Театарската претстава „Сина сенка“ на Независен театар Златен Елец, која требаше да се одржи денес (15.07.2026г. – среда) со почеток во 20:30 часот во Лабораториум се одложува за на 17.07.2026г. (петок), а часот и локацијата остануваат непроменети, на барање на публиката, поради закажниот полуфинален фудбалски натпревар на светското првенство. Купените билети за на 15.07.2026г. ќе важат за изведбата на 17.07.2026г., а оние кои не обезбедиле ...

За љубителите на филмската уметност, со почеток во 20:15 часот во Кинотека на Македонија, ќе се одржи проекција на филмот „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски. Билетите се во продажба на karti.com.mk. Со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се одржи поетско – музички настан насловен „Поетроника“ на Андреја Салпе и Оливер Митковски. „Поетроника“ е уникатен поетско-музички проект на Андреја Салпе и Оливер ...