Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Добивај вести на Viber Летувањето во Грција и оваа сезона останува најчестиот избор за македонските семејства, особено за оние кои патуваат со автомобил и бараат сместување во Халкидики, Пиерија, Тасос или околината на Солун. Она што е главното прашање е колку пари оставаат македонските туристи во оваа земја. Ако се земе како пример семејство од двајца возрасни и две деца, кое патува со сопствен автомобил од Скопје до Халкидики и престојува ...
Златото падна под психолошката граница од 4.000 долари на крајот на јуни, што ги потресе пазарите и дел од инвеститорите кои го сметаа за знак на тревога и претпазливост. Сепак, поискусните знаат дека ваквите корекции не се невообичаени. Почнувајќи од Црниот понеделник во 1987 година, преку пукањето на дот-ком балонот, глобалната финансиска криза и пандемијата, па сè до војната во Иран, златото постојано поминуваше низ остри падови, но потоа ...
Цената за изградба на фотоволтаични системи се намали за 89%, а на копнените ветерни турбини за 72%, а на крајбрежните ветерни турбини за 63% од 2010-та година, според податоците од Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA). Причината е растечката конкуренција, особено во Кина. Според податоците, цената за изградба на фотоволтаични системи е 44 долари за мегават-час, или речиси непроменета во споредба со 2024-та година. За ...
Доларот напредува втор ден по ред, бидејќи растечките стравови од целосна војна меѓу САД и Иран ги натераа инвеститорите да бараат засолниште. Индексот Bloomberg Dollar Spot се искачи за 0,2 отсто во средата откако претседателот Доналд Трамп рече дека САД веројатно ќе извршат нови напади врз Иран. Мерачот на доларот е на пат да го оствари најдобриот дводневен раст за повеќе од една недела. „Доларот продолжува да има корист од својот траен ...
Добивај вести на Viber Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа состанок со членовите на владата, за време на кој министрите го информираа за состојбата на пазарот на горива и изјавија дека тешкотиите со горивата се привремени, оценувајќи дека рускиот енергетски систем е меѓу најстабилните во светот и покрај обидите на противниците да ѝ наштетат на руската економија. Путин повика на брзо решение на проблемот со снабдувањето со гориво ...
Иако понудата на станови никогаш не била поголема, интересот за купување е значително намален. Агенциите за недвижности велат дека бројот на реализирани продажби опаѓа, а голем дел од огласите остануваат активни со месеци без сериозен интерес. Експертите посочуваат дека главните причини се високите цени достигнати во претходните години, поскапите станбени кредити, намалената куповна моќ поради енормно високите цени и неизвесноста околу идните ...
Добивај вести на Viber Разликите во цените на храната меѓу градовите во Србија се сè уште многу големи, а некои производи на пазарите чинат и до трипати повеќе отколку на најевтините локации. Во исто време, во споредба со почетокот на јуни, одредени видови овошје и зеленчук поевтинија, додека цените на месото во продавниците најмногу се зголемија. Најновите податоци од Републичкиот завод за статистика покажуваат дека компирите се најскапи во ...
Речиси еден милион купувачи на меме-криптовалутата на Трамп, „$TRUMP“, завршија во минус, додека криптоимперијата на американскиот претседател прерасна во еден од најпрофитабилните делови од неговото деловно портфолио. Најновите податоци на компанијата за блокчејн аналитика „Нансен“покажуваат дека до крајот на јуни, 988.905 криптопаричници кои купиле „$TRUMP“ биле во загуба, со вкупен минус од околу 3,81 милијарди долари. Тоа, според ...
Добивај вести на Viber Во вторник, 7 јули, стапија на сила законските измени со кои државата се обидува да ја потисне нелегалната работа. Покрај новите обврски за работодавачите, тие воведуваат и нов систем за отстранување на работниците од таканаречената „црна листа“. Целта на промените не е само да се казнат работодавачите кои не ги регистрираат работниците, туку и подобро да се заштитат вработените кои не плаќаат придонеси поради ...
Во наредните години, Германија ќе се соочи со уште поизразен недостиг на работна сила, кој би можел да стане сè повидлив во секојдневниот живот на граѓаните, предупредуваат експертите, а објавува германска новинска агенција. Во следните 10 до 15 години, околу 4,6 милиони квалификувани работници ќе се пензионираат, а повеќе од 3,6 милиони од нив се вработени во сектори кои веќе се соочуваат со сериозен недостиг на работна сила, како што е ...
Добивај вести на Viber Од келнери и работници за одржување, до инженери и лица кои се грижат за деца и стари лица, градежни раотници, странците стануваат сè повидлив дел од албанскиот пазар на трудот. „Според податоците од Националната агенција за вработување и вештини, вкупно 18.156 апликации за вработување за странски државјани биле одобрени преку интернет во 2025 година. Во споредба со претходната година, нивниот број се зголемил за 43,4 ...
Комерцијална банка АД Скопје ги промовира КБ пакетите како опција за клиентите кои користат платежна сметка, картичка и електронско банкарство. Од банката информираат дека со избор на КБ Стандард или КБ Бонус, корисниците добиваат повеќе банкарски услуги со пониска месечна претплата. Пакетите може да се активираат веднаш преку мобилната апликација мБанка или преку Интернет банка. Од Комерцијална банка посочуваат дека и лицата кои не се ...
Добивај вести на Viber Минатата недела донесе подобрување на расположението на финансиските пазари. Вниманието на инвеститорите беше насочено кон сигналите за постепено ладење на американската економија, напредокот во трговските преговори и натамошниот развој на вештачката интелигенција. Иако геополитичките ризици и понатаму остануваат присутни, оптимизмот на пазарите продолжува да биде поддржан од долгорочни двигатели, како што се ...
Фискалниот совет на Македонија со своја анализа за економијата на земјава за првата половина од 2026 година. Според ова тело, економските движења во првите пет месеци од 2026 година се обременети со значителна глобална економска и геополитичка неизвесност и несигурност. Војната на Блискиот Исток и нарушениот транспорт на нафтени деривати, минерали и други стратешки стоки во Хормутскиот теснец доведе до ценовен шок и поттикнување на ...
Во Европската Унија, Италија е лидер во потрошувачката на енергија за ладење, со 26,3 илјади тераџули, по што следат Шпанија (14,3 TJ) и Грција (11,9 TJ) регистрирани во 2024 година, објави денес Евростат. Во Европската Унија, Италија е лидер во потрошувачката на енергија за ладење, со 26,3 илјади тераџули, по што следат Шпанија (14,3 TJ) и Грција (11,9 TJ) регистрирани во 2024 година, објави денес Евростат. Исто така, вкупната потрошувачка ...
Европските обврзници паднаа, испраќајќи ги трошоците за задолжување на Франција на највисоко ниво од 2009 година, додека цените на нафтата и инфлациските очекувања се зголемија откако претседателот Доналд Трамп прогласи крај на примирјето со Иран. Приносите на германските десетгодишни обврзници пораснаа за осум базични поени на 3,07 отсто, највисоко во речиси еден месец и се во континуиран раст осми ден по ред - најдолга серија од јануари. ...
Статистичките податоци за 2025 година укажуваат дека бројот на ангажирани лица во државата изнесувал 614.334. Од нив, 330.240 биле мажи, а 284.094 жени, како што беше обелоденето од страна на Државниот завод за статистика. Во текот на 2025 година, споредбано со претходната 2024 година, вкупниот број на работници е задржан речиси на исто ниво, забележувајќи минимално опаѓање од 0,1%. Оваа состојба е последица, пред сè, на намалената за 5,2% ...
Цените на нафтата денеска пораснаа за повеќе од три проценти по новата ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран, што повторно предизвика загриженост поради можните нарушувања во испораката на енергенси од Блискиот Исток. Брент нафтата, која претставува референтна цена за европскиот пазар, достигна околу 76,5 долари по барел, додека американската ВТИ нафта порасна на приближно 72,7 долари. Од нашата мрежа ФБИ ги истражува финансиите на ...
Идејата за доброволна работа до 73 години ја разбранува јавноста, но сè уште нема одлука за задолжително продолжување на работниот век, затоа што ќе се почека што ќе покаже скенирањето на пензискиот систем од страна на ММФ и на Светската банка. Инаку, демографската слика веќе испраќа предупредувачки сигнали. Сè помалку работници ги финансираат пензиите на сè поголемиот број корисници, што го зголемува притисокот врз Фондот за ПИОМ. Анализите ...
Европската централна банка сака да го затвори поглавјето за вонредни мерки што ја одбележаа последната деценија. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, изјави дека монетарната политика се враќа на своите основни инструменти, но со една важна разлика – светот денес е многу понепредвидлив отколку пред финансиската криза, пандемијата и војната во Украина. На годишниот состанок на централните банкари во Синтра, Португалија, таа истакна дека ...
АЛТА банка АД Битола ги намалува надоместоците за СЕПА кредитни трансфери за физички и правни лица, соопштија од банката. Измените се дел од промените во Тарифата за надоместоци за услугите наменети за клиенти и ќе важат промотивно до 31 декември 2026 година. Со новите тарифни ставки се намалуваат надоместоците за приливни и одливни кредитни трансфери преку СЕПА, како за резиденти, така и за нерезиденти. За правни лица резиденти, надоместокот ...
Додека власта обидува да го претстави ребалансот како развоен, суровите бројки покажуваат тотален колапс и неодговорно планирање. „Овој ребаланс не е инструмент на одговорно планирање, ова е фактура за промашениот буџет од декември. Буџетот не издржа ниту половина година, а граѓаните сега ја плаќаат цената на владината неодговорност“, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Битиќи ...
Европската комисија соопшти денеска дека очекува САД да ги почитуваат преземените обврски во областа на трговијата и порача дека ќе ги штити интересите на сите држави членки на Европската Унија, по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп упатени кон Шпанија. Заменикот на главниот портпарол на Европската комисија, Олоф Гил, на редовната прес-конференција изјави дека ставот на Брисел за трговските односи со САД е јасен и дека нема да ...
Македонска берза, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и PwC Северна Македонија денеска официјално го презентираа новиот Проект за подготовка на домашните компании за финансирање преку пазарот на капитал. Оваа иницијатива е во функција на понатамошен развој на македонскиот пазар на капитал и создавање нови финансиски инструменти и издавачи на Берзата. Во рамките на овој проект ќе бидат избрани до десет компании што имаат амбициозни ...
Добивај вести на Viber Министерството за финансии изврши трансфер на нови 148,6 милиони денари или 2,4 милиони евра кон Развојната банка, а средствата се наменети за поддршка на инвестиции во домашните компании. Со последниот трансфер од централниот буџет кон Развојната банка вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,5 милијарди денари или 235,8 милиони евра. ...
Независноста на централната банка е главниот предуслов за стабилноста на цените и финансискиот систем и за ефективно спроведување на монетарната политика. Таа е важен фактор за заштита од надворешни влијанија и за одржување стабилна макроекономска рамка, особено во период на светски економски предизвици и европска интеграција. Во овој контекст, во Скопје, на 7 и 8 јули 2026 година, се одржува мисијата на ТАИЕКС (TAIEX – Technical Assistance ...
И третиот повик за набавка на нови автобуси заврши, но неизвесноста останува. Два дена по истекот на рокот за доставување на понуди, од министерството за транспорт и врски за Телма соопштија само дека следи нивна проценка, без да споделат детали за тоа колку компании се пријавиле нам повидок и дали станува збор за европски фирми. Иако, отворањето на понудите е јавно. Претходниот повик на кој како најповолен понудувач беа избрани унгарската ...
Народната банка ги објави официјалните податоци за девизните резерви. Според јавно достапните податоци, девизните резерви, на крајот на јуни, биле на ниво од 4.936 милиони евра. Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност или 73,8 проценти, по што следуваат монетарното злато со 15,8 проценти и валутите и депозитите со 10,4 проценти. Народната банка ги објави официјалните податоци за девизните резерви. Според јавно достапните ...
Геополитичките тензии и нарушувањата во глобалните синџири на снабдување повторно ја истакнаа стратешката важност на бакарот. Според најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), токму бакарот и алуминиумот се металите чии цени најсилно реагираат во услови на кризи, а експертите очекуваат трендот на висока побарувачка да продолжи и во наредниот период. И покрај тоа што Македонија располага со значајни резерви на бакар, тие и натаму ...
Со децении, модната индустрија ја градеше својата моќ на предмети што претставуваа статус – чанти, чевли, часовници и парчиња облека со препознатлив потпис. Сепак, се чини дека дури и најскапиот производ повеќе не е доволен за да го задржи вниманието на клиентите. Новото бојно поле за нивната наклонетост може да биде – трпезариската маса. „Вог“ укажува на овој тренд, прашувајќи дали специјализираната и концептуална гастрономија станува ...