Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Втората вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп ја разигра Школка со музика, вкусови , безбројни наздравувања и одлично расположение под отворено небо.Публиката уживаше во винската понуда, гастрономските содржини и програмата со DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле, кои ја внесоа вечерта во вистински фестивалски тек и создадоа одлична сцена за дружење. Виноскоп од ден во ден ја засилува својата фестивалска приказна, носејќи нови вкусови, ...
Во четврток, 28 мај со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен “Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена на Албанската сериозна музика” ...
Во периодот од 16:30 до 18:30 часот, меѓународни уметници од различни европски земји ќе работат на изработка на големи мурали во соработка со локалната заедница, а посетителите ќе имаат можност активно да се вклучат во креативниот процес, работилници, панел-дискусии и активности посветени на уличната култура и современата уметност. Домаќин на фестивалот е здружението за културна соработка Интеркултура Скопје. Во периодот од 16:30 до 18:30 ...
Инструментална фанк-рок преработка на познатата насловна песна од легендарната истоимената серија „Отписани“, сними српскиот состав „Jet Clock Project“. Композицијата е аранжирана за бендот, а е направен и видео спот. Музиката за оваа незаборавна тема ја напиша Миливоје Миќа Марковиќ, а аранжманот е дело на Дејан Ресановиќ и Александар Пантелиќ. Во 2007 година, Дејан Ресановиќ го основа инструменталниот фјужн џез и рок бенд „Jet Clock“, кој ...
Култниот српски режисер Срѓан Драгојевиќ, познат по филмовите „Ми нисмо анџели“, „Лепа села, лепо горе“, „Ране“ и „Парада“ во август започнува со снимање на филмот „Осми март“. „Наскоро почнувам со подготовки за филмот, снимањето почнува на почетокот на август. Од некое ирационално суеверие, не сакам премногу да зборувам за тоа. Ја штедам енергијата за снимање, љубоморно. Накратко, тоа е приказна што многу ме инспирира, за прв пат мојот ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 333, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (23-25.5.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со Оливер Белопета за јубилејниот 25. ОФФест: Сечиј успех најнапред се должи на многу работа – разговор со актерот Владимир Петровиќ за неговиот лик во мјузиклот „Као какао“: Романтичар со скршено срце и бунтовник со причина – во ...
Оркестарот DIVA на 28 мај во Центарот за култура – Битола ќе одржи хуманитарен концерт под насловот „Ноти со мисија“. Целта на концертот е собирање средства за опремување на инклузивна соба во ООУ „Климент Охридски“ Битола, во соработка со здружението „Невроразлични“. „Понекогаш музиката има многу поголема цел од сцената. Овој пат, ние застануваме зад една важна и хумана иницијатива.“ – велат тие. Сите членови на оркестарот и изведувачите ќе ...
Шест години по филмот „Болка и слава“, прославениот шпански режисер Педро Алмодовар се враќа во главната натпреварувачка програма на Канскиот филмски фестивал со своето ново дело „Горчлив Божиќ“ (Amarga Navidad), кое ќе стигне до домашната публика по светската премиера во Кан. Премиерата на филмот во Скопје е закажана за 28 мај во киното „Синеплекс“. По „Соседната соба“, неговиот прв долгометражен филм на англиски јазик, Алмодовар се враќа ...
Настанот што денеска ќе се одржи во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул претставува ретка можност турската публика поблиску да се запознае со богатото културно и археолошко наследство на Македонија. Исар – Марвинци, локалитет сместен во близина на Валандово, претставува простор на континуиран живот од VII век пред нашата ера до VI век од нашата ера. Низ вековите овој простор бил важна комуникациска, трговска и ...
Гордана Јовиќ-Стојковска – романописец, раскажувач, поетеса, преведувач и книжевен критичар, творец на дела на македонски и на српски јазик, поранешна претседателка на Македонска книжевна младина е единствениот кандидат за претседател на Друштвото на писателите на Македонија за претстојното редовно изборно Собрание на ДПМ, кое е закажано за 30 мај, во 12:00 часот. Како што информираат од ДПМ изборот на новото раководство оваа година за првпат ...
Популарниот македонски фолк-пејач Борче Наумовски повторно го привлече вниманието на јавноста, откако неодамна откри дека сними видеоспот за својата најнова емотивна песна „Моја љубов, моја судбина“. Станува збор за композиција која уште при првото слушање ја освојува публиката со искрената емоција, силната порака и препознатливиот стил на пејачот кој со години важи за еден од најбараните изведувачи на свадби и веселби низ Македонија. Песната ...
Во театар Комедија денеска меѓународни и локални уметници ќе реализираат програма посветена на уличната култура, современата уметност и јавниот простор. Настанот е дел од меѓународниот фестивал „PASS- Pass the Street (Art), Shake the Hand”, европски проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, кој преку улична уметност, мурали и јавен дијалог ја промовира социјалната кохезија, инклузијата и културната размена помеѓу ...
Кениско-мексиканската глумица Лупита Њонго возврати на критиките за нејзината улога во новиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан. „Оскаровката“ ја глуми Елена Тројанска во филмот со голем буџет, којшто ќе излезе во јули, а ќе се појави покрај Мет Дејмон, Ен Хатавеј, Том Холанд и Зендеја. Во ново интервју за „Ел“, Њонго беше прашана за критиките од, на пример Илон Маск за изборот на темнокожа актерка за митскиот лик. Технолошкиот ...
Голем духовен настан се подготвува во манастирот Тумане. В недела, на 24 мај 2026 година, во овој манастир ќе бидат прославени два јубилеја – 90 години од откривањето на моштите на Свети Зосим Тумански чудотворец и 10 години од обновата на големата Туманска поворка и повторното пресоблекување на моштите, едно од најголемите духовни собири во нашата локална црква. По овој повод, во манастирот Тумане ќе се одржи традиционалното повторно ...
Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и модерни продукции речиси секојдневно го привлекуваат вниманието на публиката. Во таа низа денеска свое ново музичко остварување на социјалните мрежи и музичките платформи промовира и младата Драгана Јовановска. Станува збор за песната „Лага“, проект зад кој стојат добро познатите хит-мејкери од домашната музичка сцена — раперите Христијан Настески – Пајак и Таско, ...
Бугарскиот режисер Васил Василев донесе модерен и провокативен пристап со претставата „Носорози“ (базирана на текстот на Ежен Јонеско) на сцената на Албанскиот театар во Скопје, фокусирајќи се на отуѓувањето на човекот и губењето на индивидуалноста. Претставата се смета за преплетување на театарот на апсурдот со современата реалност, донесувајќи неколку сценски иновации. Иако текстот е напишан во 1959 година, Василев го прилагоди за да ја ...
Дали вистината е во виното? Ова прашање се провлекува низ епизодите кои го следат животот на две семејства поврзани со производство на вино. На северот, е богатото семејство на Вук Томовиќ кој има изградено винарска империја, но крие страшни тајни. Неговата ќерка Ања се враќа од студиите во Париз со напредни енолошки идеи. Сепак, нејзиниот обид да воведе модерни технологии предизвикува судир со конзервативните навики на тамошната средина. ...
Во јуни, Благоевград започнува нов фестивал кој ги обединува музиката, современата уметност, театарот, киното и урбаната култура во едно заедничко искуство. Од 8 до 13 јуни, градот ќе биде домаќин на првото издание на Crossing Jumaya – фестивал кој ги обединува различни генерации уметници, различни стилови и различни култури. Организаторот ги најавува Каролина Гочева, Пијан Славеј од групата „Фолтин“ и композиторот и пијанист со меѓународна ...
Еднодневна креативна работилница за жени посветена на креативното пишување, личниот развој и истражувањето на сопствениот глас ќе се одржи на 27 мај 2026 година со почеток во 17 часот во Салон „Империјал 2“, во организација на авторката и менторка Ксенија Николова. Работилницата е наменета за жени кои сакаат преку практични вежби за креативно пишување подобро да се запознаат себеси, да го истражат сопствениот наратив и да ја препознаат ...
Поп-пејачката Бојана Скендеровски ќе одржи концерт вечерва (22 мај) во Тетово, во Домот на култура „Иљо Антевски Смок“ од 20 часот. Концертот е под мотото „Глас што се чувствува, вечер што се памети“, а поп-пејачката ќе ги испее своите најголеми хитови. „По прекрасните дружби со публиката во Скопје и Штип, едвај чекам да запеам и со тетовската публика. Секој концерт носи посебна енергија, а верувам дека во Тетово нè очекува вечер исполнета со ...
– Мудар е, остроумен и великодушен човекот Атанас Конески, кој ни го подарува своето ковчеже во кое ги положил најважните нешта што еден животен патник си ги чува како вредни спомени и сознанија, како нешта што на секој номад му се неопходни за да ја изгради својата животна филозофија и за да преживее дури и во најсурови услови. Тој можел да ги зачува само за себе, но еве, го отвора своето ковчеже за сите што сакаат да се загледаат во него – ...
Во време на војна, повторен глобален пораст на авторитаризмот и ескалирачки напад врз високото образование, јазикот на „институционална неутралност“ се појавува не како заштита на академскиот интегритет, туку како едно од најефикасните идеолошки оружја во кампањата за деполитизација на универзитетот. По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, геноцидното уништување на Газа и враќањето на Доналд Трамп на претседателската функција, ...
Настапот што се одржа пред родители, гости и љубители на фолклорот, во Музејот на македонската борба за самостојност, со програма што ја прикажа посветеноста на ансамблот кон зачувување на македонската традиција, предизвика бурни аплаузи и одушевување, а познатите ора ги разиграа срцата на присутните Македонскиот фолклор и македонската традиција уште еднаш ја покажаа целата своја убавина и своето богатство на целовечерниот концерт што го ...
Режисерот Пројковски рече дека мјузиклот го сочинуваат неколку адути и интересни работи – од музиката на Стефановски до текстот на Андоновски. „Од друга страна, актерската екипа што беше избрана на подолг процес на кастинг, речиси два месеци. Се работи за спој на докажани актерски имиња и нови млади ѕвезди. Она што е интересно за мене е тоа што мјузиклот зборува за старото Скопје, за духот на старото Скопје, за тоа Скопје што на сите нам ни ...
Иако многу земји делат граници долги илјадници километри, постојат и такви што се долги десетици метри. Како е тоа можно, ќе се запрашате? Најкратката граница во светот е помеѓу Шпанија и Мароко, земји кои се јасно одделени од Средоземното Море и се наоѓаат на два континента - Европа и Африка. Па, како е можно тие да делат граница? Сè започнало во 20 век На почетокот на 1900-тите, Шпанија контролирала мал дел од северно Мароко. Кога конечно ...
Центар за култура „Григор Прличев“ Од 24.05.2026 - 20:00 до 24.05.2026 - 22:00 Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една „Импровокација“. Во недела, 24 мај, ќе биде изведена „Просветителска Импровокација“. Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066, а шоуто започнува во 20 часот на сцената на Народен театар ...
На 29 мај (петок), во Камерната сала на Филхармонија во 19 часот, ќе се одржи долгоочекуваната музичко-поетска италијанска вечер под наслов: „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“, која ќе ја обедини магијата на филмската музика, поезијата и врвната изведувачка уметност. Во Скопје пристигнува еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, кој ќе настапи како солист заедно со ИД ...
Со делото, кое важи за едно од најемотивните и најизведувани во светскиот оперски репертоар, ќе диригира гостинот од Грција Мирон Михаилидис, додека режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимографијата на Лира Грабул, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ. Во насловната улога настапува италијанската сопранистка Доната Д’Анунцио ...
Агенцијата за филм и оваа година активно учествуваше на филмскиот фестивал во Кан, каде македонската кинематографија беше претставена преку бројни професионални, промотивни и меѓународни активности. На Канскиот фестивал присуствуваа претставници на Агенцијата за филм задолжени за меѓународна соработка и промоција на македонската кинематографија, меѓу кои и директорот Сашко Мицевски, кој учествуваше како панелист на настан организиран од ...
По повод Светскиот ден на пчелата, во Kino Edison во Карловац во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб беше организирана специјална проекција на документарниот филм „Медена земја“ во киното Едисон во Карловац. Настанот претставуваше уште еден успешен пример на мултилатерална меѓуинституционална културна соработка, насочена кон промоција на филмската уметност, културниот дијалог и темите ...