Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На 24.07.2025 во 17.30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврово-Дебар, пред место викано „Ростушко Анче“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од лице(45) од с.Скудриње, дебарско и патничко возило „фолксваген тигуан“ со словенечки регистарски ознаки, управувано од лице(59) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во ...
На 24.07.2025 околу 21.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од.21-годишна devojka од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на возраст од 22 год. од Куманово, додека со телесни повреди возачот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид ...
На 24.07.2025 во 04.30 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Делчево, лице(21) од Делчево, управувајќи мопед со делчевски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Делчево. На 24.07.2025 во 23.40 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, ...
На 24.07.2025 во 17.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Зелениково-с.Страхојадица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(56) од с.Дејковец, скопско и четирицикл управуван од лице(28) од с.Стахојадица, општина Зелениково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот и две ипол годишно дете, сопатник на четирициклот, ...
Во живописниот Велес, град со душа што пулсира со историја, култура и љубов кон спортот, светна нова надеж: мини пич терен кој не само што ги зближува луѓето, туку ја отвора вратата кон соништата на многу млади фудбалери. Теренот е донација од компанијата Mozzart, чија мисија е да покаже дека фудбалот не е само трка за топка – туку празник на заедништво, поддршка и човечност. Акцијата Фудбалот е повеќе од игра започна во Србија, а од оваа година ...
Од рано изутрина, на лице место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица на Армијата „Волци“, како и припадници од Полициската станица Велес, со цел продолжување на потрагата, соопшти ЦУК утрово. Акцијата се одвива во координација и со зголемено присуство на терен, велат од таму. Инаку како што беше соопштено вчера во водите на Вардар во близина на Градско потонале две девојчиња, едното на возраст од 16 години, другото на возраст ...
– Власта спроведува историска имама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026, изјави на Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – пратеничка од СДСМ. . – Зошто? Затоа што со ваково линеарно зголемување од 1.000 денари, Владата го укинува правичното законско усогласување – со што пензиите ќе се зголема многу ...
Изминатата вечер (24/25.07.2025) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на терен на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје за време на спроведувањето на засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. Сообраќајната контрола беше спроведена во периодот од 17.00 до 01.00 часот на територија на општина Аеродром во Скопје, при што акцентот беше ставен ...
Соопштение на СДСМ: Смешен е Мицкоски кога го обвинува СДСМ дека слугува на ДУИ, обидувајќи се на тој начин да го прикрие сопствениот срам. Мицкоски кој како опозициониер тврдеше дека ќе кога ќе дојде на власт ќе расчистел со криминалот на ДУИ, прва работа што направи е да го пушти Артан Груби да избега. За една година власт, ниту еден функционер на ДУИ не е допрен. Во исто време, Мицкоски молчи и за криминалот на својот актуелен партнер Изет ...
царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење семки и масло од канабис, ноќна облека „Викторија Сикрет“ и „Гучи“, значителна количина цигари, а спречен е и нелегален влез на мигранти. Во продолжение Ви праќаме детали: Царинска управа: Канабис, луксузна облека, цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти ...
Соопштенија на Алијанса за Албанците: Алијанса за Албанците остро го осудува одлуката на Владата за потпишување на меморандум за соработка со „Казанджи Холдинг“, чие подружничко претпријатие, „АКСА Енерџи“, е предмет на истраги за корупција во Гана. Овој потег претставува сериозно прекршување на Законот за енергетика и голем ризик за енергетската иднина и јавниот интерес на граѓаните на Република Северна Македонија. Наместо да спроведе ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Тетово присуствуваше на македонската вечер во рамките на годинашната културно-уметничка и спортска манифестација „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“. Во центарот на Тетово свој настап имаа културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце, рок групата The Nameless Trio, поп музичарот Влатко Лозаноски – Лозано, со својот бенд, како и тетовскиот рапер Никола Трпески ...
Соопштение на Левица Пратеничката група на Левица поднесе неколку амандмани кон Предлог-законот за внатрешни работи, меѓу кои и амандман со кој се предлагаше укинување на балансерот како критериум при вработувања и унапредувања во Министерството, со цел воспоставување на систем заснован исклучиво на стручност, компетентност и интегритет. Амандманот, кој го образложи пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, предвидуваше етничката припадност ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува ...
Нашата амбиција е не подоцна од 2029 година на Коридорот 8 да имаме поврзување со автопат и експресен пат граница со граница или од граничниот премин Ќафасан до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, истакна во вечерашното гостување во емисијата “Јади бурек”, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој детално го елаборираше планот на Владата и Министерството за транспорт во однос на транспортните коридори. “ Охрид-Кичево ...
Итна интервенција – Потрага по исчезнато лице во реката Вардар, информира Центарот за Управување со Кризи. Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала ...
Денеска (24.07.2025) околу 9.30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Чашка, постапувајќи по претходно утврден план за сузбивање на прекуграничен криминал, кај место викано Радушка река било сопрено товарно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, објави МВР. При тоа лишени од слобода се лице(21) и едно малолетно лице, двајцата од с.Блаце, при што одземено е товарното возило за ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентираше новата мерка од Оперативниот план за 2025 година – Програмата Општинско-корисна работа, со која се предвидува ангажман на 300 невработени лица за обезбедување социјални и здравствени услуги на локално ниво. Програмата не е наменета за комунални работи, туку за директна поддршка на ранливите категории граѓани, вклучувајќи стари лица, лица со попреченост, како и деца од социјално ...
ВМРО-ДПМНЕ започна со режимските практики пред избори. Кривичната пријава за градоначалникот на Крива Паланка е срамен притисок и црна кампања на власта против успешните градоначалници на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ знае дека не може да победи во Крива Паланка, па не им останува ништо друго освен да ги вклучат механизмите за притисок и монтиран прогон. Режимот се враќа – граѓаните не смеат да подлегнат на овие злоупотреби, туку силно да одговорат на ...
Во сабота, на 26 јули 2025 година, министерот за здравство, Азир Алиу ќе престојува во Штип, во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет“. Активностите ќе започнат со работна средба со раководството и медицинскиот персонал на ЈЗУ Клиничка болница – Штип, на која ќе се разговара за предизвиците, ресурсите и плановите за унапредување на здравствените услуги во регионот. Во периодот од 12:00 до 14:00 часот, министерот Алиу ќе одржи и средби со ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, работната посета на Берлин ја започна со средба со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Гинтер Крихбаум. Муртезани му честиташе на министерот Крихбаум за неговото неодамнешно именување, посакувајќи му успех кој ќе се рефлектира позитивно не само на Германија, туку и на Европа и Западен Балкан. Тој исто така изрази благодарност за континуираната германска поддршка и ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, ја посети Клиниката за хируршки болести „Св Наум Охридски“ и со директорот, д-р Небојша Настов разговараа за потребата од зајакнување на медицинскиот кадар, медицинска опрема и инфраструктурни подобрувања. Оваа клиника е мошне значајна и беше истакната одличната работа при справување со итните хируршки состојби. Продолжуваме со посети на терен, со системски мерки до унапредување на работата во сите ...
Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на ДПМНЕ: Откако секојдневно излегуваат информации дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ има резервна држава и резервен пасош, смешни се обидите на Миле Лефков да ја обвини СДСМ за било што поврзано со Бугарија или да продава лажен патриотизам. Му препорачуваме да се скрие во дупка или да си отиде во резервната држава, наместо да држи прес-конференции за тоа кој бил патриот, а кој ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денес го прими и разговараше со колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречи девојката да скокне и да си го одземе животот, а притоа беше повреден од ножот кој таа го држела во раката. „Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. ...
И по една недела од усвојувањето на новиот предлог-закон за игрите на среќа и за забавните игри на владина седница, Владата сè уште не дава никакви индикации дека планира да ги вклучи засегнатите страни во процесот на донесување на оваа важна законска регулатива. Како Асоцијација на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), која работи легално и вработува 10.000 луѓе од кои зависат уште толку лица, членови на нивните семејства, сметаме дека ...
Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите, обвинува СДСМ. – Владата им подготвува историска имама на пензионерите, со последната одлука за линеарно згоелмување на пензиите за 1.000 денари. Пензионерите ќе бидат два пати оштетени со оваа одлука, со овој грабеж, еднаш во септември и еднаш во март следната година. Денес ќе ја изложиме целосната пресметка и фактите за македонските пензионери да разберат за каква ...
Градоначалникот Горан Герасимовски денеска се сретна со дел од активот на жени пензионерки од Општина Центар на утрински појадок, каде се водеше отворен разговор за теми важни за нивниот секојдневен живот. Со внимание ги слушнавме нивните забелешки, предлози и идеи, кои се од големо значење за креирање на политики што ќе ја унапредат благосостојбата на пензионерите. „Пензионерите се темелот на нашето општество. Од нив учиме, за нив се грижиме и ...
Соопштение на ДУИ: Демократската унија за интеграција оценува дека претстојните локални избори не се само натпревар за управување со општините, туку се политички референдум за стратешката иднина на државата и за нејзината ориентација кон европското семејство. Денес, повеќе од кога било, јасно е дека битката за општините е битка за државата. Последниот извештај усвоен од Европскиот парламент, со огромно мнозинство од 461 европратеници од сите ...
Финансиски експерти од Центарот за советување за финансискиот сектор (ФИНСАК) при Светската банка остварија средба со гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и со надлежните тимови на Народната банка. На средбата се разговараше за досегашните и за идните активности во рамките на техничката поддршка којашто Центарот за советување за финансискиот сектор веќе подолг временски период ѝ ја дава на Народната банка. Во фокусот на оваа ...
Патувањето не мора да започне со гужви, редици и скапо кафе на аеродромите. Замислете да го започнете секој лет со мир, удобност и персонализиран третман – уште пред да се качите во авионот. Со Mastercard World кредитната платежна картичка од Халкбанк, вие не сте само патник, туку вие сте и привилегиран гостин. Влезете во светот на ексклузивните Lounge Key салони ширум светот Со Mastercard World кредитната картичка од Халкбанк, патувањето ...