Во рамките на РЕсет платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, под познатото мото „За мое добро“, продолжува серијалот вежбање на отворено со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, овој пат покрај езеро, во еден од најубавите градови во земјава, Охрид. Сесијата ќе се одржи на 9 август 2025 година (сабота), со почеток во 18.45 часот, на плажата Бафало, пред скејт паркот, а организаторите и за овој РЕсет тренинг најавуваат позитивна атмосфера и ...

На 05.08.2025 во 11.35 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода lice (37) од Швајцарија. При сообраќајна и контрола со радар, било констатирано дека тој управувал возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри на час надвор од населено место. Тој бил задржан ...

На 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи лице (43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а мажот е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, на 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. На 4 август полицијата извршила ...

На 05.08.2025 во 13:10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински Пат“ во Гевгелија, патничко возило „мицубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од Гевгелија, удрило во 11-годишен пешак од Гевгелија, а потоа и во паркирано патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди малолетникот, констатирани во Медицински центар ...

На 05.08.2025 околу 20:55 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на регионалниот пат Р 1403 Радовиш-село Воиславци, кај место викано „Воиславска кривина“ – општина Радовиш, лице(34) од с.Сулдурци, радовишко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавната здравствена установа Радовиш. Извршен бил увид од увидна ...

ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж. Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам. Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за ...

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека отпочната е реконструкција на фискултурната сала во ООУ „Димитар Миладинов“ во Центар, со што продолжува заложбата за создавање квалитетни услови за воспитно-образовниот процес и за унапредување на спортската инфраструктура во училиштата. Реконструкцијата предвидува санација на подот, реконструкција на ѕидовите и внатрешната кровна површина, замена на дотраените прозорци и бележење на спортскиот ...

На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 ...

На 04.08.2025 во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле ...

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката за детски болести присуствуваше на настан по повод промоција на дигитален мобилен рендген апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. – Станува збор за дигитален мобилен рендген апарат, во вредност над 60 илјади евра. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на здравствената грижа за најмладите пациенти. Изразувам длабока ...

Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје -Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје -Барселона, истакнаа на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз. Двете авиолинии, информираше вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот преку кои се отвораат нови ...

Со просек повисок од ланскиот, матурантите го завршија полагањето на државната матура во јунскиот рок во учебната 2024-2025 година. Голем дел од учениците испитите ги полагаа во амфитеатри и предавални во најблиските факултетите и не беа евидентирани масовни прекршувања на правилата како во минатото. За новините во начинот на организација годинава и резултатите од државната матура, денес прес конференција одржаа министерката за образование и ...

Компанијата Пекабеско донираше повеќе од 3.000 шишиња вода и илјадници производи од сопственото производство за потребите на професионалните пожарникари, кои и овој летен период се соочуваат со зголемен број интервенции на терен, во екстремно тешки услови и на високи температури. Донацијата, која содржи 3.360 шишиња вода, 5.432 паштети и 1.016 парчиња нарезоци, е директен одговор на барањето доставено од Синдикалната организација на ...

Цените на угостителските услуги во јули 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, сe зголемени за 5.0 %. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 5.3 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.6 %. Цените во угостителството, по групи, во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, се зголемени за: 0.4 % кај Храна ...

Во рамки на континуираните полициски активности за сузбивање и откривање на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога, денеска (05.08.) во 01:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за наедозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршен е претрес на дом на лицето Е.Е. (41). Притоа полициските службеници открија и запленија една кеса со околу 100 грами прашкаста материја ...

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.К.(65) од село Стојаково, општина Богданци. На 04.08.2025, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија извршиле претрес во неговиот дом и дворно место во село Стојаково, при што биле пронајдени 56 стебла марихуана со висина до 2.80м, марихуана, семки од канабис, дробилка со остатоци од марихуана и другои ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека извршило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во исто време, тој е осомничен и за – Одземање или уништување службен печат или спис од член 390 став 1 од Кривичниот законик. ...

Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува исклучувањето на Албанците и другите заедници од последниот процес на вработување во Армијата и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија. Од 74 нововработени: 71 се Македонци, 2 се од ромската заедница, само 1 е Албанец, ниту еден од другите заедници. Ова не е само неправда! Ова е спроведување на систематски план за исклучување на Албанците и другите не-мнозински заедници ...

На 04.08.2025 во 11:35 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод лишиле од слобода маж(54) од Македонски Брод. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал маж, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на ...

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот Јавната дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 11 август 2025 година со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт СЗ 08 (од 9 до 10 часот), C3 15 (од 10 до 11 ...

ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 ...

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со акцизна стока – цигари. Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Во моментот кога првоосомничениот, возач на транспортна компанија, се обидел да ...

Денеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај. Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегле на местото и затекнале повеќе од 500 лица и ...

Соопштение на СДСМ: Македонија скапо ја плаќа неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени. Тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија. Со оваа неспособна Влада: -Пазарот ...

Силна нестабилна облачна маса се спушта кон Езеро Младост и дел од Велес . Проследена е со интезивни поројни врнежи од дожд и град, силни електрични празнења и засилен ветер кои можат да предизвикаат штети од поголем размер. Силна нестабилност има и измеѓу Штип и Кочани во гегионот на Горни и Долни Балван каде исто така имаме интезивни поројни врнежи од дожд и град , грмежи и засилен ветер. Од запад кон Скопје навлева нестабилна облачна маса ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7. Според досегашните податоци со кои ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС). Со овој Меморандум се воспоставува рамка за заедничка соработка со цел унапредување на капацитетите на институциите во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија. Соработката ќе се реализира преку поддршка на работната група формирана од Владата ...

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ, која продолжува да ја продлабочува дискриминацијата кон Албанците – од администрацијата па сè до спортот, каде што слушнавме расистички повици од типот „Добар Албанец – мртов Албанец“, без никаква сериозна институционална реакција – објави соопштение полно со клевети и навреди кон претседател на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари. „Арбен Таравари уште еднаш го покажа своето вистинско лице…“, пишува ВМРО-ДПМНЕ, ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
94%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
67%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.42
94%
1024
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.55
96%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
78%
1019
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1019
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
100%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
93%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
1021
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Злато

139515.92

Паладиум

54591.97

Цинк

3.04

Бакар

11.07

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Родиум

258813.51

Сребро

2159.01

Иридиум

145787.60

Калај

43.93

Платина

64479.52

Алуминиум

2.95