Бизнис Антевски: Верувам дека преку соработка и иновации ќе ја подобриме конкурентноста на секторот и ќе го позиционираме на глобалниот пазар Економија и бизнис | печатено издание | 01 март 2025г. Горан Антевски, претседател на Здружението на метална и електроиндустрија при Стопанската комора и генерален директор на Раде Кончар − ТЕП Како нов претседател на Здружението на метална и електроиндустрија и генерален директор на Раде Кончар − ТЕП, ...

Најавата за инвестиции во одбранбената индустрија ги вивна некои акции на компаниите за одбрана и оружје. Акциите на „Рајнметал“ (Rheinmetall) пораснаа силно во последната година, добивајќи речиси 20 проценти. Акциите на хрватската групација „Ѓуро Ѓаковиќ“ (Đuro Đaković) пораснаа за 170 отсто во 2024 година. Италијанската компанија „Леонардо“ (Leonardo) во последната година порасна за речиси 120 отсто. Најдивиот раст во последно време го ...

Пазарната вредност на мрежата X на милијардерот Илон Маска падна на 44 милијарди долари, што е намалување на нeјината вредност за 10 милијарди долари. Ова го најави уште во септември лани Fidelity Investments. Сепак, новата проценка од 44 милијарди долари, претставува закрепнување за Маск и инвеститорите на групацијата, вклучувајќи ги Андресен Хоровиц, Sekuoia Capital, 8VC, Goanna Capital и Fidelity Investments, со оглед дека мрежата има ...

Околу 29 килограми метамфетамин, скриени во седиштата и резервната гума на пикап, го привлекоа вниманието на граничните агенти во тексашкиот град Ел Пасо, кои ја заплениле дрогата минатиот месец. Но, она што навистина ги загрижи беа кутиите со јајца, објави Волстрит џурнал. Како што се зголемуваат цените на јајцата во САД, луѓето почнаа да бараат поевтини залихи во Мексико и, до одреден степен, во Канада. Американското Министерство за ...

Женската застапеност во управните одбори е речиси тројно зголемена од 2010 година, при што диверзифицираните компании по родова основа обезбедуваат повисоки приноси за акционерите во споредба со управните одбори доминирани од мажи, според „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence). Жените сочинуваа 26 отсто од управните одбори во 2023 година во споредба со 9 отсто во 2010 година, што укажува на тоа како регулативите во Европа, САД и Азија ...

Копирај, пастирај, реферирај. Во текот на 18 месеци, тоа е едноставниот процес кој му помогна на еден технолошки работник да препорача повеќе од илјада кандидати за работа на својот работодавач. Неговите напори резултираа со повеќе успешни вработувања за компанијата и околу 30.000 долари во бонуси за него. Се чини дека на никој не му е важно, па дури и дека никој не ни забележал, дека речиси секоја личност што ја препорачал била целосен странец. ...

Корпорацијата „Старбакс“ (Starbucks Corp.) му додели на новиот главен извршен директор, Брајан Никол, околу 96 милиони долари по само четири месеци работа минатата година, што претставува еден од најголемите пакети за компензација во корпоративна Америка. Околу 94 проценти од платата на Никол потекнува од награди за акции, пишува во извештајот. Поголемиот дел од нив се поврзани со перформансите, а дел се временски дефинирани и се доделуваат во ...

Дубаи додава нова серија на луксузни вили и станови - некои опремени со кина, спа-центри и приватни лифтови - додека инвеститорите привлекуваат милионери од целиот свет. Овие ултралуксузни домови се ценат од 60 милиони до над 120 милиони долари, бидејќи купувачи од Европа, Азија и од Америка се натпреваруваат за нив. Дури и според стандардите на емиратот, познат по својата љубов кон гламурот, овие домови се сè поекстравагантни. Еден градежник ...

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, кој во средата наполни 40 години, вели дека сонува да поседува неколку клуба по пензионирањето. „Ако можам да бидам сопственик на клуб, зошто би бил менаџер, спортски директор или извршен директор?“, рече Роналдо во интервју за португалскиот телевизиски „Канал 11“. „Тоа е мојот сон и сигурен сум дека ќе го остварам. Ќе кажам уште нешто: се надевам дека нема да имам само еден клуб, туку дека ќе ...

Компанијата „Терна“ ги започна прелиминарните работи за грчкиот дел од интерконекторот за природен гас што ќе ги поврзе Грција и Македонија, јавува дописничката на МИА од Атина, повикувајќи се на сопствени извори од грчката компанија. Нејзините извори ги потврдуваат написите во грчките медиуми специјализирани за енергетски теми, како и денешниот текст на порталот „Енерџи маг“, според кој „патувањето на новиот гасовод Грција-Северна Македонија ...

Финансиската индустрија на Европа е во опасност да заостане ако блокот и националните влади не најдат начини да ја направат нивната регулаторна средина поконкурентна, вели потпретседателот на „Блекрок“ (BlackRock Inc.), Филип Хилдебранд. Европските банки се надминати од нивните американски соперници од финансиската криза, а една од причините за тоа е претерано рестриктивната регулација, изјави Хилдебранд за телевизијата „Блумберг“ на Светскиот ...

Технолошките гиганти „Мајкрософт“ (Microsoft) и „Мета“ (Meta) вчера не успеаја да ги импресионираат инвеститорите со своите извештаи за заработка. Двете компании понудија мрачни изгледи. „Мајкрософт“ објави побавен раст од очекуваниот во својот основен бизнис и даде насоки што исто така не ги достигнуваат очекувањата на пазарот. Иако „Мајкрософт“ ги надмина процените за кварталниот приход, неговите акции паднаа за повеќе од четири отсто во ...

Фирмите бараат многу повеќе пари од тоа што банките можат да им дадат. Државата преку унгарскиот кредит стави на располагање 250 милиони евра за македонските компании. Интересот особено е зголемен откако беше проширена намената за овие кредити, кои првично беа најавени само за инвестиции во производствени капацитети и обновливи извори на енергија. Минатата недела привршуваа активностите за потпишување на рамковните договори меѓу Развојната ...

Банкарскиот сектор во регионот Адрија оваа година треба да постигне двоцифрени стапки на поврат на капиталот, но аналитичарите не очекуваат тој да ја надмине 2024 година. Банките се лидери и двигатели на дигитализацијата на финансискиот сектор како целина, што често, особено во Босна и Херцеговина (БиХ), е попречено од политиката и нецелосното законодавство, како и од свеста и финансиската (не)писменост на населението. Конференцијата ...

Главното геополитичко прашање денес, барем во контекст на Европа, е ситуацијата во Украина. Руската инвазија на таа земја влезе во својата четврта година (11 ако за почеток се брои незаконската окупација на Крим), а крајот уште не се гледа. Одбраната на Украина првенствено ја финансираат членките на Европската унија (ЕУ) и САД, но откако Доналд Трамп стана претседател на САД, се интензивираа обидите за замрзнување на конфликтот, иако последниот ...

За што размислуваат претприемачите во светот како што се приближуваме кон средината на декадата што ни донесе солиден економски раст и невиден технолошки напредок, но исто така и глобална пандемија и геополитички конфликти? Ова е темата што се амбицираа да ја истражат аналитичарите од швајцарскиот банкарски гигант УБС (UBS) во првото издание на извештајот „UBS Global Entrepreneur Report“, кој беше објавен неодамна. Од својата широка мрежа на ...

Минатата, 2024 година беше една од најтешките за ризичниот капитал (VC – venture capital, фондови што инвестираат приватен капитал во стартапи, во замена за сопственички удел) на глобално ниво, вклучувајќи го и регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Голем број фондови ja преиспитуваа својата стратегија, што резултира со значително намален број на зделки - во ЦИЕ дури за 30 проценти помалку компании успешно затворија инвестиции во споредба ...

Кинескиот производител на електрични возила БЈД (BYD Co.) собра 5,6 милијарди долари од најголемата продажба на акции во Хонгконг во речиси четири години. Компанијата продаде 129,8 милиони акции по цена од нешто над 43 долари секоја, според условите на договорот, потврдувајќи го претходниот извештај на „Блумберг њуз“ (Bloomberg News). Цената е за 7,8 проценти пониска во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот во Хонгконг. Понудата ...

Минатата, 2024 година Македонската берза беше шампион во регионот, со најголем раст на индексот, од 65 проценти, што беше на самиот врв и меѓу берзите од целиот свет. Дури пет акции на македонски котирани компании се најдоа меѓу десетте со најголем раст во 2024 година во регионот Адрија. Подобрената макроекономска состојба, скротената инфлација (иако сѐ уште постои страв од инфлациски притисоци), намалените каматни стапки, позитивните ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе купи сосема новa „тесла“ за да го поддржи Илон Маск, откако акциите на производителот на електрични автомобили имаа најлош ден во последните четири години поради растечкиот отпор кон политичките сојузи на Маск. Во објава веднаш по полноќ во Вашингтон, Трамп наведе дека ќе купи новa „тесла“ „уште утре наутро“ како покажување доверба и поддршка за Илон Маск, кого го нарече вистински голем ...

„Рајнметал“ (Rheinmetall AG) предвидува дека приходите и оперативната добивка ќе продолжат да растат годинава, додека германскиот производител на оружје го користи растот на европските трошоци за одбрана. Производителот на оклопното возило „боксер“ (Boxer) предвидува дека приходите ќе се зголемат за 25-30 проценти, додека оперативната маржа ќе биде околу 15,5 проценти. Во главната област на нивното работење, во секторот за одбрана, растот на ...

Оваа 2025 година нема да биде период на стабилизација за тешко погодената автомобилска индустрија, како што неодамна мислеше и изјави претседателот на „Стелантис“ (Stellantis), Џон Елкан. Откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела воведе царина од 25 отсто на стоки од Канада и од Мексико, Елкан и лидерите на „Форд“ и на „Џенерал моторс“ му побараа помош. „Стелантис“ дури побара поддршка од синдикатот на Обединетите ...

БМВ (BMW AG) очекува ескалацијата на трговските конфликти меѓу САД, Европа и Кина да го чини производителот на автомобили околу една милијарда евра (1,1 милијарда долари) годинава, рече главниот извршен директор Оливер Зипс. „Не мислиме дека сите овие царини ќе траат многу долго, иако некои од нив може сепак да потраат подолго“, рече Зипс во денешното интервју за телевизијата „Блумберг“. „Со процена на трошоците од една милијарда евра, ние сме ...

Бизнис ОРБАН ДОНЕСЕ УРЕДБА ЗА КОНТРОЛА НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ПОРАДИ ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА 18.03.2025 Во Унгарија стапија на сила мерките за ограничување на цените на храната што ги воведе премиерот Виктор Орбан, откако инфлацијата во земјата достигна највисоко ниво во земјите од Европската Унија. Под притисокот на високата инфлација и слабите изгледи за заздравување на економијата, Орбан најави големо намалување на даноците за мајките и ја ...

„Roblox“, водечка платформа за видео игри, пријави дневни активни корисници за кварталот што не ги исполни прогнозите на аналитичарите. Компанијата, исто така, ја намали прогнозата за резервации за 2025-та година. Бројот на дневни активни корисници за четвртиот квартал се искачи на 85,3 милиони, додека Волстрит предвиде 88,4 милиони. Цената на акциите на компанијата падна за речиси 30% пред почетокот на берзата. Компанијата со седиште во Сан ...

Илон Маск, „министерот за кратење трошоци“ во администрацијата на Доналд Трамп и најбогат човек во светот (сѐ уште), деновиве веројатно и самиот не знае што да направи за да престане „кратењето“ на вредноста на неговата компанија „Тесла“ (Tesla Inc.), чии акции на берзата имаат стрмоглав пад во 2025 година. Дури и Трамп лично изјави дека ќе си купи „тесла“ за да го поддржи својот соработник. Всушност, падот на акциите на производителот на ...

Бротчето во Охрид, автобусот кај Ласкарци, авионите во Охрид и Скопје, модуларната болница во Тетово и последниот случај во Кочани со дискотеката „Пулс“, ја потврдија тезата дека не успеавме да изградиме држава која структурално ќе функционира во интерес на граѓаните, туку живееме во држава која 34 години после својата независност сè уште работи во корист на нивната штета, напиша Бранко Азески, претседател на Стопанската комоа. „Да не зборувам ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 68,5, а на Екстра лесното масло за ...

Цените во земјоделството во февруари 2025 година во однос на истиот месец од претходната година пораснала за 9,9%, а трошоците во секторот пораснале за 3,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според овие податоци цените на тековно потрошените средства во земјоделството (импут1) пораснале за 3,7%. Гледано поединечно енергијата, горивата и мазивата за 2,7%, средствата за заштита на растенијата поскапеле за 0,3%, добиточната ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 68,5, а на Екстра лесното масло за ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
35%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
5.14
49%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
78%
1010
weather icon

Софија

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
41%
1016
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.8
33%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
97%
1009
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
3.09
38%
1016
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
43%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
42%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
7.72
50%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
69%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
44%
1017
Currency

61.54

Currency

52.6113

Currency

71.1425

Currency

34.7556

Currency

37.9725

Currency

65.9533

Currency

7.38768

Currency

0.62047

Currency

0.35675

Currency

0.52533

Currency

1.27435

Currency

0.597