СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце и на ГП Пелинце времето на чекање е околу 45 минути. На ГП Богородица времето на чекање изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...

На 25.07.2025 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги приведоа албанските државјани Д.К.(35) и Е.А.(22). При преземање службени мерки за гранична проверка при излез од државата, Д.К. во своите сообраќајни документи ставил пари, кои потоа му ги приложил на полицискиот службеник. По консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Главен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е реализација капитални и инфраструктурни проекти насекаде низ државата. Инвестициите во патната, комуналната и урбаната инфраструктура се од голема важност, и имаат за цел да обезбедат побрз економски раст, подобра поврзаност и повисок квалитет на животот на граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата од програмата. Едно од ветувањата во програмата уште од 2021 ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС се претвори во политички чадор на ДУИ. Наместо конструктивна опозиција и коректор на власта СДС избра да ја одржува кариерата на Али Ахмети и да ја врати ДУИ на власт. Спрегата СДС- ДУИ преку политичка соработка прерасна во коалиција за заштита на криминалните интереси, заштита на ДУИ и обединување со една заедничка цел, спас на кариерата на Ахмети и враќање на ДУИ на власт. Дали СДС е заштитник или заложник на ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС фатени во тесно како му слугуваат на бугарските интереси на штета на националните интереси, бара тема за дефокус на јавноста. СДС наместо да измислува лаги и манипулации треба да објасни пред македонската јавност и на нивните членови и симпатизери, и како политички одработува за ДУИ да ја донесе на власт и да ја спаси политичката кариера на Ахмети. СДС, кои сакаат да искреираат хаос во јавното мислење, до само пред ...

Соопштение на Левица: Делегација од Левица составена од членовите на Централниот комитет – Андреа Јанков, Катерина Јовановска и Дарја Мустафаоглу, денес оддаде почит и положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, го погоди Скопје. Во тој страшен миг, тагата и болката се вплетоа во животите на илјадници луѓе и засекогаш ја променија историјата на нашиот град. Над ...

Прес конференција на СДСМ, Методија Илиевски – потпретседател: Додека Мицкоски се обидува да се промовира себеси за голем патриот кој го редефинира значењето на зборот патриотизам, во две години од неговата власт преку 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се претворени во пепел. Само изминатата седмица активни се преку 100 пожари на територија на целата држава. Втора недела се активни пожарите во општина Василево, општина Радовиш и ...

Делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини. Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи. Никогаш да не се повтори! Овој ден буди чувство на тага, но секогаш ќе се памети и по човечноста и хуманоста на сите кои помогнаа во ...

Демант на изјава на Борко Ристовски министер за спорт Град Скопје помогна Македонија и Скопје да бидат домаќини на Европската младинска олимпијада 2025. Претседателот на Македонски олимписки комитет Даниел Димески веднаш потоа одлучи дека организацијата ќе ја води заедно со Министерството за спорт и настанот спротивно на стандадите скандалозно половина го однесе во Куманово. Цела година МОК и Министерството за спорт ја организираат ...

Денеска (26.07.2025) во 03.20 часот на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници лишија од слобода лице(28) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „ауди“, управувано од приведениот. и било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2.04 промили алкохол во крвта. Исто така во Македонска Каменица, на 24.07.2025 во 23.02 часот на ...

Обраќање, Каја Шукова – потпретседателка на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје: Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска испрати силна и емотивна порака до скопјани, по повод 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди градот во 1963 година. Шукова потсети на солидарноста и заедништвото со кои Скопје беше изградено одново и порача дека токму тие вредности мора повторно ...

На 25.07.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека за укажување на лекарска помош бил донесен Р.Ѓ.(72) од село Воиславци, радовишко, кој се здобил со повреди при пад од трактор на место викано „Стопанството“, во атар на село Воиславци, радовишко. Тој бил пренесен во Медицински центар Штип, каде починал. Извршен е увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител од Основно ...

На денешен ден, пред 62 години, во Скопје се случи една од најголемите трагедии. Во 5 часот и 17 минути, разорен земјотрес го погоди градот – за само 20 секунди запре животот во Скопје, напиша Венко Филипче, Претседател на СДСМ по повод одбележувањето на 62 годишнината од земјотресот во Скопје. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи, направи огромна материјална штета, зад себе остави урнатини и болка. Од тие рушевини, со трудот и ...

Денес ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Под влијание на топол бран денес ќе се задржи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули и ќе биде во интервал: – Југозападен, источен и североисточен регион од 34 до 38°C – Полошкиот регион од 32 до 38°C – Пелагонија 38 до 40°C – Скопски, Вардарски и југоисточен регион од 38 до ...

СДСМ излезе со соопштение: Што се крие зад срамниот чин на предавство на националните интереси со изборот на Казанџи Холдинг за партнер за дистрибутивна мрежа? Власта за стратешки партнер избра компанија чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана. И тоа со заобиколување на Законот за енергетика! Угледниот „Фајненшл тајмс“ во 2020 година, објави дека Акса е вмешана во плаќање околу 2,5 милиони долари мито на службеници од Гана ...

Состојба со пожарите – 26.07.2025 до 07:00 часот, според ЦУК. Во текот на последниов ден до утрово се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 10 се активни, 3 под контрола, 16 изгаснати. Ова се локациите каде што пожарите се уште се активни: 1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); 2. Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое ...

НЛБ Банка ја заокружи првата половина од годинава со силен раст кај клучните финансиски индикатори, покажува анализата на резултатите на Банката. Според неревидираните финансиски податоци, НЛБ Банка бележи зголемување на вкупната актива, зголемена кредитна активност и раст на депозитната база, што претставува јасен индикатор за нејзината стратешка посветеност кон долгорочен развој и создавање вредност за клиентите и економијата. Какo резултат ...

Во текот на денешниот настан во Гевгелија, по повод пуштањето во употреба на новиот булеват „Свети Климент Охридски“ претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар на двата закони кои вчера беа донесени во Собранието, а со кои се овозможува линеарно зголемување на пензиите и ваучери за студентите. „Она што е важно да се каже е дека вчера поминаа два важни закони; едниот Закон е линеарното зголемување на пензиите, она што ...

Многу работа и нови инфраструктурни проекти за општините во наредниот период најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска се обрати на настанот пуштање во употреба на новата обиколница – Западен Булевар во Гевгелија. Проектот е вреден над 2, 5 милиони евра, истиот се реализираше во три фази, а третата фаза е финансирана од Министерството за транспорт во висина од преку 500 илјади евра. Обиколницата е во должина ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешниот настан по повод пуштањето во употреба на нов булевар во Гевгелија, одговарајќи на новинарско прашање во врска со мерката за до шест бесплатни ин витро обиди и дали со тоа ќе се придонесе за зголемување на наталитетот во државата, како и кои се очекувањата од таа мерка посочи дека токму демографската слика е и ќе остане еден од главните предизвици во годините што следуваат. „Па, ...

Денеска во Гевгелија, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со премиерот, Христијан Мицкоски, градоначалникот, Андон Сарамандов и министерот за транспорт, Александар Николовски, присуствуваа на увид во градежните активности на три значајни инфраструктурни проекти. Министерот Перински при посетата посочи дека овие три проекти, изградбата на западниот Булевар „Свети Климент Охридски“, изградбата на кружна крстосница на влезот ...

На ставовите на ВМРО-ДПМНЕ реагира пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Тренчевска потсетува дека во периодот од февруари 2022 до мај 2024 година, благодарение на Методологијата за усогласување на пензиите што ја донесе Владата на СДСМ, пензиите пораснаа за 29,7%. За тој период, најниската пензија порасна од 9.900 денари на 13.200 денари, а ниту едно покачување не било симболични 50 или ...

Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики добро владеење, г. Арбен Фетаи, денес го посети Затворот во Куманово, каде што беше пречекан од директорот на Управата за извршување на санкции, г. Александар Пандов со неговиот кабинет, како и директорот на Затворот во Куманово, г. Оливер Цветковски и заменик-директорот г. Илбер Лимани. Тој го оцени Затворот во Куманово како пример за добро менаџирање под новото раководство. ...

Соопштение на Левица: Денешната оставка на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, не претставува чин на морална одговорност, туку е директна последица од засилениот јавен, медиумски и политички притисок, особено откако Левица поднесе иницијатива за нејзино разрешување во Собранието. Димитровска, која претходно експлицитно одбиваше да си поднесе оставка, очигледно заминува во обид да се избегне ...

Во изминатиот месец 80 граѓани преку алатката „Отворен кабинет” се сретнаа со министерот за здравство Азир Алиу. Барањата, предлозите и сугестиите на граѓаните се предмет на системско постапување во рамки на Министерството за здравство, односно тие се анализираат и проследуваат за натамошно постапување. До овој момент одговорено е и постапено е по 29 отсто од барањата, за еден дел потребни се системски унапредувања кои веќе се иницирани, додека ...

„Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна. Тоа е последното нешто што му треба на Скопје. Кејот на Вардар е едно од ретките места што им преостануваат на граѓаните за мир и рекреација од хаосот на секојдневието во градот. Да се уништи тој простор со шини и бучава би било културен и еколошки вандализам. Граѓаните на Скопје заслужуваат уреден кеј со велосипедски и трим патеки, урбана опрема, зеленило и чист воздух. Тоа ...

Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 10 јули 2025 година донесе Одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител, објавена во Службениот весник бр.143 од 16 јули 2025 година. Рокот за пријавување на кандидатите е 10 дена од денот на објавување на одлуката во Службен весник, односно, до 26 јули 2025 година. По завршување на рокот за пријавување, Собранието треба да ја објави листата на пријавени ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, вчера оствари средби со жителите на општина Аеродром, со цел директна комуникација и собирање предлози, идеи и забелешки од граѓаните за клучните прашања што го засегаат нивното секојдневие. На средбата граѓаните активно се вклучија со свои согледувања за состојбите во општината, од проблемите со хигиената на јавните површини, недостатокот на паркинг места и недоволно ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
70%
1021
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.09
83%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
75%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1021
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
6.69
67%
1019
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Калај

43.93

Платина

64479.52

Сребро

2159.01

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Паладиум

54591.97

Алуминиум

2.95

Злато

139515.92

Цинк

3.04

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Бакар

11.07