Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ донесе катастрофа, Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината! Целосното потфрлање на ВМРО-ДПМНЕ во справување со пожарите минатата и оваа година донесе невидена катастрофа. Податоците се аларманти. Минатата 2024 година, изгореле 95.181 хектари во Македонија. Дури 8 пати повеќе отколку од просекот во последните 17 години. Изгорените 95.000 хектари зеленило, шуми пасишта ја става ...

Општина Центар ја финализираше целосната реконструкција на спортското и детско игралиште во населбата Кале, создавајќи модерен, безбеден и функционален простор за спорт, игра и дружење на отворено. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа инвестиција, Општината продолжува со активното унапредување на јавните простори во сите маала. „Изминатиов период инвестиравме во нови спортски и детски игралишта низ Центар. Се грижиме тие да ...

Се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика ‒ каматните стапки се непроменети На 29 јули 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната ...

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 164,2 милиони евра, извоз од 108,4 милион евра и со инвестиции од 10 милиони евра во периодот јануари – јуни 2025 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2025 година продажбите достигнуваат 6.754.023.385 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.113.230.177 денари, што е за 7 ...

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 25 јули 2025 година евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со данокот на додадена вредност (ДДВ). Според последните податоци: Не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници. Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници. Директорката на Управата за јавни приходи, м ...

Владата на денешната 97 седница донесе одлука сите државни институции да ги променат регистарските таблици на службените возила со новите таблици со боја најдоцна до 15 септември 2025 година. Оваа одлука е во насока на уште едно реализирано ветување пред граѓаните со цел поголема отчетност, транспарентност и ставање крај на злоупотребите кои со биле пракса во минатото. Дополнително, Владата на предлог на Министерството за надворешни работи и ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот вчера попладне, преку една социјална мрежа, се заканил на лице од Струмица дека ќе му ја запали викендицата, а потоа се обидел заканите да ги реализира. На локацијата брана Водоча се ...

На денешната седница на Собранието се расправаше по поднесената Интерпелација од страна на пратеничката група на Левица за Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски којшто не дојде на седницата и избра само писмено да се произнесе по истата. Собранието ги прифати наводите во Интерпелацијата, ги оцени како основани и се донесе таков заклучок којшто ќе биде доставен и до Владата. Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, како подносител ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Рашид бин Саид Ал-Хајарин, вршител на должност во Амбасадата на Државата Катар во Скопје. На средбата беа разменети мислења за севкупниот развој на билатералните односи, при што Сиљановска-Давкова изрази подготвеност и отвореност за нивно зајакнување и унапредување. Според неа, единството на малите и средни држави може да биде важен фактор во обликувањето на глобалната политика. ...

Министерството за образование и наука и ЗЕЛС потпишаа Меморандум со социјално одговорните компании Бамби и Пивара Скопје, според кој над 21.000 првачиња кои ќе го започнат своето школување на 1 септември, ќе добијат подарок пакетчиња со производи од Плазма и Роса. На овој начин, ЗЕЛС, Министерството за образование и наука и компаниите со општествена одговорност преку своите брендови им посакуваат успешен почеток на најмладите ученици, ...

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) укажува дека станува сè поочигледно дека и оваа Влада, со целосно рестриктивен и неевропски закон, свесно работи на уништување на лиценцираните приредувачи на игри на среќа. За АСОМ апсолутно се неприфатливи предлог-измените кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, како и зголемување на давачките и ...

Денеска НЛБ Банка Скопје, на своите клиенти, им го носи Apple Pay, побезбеден, посигурен и самостоен начин за плаќање во продавници, преку апликации и онлајн. За да платат во продавница, клиентите едноставно кликнуваат двапати на страничното копче, се автентицираат, и го допираат својот iPhone или Apple Watch близу до терминалот за плаќање за да извршат бесконтактно плаќање. Секое купување со Apple Pay е безбедно бидејќи е автентицирано со Face ...

Изјава за медиуми, Јован Митрески – претник и потпретседател на Собранието: Иако нашиот став претходно беше дека ставот во однос на интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител ќе го соопштиме од собраниската говорница сепак поради неразумните и нелогични одложувања на седницата со неразумни и нелогични барања на паузи а и поради вашиот голем интерес решивме тоа да го направиме на оваа прес конференција. Почитувани, Интерпелацијата во ...

Македонија воведува целосен државен монопол врз онлајн игрите на среќа, додека Европа оди во спротивна насока. Најголемиот број европски држави веќе одамна функционираат со модел на мулти-лиценцирање, во кој повеќе оператори имаат еднаков пристап до пазарот, а државата ја задржува контролата преку јасна регулатива. Пример за ова се Шведска, која целосно го либерализираше пазарот, и Финска, која е во процес на укинување на својот државен монопол ...

На 28.07.2025 околу 12.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај место викано ,,Ливади“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.П.(48) од Крива Паланка и патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(70) од с.Руѓинце, општина Старо Нагоричане. Од здобиените повреди на местото починал ...

Додека очите на јавноста се вперени кон интерпелацијата на државниот јавен обвинител, на денешната седница пред пратениците ќе се најдат и измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција. Согласно предлог измените, ќе следуваат сериозни промени во начинот на функционирање на полицијата и Министерството за внатрешни работи. Сепак дел од измените носат загриженост кај вработените во МВР, но и кај граѓанската и експертска јавност. ...

Денеска во Собранието пред пратениците меѓу другите, на дневен ред ќе се најдат и измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција. И додека власта тврди дека измените и дополнувањата на законите се со цел да се изгради поефикасен систем и реогранизација на полицијата, спеак одредени предлог измени се благо речено скандалозни и прават сериозни преседани. Меѓу нив најскандалозен е членот 19 од Законот за полиција, кој ...

Прес конференција на СДСМ, Миле Талески – пратеник: СДСМ остро се спротивставува на скандалозниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, кој денеска е во второ читање во Собранието, а е предложен од Панче Тошковски. Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се освестат и да не гласаат. Затоа што и тие ќе бидат следни на удар на системот што сега слепо го поддржуваат. Како што никој не беше поштеден во времето на ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со растот на платите во државата, со оглед на најновите статистички податоци, според кои просечната нето плата бележи раст и изнесува 45.800 денари, изјави: „Прво што сакам да кажам е дека и тоа не е доволно. Дека треба да биде уште поголема просечната плата, и во таа насока продолжуваме, како Влада, да работиме. Но и самиот факт и бруто и нето, од ...

Денес при посетата на студенсткиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“ во Скопје, премиерот Мицкоски одговори на новинарско прашање во врска со училишните спортски сали низ државата: „Во моментот, ако не се лажам, при крај е тендерската постапка за 15тина училишни спортски сали, за реконструкција на истите, во 14 општини, во сите региони. Така што ценам со завршување на оваа постапка дополнително ќе се додаде вредност и квалитет во рамките на ...

Денес при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје и увид во активности за енергетски ефикасна рехабилитација на објектот, претседателот на Владата Мицкоски даде своја изјава за новинарите и целата јавност: „ Ова е многу значаен проект, не само за овој студенстки дом, туку генерално за сите. Долго време беше заглавен во лавиринти, во процедури, конечно е одглавен. Навистина голем напор од страна на министерството и ...

Ве информираме дека Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, соопшти Министерство за транспорт. Имено на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија достави понуда. По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди ...

На работната средба на министерката за енергетика, Сања Божиновска, со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се разговараше за тековните енергетски проекти и нивните финансиски импликации врз компаниите и економијата. Во фокусот на разговорот беа влијанијата на новите регулативи за декарбонизација и зелената енергетска транзиција на Европската Унија, кои носат значајни предизвици, но и можности за развој на обновливите извори на ...

На 28.07.2025 во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за крининалистички работи Кочани го лишиле од слобода лице (36) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против ...

Општина Центар ги кани сите мали и големи жители на заедничко дружење и незаборавна авантура на отворено, денеска, 29 јули (вторник), од 19 до 20:30 часот, во паркот во населбата Капиштец, кадешто ќе се одржи уште едно издание на манифестацијата „На одмор сум, во Центар сум“. Настанот, кој се организира во соработка со издавачката куќа „Паблишер“, е наменет за деца од 2 до 8 години, но отворен за сите генерации. Целта е да се создаде ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 27.01.2025 пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште, нанесувајќи му ...

– Скопје 4 години тоне на секое поле, скопјани се соочуваат со нехигиена, хаос во јавниот превоз, урбанистичко дивеење, а ВМРО- ДПМНЕ и Арсовска се фатија за рециклирање на споменици од режимот и криминалниот Скопје 2014. Андон Јанев- Ќосето е историска маргинална но длабоко контраверзна личност. Ваков споменик не треба да биде поставен каде било, а најмалку во Скопје. Неговото место, може да е само во соодветно поглавје од македонската ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со планот на Владата за тоа како Македонија ќе стане енергетски независна држава, бидејќи често се зборува за инвестиции во енергетиката, изјави: „Јас можам да кажам дека оваа година очекувам дека вкупното производство на електрична енергија кај нас, дома ќе биде еднакво на потрошената. Тоа не значи дека во одредени периоди ...

СДСМ изразува сериозна загриженост по однос на предлог-законот со кој верските училишта добиваат статус на средни училишта, а нивните дипломи стануваат признати за запишување на високо образование. Иако не поднесовме амандмани, оценивме дека во предлог-законот постојат повеќе суштински нејаснотии и недоречености, кои може да отворат нови правни и институционални проблеми, рече пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната ...

Воспоставувањето систем за географски ознаки за вино е клучен чекор во дефинирањето и унапредувањето на стандардите во производството и заштитата на идентитетот и уникатноста на македонското вино. Само со развојна стратегија и вклучување на сите чинители во процесот, ќе се обезбеди развој, како на винската индустрија, така и на лозарството во земјава. Ова беа клучните пораки од настанот на кој беше објавено формирањето на првата организација ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
70%
1021
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.09
83%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
75%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1021
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
6.69
67%
1019
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Злато

139515.92

Платина

64479.52

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Калај

43.93

Родиум

258813.51

Рутениум

29192.88

Паладиум

54591.97

Цинк

3.04

Алуминиум

2.95

Бакар

11.07

Сребро

2159.01