Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Првата акција најчесто не се купува со ладна глава. Се купува со возбуда, со малку страв и со многу прашања. Дали е вистински момент? Дали цената е висока? Што ако утре падне? А најважното прашање, она што многумина го прескокнуваат, е многу поедноставно: дали компанијата навистина вреди? Берзата не е обложувалница, иако дел од почетниците така ја разбираат. Гледаат графикони, слушаат муабети, читаат по форуми дека „ова ќе експлодира“ и ...
Добивај вести на Viber Европските акции пораснаа и го однесоа индексот Stoxx 600 на нов историски максимум, откако се смири притисокот врз компаниите поврзани со вештачката интелигенција. Растот го предводеа технолошките и комуналните компании, а европскиот индекс влезе во четврта недела на добивки. Позитивното расположение се пренесе и во Азија, каде што закрепнаа акциите на Samsung Electronics и SK Hynix, додека фјучерсите на Nasdaq 100 ...
Фудбалот останува во фокусот. Мундијалот во САД донесе неочекувани вести – Германија и Холандија покажаа дека фаворити има само на хартија, особено кога се изведуваат пенали. Си заминаа и „лилјаните“ од БиХ, а ВАР и уште некоја технологија скриена во топката ја пратија и Хрватска дома. И оттука се поставуваат прашањата што е потребно за да се освои Светското првенство и дали тоа досега е приказна за успех или разочарување. Во земјава ...
Замрзнатите дозволи за изградба на соларни и ветерни фарми (па дури и пуштање во употреба на веќе изградени објекти) во Соединетите Американски Држави се закануваат на инвестиции вредни 121 милијарда долари, пишува „Reuters“, повикувајќи се на извештај на консултантската компанија „Wood Mackenzie“. Според публикацијата, политиката на Белата куќа го забавува развојот на секторот за обновлива енергија и батериите, кои се неопходни за ...
Најновиот обид на Европската Унија да ги рестартира трговските и економските односи со Кина е неуспешен. Некои земји-членки и функционери се скептични во врска со подготвеноста на блокот да преземе решителни мерки доколку дипломатијата не успее, објави „Bloomberg“. И покрај обновениот притисок за построг став кон Пекинг, на ЕУ ѝ недостасува политичка волја да спроведе значајни промени или да се вклучи во конфликт со Кина, според луѓе ...
Распукани фасади, лифтови што работат денес, а утре не, влезови без светло, влажни подруми и покриви што прокапуваат по секој посилен дожд. Така изгледа секојдневието во голем број станбени згради низ земјава. Проблемот одамна не е само во тоа што зградите се стари. Проблемот е што нема пари за нивно одржување, а уште помалку согласност меѓу станарите за тоа кој, кога и колку треба да плати. Во многу влезови сметката е иста со години. Некои ...
Германската федерална влада се согласи за сеопфатна реформа на данокот на доход што треба да донесе значително даночно олеснување за милиони граѓани од 1 јануари 2027 година Лицата со пониски и средни приходи треба да имаат најголема корист од новите мерки, особено семејствата со деца, додека дел од трошоците за реформата ќе бидат покриени со промени во оданочувањето на највисоките приходи. Според германските медиуми, вкупната вредност на ...
Добивај вести на Viber Светските цени на храната се стабилизираат, a само месото и растителните масла се поскапи. Светските цени на храната во јуни останаа на нивото од доцна пролет, при што житарките, млекото и млечните производи се поевтини, а месото и растителните масла се поскапи, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Цените на житарките се зголемија за 3,5 проценти во јуни во споредба со мај, кога беше ...
Производството на сурова нафта на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) нагло порасна минатиот месец, откако земјите од Персискиот Залив го обновија извозот низ Ормускиот Теснец по мировниот договор меѓу САД и Иран, покажува анкетата на „Блумберг“. Производството на ОПЕК се зголеми за 2,34 милиони барели дневно, на 18,75 милиони барели дневно, при што растот беше предводен од Кувајт, Саудиска Арабија и Иран, покажува ...
Суфицитот на тековната сметка на Европската Унија во првиот квартал од 2026 година порасна за повеќе од 14 отсто во споредба со претходното тримесечје. Зад ова подобрување стојат посилниот биланс на услуги и големиот пресврт на сметката на примарниот доход, додека суфицитот во трговијата со стоки е чувствително намален. Европската Унија го заврши првиот квартал од 2026 година со суфицит на тековната сметка од 113,4 милијарди евра, што ...
Извозот на сурова нафта од земјите од Персискиот Залив во јуни порасна за повеќе од три милиони барели дневно во споредба со мај и надмина 10 милиони барели дневно, по нормализацијата на поморскиот сообраќај низ Ормуската теснина, покажуваат денеска објавените податоци од аналитичките компании. Вкупниот извоз на сурова нафта и кондензат од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Ирак и Иран достигна 10,07 милиони барели ...
Добивај вести на Viber Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција – еден од најзначајните енергетски инфраструктурни проекти за државата и регионот. На работните средби одржани во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на кои ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја бранеше енормната заработка на своето семејство и негираше судир на интереси со оглед на извршувањето на јавната функција, во разговор за американската телевизија „Си-Ен-Би-Си“, велејќи дека во неговите зделки со криптовалути ништо не било противзаконско. Во интервјуто за „Си-Ен-Би-Си“ во Овалната соба во четвртокот, Трамп рече дека во неговиот крипто-бизнис нема ништо забрането. Неодамна објавените ...
Јавната расправа во Скопје ја отвори дебатата за идните еколошки обврски на скопската цементарница и степенот на усогласеност со европските стандарди. Граѓанските иницијативи побараа појасни и построги гранични вредности за емисиите, додека од компанијата уверуваат дека работат во рамки на важечките законски норми. Од Министерството за животна средина посочуваат дека новата дозвола ќе се темели на новата законска регулатива и БАТ заклучоците ...
Добивај вести на Viber Според податоците на Републичкиот геодетски завод (РГЗ) за првиот квартал, најниска цена по квадратен метар е забележана во Кикинда - 981 евро. По Кикинда, најевтините станови се во Врање - квадратен метар чини 985 евра, но новите згради надминуваат 1.000 евра. На третото место е Прокупље, каде што просечната цена е 984 евра, но старите згради се 825, додека новите станови исто така надминуваат 1.000 евра за квадратен ...
Според Канцеларијата за одговорност на Владата на САД, една четвртина од сите стратешки резерви на нафта во САД се заробени под земја поради деградација на инфраструктурата предизвикана од продажбата на гориво за конфликтите во Украина и Блискиот Исток. Повеќе од 25 проценти од нафтата не може да се изнесе на површина поради дефекти на опремата и деформации на складирањето. Дополнително, поради постојаните дефекти и поправки, реалниот ...
И покрај тоа што ограничувањето на цените и маржите не се пазарни мерки, сѐ погласни се барањата институциите да интервенираат за да ги заштитат потрошувачите од високите цени на основните прехранбени производи. Додека надлежните анализираат дали трговските маржи ги надминуваат законски дозволените или се повисоки од оние во регионот, граѓаните и понатаму плаќаат скапа храна. Од Организацијата на потрошувачи на Македонија предупредуваат дека ...
„ЏП Морган Чејс“ (JPMorgan Chase) е навикнат неговата банка да биде на прво место: „Чејс“ е најголемиот издавач на картички во САД и има најмногу филијали, а со своите награди и препознатливиот син бренд привлекол повеќе Американци од која било друга банка. Во странство, „ЏП Морган“ се најде на помалку познат терен бидејќи како новајлија се бори за клиенти. Според податоци од извештаи, „Чејс“ во Обединетото Кралство инвестирал повеќе од ...
Новата европска уредба за пазарите на крипто-средства (MiCA) од 1 јули во целост стапи на сила, со што берзите за криптовалути, операторите на биткоин банкомати и другите даватели на услуги кои немаат соодветна дозвола од Европската Унија се принудени да го сопрат или значително да го ограничат своето работење. MiCA претставува прва единствена регулаторна рамка за крипто-средства во ЕУ и воведува построги правила за заштита на корисниците, ...
Глобалните цени на храната благо се намалија, бидејќи примирјето меѓу САД и Иран ја намали загриженоста од нови нарушувања во синџирите на снабдување. Индексот на Обединетите нации за цените на прехранбените суровини се намали за 0,3 отсто во јуни во однос на претходниот месец, предводен од житарките и шеќерот, покажува извештајот што во петокот го објави Организацијата за храна и земјоделство. Привремениот мировен договор, кој отвори ...
Турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек изјави дека Турција аплицирала за приклучување кон Единствената европска зона за плаќања (СЕПА), заедно со низа други економски реформи насочени кон зајакнување на интеграцијата со ЕУ. За време на економскиот дијалог меѓу Турција и Европската Унија во палатата Долмабахче, на заедничка прес-конференција со европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, Шимшек изјави дека Турција испратила ...
Добивај вести на Viber Во изминатиот период во јавноста повторно се актуелизираа критики и ставови насочени кон вториот пензиски столб. Како Асоцијација на пензиски друштва, сметаме дека прашањата поврзани со пензискиот систем заслужуваат сериозна, аргументирана и стручна дебата, базирана на факти, податоци и долгорочни анализи, а не на поединечни интерпретации или краткорочни согледувања. Вториот пензиски столб повеќе од две децении ...
Град Скопје ја зголеми фирмарината за компаниите за 100 отсто, односно од 4.000 на 8.000 денари. Бидејќи во изминатиот период дел од компаниите плаќаа понизок износ, објавата предизвика реакции во деловната заедница, каде што дел од стопанствениците оценија дека станува збор за значително финансиско оптоварување, особено за микро и малите претпријатија. Од Град Скопје, сепак, велат дека не станува збор за ново зголемување на фирмарината, туку ...
Стартува расправата за предлог ребаласот на буџетот. Пратениците на власта и на опозицијата во следниве две недели ќе ги спротистават своите аргументи како и секогаш за овој битен документ на државата. Власта ќе настојува со своите убедувања дека прекројувањето на државната каса е со цел да се даде приоритет на проектите кои се најбитни за граѓаните и кои се во завршна фаза, а пак опозицијата има свои ставови кои најчесто се негативни и ...
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, не ја исклучи можноста предвреме да ја напушти функцијата, во период кога во Франција се засилуваат политичките подготовки за претседателските избори во 2027 година. Лагард, чиј мандат на чело на ЕЦБ завршува во октомври 2027 година, во интервју за францускиот весник „Les Echos“ изјави дека предвремено заминување е „можно“. Нејзините коментари доаѓаат во пресрет на ...
Одредени маркети забележале зголемување на бруто маржата од 2 до 5 отсто во споредба со минатата година, поради што ќе бидат повикани на состанок каде јасно ќе им биде кажано дека тоа е недозволиво. Ова денеска го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за текот на преговорите со маркетите и намалувањето на цените на храната. Премиерот потенцираше дека ваквото однесување нема да се толерира и ...
Добивај вести на Viber Во време кога изборот на високо образование станува една од најважните одлуки за иднината на младите, сè повеќе матуранти и родители бараат студиска програма која не завршува само со диплома, туку отвора реална патека кон професионален развој, практично искуство и конкурентност на пазарот на труд. Хајделберг Факултетот во Скопје го носи германскиот модел на високо образование директно во Македонија, нудејќи можност ...
Добивај вести на Viber Словенечкиот пазар на трудот останува стабилен, но во наредните години ќе се соочи со голем предизвик поради стареењето на работната сила, бидејќи помеѓу 12 и 14 проценти од вработените се приближуваат кон пензионирање, објави денес Радио Телевизија на Словенија. Директорката на агенцијата за вработување „Адеко Словенија“, Мирела Курт, предупреди дека меѓу работниците во Словенија моментално има повеќе од 114.000 лица ...
Пред десет години кога „Реплек“ ја почна програмата за производство на производи од медицински канабис многумина гледаа на компанијата со скептицизам. Денес оваа фармацевтстка компанија е лидер на македонскиот пазар во овој сегмент и со вакви производи е присутна на европскиот пазар. Коста Котески, член на Управниот одбор и заменик-генерален директор и директор за маректинг и продажба на „Реплек“, во интервју раскажува како тргнала таа ...
Слушај ја веста Повеќе од еден милион кубни метри огревно дрво потрошиле македонските домаќинства во текот на 2024 година. Иако последниве години сè повеќе семејства инвестираат во инвертер-клими, топлински пумпи и соларни колектори, дрвата остануваат убедливо најкористен енергент за греење. Ова го покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика, кои откриваат и како се менуваат навиките на граѓаните, но и колку енергија трошат ...