На 01.08.2025 СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против маж(22) од Гевгелија, поради постоење на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ. На 01.08.2025 од страна на полициски службеници од СВР ...

На 01.08.2025 околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, било лишено од слобода лице(30) од Крива Паланка, затоа што при преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација. По документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесена кривична ...

ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. ж ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради изведување на градежни активности на ...

По одлуката на Мишко Ралев да му се приклучи на тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, со реакција на Фејсбук се огласи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова. „Личниот и професионален интегритет и достоинство се бесценети, но, за жал, сѐ поретки во нашето опкружување“, напиша Костова, алудирајќи на потегот на Ралев, кој до неодамна важеше за гласен критичар на градежната политика на ВМРО-ДПМНЕ, а сега застана ...

Денеска во Кабинетот на Претседателката се одржа втората седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови, именувани од претседателката: ...

Вест на денот на политичката сцена во Македонија е експресното менување на партискиот табор на архитектот и професор Мишко Ралев кој откако не беше кандидиран за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, премина во тимот на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Ралев е архитект, професор и своевремено претседател на Асоцијацијата на архитекти, беше гласен критичар на проектот Скопје 2014. Зборувајќи за проектот Скопје 2014, Ралев го оцени како удар ...

До пред само неколку недели Мишко Ралев беше најсериозното име за кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ. Сепак, работите помеѓу него и раководството на СДСМ се изјаловија, па така наместо со него, СДСМ излезе со Каја Шукова како кандидат за градоначалник на главниот град. И наместо да ѝ помогне на партијата каде неколку години беше и член на Извршниот одбор, Ралев по неколку дена премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, односно кај ...

Да се менуваат „партиските“ дресови во Македонија не е ништо ново, тоа со децении е дел од политичкиот фолклор во државата. Но сепак, никој толку инстант не „прелетал“ како што тоа го направи професорот Мишко Ралев кој денеска се приклучи на тимот на кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Ралев до пред само две недели беше сериозен претендент да биде кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ...

Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2025 година. Во Извештајот се истакнува дека, во текот на вториот квартал, Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика и не направи промени во основната каматна стапка, соодветно на условите во економијата. Во однос на остварувањата на основните макроекономски показатели, во првиот квартал од ...

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, одржа средба со претставниците на независната културна сцена од Културно-социјалниот простор „Јадро“, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат претставниците на независната културна сцена. Шукова на средбата посочи дека тие се едни од клучните двигатели на креативниот развој, иновацијата и демократските вредности во нашето општество. ...

„Во јули постигнавме историски успех. Остваривме највисока месечна наплата на приходи во историјата на Царинската управа – 12 милијарди и 641 милион денари или 205,54 милиони евра! По прв пат ја надминавме недостижната бројка од 12 милијарди денари. Тоа не е само бројка – тоа е пресвртница. Минатата година, во истиот месец – јули 2024 – наплатата изнесуваше 11 милијарди и 993 милиони денари, или само чекор до неа. Годинава ја надминавме, 5,4 ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: За само една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, покажа и докажа дека умее да го зголеми бројот на туристи во државата. 11 месеци беа потребни за Владата да успее да договори комплетно нови 16 авиолинии кои ќе патуваат од аеродромите во Скопје и Охрид. Од скопскиот аеродром ќе имаме нови 5 директни линии, од ноември ќе се патува од Скопје до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Кога овие 5 ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски при посета на реконструираната Клиника за уво нос и грло при Универзитетскиот клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на новинарско прашање за најавените осум нови инвестиции до крајот на годината, коишто ќе донесат нови вработувања и посилен стандард во Македонија, посочи дека тоа се инвестиции надвор од автомобилската индустрија, којашто досега е најголем дел од македонското портфолио, односно дека се дел од ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе Обвинителен акт против шест лица за кои постои основано сомнение дека како злосторничка група, организирана од првоосомничениот, сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На пет лица им се става на товар кривичното дело Фалсификување пари, додека првообвинетиот и уште едно лице се ...

Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 09 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од бул. „Кочо Рацин“ до ул.„11-ти Октомври“ (кај зграда на Црвен Крст) и ...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ја посети реконструираната Kлиниката за уво, нос и грло во Скопје. Во продолжение ја пренесуваме целосната изјава на премиерот: „Добар ден и од мене. Јас не би имал што да додадам на ова што го кажа и директорот и министерот, можам само да посакам само да имаат вработените помалку работа, повеќе на превенција да се фокусираме, но веќе кога пациентите ќе ги ...

„Главните два потока со кои се полни буџетот се приходите кои доаѓаат од Царинската управа и УЈП. Можам да кажам дека заедно со министерката за финансии имаме личен фокус на работењето на овие две институции и можам да кажам дека овој јули, конечно после оној период на стабилизирање и заздравување на македонската економија и двете институции забележаа исклучително добри резултати“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за ...

Министерството за образование и наука и во новата учебна 2025-2026 година ќе ангажира ромски образовни медијатори, мерка со која значително се подобрува образовната поддршка за учениците Роми и е дел од заложбите за унапредување на еднаквоста и инклузивноста на националниот образовен систем. Објавени се два јавни повика. Едниот предвидува ангажирање на 50 ромски образовни медијатори за поддршка во основното образование и овозможува континуитет ...

Премиерот Христијан Мицкоски при посета на реконструираната Клиника за уво нос и грло при Универзитетскиот клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на новинарско прашање за новите тарифи од САД кон Македонија од 15 проценти, изрази задоволство што е во групата на држави како Норвешка, Израел и ЕУ, но и најави продолжување на разговорите по кои очекува ново намалување. „Од она што го видовте од соопштението на Кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ...

Без разлика дали сте примател на плата, пензија или млад корисник на HalkЕz пакетот – да се биде клиент на Халкбанк значи секојдневно да добивате повеќе. Повеќе слобода, повеќе удобност, повеќе безбедност и пристап до услуги кои ви го олеснуваат животот, а притоа штедите време и пари. Халкбанк за своите клиенти овозможува бројни услуги кои се целосно бесплатни, како на пример подигнување готовина без провизија од сите банкомати во земјата, без ...

Денес, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, официјално го означија почетокот на работата на новиот Центар за услуги, наменет за граѓаните на Кавадарци и околните населени места. „Овој центар е еден од петте нови што ги ветивме на почетокот на оваа година, и сега тие ветувања стануваат реалност. Со неговото отворање, граѓаните на Кавадарци и околината ќе можат да ...

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил за 2.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални ...

Прес конференција на СДСМ, Ана Чупеска – потпретседателка: Во пресрет на закажаниот состанок на Советот за безбедност, ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со голема загриженост, се обраќаме до претседателката Гордана Силјановска-Давкова, со барање и апел: да не ги потпишува указите за Законите за полиција и внатрешни работи. Ова од причина што Власта, со неверојатна лежерност, протурка скандалозни и опасни измени, кои го укинуваат ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 03.12.2024 година, на регионалниот пат Р1103 Лакавица-Дреново-делница Пепелиште-Неготино, управувал товарно моторно возило „Ситроен џампер“ со велешки регистарски ознаки иако во тој момент не поседувал важечка ...

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на огласот бр. 3/2025 објавен на 31.07.2025 година од Министерството за животна средина за вработување на 11 помлади инспектори во Државниот инспекторат за животна средина на определено време до 31.12.2025 година, со нереален рок за аплицирање од само три дена до 02.08.2025. ДОМ го оценува овој чекор како неприфатлива манипулација пред локалните избори. Со оваа брза и нетранспарентна ...

На 31.07.2025 околу 22.30 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Л.(24) и Б.Л.(18), двајцата од Косово, затоа што во возилото „фолксваген кеди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Г.Л., а совозач бил Б.Л., биле пронајдени осум лица мигранти од Народна Република Кина. Имено, околу 21.40 часот возилото било забележано како се движи на автопатот од Градско кон Скопје, не застанало на даден знак за запирање и продолжило со ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол, кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица “ Лукоил” до клучка кај бензинска станица “Салида,,) ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03.8. од 07:00 часот до 06.8. Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива ...

По вчерашната акција на Општина Центар, денеска продолжија активностите за целосно чистење и уредување на просторот кај Паркот на новинарите, спроти зградата на „Нова Македонија“. Службите на Општината изутринава ја искосија тревата, го собраа расфрланиот отпад и го средија целиот јавен простор кој во изминатиот период беше узурпиран и претворен во небезбедна зона за граѓаните. Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека секој јавен простор ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи утре, 1 август 2025 година, петок, со почеток во 12:00 часот. Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна ...

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање дали може да се очекуваат засилени домашни и странски инвестиции, откри дека очекува засилен бран на инвестиции по преговорите со САД за трговија, но и за плановите и ангажманот на владата за привлекување на инвеститори во воената, медицинската и индустријата за батерии, со што би пораснал БДП, би пораснал извозот и би се сменило портфолиото на државата. „Еден од успешните примери, ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1021
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.33
79%
1022
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
58%
1016
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
66%
1017
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1021
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
71%
1019
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Паладиум

54591.97

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Злато

139515.92

Платина

64479.52

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.95

Сребро

2159.01

Бакар

11.07

Калај

43.93

Кобалт

58.42