Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Со спотот на „Леб и сол“ за Скопје, што Столе Попов го режирал и кој сè уште важи за еден од најуспешните спотови кај нас, денеска во Кинотеката беше отворена свеченоста на која му беше врачена наградата „Златен објектив“ на режисерот добитник на ова важно признание. Филмската критичарка Илинденка Петрушева на доделувањето разговараше со Попов, кој изрази благодарност за признанието од Кинотеката. Попов се присети на своите филмови, ...
Книгата „Ако се осмелиш…(Р)еволуција на жената” од Билјана Велковска ќе биде промовирана на 2 јуни (недела) на пладне во „Бифе Тафталиџе“. За делото ќе зборува Татјана Димовска-Атанасова, а 50 отсто од средствата од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели на Здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени лица „Љубезност“. „Ако се осмелиш…(Р)еволуција на жената” е прва стихозбирка на Билјана Велковска чија цел е ...
Умно.мк во соработка со Europe House Скопје ја креира рубриката „Надреден знак“ во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумна на теми што нè засегаат Пишува: Драган Б. Костиќ, радионовинар и диџеј Како и сè друго во светот, и музиката има свои циклични патишта и движејќи се по нив, се менува со општествените, културните, политичките, геополитичките состојби во дадени периоди. Особено со напредокот на технологијата што силно влијае ...
Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска, Србија, како и 20-ина од Македонија, ќе учествуваат на 4. Скопски поетски фестивал, што ќе започне вечерва и до 1 јуни ќе се одржува на неколку локации низ Скопје. „Отскочна даска“ е настанот кој вечерва во 20 часот во кафе-книжарницата ќе го најави фестивалот, а ќе се состои од поетско читање на млади поети на возраст од 16 до 25 години. Официјалното отворање е закажано за утревечер во ...
Петмина кандидати се во игра за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонја: Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче Нешовски и Југослав Петровски. Редовното изборно Собрание на ДПМ е закажано за 1 јуни во 11 часот, кога писателите треба да изберат нов Статут, како и Претседател, Управен одбор и Суд на честа. Според Статутот, за Претседател ќе биде избран оној кандидат што ќе добие најголем број гласови ...
Човек бунтовник, кој што уживаше во класичната музика, кој што го преведе Пруст, беше првото перо во југословенското кривично право, кој прв почна да го критикува членот 133 – вербалниот деликт и човек кој не стана декан и не стана сенатор – рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова на конференцијата „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“ Нам ни требаат лидери во секоја пора од општествениот живот кои ќе ја уживаат почитта на јавноста, луѓе со ...
Во Центарот за култура во Крива Паланка, вечерва во 19 часот, ќе биде промовирана стихозбирката „Моето алтер его“ од поетесата Елеонора Николовска. Станува збор за збирка од 47 лирски песни со посебно изразена живост, преку кои Николовска порачува: „Никој нема совршен живот, но сите имаме совршени моменти“. Рецензентка на збирката е Силвана Крстовска, а промоторка Ирена Белешковска. Стихови ќе чита поетесата Емилија Колевска, а ќе настапи ...
Бреинстер веќе втора година се вбројува во топ-500 најуспешни компании во земјава врз основа на вкупната нето-добивка, овојпат за 2023 година. Како едукативно-технолошка компанија со #1 образование што вработува, ова признание е само потврда за извонредната работа на компанијата во текот на претходната година и служи како доказ за нејзината силна позиција на пазарот помеѓу најголемите компании кај нас. Со над 2136 вработени студенти со помош ...
Кинотеката воведува уште едно признание, „Специјален златен објектив“ наменето за луѓето кои професионално се занимаваат со филмска архивистика и кинотечна дејност. Прв добитник е Киро Велков, долгогодишен филмски техничар, киноапаратер и филмски архивист Во Кинотеката на Македонија утре на пладне ќе се одржи свеченото доделување на „Златниот објектив“ на доајенот на филмската уметност Столе Стојан Попов. Ова признание Попов го добива за ...
Во светот на емоциите, секоја боја има своја приказна. Додека некои од нив се светли, топли и радосни, други се длабоки, темни и ладни. Но има една боја, особено важна и моќна, која го разигрува срцето и испишува насмевка на твоето лице – среќата! Среќата е емоцијата на месец мај, дел од општествено-одговорниот проект на „Халкбанк“, „Емоцијата има своја боја“. Целта на овој проект е поттикнување на емоционалниот развој на децата преку серија ...
Две балетски вечери на современ танц и една вечер на класичен танц се дел од 2. издание на Фестивалот за класичен и современ танц Credеnce Dance Festival што ќе се одржи од 1 до 5 јуни во Националната опера и балет. Фестивалот е профилиран како платформа за презентација на искуствата и знаењата, а го организира , а го организира Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На програмата се современи дела ...
Бугарскиот писател Петар Денчев во три градови ви Македонија ќе го претстави преводот на своето дело „Малиот бог на земјотресот“ на македонски јазик. Турнејата ќе почне вечерва во 19.30 часот во Јуроп хаус во Струмица. Модератор на настанот е Далибор Плечиќ. Утре (29 мај) Денчев ќе гостува во Скопје во книжарницата „Антолог“ во Центар од 19 часот. Настанот ќе го модерира Пепи Стамков, а освен авторот, ќе се обрати и преведувачот Душко ...
„Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје. Изложбата ја организираат Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ. Куратори се Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова. Текстилот е во основата на патувачката изложба организирана од ИФА, со фокус на прашања: Кои значења и пораки се својствени за ткаенините? ...
Во Културно-информативниот центар на Скопје вечерва во 19.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Социолингвистика“, со поднаслов „Македонски јазик: јазичното планирање и јавната комуникација“ од д-р Александра Ѓуркова, издание на „Македоника литера“. За книгата ќе зборуваат проф. д-р Симона Груевска-Маџоска и проф. д-р Димитар Пандев. Книгата претставува научна обработка на основите на социолингвистиката како дисциплина којашто се ...
Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 20 часот Ателјето за цртање и сликање на Лара Ташковска ќе ја отвори годишната завршна изложба. Учесниците ќе ги презентираат своите дела создадени во изминатата учебна година. Со цртежи и слики ќе се претстават деца, млади и возрасни учесници на кои ќе им бидат врачени сертификати. Свеченото отворање и врачувањето на сертификатите ќе се одвива на Зелениот кров, а ликовните дела ќе бидат ...
Претставата „Мац, мац!” во режија и кореографија на Филип Петковски и копродукција на „Пресврт“, Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” од Велес и „Гете институтот“ ја доби наградата за најдобра претстава од студентското жири на Интернационалниот театарски фестивал во Приштина, што заврши синоќа. Режисерот Петковски ја сподели радоста што студентите од Приштина ги препознале стилот и естетиката на претставата како релевантни и дека е ...
Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип вечерва во 19 часот концерт ќе одржат чешкиот кларинетист Карел Дохнал и нашата пијанистка Наташа Трбојевиќ. Со концертот почнува второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика што го организира Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Фестивалот предвидува концерти на познати музичари од различни држави и мастеркласови кои уметниците ќе ги одржат за студентите од ...
Претставата „Момчето со пругасти пижами“ на Летечката театарска трупа од Тетово во режија на Владимир Јованоски освои Гран при на 61. Драмски аматерски фестивал, што заврши синоќа во Кочани. Наградата што го носи името „Васил Ќортошев“ ја добива за сите театарски сегменти: актерска игра, режија и визуелен идентитет кои беа на највисоко ниво. Пленеа со искрена енергија, исклучителна партнерка игра и не ја оставија публиката рамнодушна, вели ...
Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска. Ова трета поетска збирка на авторката, a прва во издание на „Чудна шума“. Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка-Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот ...
Претставници од две македонски училишта учествуваа на обуката „Зелени практики во Еразмус+ проекти“ што се се одржа во Братислава, Словачка. Заедно со повеќе од 50 учесници од 21 европска земја работеа и претставници од училиштата „Петар Поп Арсов“ од Општина Чашка и од средното училиште „Гоце Делчев“ од Куманово. – Настанот се фокусираше на разработка на различни пристапи кон зелена агенда и одржливост, вмрежување помеѓу колеги од европските ...
Надвор од училишните обврски, активно се ангажирам на неколку различни полиња. Ко-основач сум на Webiray, агенција за развој на софтверски решенија, каде веќе две години посветено работиме со цел да помогнеме со дигитализација и интеграција на вештачката интелигенција во различни области – вели средношколецот од САБА од Скопје Филип Најдовски од Скопје, ученик во трета година во Приватната гимназија САБА ќе биде единствен претставник од ...
Проектот “Are you ready for Pelister„ на ПРЕДА плус фондацијата ја најави претстојната конференција која во фокус го става концептот на паметно село, а ќе се одржи утре во Информативниот центар на Националниот парк Пелистер. Овој настан ќе ги истакне иновативните пристапи кон руралниот развој преку технологијата и одржливоста, прикажувајќи ги колективните напори на ПРЕДА и конзорциумот од партнери вклучувајќи ги општина Битола, Универзитетот ...
Биста на Томас Транстромер, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, е поставена во спомен-домот на браќата Миладиновци, каде се одржа свечен настан. Спомен-обележјето чиј автор е академскиот вајар Сокол Цфарку е донација за СВП од страна на македонскиот иселеник во Шведска, Антонијо Трпeвски и неговата сопруга Пирко Т. Киленен. Транстромер го доби „Златниот венец“ во 2003 година, а добитник на Нобеловата награда за ...
Македонскиот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово го награди актерот Сашко Коцев со „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата. Наградата ќе му биде врачена на денот на отворањето на фестивалот кон крајот на септември. – Посебен ден за мене – напиша тој на својот фб-профил. Сашко Коцев е дел од ансамблот на Македонскиот народен театар каде игра во поголемиот дел од ...
Филмот „Анора“ на режисерот Шон Бејкер ја освои врвната награда „Златна палма“ на 77. Кански филмски фестивал синоќа. Филмот е комична, но и запрепастувачка одисеја за сексуална работничка што се мажи за син на богат руски олигарх. Најдобар режисер е прогласен Мигел Гомес за филмот Grand Tour. Најдобар актер е Џеси Племонс за улогата во „Видови љубезност“ на Јоргос Лантимос, а за најдобри актерки се наградени Адријана Паз, Зое Салдана, Карла ...
Инфомед (https://infomed.mk/) е нобвата бесплатна онлајн алатка која работи како агрегатор на информации од јавен карактер поврзани со медицината. Целта на агрегаторот е да го олесни работното секојдневие на здравствените работници, овозможувајки на сите лица кои што имаат потреба од брзи информации, односно со лекување на пациенти, да можат да ги најдат на едно место брзо и ефективно, наместо моменталниот единствен архаичен пристап преку ...
Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 20 часот рок групата „Културно-уметнички работници“ ќе одбележи 25 годиби активна работа. Јубилејот ќе биде одбележан и со публикување на новата плоча со наслов „25 Мај“ – концертен албум со „бест оф“ материјал на бендот, снимен во живо на 25 мај 2021 година во киното „Фросина“ во МКЦ. Тон-снимател на албумот е Ненад Трифуновски Трипе, миксот и мастерингот се на Дени Крстев од студиото ...
Овие 25 години значат многу за еден мал, но мошне значаен фестивал кој го става актерот во самиот центар. Ова е фестивал којшто докажа дека монодрамата како театарска форма е мошне значајна за актерот – вели Маја Андоновска-Илијевски, директорка на Центарот за култура Под мотото „Славење на уметничката слобода“ вечерва во 19.30 часот со музичката манифестација „Глумците пеат“, ќе биде отворен 25. Фестивал на монодрама во Битола. Фестивалот ќе ...
Одбивајќи да бидат замолчени од закани и мито, се соочуваат со опасна мрежа од политика, интриги, корупција и секс-скандали Во општество полно со корупција, уредникот-ветеран Бодан и амбициозната млада новинарка Софија, независно еден од друг, откриваат скандалозно видео. Одбивајќи да бидат замолчени од закани и мито, се соочуваат со опасна мрежа од политика, интриги, корупција и секс-скандали. Филмот навлегува во темниот, груб свет на моќта ...
Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ е во потрага по шестата генерација „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од едногодишната работилница за креативен документарен филм. – Бараме млади, храбри и креативни луѓе кои сакаат да се изразат слободно и спремни да се впуштат во незаборавна авантура. Дванаесетмината величествени од сите вас, ќе бидат поделени во групи со по еден ментор, а на крајот ...