Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, ја посети Клиниката за хируршки болести „Св Наум Охридски“ и со директорот, д-р Небојша Настов разговараа за потребата од зајакнување на медицинскиот кадар, медицинска опрема и инфраструктурни подобрувања. Оваа клиника е мошне значајна и беше истакната одличната работа при справување со итните хируршки состојби. Продолжуваме со посети на терен, со системски мерки до унапредување на работата во сите ...

Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на ДПМНЕ: Откако секојдневно излегуваат информации дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ има резервна држава и резервен пасош, смешни се обидите на Миле Лефков да ја обвини СДСМ за било што поврзано со Бугарија или да продава лажен патриотизам. Му препорачуваме да се скрие во дупка или да си отиде во резервната држава, наместо да држи прес-конференции за тоа кој бил патриот, а кој ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денес го прими и разговараше со колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречи девојката да скокне и да си го одземе животот, а притоа беше повреден од ножот кој таа го држела во раката. „Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. ...

И по една недела од усвојувањето на новиот предлог-закон за игрите на среќа и за забавните игри на владина седница, Владата сè уште не дава никакви индикации дека планира да ги вклучи засегнатите страни во процесот на донесување на оваа важна законска регулатива. Како Асоцијација на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), која работи легално и вработува 10.000 луѓе од кои зависат уште толку лица, членови на нивните семејства, сметаме дека ...

Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите, обвинува СДСМ. – Владата им подготвува историска имама на пензионерите, со последната одлука за линеарно згоелмување на пензиите за 1.000 денари. Пензионерите ќе бидат два пати оштетени со оваа одлука, со овој грабеж, еднаш во септември и еднаш во март следната година. Денес ќе ја изложиме целосната пресметка и фактите за македонските пензионери да разберат за каква ...

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска се сретна со дел од активот на жени пензионерки од Општина Центар на утрински појадок, каде се водеше отворен разговор за теми важни за нивниот секојдневен живот. Со внимание ги слушнавме нивните забелешки, предлози и идеи, кои се од големо значење за креирање на политики што ќе ја унапредат благосостојбата на пензионерите. „Пензионерите се темелот на нашето општество. Од нив учиме, за нив се грижиме и ...

Соопштение на ДУИ: Демократската унија за интеграција оценува дека претстојните локални избори не се само натпревар за управување со општините, туку се политички референдум за стратешката иднина на државата и за нејзината ориентација кон европското семејство. Денес, повеќе од кога било, јасно е дека битката за општините е битка за државата. Последниот извештај усвоен од Европскиот парламент, со огромно мнозинство од 461 европратеници од сите ...

Финансиски експерти од Центарот за советување за финансискиот сектор (ФИНСАК) при Светската банка остварија средба со гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и со надлежните тимови на Народната банка. На средбата се разговараше за досегашните и за идните активности во рамките на техничката поддршка којашто Центарот за советување за финансискиот сектор веќе подолг временски период ѝ ја дава на Народната банка. Во фокусот на оваа ...

Патувањето не мора да започне со гужви, редици и скапо кафе на аеродромите. Замислете да го започнете секој лет со мир, удобност и персонализиран третман – уште пред да се качите во авионот. Со Mastercard World кредитната платежна картичка од Халкбанк, вие не сте само патник, туку вие сте и привилегиран гостин. Влезете во светот на ексклузивните Lounge Key салони ширум светот Со Mastercard World кредитната картичка од Халкбанк, патувањето ...

Атлантик Група во првата половина на 2025 година оствари приходи од продажба во износ од 559,5 милиони евра, што претставува раст од 9,2% во споредба со истиот период минатата година. Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) изнесува 50,7 милиони евра, што е пад од 11,7%, додека нето добивката се намали за 39,4% и изнесува 14,8 милиони евра. „Атлантик Група во првото полугодие од 2025 година, продолжува да остварува одлични ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: ВО 07:05 часот рег. пат 1102 од крст. Башино село према Езеро Младост до крст. за нас. Отовица е нормализиран сообраќај во двата правци. НАЈАВА ЗА ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 24.7.2025 година во временски период од 09:00 до 14:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот од центар на град Куманово по ул.3-та МУБ, обиколница за ...

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство Почитувани граѓани, Почитувани медиуми, Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го понижи трудот и достоинството на македонскиот земјоделец. Со кратењето на парите за земјоделство во ребалансот, власта удри по грбот на земјоделците и покажа дека и овој сектор не ѝ е важен. Земјоделството, кое е еден од двигателите на економијата, а истовремено и ...

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Миле Талески – пратеник: Почитувани, На денешната седница на собраниската комисија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија сите амандмани поднесени од страна на СДСМ на измените на скандалозниот Закон за полиција и Закон за внатрешни работи. Со ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не само што гласаа за партизација на полицијата, туку станаа соучесници врз растирањето на најважниот дел од ...

Министрите за внатрешни работи и одбрана Панче Тошковски и Владо Мисајловски на покана на турскиот министер за национална одбрана на Република Турција, Јаваш Гулер учествуаат на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија – ИДЕФ 2025 во Истанбул. Саемот беше отворен со свечена церемонија на која се обрати претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, испраќајќи силна порака за значењето на одбранбената индустрија како двигател на ...

Соопштение на УЈП: Управата за јавни приходи ги информира сите вршители на авто- такси превоз на патници дека во наредниот период ќе се спроведуваат засилени контроли со посебен акцент на издавањето фискални сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања. Контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2025 година, изнесува 45 796 денари, информира Државниот Завод за Статистика. Во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 11.0 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, ...

Министерството за финансии изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената прва Грѓанска обврзница. На сметките на 1448 граѓани, кои на аукцијата објавена во 2023 година запишаа граѓански обврзници се исплатени 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра). Првата граѓанска обврзница беше издадена на 13 ...

Одговор на новинарско прашање, Кристина Костова – попретседателка на СДСМ: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен, претставува нов удар врз македонските позиции од ВМРО-ДПМНЕ за свесно враќање наназад. Клучното прашање е зошто власта отвора прашања кои веќе се затворени кога македонскиот јазик и идентитет се неспорни, потврдени и признаени во светот и Европа. Овој потег ѝ дава дополнителен ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка: Со огромна загриженост ја информираме јавноста дека владејачката партија подготвува уште еден срамен чин на предавство на националните интереси. Наместо да спроведе транспарентна и законска постапка за изградба на новиот дистрибутивен систем за природен гас, како што е наведено во Законот за енергетика, кој самите го донесоа во парламентот во мај годинава, Владата зад затворени врати ...

-Ребалансот на Буџетот за 2025 година е фискално нереален, социјално штетен и целосно без развојна компонента. Овој ребаланс е скроен по мерка на власта, а не по мерка на граѓаните. Сведоци сме на невидено галопирање на основните трошоци за живот. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, инфлацијата во јуни изнесува 4,5%, а Владата продолжува да прогнозира нереални 2,8%. Истовремено, основните трошоци за живот енормно се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Ана Дукоска, претседателка на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“. На средбата, Дукоска ја информираше со реализираните иницијативи и истражувачки проекти на здружението, на национално и на меѓународно ниво. Дукоска ја запозна со резултатите од интерактивните работилници и предавања од бројни експерти од земјата и од странство, истакнувајќи ја важноста на ...

Народната банка е доследна во одржувањето на макроекономската стабилност како најсоодветен амбиент за водење бизнис и создавање поволни услови за раст и развој на домашната економија. За таа цел, централната банка секогаш води соодветни политики, коишто гарантираат стабилни и предвидливи услови. Ова беше посочено на денешната работна средба помеѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и претседателот на Стопанската комора на ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која се тврди дека некои малоплодажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку “внатрешна програма” поради оштетена амбалажа. Ве известуваме дека станува збор за измама со цел да се привлечат граѓаните да кликнат на сомнителни линкови или да остават лични податоци. Доколку забележите ваква ...

Во текот на првите два работни дена од оваа недела (21./22.07.2025) во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи регистрираа вкупно 1293 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила. Притоа, заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 305 санкции, за ...

Соопштение на СДСМ: Паничната и нервозна реакција на ВМРО-ДПМНЕ е најдобриот доказ дека се фатени живи во обид да протуркаат уште една криминална зделка на штета на граѓаните. Нивното скандалозно соопштение не само што не ги негира фактите, туку претставува класично признание на вина, скриено зад провидни напади и лаги. Клучното прашање на кое ВМРО-ДПМНЕ не даде одговор е: Дали преговараат зад затворени врати за потпишување меморандум со ...

Министерот Муртезани на работилницата за скрининг на странски инвестиции: „Ова не е само правна, туку и стратешка реформа за заштита на националните интереси и инвестицискиот потенцијал на земјата“ Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на отворањето на дводневната работилница на тема „Клучни аспекти во развојот на нов механизам за скрининг на странски директни инвестиции во Северна Македонија“, што се одржува во Скопје на ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали повторно ќе може да се очекува линеарно зголемување на пензиите оваа есен, како и кои законски измени треба да се донесат, информираше дека очекува такво зголемување. Тоа е барање, рече што до Владата беше упатено од пензионерите. „Да, јас тоа веќе го најавив дека очекуваме линеарно зголемување на пензиите. Тоа го бараат практично пензионерите ...

Повеќе средства за инвестиции на централно и на локално ниво, поддршка на приватниот сектор за нови инвестиции и отворање нови работни места, сигурна и редовна исплата на платите, пензиите и социјални надоместоци се обезбедуваат со Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година којшто од денеска е на дневен ред на пленарна седница. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлог Ребалансот истакна дека клучно со овие ...

Соопштение на Алијанса за Албанците: Пропагандата не трае долго. Вистината секогаш излегува на виделина. Месеци наназад, на граѓаните им беше сервирана повторувана лага дека наводно Арбен Таравари и Блерант Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем, особено во Клиничката болница во Тетово. Овој наратив беше намерно користен од коалицијата ВЛЕН за да се префрли вината и да се прикрие нивната неспособност да донесат конкретни ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со трендот на прометот во индустријата и придонесот на поединечни гранки, како и проценките на среден рок, информираше дека најмногу воодушевува индустриската активност со странство. Тој истакна дека кога станува збор за прометот во индустријата, евидентен е огромен раст, кој достигнува до 20 проценти, а во периодот што следи очекува уште повисоки бројки. ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1019
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
1020
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
68%
1021
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
98%
1020
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
83%
1016
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
92%
1020
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1020
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Злато

139515.92

Платина

64478.87

Калај

43.93

Алуминиум

2.95

Сребро

2159.30

Родиум

258813.51

Бакар

11.02

Паладиум

54591.97

Цинк

3.04