Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ ја информира јавноста дека задутре (06.08.) ГП и ГН „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 08:00 до 14:00 часот. Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“. По завршувањето на работите ...
Додека медиумите со часови чекаа официјални информации, МНР дури денес, и тоа доцна попладнево, се огласи за несреќата во која настрада македонскиот познат бизнисмен Душко Чифлиганец. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага, Чешка, била доставена информација за тешка сообраќајна незгода со мотор, управуван од лицето Д.Ч., државјанин ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Б.(36) и Д.У.(37), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение дека В.Б. сторил кривично дело ,,убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, а второпријавениот Д.У. сторил кривично дело „убиство“ во обид предвидено во член 123 став 1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик. Судија на претходна постапка на двајцата им определи ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е во завршна фаза на подготовка на два нови, современи и стратешки важни предлог-закони: Со нив се заменува постоечкиот Закон за минерални суровини, а нивната подготовка претставува темелна, институционална и стручно заснована реформа, изработена од експерти од самото министерство. Законот е целосно усогласен со европската регулатива. Предлог-законите се во согласност со најдобрите ...
Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година. Огласот е објавен согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавена со „Службен весник на Република Северна Македонија” ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.07.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и ...
После Охрид и Велес, радоста и спортскиот дух продолжуваат да го освојуваат и Свети Николе. Караванот „Фудбалот е повеќе од игра“ утре ќе го донесе третиот мини пич терен, ново место каде младите соништа ќе се будат, топките ќе тропаат со надеж, а срцата ќе чукаат во ритамот на спортот. Оваа акција, започната во Србија, годинава со љубов и посветеност се реализира и во Македонија. Секој терен е доказ дека фудбалот поврзува генерации, зајакнува ...
Без разлика дали сте примател на плата, пензија или млад корисник на HalkЕz пакетот, да се биде клиент на Халкбанк значи можност, секојдневно да добивате повеќе. Повеќе слобода, повеќе удобност, повеќе безбедност и пристап до услуги кои ви го олеснуваат животот, а притоа штедите време и пари. Халкбанк за своите клиенти, приматели на плата/пензија овозможува бројни услуги кои се целосно бесплатни, како на пример подигнување готовина без провизија ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање поврзано со поддршка на науката, потенцираше дека Владата двојно го зголемила буџетот на науката и овозможила бесплатен пристап кон најголемите две бази на списанија. „Она коешто прво би кажал е дека буџетот за науката е двојно зголемен оваа година споредено со минатата година. Дали е тоа доволно бидејќи доаѓам од науката, ќе ви кажам не, но е секако повеќе од ...
Интегрален текст од денешната прес конференција на Јовица Јанковиќ од СДСМ: Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара на прашањето дали „Алказар енерџи“ има или не одобрение за градба? На овој начин ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека доаѓаат матни времиња во енергетскиот сектор. Договорања зад затворени врати со лични, приватни интереси на поединви од врвот на власта. Денес, јавноста не знае ништо за инвестициите кои во енергетиката ги најавува ...
-На 03.08.2025 во 21.50 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.М.(52) од село Клечовце, општина Старо Нагоричане, соопшти МВР. -При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под ...
Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривични дела – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Насилство од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, додека вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство. -На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши ...
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општинските служби поставија нови паркинзи за велосипеди и тротинети на неколку локации низ Центар. Овие нови капацитети се дел од континуираните напори на Општина Центар за унапредување на урбаната инфраструктура и поттикнување на одржлив транспорт. „Новите паркинзи се поставени кај Сквер Јадран, Водно кај маркетот Тинекс, во населбите Крњево и Кале, во Буњаковец кај Зегин, на улицата Рајко ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на неколкумина присутни во салата, и посочи дека навивачките групи треба да ги бодрат своите тимови, без навредливи и ксенофобични пораки. „Во текот на вчерашниот ден домаќинот а тоа беше кошаркарската федерација исто така и Општина Куманово го осудија скандирањето и ...
Соопштение на МВР: Во деновите од празничниот викенд (02./03.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1077 издадени платни налози дури 163 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 48 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека ...
По тешката несреќа со мотор во Чешка, во која бил сериозно повреден, почина Душко Чифлиганец, бизнисмен и човек кој беше дел од раководните структури на групацијата „Адора“, пишуваат македонските медиуми. Според засега неофицијалните информации на медиумите несреќата се случила вчера на мото трка во чешкиот град Брно, откако Чифлиганец загубил контрола при што паднал. За жал по 24 часовна битка за неговиот живот, лекарите не успеале да го ...
Соопштение на Град Скопје: Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 04.08.2025 година (понеделник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје. Терестричната дезинсекција против комарци ќе се врши од 04.08.2025 година (понеделник) до 07.08. 2025 година (четврток), од 22 до 03 часот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот ...
На 03.08.2025 во 05:30 часот во с.Долно Палчиште, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода маж(67) од с.Камењане, затоа што при радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „мерцедес”, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час. По целосно документирање на случајот, ќе биде ...
Соопштение на СДСМ: СДСМ најостро го осудува националистичкиот говор и навредите изнесени за време на кошаркарскиот натпревар во Куманово на кој присуствуваше и премиерот и владините претставници. Говорот на омраза и навредите кон било која етничка заедница еобид да се создадат поделби меѓу граѓаните. Таквото однесување има за цел да го поткопа соживотот и мирот во државата но и му наштетува на спортот. СДСМ апелира до сите граѓани да останат ...
Соопштение на ДУИ: Демократската унија за интеграција, по вчерашниот скандалозен настан со антиалбански навивачки повици на кошаркарскиот натпревар во Куманово, потенцира дека молкот и отсуството на институционална реакција не можат да поминат без конкретна политичка одговорност. Во таа насока, бараме: • Непосредна оставка од Астрит Исени, заменик министер за внатрешни работи, и • Оставка од Сафие Садики Шаини, заменик министерка за спорт, ...
Фејсбук статус на пратеникот Оливер Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово. Таквото однесување нема место во општество кое се гради врз вредности на соживот, меѓусебна почит и единство. Куманово отсекогаш било симбол на различност и соживот, и такво ќе остане. Национализмот, омразата и поделбите не смеат да бидат алатка во ничии раце, особено ...
Интегрален текст од денешната прес-конференција на Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ: Почитувани, Наместо да се искористи за стабилизирање на енергетскиот систем и поевтина струја за граѓаните и компаниите, македонскиот ветер ќе полни приватни џебови. Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика. Иако Владата го претставува ветерниот парк на „Алказар“ како историска инвестиција – ...
По повод големиот државен и национален празник 2ри Август – Денот на Републиката и Денот на првото заседание на АСНОМ, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на централното чествување во Крушево. Претседателот Филипче ја предводеше делегацијата на СДСМ во чиј состав беа и потпретседателката на партијата Кристина Костова, пратеникот Митко Трајчулески и пратеничката Бисера Костадиновска ...
честитката од претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по повод празникот 2 Август – Илинденското востание “На 2 август 1903 година, Албанците, Македонците и другите заедници се обединија во заедничката борба за слобода и еднаквост. Целтта беше остварена преку заедничкото владеење и еднаквата поделба на одговорностите за предводење на народот пред 122 години. Денес, 2 август нè наоѓа не заедно, туку едни наспроти други, ...
Шукова со честитка за Илинден: Денеска на овој голем празник го славиме и АСНОМ, го славиме и Илинден. Се поколонивме на сите оние коишто се бореа за нашата држава и тоа не смееме никогаш да го заборавиме. Меѓутоа не смееме да заборавиме и дека треба да одиме напред, дека треба градиме нова иднина за оваа држава и тоа треба да го направиме сите заедно. Ваквите денови ни покажуваат дека само со заедништво можеме да одиме напред и само со ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, положи свежо цвеќе на гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“ и присуствуваше на панихидата во храмот „Св. Никола“. Делегации од Кабинетот на претседателката денеска положија свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, пред споменикот на Никола Карев во ...
Денес по повод чествувањето на големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден ,премиерот Христијан Мицкоски во Скопје даде изјава за медиумите и целата јавност. „Почитувани прeтставници на медиумите, почитувана македонска јавност, Дозволете ми од овде, од центарот нa нашиот главен град, Скопје да го честитам големиот празник Илинден. Овој ден нека не потсетува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да ...
Честитка по повод Денот на Републиката, 2 август Илинден, од претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски Денес, 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, со воодушевеност си припомнуваме за епохалните победи и незаборавените жртви на нашите илинденци, на создателите на нашата Република. Илинден е вечна инспирација за современа и праведна држава, симбол на ...
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката Драги сограѓани, Илинден е сржта на македонската историја, Илинден е срцето на македонската република, Илинден е душата на македонската државност, Илинден е тежок и прекрасен ден, ден на неизмерна тага и радост, но и ден на болка и гордост! 2 Август е денот на двата Илиндена: Крушевскиот којшто ја роди идејата за Републиката и асномскиот којшто ја ...
Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче: Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме и двата Илиндени, и тој од 1903-та и тој од 1944-та и АСНОМ. Мора прво да се присетиме и да оддадеме признание на сите жртви коишто со својата крв, со својата жртва се вградија во темелите на нашата ...