Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Universitas Cantat е фестивал со долга традиција и форум на најквалитетните универзитетски хорски ансамбли од светот. Нашиот хор веќе по третпат ја доби поканата за учество, што само по себе е извонредно признание. Концертите на хорот „Драган Шуплевски”, овој пат во формација на женски хор, поминаа со огромна посетеност и интерес. Првиот концерт се одржа во градот Калиш, во прекрасната катедрала “Св. Никола”. После концертот, свештеникот кој ...
Организацискиот одбор на 25. Фестивал на БХ драма, официјално ја извести јавноста во саботата дека ја откажува фестивалската изведба на претставата „За целиот живот“ од Бенјамин Хасиќ, во режија на Јасенко Пашиќ, а во продукција на Сараевскиот воен театар САРТР и Театар Фабрика Сараево, наведувајќи ги како причина заканите од навивачите од градот и недостатокот на реакција од властите во градот Зеница и Зеничко-добојскиот кантон. Претставата ...
„Му благодариме на Бога што си се родила“ – Лавина од реакции за роденденските фотки на Меган Фокс, која наполни 40 години Објавена во: 18 Мај, 2026 12:52 Ѕвездата од филмот Transformers, Меган Фокс, на Инстаграм го одбележа 40-иот роденден со провокативни фотографии што ги запалија социјалните мрежи Неодамна наполни 40 години, но Меган Фокс и понатаму останува една од најмистериозните и највпечатливи фигури во Холивуд. Актерката ...
Момчето кое ја освои публиката од Вардар до Триглав, Кумановецот Филип Александровски, продолжува сигурно да чекори по музичкиот пат и да ја гради својата кариера. Младиот пејач вчера на социјалните мрежи и на музичките платформи ја објави својата најнова песна со наслов „Ноќ за паметење“, нумера која уште на прво слушање привлекува внимание со својата емоција, модерен звук и впечатлива интерпретација. Музиката за песната е дело на Димитар ...
Барбара Вулворт Хатон останува една од најконтроверзните и најтрагичните фигури на американската висока општествена сцена од 20 век, жена чиј живот, и покрај богатството што го наследила, често се чита како хроника на емоционална осаменост, семејни раскини и долготрајна лична болка. Родена во 1912 година во семејството Вулворт, кое стои зад еден од најголемите малопродажни синџири во САД, Хатон наследува огромно богатство уште како дете, над ...
Изложбата „Меѓу нас“ на Горан Костовски – Индог ќе се одржи на 03 јуни 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонија. Изложбата произлегува од неговото долгогодишно истражување на темата „Славење на животот“, започнато во 2011 година, а во оваа фаза насочено кон колективната грижа, љубовта и емпатијата како основа за подобра иднина. Преку серија илустрации, платна и графики создадени во последниве ...
На 20 мај од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Пролетни поздрави од Австрија-Бисери на класичната музика“. Оркестарот ќе свири дела на двајца великани на класичната музика, Франц Шуберт и Јозеф Хајдн, а ќе настапат уметници од Австрија. Ќе диригира австриската диригентка Елизабет Атл (фото), а како солист ќе настапи виолончелистот Јеремијас Флидл. Концертната програма започнува со увертирата „Волшебната харфа“ во ...
Агенцијата за филм ја поздравува одлуката на Владата, донесена на седницата одржана на 12 мај, со која е усвоен Предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри, кој понатаму ќе биде проследен во собраниска процедура. „До 2015 година дел од надоместоците со кои се финансираше Агенцијата за филм вклучуваа и процент од приходите од игрите на среќа. Оваа одредба беше укината со Одлука на Уставниот суд во 2016 година, кога беа укинати член ...
Францускиот институт во Скопје го организира предавањето „(Дез)информации: историјат и предизвици”, кое ќе се одржи во четврток, 21 мај 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Europe House – Скопје. Предавањето ќе го одржи Фабрис Д’Алмеида, познат историчар и истражувач, предава историја на медиумите и пропагандата во Францускиот институт за печат (ФИП) при Универзитетот Париз II Пантеон, каде е и раководител на мастер студиите „Медиуми и ...
Во современата архитектура, прашањето кои материјали најдобро ја задржуваат енергијата и ја намалуваат потрошувачката не е само техничко, туку и стратешко, директно поврзано со декарбонизацијата на градежниот сектор и преминот кон згради со речиси нула енергетска потрошувачка. Според повеќе истражувања објавени во специјализирани списанија како Energy and Buildings и Buildings (MDPI), клучот не лежи во еден „најдобар“ материјал, туку во ...
Седиштето на Руската академија на науките, изградено во периодот од доцните 1970-ти до раните 1990-ти, претставува еден од најпрепознатливите примери на доцносоцијалистички монументален модернизам во Москва. Основниот волумен на зградата е строг, рационален и административен, но нејзиниот најконтроверзен елемент е дополнението на покривната структура, комплексна метална конструкција со златест сјај. Токму таа надградба ја создава визуелната ...
Свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе се одржи в среда, на 20 мај, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, цо почеток во 19 часот. Годинашен лауреат на ова престижно признание е романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“. Оваа одлука ја донесе петчленото жири во ...
Малколм (Мартин Лоренс) е искусен агент на ФБИ чиј успех се темели на неговиот голем талент за маскирање. Овој пат, тој и неговиот партнер Џон (Пол Џамати) се задолжени да го фатат Лестер (Т.Д. Хауард), еден злобен банкарски крадец и избеган затвореник. Клучот за неговото апсење лежи во неговата поранешна девојка Шери (Нија Лонг), за која се сомнева дека е соучесник во грабежот и дека ги крие парите. Кога таа и нејзиниот син Трент (Јаша ...
Макс поправа чевли во семејната продавница во Њујорк, живее просечен живот и е разочаран од секојдневниот живот. Еден ден случајно открива магична машина за шиење што му овозможува да влезе во кожата на своите муштерии, т.е. да се вклопи во нивните чевли? Макс станува некој друг и го гледа светот во сосема поинаква светлина. Улоги: Адам Сандлер Режија: Томас Мекарти Макс поправа чевли во семејната продавница во Њујорк, живее просечен живот ...
Историчарот на уметност Кирил Пенушлиски во галеријата на МКЦ претстави изложба со која се објаснуваат влијанијата на великаните на западно-европската уметност врз македонските модерни уметници. Изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“ на Кирил Пенушлиски произлезе од потребата да се отвори разговор за корените, да се осветлат оние тивки, но суштински влијанија што старите мајстори ги оставиле врз појавата и развојот на модерната ...
На 21 мај, четврток, во 19 часот, во просториите на ЈУ Музеј на град Скопје ќе се отвори изложбата Црковната уметност на 19 век во Скопје и Скопскиот регион. Автори на изложбата и каталогот се м-р Викторија Грозданова Коцевски и м-р Станимир Неделковски. Изложбениот концепт опфаќа презентација на дваесеттина иконописни дела од збирката на Икони од 19 до почеток на 20 век од Музејот на град Скопје, кои се насликани од страна на најзначајните ...
Постојат вечери кога музиката не останува само на сцената. Се префрла на масите, во разговорите, во луѓето што потпевнуваат рефрени и во она чувство кога цел простор дише во ист ритам. Токму таква вечер подготвува UTOPIA на 21 мај, кога за првпат просторот ќе стане урбана хорска сцена за концертот на Горан Петков и BitBox хорот, под диригентската палка на Марина Коруновска. BitBox не функционира како класичен хор. Нивниот звук повеќе ...
Со помош на друг преживеан од Аушвиц и рачно напишано писмо, постар човек со деменција тргнува во потрага по лицето за кое верува дека е одговорно за смртта на неговото семејство во логорот на смртта. За жал, времето си го зема данокот и неговото сеќавање повеќе не е она што било порано. Улоги: Кристофер Пламер, Дин Норис Режија: Атом Егојан Со помош на друг преживеан од Аушвиц и рачно напишано писмо, постар човек со деменција тргнува во ...
Црна комедија со наградувана актерска екипа, „Август во округот Осејџ“ го следи животот на силните жени во семејството Вестон чии патишта се разминале. Семејната криза ги враќа во Оклахома, во куќата во која пораснале. Смртта и погребот на нивниот татко (Сем Шепард) ги носи трите сестри во домот на нивната мајка со отровен јазик Вајолет (Мерил Стрип). Ќерките Барбара (Џулија Робертс), Карен (Џулиет Левис) и Ајви (Џулијан Николсон) заедно со ...
Ејми Мичел го става своето семејство на прво, второ и трето место. Таа има навидум совршен живот: добар брак, деца натпросечни, прекрасна куќа, одличен изглед и завидна кариера. Но, нејзиниот детинест сопруг, децата и нејзиниот идиотски шеф ја земаат здраво за готово. Кога алфа-мајките во училиштето на нејзините деца малку ја задеваат, Ејми конечно ќе пукне. Добрата Ејми многу брзо станува Палава Ејми, но не е сама. Таа одлучува да се здружи ...
Македонскиот КИЦ во Белград, во соработка со СОКОМ и Балкан Музик Форум, вечерва во 19 часот, ќе биде домаќин и организатор на концерт на гудачкиот квартет „Атака“. Овој музички проект, поддржан од Министерството за култура и туризам, пред белградската публика ќе го претстават Васко Шутаров од име на КИЦ Белград и Дејан Мојсовски од име на СОКОМ. На програмата ќе бидат изведени дела од македонските автори Стефан Гајдов, Драган Шуплевски, Ана ...
По седум години, во Археолошкиот музеј повторно се враќа постојаната музејска поставка на Нумизматичката збирка, сведоштво за економијата, моќта, уметноста и секојдневниот живот низ повеќе од два и пол милениуми. Во новата поставка се изложени околу 2.500 примероци на монети, хронолошки распоредени од VI век пр. н.е., односно од околу 530 година пр. н.е., па сѐ до XX век. Преку ретки и значајни примероци, посетителите ќе можат да го проследат ...
Со Концерт на реномираното трио АПЕРТО во состав Марина Трајковска – виолина, Момчило Куфојанакис – виолина и Весна Ангелова Христов – пијано, македонскиот КИЦ во Загреб утре, 19 мај во 19 часот ја отвара концерната програма за оваа година. Триото АПЕРТО веќе подолг период активно дејствува на македонската и меѓународната музичка сцена, со јасна мисија за афирмација и развој на класичната музика и камерното музицирање. Нивната уметничка ...
На 18 мај со почеток во 20 часот на големата сцена во МНТ ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќко позориште. Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и има освоено престижни награди. По истиот текст е снимен и актуелниот филм, кој освои „Оскар“. Актерската екипа е составена од Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола ...
Како што информираа од ДЛУМ, за членови на управниот одбор беа избрани уметниците Катерина Таневска, Денис Тенев, Никола Смилков, Мирјана Масети, Марија Мицова Гацова и Иво Пецов. За нови членови на уметничкиот совет беа изгласани Маја Рауник Кирков, Јана Јакимовска, Валентина Илијевска, Борче Богоевски, Илиана Петрушевска, Наташа Милованчев и Зоран Бошковски, додека надзорниот одбор ги доби новите членови, Дејан Иванов Маргуш,Виктор Јаневски ...
По повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите, во Археолошкиот музеј во Скопје вечерва во 19 часот свечено ќе биде повторно отворена постојаната нумизматичка збирка во Музејот. Ќе бидат претставени околу 2.500 монети што раскажуваат приказна за повеќе од два и пол милениуми, од 6 век пред новата ера до 20 век. Воедно ќе се одржи инклузивната модна ревија „Модата во минатото“. Изложбата е инспирирана од стилот и културното наследство низ ...
Дали сте подготвени за бегство од градскиот метеж и врева? На брегот на преубавото Преспанско Езеро, таму каде што природата ги спојува моќните планински масиви на Баба и Галичица, се раѓа една поинаква приказна. Prespa Run & Fun не е само обична спортска манифестација, ова е целодневен open-air фестивал кој на едно место ги обединува спортот, чистиот воздух, музиката, кампувањето и чистата фестивалска енергија. Овој настан е создаден за ...
Пет земји одбија да учествуваат во натпреварот, а некои од нив отидоа чекор подалеку и дури и не ја емитуваа Евровизија. Овогодинешната Евровизија не беше без контроверзии, исто како и во претходните години. Најнегативно внимание привлече Израел, со чие учество некои земји не се согласија и затоа решија да го бојкотираат натпреварот. Па оваа година не ги видовме претставниците на Шпанија (инаку членкa на „големата 5“), Исланд, Холандија, ...
Како што е најавено, романот отвора теми за патувањето, љубовта, семејството и односите што ги обликуваат човечките судбини, следејќи приказна што се развива низ различни простори, јазици и внатрешни премини. За книгата ќе говорат новинарот и публицист Зоран Бојаровски и новинарката Катарина Синадиновска, кои во своите осврти го истакнуваат нејзиниот „он роуд“ карактер, специфичната атмосфера и емотивната нарација. „Во Акрата нема мостови“ е ...
Филмот „Мајки“ по сценарио и режија на Милчо Манчевски, ќе биде прикажан утревечер во 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. Две деветгодишни девојчиња пријавуваат „манијак“ во полиција, тројца филмаџии пристигнуваат во напуштено село, а фикцијата постепено се претвора во документарност. Влезот е бесплатен. Улогите ги толкуваат: Ана Стојановска, Владимир Јачев, Димитар Ѓоргиевски, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Гоце Влахов, Диме Илиев, ...