Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Семејството Вишбонови повторно се соочува со нова авантура кога Баба Рога и Краликот вампир се киднапирани од мистериозна девојка со супермоќи. За да ги спасат пријателите, тие мора повторно да се претворат во своите монструозни облици и да тргнат на опасно, но забавно патување низ светот. Во оваа шарена анимирана авантура, семејството учи дека вистинската сила лежи во заедништвото, љубовта и прифаќањето на различностите. Семејството ...
Смртта на неговата мајка го враќа Ричи Браво од неговиот дом во Италија во неговата тинејџерска спална соба. Тој е некогашна успешна поп ѕвезда, а сега ја брка својата избледена слава во зимскиот Римини. Заробен меѓу трајно опиеност и концерти за автобуси со туристи, неговиот свет почнува да се урива кога неговата возрасна ќерка влегува во неговиот живот. Таа му бара пари што ги нема. Смртта на неговата мајка го враќа Ричи Браво од неговиот ...
Зимското издание на мрежата на фестивали на Јадранскиот Регион ќе се одржува од денеска (22 јануари) до 5 февруари, со што публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и во Македонија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови – во кината и онлајн. Публиката ќе има можност да гледа шест наградени регионални филма: „Семејна терапија“ од Соња Просенц, „Fiume o morte!“ од Игор Безиновиќ, ...
Адвокатката за кривични дела Канан го дели своето време помеѓу утрата во суд и вечерите во болничкиот кревет на нејзината мајка. На денот на рочиштето за изрекување на пресудата на осомничениот за убиство кого го брани Канан, таа мора да направи морален избор што ќе влијае на животите на нејзината мајка, судијата и обвинетиот. Адвокатката за кривични дела Канан го дели своето време помеѓу утрата во суд и вечерите во болничкиот кревет на ...
Маргарит, осамена ѕвезда во математичкиот етер на ЕНС, живее и дише равенки. Но, еден тремор го потресе нејзиниот свет, маана во самата теорема во која ја вложила својата душа. Збунета, таа го напушти ЕНС, прекинувајќи ги врските со животот што го познаваше. Чекорејќи во живописното непознато, таа најде утеха во виорот на реалниот свет. Потоа се нурнува во реалниот свет, открива автономија и играта Маџонг, се спријателува со младата Леа и ...
Кантавторот Јон Ајди го објави новиот сингл „Знај го ова засекогаш“ (Know It Always), за кој вели дека е интимна и топла песна снимена за американската издавачка куќа „Нвак колектив“. „Оваа песна ја напишав во момент кога бев вљубен и навистина се чувствував сакан. Сакав да го фатам тој миг и да го зачувам засекогаш. За мене, тоа беше и момент на редефинирање на значењето на љубовта“, вели Ајди. Песната го најавува претстојниот албум, на кој ...
Градовите Оулу во Финска и Тренчин во Словачка се Европски престолнини на културата за 2026 година. Програмата во Оулу почна во минатата недела, а отворањето во Тренчин е закажано за 13 февруари. Иницијативата е поддржана од Европската Унија преку програмата „Креативна Европа“. Скопје е избран за Европски престолнина на културата за 2028 година. Сместен во регионот Северна Остроботнија, Оулу ја оформил својата културна програма во соработка ...
„Снежана“ и „Војна на световите“ добија по шест номинации за Златна малина, награди со кои се одбележува најлошото во Холивуд во изминатата година. За најлош филм конкурираат и „The Electric State”, „Hurry Up Tomorrow” и „Star Trek: Section 31″. За најлош актер се номинирани Дејв Баутиста, Ајс Кјуб, Скот Иствуд, Џаред Лето и пејачот Викенд, а во женска конкуренција оскаровките Аријана ДеБосе, Натали Портман и Мишел Јео, како и Ребел Вилсон и ...
Македонскиот кантавтор со меѓународна кариера, Yon Idy, го објави својот нов сингл „Know It Always“, интимна и топла композиција што претставува јасен стилски исчекор и ново поглавје во неговиот авторски израз. Песната излегува во соработка со американската издавачка куќа NVAK Collective, со што Yon продолжува да ја гради својата меѓународна приказна како прв македонски артист потпишан со ваков тип американски лејбл. „Know It Always“ е песна ...
Во издание на „Антолог“ е објавен македонскиот превод на сликовницата „Си беше еднаш на Божиќ“ од украинската писателка Надијка Гербиш, илустрирана од Јулија Пилипчатина, во превод на македонски јазик на Вера Чорниј-Мешкова, дело кое на топол и суптилен начин го носи вистинскиот дух на Божиќ и универзалните вредности на добрината, солидарноста и заедништвото. Книгата претставува прекрасна и топла бајка во која живее вистинскиот дух на еден од ...
Објект Крстиќ-Ристиќ „Пеко“ / Иван Артемушкин 1932 21.01.2026 • Информации Фотографија ХХ век / I половина Име на сопственици : Крстиќ Тевда и Bиљбиља, Ристиќ Димитрија и Mаре Kр. Оригинална адреса: ул. Kрал Петар Денешна адреса: ул. Луј Пастер бр. 3 Програма: Станбена + комерцијална Статус: Постои Досие: 161 Сигнатура: 6.1.329.43/634-670 , 6.1.307.14/95-134 Извор: Артемушкин и Скопје, Државен Архив на Република Северна Македонија – ...
На 23 (петок) и 24 јануари (сабота) од 19.00 часот во киното „Мис Стон“ ќе се прикажува филмот „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. Влезници на билетарницата од киното секој работен ден од 10 до 12.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот. „Приказната за Силјан“ е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic. Во срцето на рурална ...
Празнувањата се зад нас, а новата година ја започнуваме со атрактивна филмска понуда за сите возрасти. Почитувана публико, драги битолчани, Кино браќа Манаки ве поканува во нова филмска авантура. Во прилог, неделната филмска програма за сите вкусови. Влезници за сите проекции по цена од 150 денари може да набавите на 1 час пред самата проекција. И во оваа година го овозможуваме семејниот пакет, кој ви овозможува за купени 3 , да добиете 4 -та ...
Новиот македонски долгометражен игран филм 17, во режија на Косара Митиќ и во продукција на Томи Салковски, е селектиран во програмата „Перспективи“ на годинашниот Берлински филмски фестивал, кој годинава го одржува своето 76-то издание. Како што информира Црна Мачка Продукција, филмот „17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири, кое ќе одлучи кој од вкупно 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар ...
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Традиционалното „Џез-матине“ на Скопскиот џез-фестивал ќе се одржи денеска во „Мака бар“ во Скопје. Ќе бидат промовирани новите календари за 2026 година со фотографии на Жига Коритник. Концерт ќе одржи Тони Китановски трио, во чиј состав се: Тони Китановски – гитара, Оливер Јосифовски – контрабас и Алек Секуловски – тапани. Влезот е слободен. рп/лв/ Фото: Скопски џез-фестивал Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - ...
Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска радио и тв водителка. Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 година е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читала вестите на првиот телевизиски ...
„Треска“ не е само напуштена фабрика од која денес остануваат изгорени хали, шут и расправии за ДУП. „Треска“ е точка на градот што во овј текст ќе се обидеме да ја видиме од две страни: како индустриска логика и како културна меморија. Индустрија и развој Пред да стане урбанистички конфликт, „Треска“ била индустриска оска со долга предисторија: на истата локација постојат записи за пилана уште од крајот на 19 век, а претпријатието „Треска“ е ...
Во Неготино денеска почина Милена Радман, жената на која и беше посветена една од најпознатите песни на „Нови фосили“ – „Милена, генерацијо моја“. Радман никогаш не зборуваше јавно за темата, од она што е познато се знае дека Рајко Дујмиќ ја запознал неготинчанката на нејзиниот летен одомор со другарките во Хецег Нови. Тој во долг разговор кој го имале, и ветил дека ќе ја опее во песна. Дујмиќ ја напиша музиката а Зринко Тутиќ текстот на ...
Новата сезона Националниот џез оркестар ја отвора на 30 јануари во Филхармонија (20 часот) со концерт со гудачкиот ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет. Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија, велат од НЏО. Под диригентство на маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран ...
Во свет каде што успехот честопати се мери преку богатство и влијание, Луана Лопес Лара се издвојува како една од најиновативните и највлијателни млади жени на глобалната сцена. На само 29 години, таа стана најмладата милијардерка во светот која што сама го заработила своето богатство. Луана е еден одличен пример за спој на интелект, визија и упорност. Родена во Бразил, таа го започнува својот животен пат како балерина, тренирaјќи на ...
Пред нејзиниот 80. роденден вчера (19 јануари), Доли Партон објави нова верзија на нејзиниот сингл од 1977 година „Light of a Clear Blue Morning“, во кој се учествуваат пејачите Лејни Вилсон, Квин Латифа, Реба Мекинтајр и Мајли Сајрус. „Првично напишана и снимена пред 50 години во 1976, за време на период на лична транзиција и обновен оптимизам, песната долго време стои како едно од најинспиративните дела на Доли“, се вели во објавата од ...
Памела Андерсон, Ченинг Тејтум, Ејми Адамс, Жилиет Бинош, Ел Фанин и Сандра Хилер се ѕвездите кои играат во филмовите во главната конкуреција за престижната Златна мечка на годинашниот Берлински фестивал. Директорката на фестивалот, Триша Татл, денеска ги претстави кандидатите за главната награда на Берлиналето, еден од најзначајните филмски фестивали во светот заедно со Кан и Венеција. 76. издание на фестивалот ќе се одржи од 12 до 22 ...
„Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „Паноптикон“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе… се дел од филмовите што ќе има можност да ги види публиката од 21 до 24 јануари, во Кинотеката на Македонија, како избрани содржини од фестивалот „Киненова“. Под мотото „Најдоброто од Киненова“, љубителите на филмската уметност ќе може да гледаат филмови што со ангажиран и аналитичен пристап отвораат културни и општествени прашања. ...
Еден од најнеобичните и најконтроверзни моменти во историјата на наградите Оскар се случи на 27 март 1973 година кога легендарниот актер Марлон Брандо ја освои престижната статуетка за најдобар актер за улогата на Дон Вито Корлеоне во класичниот филм КУМ (The Godfather), но одби да ја прифати наградата на сцената. Кој беше Марлон Брандо? Марлон Брандо (1924–2004) важи за еден од највлијателните актери во историјата на киното, често сметан ...
Единаесет месеци како е поставена настрешницата од страна на Општина Чаир, за време на градоначалникот Висар Ганиу, сѐ уште не е отстранета, иако за неа се произнесоа и од УЗКН и од ГКЦ, велејќи дека се работи за тврда градба , но дивоградба, која е подигната без било какви дозволи и која навлегува и во контактната зона- Дуќанџик и во споменичната целина- Стара скопска чаршија, каде што е забрането да се гради, за да не се наруши ...
– Не е проблем да се направи добра гајда, проблем е да се набави соодветен материјал. Интересот за гајдата како музички инструмент е голем во нашата држава, но и пошироко. Има многу млади кои сакаат да свират на народни музички инструменти, меѓу кои и на гајда, а меѓу нив и оние што сакаат да учат и што почнаа да е занимаваат со нивна изработка. Звукот на гајдата ни е во гените, младите треба да ја продолжат традицијата, вели Љубен Јуртоски ...
Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) започнува со цел да создаде нови можности за млади уметници да ја изразат својата креативност и да пренесат силни еколошки и општествени пораки преку уметнички перформанси во јавни простори. Проектот, финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската Унија, ќе овозможи младите да ја користат уметноста како алатка за ...
НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со општина Охрид утре – среда со омаж посветен на роднокрајниот автор Зоран Ковачевски ќе ја одбележат дваесет годишнината од неговата смрт. Зоран Ковечевски е македонски раскажувач и романсиер, припадник на генерацијата писатели кои творат во духот на критичкиот реализам. Роден е во Светозарево – Србија, на 15 април 1943 а починал на 21 јануари 2006 во Охрид. Ковачевски ги завршил студиите по право на ...
Внуката на Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ која гради меѓународна оперска кариера во Германија, на социјалните мрежи се збогуваше со својата баба која почина вчера. Младата оперска уметница Марта Хаџиманов во неколку реченици изрази тага, благодарност и безусловна љубов кон жената која, како што истакна, засекогаш остана нејзин пример. „Мојата прекрасна, прекрасна баба нè напушти денес. Бабо моја, многу те сакам. Секогаш ќе го слушам и ќе ...
Дебитантскиот филм „17“ на Косара Митиќ ќе има светска премиера на 76. Берлинале во селекцијата Перспективи, објави денеска фестивалот. Перспективи е натпреварувачка селекција за дебитантски филмови, годинава 14 се во трката за наградата Најдобро филмско деби. 76-то издание на Берлинскиот филмски фестивал ќе се одржи од 12 до 22 февруари. По сценариото на Митиќ и хрватскиот режисер и сценарист Огњен Свиличиќ, филмот се снимаше пролетта 2024. ...