Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница, вчера положија цвеќе на местото каде ќе биде изграден меморијалниот парк за жртвите од пожарот во модуларната болница. – Денес не почнуваме само со изградба на парк. Започнуваме изградба на колективна меморија. Задоцнета, но неопходна. Пред четири години на ...

Соопштение на СДСМ: Македонија гори, а премиерот Христијан Мицкоски, наместо да работи и да го менаџира системот за гаснење на пожарите, си тера партиски трибини од кои лажно ја обвинува опозицијата. Да не беше трагично, ќе беше смешно. Безобразие и ароганција — очајни конструкции на човекот кој целосно потфрли во справувањето со пожарите. Прво беа кравите, потоа скакулците, па лажните фотографии на Лефков и фабрикуваните лаги на ВМРО-ДПМНЕ — ...

Сиљановска-Давковав вчера прими претставници на Советот на амбасадори, предводени од претседателката, амбасадорката Александра Наќева Ружин. На средбата присуствуваа и амбасадорите: Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Иљаз Сабриу, Тихомир Илиевски и Ивица Боцевски. Тие изразија подготвеност за соработка и поддршка на институцијата Претседател, преку утврдувањето на надворешно-политичките приоритети, независни и стручни анализи, јавни дебати, совети ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера (30.07.2025) во Центарот за обука на кадри од безбедноста на МВР во Идризово присуствуваше на отпочнувањето на процесот на полагање на теоретскиот дел од стручниот испит за ракување со оружје. „Со измените на Законот за оружје овозможивме Министерството за внатрешни работи да го спроведе овој дел од стручниот испит со што апликантите си го остваруваат своето право на полагање, нешто што беше ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ја оствари својата прва средба со претставникот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во земјава, Висар Перани. На средбата се разговараше за можностите за соработка меѓу Народната банка и ИФЦ во повеќе области, вклучително и во рамките на проектот на ИФЦ насочен кон унапредување на дигиталните финансиски услуги и поттикнување на финансиската вклученост во регионот. Проектот се спроведува ...

Првото полугодие од 2025 година Реплек АД го заврши со значаен раст на приходите од продажба во сегментот фармација за 22%, евидентен како на домашниот, така и на странските пазари. Консолидираната нето добивка достигна 130 милиони денари (2,11 милиони евра), што е пораст за 90% во однос на истиот период од минатата година. Фармацијата останува стратешки најважниот сегмент за Реплек, и во него приходите од продажба достигнаа 16,4 милиони евра. ...

„Нова Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија – обезбедени 42.3 милиони денари финансиска поддршка“ Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија, врз основа на член 10 став (4) од Законот за енергетика („Службен весник на РСМ“ бр. 101/25 и 135/25), ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, a во насока на ...

Денеска, во раните утрински часови во координирана акција на инспекциските служби на Општина Центар и Министерството за внатрешни работи, беше расчистен јавниот простор спроти зградата на „Нова Македонија“, познат и како Паркот на новинарите. Акцијата беше спроведена по теренска проценка и по пријава од страна на центарци, кои изразија сериозна загриженост за безбедноста и изгледот на просторот. Жителите пријавија случаи на нарушување на ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол, кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица “ Лукоил” до клучка кај бензинска станица “Салида,,) ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03.8. од 07:00 часот до 06.8. Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива ...

На 30.07.2025 во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Богданци, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ...

На 30.07.2025 година во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Берово, во правец од с.Дабиле кон с. Петралинци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд “ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.А.(32) од село Хамзали, струмичко и патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.С.(49) од село Свидовица, струмичко. Во несреќата ...

Вчера ( 30.07.) околу 09:30 часот од страна на полициски службеници од ГП „Табановце“ при влез во РСМ лишен од слобода е Х.О. (22) полски државјанин кој што со патничко возило „Рено меган“ со полски национални ознаки сакал да оствари влез во нашата земја. Лицето е приведено затоа што при дополнителна контрола врз возилото во истото била пронајдена пластична тегла со опојна дрога – марихуана, како и една дробилка. Пронајдената дрога со потврда ...

На 30.07.2025 околу 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север во БЈБ ги лишиле од слобода А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, Б.Б.(26) од Радовиш и А.Ш.(31) од Радовиш. Имено, во 19.45 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај Костурник, полициски службеници забележале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б., а сопатник ...

Владата до Собранието ги достави измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи. Согласно една од измените во Законот за полиција, се укинуваат Регионалните центри за гранични работи и полициските станици за гранични работи и истите ќе се припојуваат кон надлежниот Сектор за внатрешни работи. Ова во суштина може да значи сериозно намалена контрола на границите, имајќи предвид дека за контролата е задолжена токму МВР преку ...

Со новите измени на Законот за внатрешни работи, што се наоѓа во собраниска процедура, можат да се укинат позициите заменик командир и заменик началник во полицијата. Тоа не значи дека лицата кои сега се на овие позиции ќе останат без работа, но тоа ќе придонесе да се наруши карирерниот развој кај вработените, односно уназадување во кариерата. Ваквата комплексна и рестриктивна промена во кариерниот развој на работниците е недемократска и ...

Согласно предлог измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, ќе следуваат сериозни промени во начинот на функционирање на полицијата и Министерството за внатрешни работи. За опозицијата овие измени на законите не носат унапредување за условите за работа, туку напротив, истите ќе доведат до партизација на полицијата. Како аргумент за тоа, опозициската СДСМ ја наведува измената на член 4 од Законот за полиција каде се бришат ...

Наместо да се отворат вратите за млади, образовани луѓе со потенцијал и свежа енергија, се создава систем каде партиски кадри се вдомуваат по партиска линија порача денеска пратеникот на СДСМ, Миле Талески по повод измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи. „Еве уште еден доказ дека овој закон служи за создавање партиска војска на ВМРО-ДПМНЕ: со член 15 се подига старосната граница за вработување на 30 години, со што се ...

Сатирична вест Тајната влада на ЛДП повторно удри — петта мерка реализирана, шеста веќе имплементирана во мислите на премиерот. СКОПЈЕ — Малата, но очигледно сèмоќна Либерално-демократска партија (ЛДП), со својот единствен пратеник, повторно ја покажа својата надземна политичка моќ, откако Владата — која формално има мнозинство — по петти пат прифати мерка предложена од овој демократски нинџа-сендвич од партија. “Не сакаме да се фалиме, ама ...

УЈП соопшти дека заклучно со 25 јули 2025 година евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со ДДВ. Не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници. Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници. „Непочитувањето на законскиот рок е сериозен прекршок. Сите обврзници кои не поднеле ДДВ-пријава и/или не го платиле ДДВ-долгот се ...

На 31.07/01.08.2025 година во периодот од 20:00 до 04:00 часот, поради снимање на филм затворен ќе биде во двете насоки на движење бул.„11-ти Октомври“ на потегот од крстосница со ул.„Даме Груев“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги ...

На 29.07.2025 во 08.45 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода лице (58) од с.Горни Татеши, струшко, поради пречекорување на дозволената брзина со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки на магистрален пат Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека тој го управувал возилото со 176 километри на час на место ...

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, заедно со потпретставници на партијата, синоќа оствари средба со граѓани на општина Карпош, каде разговараа за предизвиците со кои се соочува Скопје. Шукова упати остра критика до актуелната локална и централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за, како што рече, четиригодишна блокада и неспособност да понуди функционален концепт за јавен транспорт. – Додека скопјани мака ...

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, остро реагираше на предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, нарекувајќи ги директен обид за враќање на партиските „тефтерчиња“ и уривање на институционалниот интегритет. „Тошковски го претвори министерството, а со тоа и државата, во див запад. Укинувањето на критериумите за избор на началници е обид за политичка контрола. Дали повторно одлуките се носат по списоци? Дали граничните ...

Кредитната агенција „Стандард и пурс“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтин на земјата ББ- со стабилен изглед, што воедно е потврда и за политиките на Владата што ги води, а претставува и значаен сигнал за инвеститорите при носење на нивните одлуки за инвестирање. Во извештајот Кредитната агенција посочува дека растот на економијата се забрзува и останува приоритет на Владата. Во извештајот се наведува дека растот на економијата во ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривични пријави против И.Х.(33) и С.А.(23), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.07.2025, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде престојува И.Х., а се сопственост на неговиот татко, при што биле пронајдени и ...

Со скандалозниот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски се обидуваат брутално да ја партизираат полицијата и да формираат партиска милиција под нивна команда, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, денес на собраниската седница. Талевски потенцираше дека станува збор за опасен и корумпиран обид полицијата да стане параполициски апарат за заштита на ...

Реакција на ДУИ: Демократската унија за интеграција уште еднаш ја изразува длабоката индигнација за намерното и неоправдано молчење на Владата во врска со антиуставната и незаконска одлука која ги дискриминира општините со мнозинско албанско население и ја исклучува дијаспората од официјалното пресметување на бројот на населението. Поминаа неколку дена откако беше јавно обелоденето намалувањето на бројот на советници во повеќе од 20 општини, во ...

Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во ...

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против управител на правно лице Д.К.(30) од Скопје и против правното лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став2 од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Првопријавениот, како одговорно лице во пријавеното правно лице, по добивање на решение од 27.05.2024 од Министерството за здравство за одгледување на канабис за медицински ...

Кривична пријава е поднесена за македонски државјанин кој се обидел да криумчари пиротехнички средства за огномети – експлозивна материја чија употреба подлежи на дозволи и е строго регулирана. Случајот е откриен на влез во државата на граничен премин Табановце при извршен претрес на возило со германски регистарски таблички коешто го управувало лицето. При преглед на стоката сместена во багажниот простор, во црна голема торба на дното, помеѓу ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1021
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.33
79%
1022
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
58%
1016
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
66%
1017
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1021
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
71%
1019
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Сребро

2159.01

Калај

43.93

Цинк

3.04

Бакар

11.07

Паладиум

54591.97

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Платина

64479.52

Алуминиум

2.95

Злато

139515.92