Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Филмот, уметноста на филмот, актерот и уметноста на актерството на филмот, е онаа состојка која подвижните слики од информација ги трансформирала во приказна со која се идентификуваат сите луѓе на овој свет, без разлика на кој јазик зборуваат, од каде доаѓаат, колку се образовани или на која култура припаѓаат, само затоа што лицето на актерот зборува на единствениот и според се, за сите и насекаде разбирлив јазик на човечкото присуство и ...
Синоќа беше промовиран видеозаписот на битолската серенада „Кажи, кажи, Широк сокак“ на група Деспина, песна инспирирана од вистинска љубовна приказна, која се круниса со брак. Премиерно беше изведена на фестивалот „Ех таа серенада“ во Битола во 2024 година, а по две години доби и видеозапис. Автор на текстот е Никола В. Ристевски, музиката и аранжманот ги потпишува Михаил Мими Марковски, а зад видео продукцијата стојат Дрим Каст продукција и ...
Наместо впечаток за култура и грижа за јавниот простор, по свеченото отворање на најголемиот културен настан во државата, „Охридско лето“, остана слика со купишта отпад. По завршувањето на програмата, просторот беше исполнет со летоци, промотивни материјали од спонзори, амбалажа и со отпадоци од храна. Редарите со часови го расчистуваа просторот за да го вратат во првобитна состојба. Фотографиите сведочат дека дел од посетителите оставиле ...
По успешното прво издание, фестивалот „Скопје се Лади“ се враќа по втор пат и на 5 септември ќе го претвори Стадионот на АРМ во Скопје во најголемата летна музичка сцена во државата. Годинашниот фестивал носи ексклузивен настап на светски познатиот DJ и продуцент Burak Yeter, кој првпат доаѓа во Македонија. Автор на глобалните хитови “Tuesday” и “My Life Is Going On”, препознатлива како главна тема на серијата Money Heist, Burak Yeter е едно ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и Хрватскиот национален професионален фолклорен ансамбл „Ладо“ одржаа два целосно распродадени концерти во Битола и Скопје, потврдувајќи ја својата улога како едни од најзначајните промотори на традиционалната култура во регионот. Публиката имаше можност да проследи богата програма со македонски и хрватски народни игри и песни, во изведба на врвни уметници, оркестри и вокални солисти. ...
Културниот центар Balkan Heritage од Будимпешта со гордост го најавува своето прво музичко издание под сопствена дискографска куќа, антологискиот албум „Македонија“ во изведба на унгарското дуо Будапесме. Проектот претставува значаен исчекор во зачувувањето и промоцијата на богатото фолклорно наследство на Македонија. Албумот официјално ќе биде објавен и пуштен во продажба на 15 јули 2026 година и ќе биде достапен и во дигитален формат и на ...
Ќерката на Мет Дејмон е убава како сон: Велат дека многу личи на мајка си, а прашањето е која од двете е поубава Објавена во: 15 Јули, 2026 12:52 Семејното издание на Мет Дејмон на премиерата на филмот предизвика коментари за убавината на неговата сопруга и ќерка, кои совршено си одговараа. Холивудскиот актер Мет Дејмон Џош еднаш покажа дека неговото семејство е неговата најголема поддршка во најважните моменти од неговата кариера. На ...
Вечерва во Амфитеатарот во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филма „Преку езерото“.На свеченоста ќе бидат соопштени добитниците на наградите, а вечерта ќе биде заокружена со проекција на српскиот филм „Кармадона“ во режија на Александар Радивојевиќ. – Мислам дека сите уживаме во туѓата несреќа. Тоа е стара човечка особина, секогаш гледаме дали некому му е полошо отколку тебе. Кај нас ...
Утревечер, на 16 јули на големата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 20 часот, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрнски“ премиерно ќе ја изведе претставата „Ловец во р’жта“ од Селинџер во режија на Мартин Кочовски. Режисерот вели дека претставата ќе преставува еден вид кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во блиската ...
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовираат: Лидија Капушевска Дракулевска, Биљана Стојановска и Оливера Ќорвезироска. „Длабок простор“ е десетта поетска збирка на Зоран Анчевски. Таа продолжува таму каде што завршуваат ...
Патот на Сања Божиновска не може да се гледа само низ нејзината кариера, туку и низ искуствата, вредностите и изборите што ја обликувале како професионалец и лидер. Во разговорот таа се осврнува на знаењето како личен капитал, на вредностите што денес ги носи во јавната функција како министерка за енергетика, рударство и минерални суровини и на професионалното искуство стекнато во различни земји, академски средини, култури и деловни ...
Во петок на 17 јули, со почеток во 20 часот, во студиото на Приватен принт, во рамки на програмата „Читачка соба“, ќе се одржи промоција на новата книга „Економија на истрајноста – 10 години Приватен принт“ (Economy of Persistence – 10 Years of PrivatePrint), чии автори се основачите на студиото, Илија Прокопиев и Марија Христова. Настанот е отворен за јавноста и не е потребна претходна регистрација. Промоцијата ќе биде одбележана преку ...
Игор Џамбазов го прослави 63. роденден. Човекот кој со децении нè учи дека смеата е лек, а уметноста начин на живот. Актерот што ги обележа театарот, филмот и телевизијата, на музичарот, писателот, шоуменот и пред сè на човекот што остана свој. Има луѓе што настапуваат на сцена, а има и такви што самите стануваат сцена. Игор Џамбазов е токму таков препознатлив лик и глас, неисцрпна духовитост, искреност без маска и талент што ги поврзува ...
Среде бескрајната египетска пустина, далеку од древните пирамиди и хаотичниот ритам на стариот Каиро, се издигнува зграда која изгледа како да припаѓа на иднината. Висока речиси 400 метри, со стаклена фасада која го рефлектира пустинското сонце, „Iconic Tower“ не е само облакодер, тој е симбол на амбицијата на една држава да создаде нов центар на моќ. Египет не го изгради овој гигант затоа што немаше место во градот. Го изгради затоа што ...
Jazz Inn Од 17.07.2026 - 22:00 до 18.07.2026 - 01:00 Љубителите на џез музиката ќе имаат шанса уште еднаш да ги слушаат во живо “Next To Silence” кои со својот претпознатлив стил и уникатен пристап кон џезот, станаа миленици не само на македонската, туку и светската публика. Ќе биде отсвирана музика, која бендот неодамна ја сними во студиото “Алшар”, а ќе се најде на нивниот следен, трет по ред албум. “Next To Silence” го сочинуваат: Кирил ...
Промоција на книгата: „Autocratization in Post-Communist Democracies: The Architecture of Strategic Authoritarian Rule in Hungary and North Macedonia“ од Огнен Вангелов 15 јули (среда) | 19.00 часот Книгата „Autocratization in Post-Communist Democracies: The Architecture of Strategic Authoritarian Rule in Hungary and North Macedonia“, објавена во издание на Palgrave Macmillan, ги анализира процесите на автократизација во Унгарија и ...
Во петок (17.7) во склоп на манифестацијата „Скопско лето“ во Лабораториум во Скопје ќе се одигра претставата „Сина сенка“ од авторот Брајан Рејнлодс во режија на Тамара Стојаноска, со почеток од 20:30 часот. Потоа, во август „Сина сенка“ ќе учествува на меѓународниот театарски џез фестивал „Нишвил“ во Ниш, Република Србија(9.8) и на меѓународниот фестивал на алтернативен театар „Корифеј“ во Колашин, Црна Гора(12.8). „Сина сенка“ е проект во ...
Театарската претстава „Сина сенка“ на Независен театар Златен Елец, која требаше да се одржи денес (15.07.2026г. – среда) со почеток во 20:30 часот во Лабораториум се одложува за на 17.07.2026г. (петок), а часот и локацијата остануваат непроменети, на барање на публиката, поради закажниот полуфинален фудбалски натпревар на светското првенство. Купените билети за на 15.07.2026г. ќе важат за изведбата на 17.07.2026г., а оние кои не обезбедиле ...
Пишува: Александра Јуруковска Стиховите во „Болна земја“ имаат и силно јазично значење, силен печат во зборообразувањето, па меѓу ангелите и книгите среќаваме прекрасни кованици што ја засилуваат моќта на стихотворението: ѕвездоцветие, стихоградител, благовесник, стаклорезец, писмозналец. Поетскиот ракопис Болна земја од Братислав Ташковски природно се надоврзува на последните две негови книги „За сите времиња“ (ПНВ, 2023) и „Записи на идниот ...
„Матица македонска“, во превод на македонски јазик го објави романот „Самец во бракот“ од Мир-Јам, едно од најпрепознатливите имиња на љубовната проза во регионалната книжевна традиција. Мир-Јам, книжевниот псевдоним на Милица Јаковљевиќ, е авторка чии романи со децении ја освојуваат широката читателска публика. Често нарекувана кралица на љубовниот роман, таа создала книжевен свет во кој љубовта никогаш не е само романтична занесеност, туку ...
На 16 јули во македонскиот Културно-информативен центар во Софија ќе биде изложена просторната инсталација „Архитектура на невидливото“ од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски. Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Зоран Пејковски, директор на македонскиот КИЦ во Софија. Проектот ја конструира својата естетика преку тензии и дијалози: светло и темнина, трага и празнина, присуство и одложено појавување. Просторот не е сцена за човечкиот ...
Духот на „Илинден“ – симбол на слободата, единството и непокорниот дух на македонскиот народ, длабоко кореспондира со кинеската почит кон културното наследство и зачувувањето на националниот идентитет. Затоа, вечерашниот концерт е многу повеќе од културен настан, тој е прослава на пријателството меѓу народите на НР Кина и Македонија, истакна вечерва амбасадорката Џианг Сјаојaн, на отворањето на интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ ...
Филмот „Кома“ на режисерот Агим Абдула вчеравечер ја имаше својата фестивалска премиера на “Преку езерото” во Дојран. Ова филмско остварување го карактеризира бавно темпо и долги сцени, кои, како што рече режисерот, потекнуваат од времето кога студирал филмска режија во Иран. -Имав чест и привилегија да студирам режија во Иран и тоа беше намерата, да се види печатот од моите студии во времето кога учев таму и во едно мое филмско дело. Ова не ...
Уметници од НР Кина, членови на симфонискиот оркестар од Нингбо, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ одржаа работилница посветена на 24-те сончеви периоди како музичка инспирација на тамошните уметници. Магичното музичко патување низ 24-те сончеви периоди е составен дел на позната мудрост на кинескиот народ, вкоренета во набљудувањеот на природата, следењето на нејзиниот ритам и призната од УНЕСКО како светско нематеријално културно ...
Македонскиот артист и продуцент Darkoff е единствениот претставник од Македонија кој се најде меѓу 12-те финалисти за овогодинешната регионална награда „Милан Младеновиќ“, што ја доделува Фондацијата „Милан Младеновиќ“. Тој обезбеди место во финалето со композицијата „Чекор (Јас и ти)“, во исклучително силна конкуренција, бидејќи на овогодинешниот конкурс пристигнаа повеќе од 170 композиции од земјите од поранешна Југославија. За изборот на ...
Со поддршка на Општина Битола и во рамките на „Битолско културно лето“, на 18 јули (сабота) со почеток во 19:00 часот, во дворот на книжарницата BOOK’S HOUSE и Бар Општина, ќе се одржи четвртото издание на „Хуманитарна ноќ со македонски автори“. Настанот и оваа година ја продолжува својата хумана мисија, водејќи се од мотото: „Нашето малку за некого е најголема радост.“ Собраните средства ќе бидат наменети за набавка на училишен прибор и ...
„Парни ваљак“ и „Прљаво казалиште“ заедно на иста сцена за првпат. Помина половина век, но тоа ќе се случи во Загреб пред летото 2027 година. Заеднички настап на два бенда кои го дефинираа хрватскиот рок и без кои е невозможно да се раскаже музичката историја на овој град. Бендовите ја објавија веста денес, 14 јули, со кратка порака на социјалните мрежи: „Ваљак и Казалиште заедно живеат во Загреб? Да, се гледаме пред летото 2027 година, кога ...
Во салонот на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница беше отворена изложбата „Икони“, која претставува избор на дела создадени за време на 8. Лесновска ликовна колонија во 1999 година. Поставката е сопствена продукција на Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип и е дел од програмата за одбележување на Павловден – празникот на градот. Изложбата опфаќа 12 дела од ликовни уметници од Македонија и Бугарија, инспирирани од иконите во ...
На милиони луѓе ширум светот, Леонардо ди Каприо им е познат како добитник на Оскар, еден од најголемите актери на својата генерација и човекот што го освои светот со улогата на Џек во „Титаник“. Но, малкумина знаат дека зад неговата блескава кариера се крие неверојатна приказна за човек кој, според сопственото признание, неколкупати бил на само чекор од смртта. „Моите пријатели ме нарекуваат човекот со девет животи“, изјави Ди Каприо во ...
Првиот впечаток често се создава за само неколку секунди. Психолозите велат дека неколку едноставни навики значително влијаат на тоа како другите ќе нe доживеат. Добрата вест е што ниту една од нив не зависи од скапата облека или совршениот изглед. Воспоставуваат контакт со очите Умерениот контакт со очите покажува самодоверба, искреност и интерес за соговорникот. Експертите предупредуваат дека избегнувањето поглед може да остави впечаток на ...