Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Акциите пораснаа во четврток, поттикнати од скокот на полупроводниците и падот на цените на нафтата, додека берзите се обидуваа да се опорават и покрај обновените тензии меѓу САД и Иран. Nasdaq Composite порасна за 1,30% на 26.206,89, додека S&P 500 порасна за 0,81% на 7.543,64. Индексот Dow Jones Industrial Average додаде 139,02 поени, или 0,27%, на 52.487,41. VanEck Semiconductor ETF (SMH) порасна за 2,5%, предводен од добивката од 4,5% ...
Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта. Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус. Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и ...
Извозот на кинески патнички автомобили во јуни порасна за 80 проценти во споредба со истиот месец минатата година, најмногу поради побарувачката за електрични возила, додека продажбата на домашниот пазар падна за 26 проценти. Според податоците на Кинеската асоцијација на производители на автомобили, во првите шест месеци од оваа година извозот на патнички возила од Кина пораснал за 72 проценти и надминал 4,4 милиони. Продажбата во земјата и ...
Добивај вести на Viber Изминативе месеци редовно објавуваме за нови огласи за вработување во некои од државните институции, иако со месеци се зборуваше дека во државните институции има вишок на вработени и треба да се бараат решенија за нивно намалување. Наспроти ветувањата за намалување на државниот ешалон, огласите не стивнуваат и секојдневно се објавуваат нови... Најнови во листата се огласите на Владата на Македонија, која објави огласи ...
Добивај вести на Viber Фондот за осигурување на депозити, финансиска институција која чува 400-тини милиони евра во случај да и се одземе дозволата за работа и да пропадне некоја банка, филијала на странска банка или штедилница, целокупната добивка ја остварува од инвестирање во државни благајнички записи. Речиси со сите пари кои ги има, купува државни хартии од вредност на аукциите кои ги распишува Министерството за финансии. Од тоа ...
Добивај вести на Viber Вкупно 94.113 дозволи за престој и работа се издадени Хрватска до 30 јуни, најмногу дозволи за престој и работа им биле издадени на граѓани на Босна и Херцеговина - вкупно 17.330, додека веднаш зад нив биле граѓаните на Србија со 15.863 издадени дозволи. Многу од нив работат на хрватското крајбрежје во текот на летната сезона, а по завршувањето на сезоната се враќаат дома. Валентина, исто така, одела во Хрватска на ...
Вештачката интелигенција би можела да ги преобликува работните места на речиси 80 милиони луѓе во Југоисточна Азија, но засега нема знаци дека довела до масовни кратења на работни места, соопшти Меѓународната организација на трудот (МОТ). Речиси 80 милиони работници, односно 22,9 отсто од вкупната вработеност во земјите од Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), работат во занимања во кои вештачката интелигенција може да ...
Добивај вести на Viber По големите пресврти што ги придружуваат новите гранични контроли на ЕЕС , останува прашањето што ќе се случи со друг систем, ETIAS, кој сè уште не е воведен. Иако ETIAS требаше да го следи EES, се чини дека неговата имплементација ќе биде одложена до следната година. Доцнењето секако беше усложнето од хаотичната ситуација на аеродромите и копнените граници поради новите контроли што вклучуваат земање отпечатоци од ...
Добивај вести на Viber Во Германија се подготвува една од најрадикалните реформи на пензискиот систем во последните децении, која би можела радикално да ја промени финансиската состојба на стотици илјади вдовици и вдовци. Експертската комисија за реформа на пензискиот систем предлага целосно укинување на традиционалната семејна пензија по смртта на брачниот другар и воведување нов модел на задолжителна поделба на пензиските права меѓу ...
Македонскиот пазар на капитал со години ниту видел ниту помирисал некакво ИПО (од англиски: Initial public offering - IPO), односно компанија што преку јавна понуда на акции ќе собере свеж капитал за својот раст и развој. Многупати се зборувало за тоа на конференциски панели, трибини или обуки, но бизнисмените тешко се одлучуваат да ја сменат својата ментална матрица и да решат, наместо во банка, по пари да одат на берза и својата сопственост ...
Најновиот бизнис потфат на американскиот претседател Доналд Трамп не го носи неговото име, но сепак ги носи сите обележја на неговиот бренд: впечатлив, комерцијално сомнителен и веројатно краткотраен. Зборуваме за синџирот бензински пумпи „Freedom Fuel Network“, кој се појави низ Пенсилванија и Њу Џерси, но не е сосема јасно кои локации се всушност отворени, пишува Futurism. Гориво „Слобода“ по фиксна цена На овие станици, украсени со ...
Посилните заработки и растот распространет низ повеќе сектори ќе ги поттикнат европските акции на нови максимуми оваа година, според стратезите на швајцатската групација „УБС“ (UBS Group AG), кои сега се најголемите „биковски“ настроени прогнозери меѓу сите оние што ги следи „Блумберг“. Гери Фаулер и Сутања Чеда ја зголемија својата проценка за крајот на годината за индексот Stoxx Europe 600 на 690 од 630, што подразбира пораст од околу 8 ...
Добивај вести на Viber Германците штедат сè повеќе и повеќе. Континуираната серија кризи и бранови на инфлација ставија многумина под финансиски притисок. Поголемиот дел од испитаниците на анкета рекле дека планираат да ги ограничат своите трошоци. Со уделот на оние кои се загрижени за својата финансиска иднина од 79 проценти, Германците се малку позагрижени од просекот од 78 проценти во Ирска, Италија, Полска и Велика Британија, пренесува ...
Од „релито“ на берзата во 2026 една значајна група на акции е прилично отсутна: американските технолошки гиганти што претходно го „јаваа бикот“ речиси цели четири години. Индексот на „Седумте величествени“, кој ги вклучува акциите на „Амазон“, „Алфабет“, „Епл“, „Енвидија“, „Мајкрософт“, „Мета“ и „Тесла“ од почетокот на годинава после големите осцилации досега речиси и да нема промена во вредноста, дури и додека бумот на вештачката ...
Три месеци преполн плоштад, раздвижени улици и кафулиња во кои се бара место повеќе. Но, кога ќе стивне летниот шпиц, нашите туристички центри буквално потонуваат во летаргија. Сезонскиот туризам носи брза заработка, но остава долги месеци празнина која сè почесто ја пополнуваат автобусите што ги носат младите надвор од земјава.Економијата „од сезона за сезона“ веќе не е доволна за да ги задржи младите професионалци. Без сигурност во текот на ...
Некомплетна документација, дискриминација при доделување средства за самовработување во плански региони, неефиканско трошење пари за обуки, сомнителни тендери,фаворизирање адвокат и членови на Управниот одбор земале паричен надомест иако не доаѓале на седница – ова се само дел од нерегуларностите што ги нотира извештајот на Државниот ревизор за работата на Агенцијата за вработување за 2024 година. Според извештајот на Ревизорот, Агенцијата за ...
Добивај вести на Viber Сушата го загрозува родот на грозје во Франција и се очекува една од најраните берби. Продолжената суша и високите температури го загрозуваат родот на грозје оваа година во најпознатите винарски региони во Франција, поради што производителите очекуваат една од најраните берби досега и помало производство на вино. По рекордниот топлотен бран на крајот на јуни, лозјата во Шампањ, Бордо и Бургундија беа погодени од сушен ...
Податоците на Државен завод за статистика за првите пет месеци покажуваат дека граѓаните трошат повеќе, при што вкупниот промет во трговијата на мало е зголемен за околу 200 милиони евра во споредба со истиот период лани, како што пренесува Bloomberg Adria. Овој скок е поттикнат од зголемениот промет кај храната, пијалаците и тутунот, кој само во мај забележа раст од 9,1%. Зголемувањето на прометот во малопродажбата за околу 200 милиони евра ...
Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека нападите на САД врз Иран и нивното мешање во пренасочувањето на бродовите низ Ормуската Теснина го попречуваат постепеното повторно отворање на стратешката морска рута и ги загрозуваат интересите на земјите што имаат корист од неа, објавија британските медиуми ИРГК додаде дека во изминатите две недели, транзитниот капацитет под ирански надзор се обновил на околу 50 отсто од ...
Од платата за јули започнува да важи привремена промена на структурата на придонесите за задолжително социјално осигурување. Измените се објавени во „Службен весник“ и ќе важат до исплатата на платата за декември 2026 година. Иако на прв поглед изгледа дека работниците ќе плаќаат повеќе за пензиско осигурување, суштината е дека вкупните придонеси остануваат исти – 28 проценти. Се менува само распределбата меѓу различните видови придонеси. ...
Американскиот пазар на акции, со S&P 500 кој се движи близу историски највисоките нивоа, е скап. Ова не е контроверзно. Во зависност од тоа која мерка ќе ја користите, американските акции веројатно се преценети веќе неколку години. Но сега, според неодамнешно истражување на аналитичарот Јоаким Клемент од „Панмјур Гордон“, S&P 500 може да биде на нивоа на преценетост какви што досега не се видени. Референтниот индекс моментално се ...
Пензискиот систем во Македонија се соочува со сериозни демографски и финансиски предизвици, но граѓаните и синдикатите бараат евентуалните реформи да бидат темелно анализирани и да не се спроведуваат на товар на работниците. Од коментарите и реакциите на социјалните мрежи може да се заклучи дека мнозинството не е против правото на избор, но очекува секое идно решение да ги земе предвид тежината на професијата, здравствената состојба, висината ...
Државниот завод за ревизија утврдил бројни слабости и неправилности во работењето на Агенцијата за вработување на Република Македонија за 2024 година. Според конечниот ревизорски извештај, институцијата не ги отстранила најголемиот дел од забелешките нотирани во претходната ревизија, а дел од проблемите продолжиле и во текот на минатата година. Од осумте препораки што ги дале ревизорите по контролата за 2023 година, три воопшто не се ...
Македонија во изминатите години изгубила околу 230.000 жители поради иселувањето, а последиците од овој тренд се чувствуваат на пазарот на трудот. Работодавците сè потешко наоѓаат квалификувани работници, додека недостигот на кадар веќе не е проблем само за градежништвото, угостителството и транспортот туку и за индустријата, здравството, ИТ-секторот и услужните дејности. Според познавачите на пазарот на трудот, најголема загуба е тоа што ...
Ако на автопат ви се оди во тоалет, прво ќе барате каде да застанете. Потоа ќе сфатите дека изборот не е голем. Или ќе влезете во бензинска станица и ќе се надевате дека никој нема да ви побара фискална сметка, или ќе продолжите да возите додека не најдете друго место. Ако патувате со дете, со постар човек или со болен патник, тогаш ова веќе не е ситница. Станува проблем. Повод за реакциите деновиве е случај на бензинска станица во ...
Пред само пет-шест години многумина веруваа дека цените на становите во Скопје го достигнале својот максимум. Денес е јасно дека пазарот ги демантираше тие очекувања. Во дел од населбите квадратниот метар поскапе толку многу што за истиот стан денес треба да издвоите десетици илјади евра повеќе отколку во 2020 година. Според најновите податоци за првиот квартал од 2026 година, просечната цена на стан во Скопје достигнала околу 1.266 евра за ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 9 јули 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2026 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и ...
Од првото креветче и пелените, па сè до екскурзиите, спортските активности и мобилниот телефон, родителството одамна не е само емотивна, туку и сериозна финансиска обврска. Иако повеќето родители никогаш не седнуваат да ги соберат сите трошоци на едно место, бројките покажуваат дека одгледувањето дете во Македонија станува сè поскап предизвик. Најновата анализа покажува дека семејствата издвојуваат приближно 160.000 до 200.000 денари годишно ...
Добивај вести на Viber Со цел да ја поттикне превентивната здравствена грижа и да ги направи здравствените услуги подостапни за граѓаните, Клиника Жан Митрев овозможува специјални попусти на повеќе превентивни, дијагностички и специјалистички прегледи што ќе трае до 31 август 2026 година. Превентивните здравствени контроли се еден од најважните чекори за навремено откривање на состојби кои честопати се развиваат без изразени симптоми. ...
Ирак не планира да ја напушти Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), но ќе продолжи да бара „пофер“ квота за производство во рамките на таа организација, изјави ирачкиот премиер Али ал-Заиди. Тој истакна дека Багдад останува посветен на членството во ОПЕК, но верува дека квотите за производство треба подобро да го одразуваат производствениот капацитет и потребите за развој на Ирак, објави Ројтерс. Изјавата дојде откако ...