Stanley) и „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group Inc.), почнаа да ја покриваат акцијата со препораки еквивалентни на „купувај“, ...
Петте европски економии се очекува да растат повеќе од двојно побрзо од еврозоната ММФ очекува еврозоната да расте за малку повеќе од 1% годишно до 2031 година. Сепак, се предвидува дека најбрзо во Европа ќе растат помалите економии. Се очекува високиот јавен долг, стареењето на населението, слабата продуктивност, долготрајните трошоци за енергија и постојаната геополитичка неизвесност да го одржат растот далеку под историските норми до ...
Годишната инфлација во јуни достигна 3,4 проценти, покажуваат најновите податоци, а структурата на ценовните движења открива дека најголемиот дел од притисокот не доаѓа од основните производи за секојдневна потрошувачка, туку од неколку специфични категории. Најниска стапка на раст на цените е забележана кај храната и безалкохолните пијалаци, каде инфлацијата изнесува 2,5 проценти, додека кај облеката и обувките растот е 2,1 процент. Тоа ...
Гибралтар го зголеми минималниот услов за нето средства за поединци кои бараат даночен статус во рамките на програмата за поединци со висока нето вредност од 2 милиони фунти на 5 милиони фунти (од 2,3 на 5,8 милиони евра). Сертификатите за таканаречените жители од категорија 2 се издаваат според специјалниот даночен режим на Гибралтар, според кој одобрените жители плаќаат данок само на првите 118.000 фунти (138.000 евра) од оданочливиот ...
Цигарата не исчезна од рака. Се пуши пред згради, по балкони, на пауза пред работа, во автомобили, по кафулиња каде што може и каде што не може. Но продажбата на класични цигари не ја следи таа слика. Во продавниците и трафиките се купува помалку, додека навиката, според упатените, не покажува дека толку лесно се повлекува. Проблемот, велат економистите, не е во тоа што пушачите одеднаш масовно се откажале. Работата е посложена. Дел од нив ...
Да се најде добар и доверлив мајстор денес е вистински предизвик за многу граѓани. Со недели чекаат за мала поправка, а често до последен момент не знаат колку ќе ги чини услугата и дали ќе биде почитуван договорот. Потрошувачите бараат поголема транспарентност, јасни понуди, гаранција за извршената работа и одговорност доколку не биде направено нешто како што треба. Велат дека се подготвени да платат и повеќе за квалитет, но сакаат сигурност ...
Германија планира повторно да ја намали квотата за вработување работници од земјите од Западен Балкан, со што директно ќе бидат погодени и македонските граѓани што бараат работа преку оваа програма во најголемата европска економија. Според плановите на новата германска Влада, бројот на дозволи за работа преку таканаречената западнобалканска регулатива ќе се намали од сегашните 50.000 на 25.000 годишно, односно ќе се врати на нивото што важеше ...
Колку заработуваат луѓето кои работат во автоиндустријата, или уште подобро оние кои работат во Porsche? Откако ова прашање беше поставено на годишното собрание на акционери, славниот производител на автомобили беше принуден да ја открие својата внатрешна структура на плати. Овие податоци, објавени за првпат, нудат единствен увид во примањата на вработените и покажуваат дека речиси 40 отсто од работната сила заработува повеќе од 100.000 евра ...
Цирих стана втор најскап град во светот, веднаш зад Сингапур, бидејќи зајакнувањето на швајцарскиот франк дополнително ги зголеми трошоците за живот изразени во американски долари, според индексот на животниот стандард за богати поединци објавен денес (7 јули) од банката „Јулиус Бер“. Швајцарскиот град напредуваше за три места на листата во споредба со минатата година, објавува Swissinfo. Индексот не ги мери класичните трошоци за живот за ...
Добивај вести на Viber Колку заработуваат луѓето кои работат во автомобилската индустрија, или уште подобро, оние кои работат во Порше? Откако прашањето беше поставено на годишното собрание на акционерите, познатиот производител на автомобили беше принуден да ја открие својата внатрешна структура на плати. Овие податоци, објавени за прв пат, даваат уникатен увид во заработката на вработените и покажуваат дека речиси 40 проценти од работната ...
Американските спот биткоин ЕТФ-фондови во понеделникот забележаа прилив од 265,69 милиони долари, што е најголем дневен прилив во последниот повеќе од еден месец. Ова е втор позитивен ден во последните три сесии, откако на 2 јули беше прекината подолгата серија на одливи, покажуваат податоците на SoSoValue. Во истиот ден, етер ЕТФ-фондовите привлекле 20,66 милиони долари, предводени од фондот ETHA на BlackRock, кој забележал прилив од 23,29 ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) – Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во пристапните преговори, затоа што сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето, вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика непосредно пред нејзината утрешна посета на Скопје -Северна Македонија покажа ...
Добивај вести на Viber „Далековод“ д.д. ја известува инвестициската јавност дека инвеститорот АЛКАЗАР ЕНЕРЏИ, преку своите компании за посебна намена во Северна Македонија, по спроведена тендерска постапка, ја избра понудата на конзорциумот составен од „Далековод“ и „КОНЧАР“ д.д., по што беа потпишани договори за реализација на проектот за изградба на трафостаница и надземен вод (SS/DW) и проектот за изградба на ветерна електрана во ...
Слушај ја веста Финансискиот лизинг одамна не е наменет само за купување автомобили. Преку овој начин на финансирање денес можат да се набават товарни и патнички возила, градежна и земјоделска механизација, производствени машини, медицинска опрема, информатичка опрема, пловни објекти, како и друга деловна и индустриска опрема што им е потребна на компаниите. За многу мали и средни претпријатија, но и за граѓаните, лизингот претставува ...
Visa ја претстави Visa Threat Intelligence Platform (VTIP), ново решение наменето за финансиските институции кое им овозможува порано да ги препознаат сајбер заканите и поефикасно да реагираат за да спречат измами и финансиски загуби. Платформата се темели на истите сајбер-безбедносни капацитети што Visa ги користи за заштита на својата глобална мрежа. Измамите често се последица на претходни сајбер инциденти и неретко започнуваат со ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0.5 %, а цените на мало од 0.8 %. Во однос на јуни лани, пак, тршошоците на живот се зголемени за 3.4 %, а цените на мало за 3.6 %, објави Државниот завод за статситика. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци ...
Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец. Споредено со јуни минатата година, пак, угостителски услуги поскапеле за 2.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.8 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.8 %. ...
„Бедна минимална плата, растечка сиромаштија, нови задолжувања и граѓани кои сè потешко можат да си дозволат основни производи, тоа е реалноста овие две години со ВМРО е на власт“, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Само вистина” на Канал 5. Тренчевска посочи дека, Владата колку и да се обидува преку бројки и статистики да создаде слика за економски успеси, секојдневието на граѓаните покажува дека ...
Според последната прогноза на ММФ за раст на европската економија, Македонија се најде на седмото место на најбрзо рaстечки економии на стариот континент. Во него се вклучени сите земји во Европа, не само членките на ЕУ, пренесе еминентната EURONEWS. Со просечен раст од над 3% во периодот од 2027-та до 2031-та Македонија го зазема седмото место, далеку над 1,2% раст кој е просек за најголемите ЕУ економии. Прогнозата за Германија е 0,92%. ...
Германското Министерство за економија подготвува планови за воспоставување државни стратешки резерви на природен гас што би се користеле во вонредни ситуации, чие формирање би чинело до 1,5 милијарди евра (1,72 милијарди долари). Според интервјуираните од Ројтерс, резервите би биле наменети за заштита од екстремни ситуации, како што се саботажа на клучна енергетска инфраструктура или сериозен глобален недостиг на гас. Германија се обидува да ...
Добивај вести на Viber Циркуларната економија сè повеќе се применува во различни сектори – од образование и локални заедници до индустриски системи за производство на енергија и материјали. Био-отпадот во овој контекст претставува клучен ресурс кој овозможува создавање енергија, ѓубрива и нови производи, наместо негово депонирање. Кога зборуваме за циркуларна економија и управување со био-отпад, често мислиме дека најдобрите примери доаѓаат ...
Европската стратегија за критични минерали отвора нов инвестициски циклус во регионот. Грција најавува изградба и модернизација на пет големи рударски капацитети, со што ќе го зголеми производството на минерали неопходни за европската индустрија и зелената енергетска транзиција. За разлика од ова, Македонија сè уште нема реализирано нов рударски проект повеќе од 40 години. Единствената поголема инвестиција во секторот е проектот „Иловица“, ...
Безбедноста, отчетноста и заштитата на корисниците стануваат едни од најголемите точки на притисок во светот на дигиталните средства, а Binance одговара со бројки што ја ставаат усогласеноста во центарот на своето глобално работење. Компанијата наведува дека денес вложува околу 300 милиони долари годишно во усогласеност, при што речиси еден од секои четири вработени работи на позиции поврзани со оваа област, во време кога индустријата се ...
Додека трае расправата за предлог ребалансот во собранието, експертите подготвија анализа за проекциите и прерспределбата на средствата кои треба да се трошат до крајот на годината се со цел испорака на подобри економски резултати. Институтот за економски анализи и политики Finance Think смета дека ребалансот се донесува во услови на рани знаци на забавување на претходно интензивираната економска активност, и стапка на инфлација која останува ...
Јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг Електроникс“ објави дека очекува дури 19 пати поголема добивка, поттикната од глобалната побарувачка за мемориски чипови кои се користат во развојот на вештачката интелигенција. Компанијата прогнозираше дека од почетокот на април до крајот на јуни остварила оперативна добивка од 89,4 билиони вони (58,4 милијарди долари), што за неа е трет последователен рекорден квартал. Продажбата во истиот период ...
Македонските патници ги уживаат истите права како и патниците во ЕУ, и секој договор во иснтитуциите на ЕУ кои се однесуваат на заштита на нивните права Македонија ја следи оваа практика, изјавија за „Локално“ од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Европскиот парламент, Советот на Европа и Европската комисија постигнаа договор со кој на авиокомпаниите им се забранува да наплаќаат за рачен багаж. Ова беше барање на Европскиот ...
Цените на нафтата во светот забележаа раст по новите напади врз комерцијални бродови во и околу Ормускиот Теснец, што повторно ги засили стравувањата од можни нарушувања во снабдувањето преку една од најважните светски поморски рути за извоз на енергенти. Северноморската нафта брент се искачи кон 73 долари за барел, додека американската сурова нафта ВТИ (WTI) се тргуваше над 69 долари за барел, откако беа пријавени инциденти со цивилни пловни ...
Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ објави дека отпушта околу 4.800 работни места низ целиот свет, или околу 2,1 процент од својата глобална работна сила, како дел од напорите за реструктуирање. Компанијата ги потврди отпуштањата на работни места во интерна порака до вработените, наведувајќи дека овој потег доаѓа во време кога бизнисот се прилагодува на брзите промени во технолошката индустрија. Извршната потпретседателка и главен ...
Саудиска Арабија ја намали цената на својот клучен вид сурова нафта за купувачите во Азија и првпат од ценовната војна во 2020 година ја понуди со попуст, во услови на нагол раст на глобалната понуда и засилена конкуренција меѓу производителите. Државната компанија „Сауди Арамко“ ја намали официјалната продажна цена на нафтата „Араб Лајт“ за испораките следниот месец за 11 долари по барел, што е за 1,5 долари под регионалната референтна цена, ...