Три лица загинаа во пожар во болница во северниот германски град Хамбург, соопштија денеска официјални лица. Повеќе од 50 лица се повредени, од кои 16 потешко, изјави портпаролот на противпожарната служба за ДПА. Пожарот избувнал на приземјето од болницата „Маријан“ во текот на ноќта, пред да се прошири на првиот кат. Пожарот наводно избувнал во геријатриското одделение на болницата, што е специјализирано за нега на постари пациенти. Причината ...

Денеска на 1 јини со почеток во 11 часот, во трговкиот мол Ист Гејт во Скопје ќе се одржи Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ Музичкиот хеменинг е во организација на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“. Од таму најавуваат дека ќе бидет организирани повеќе активности. „Ќе уживаме во музички настапи, детска театарска претстава и доделување награди за најдобрите ликовни и литературни творби од конкурсот „Читањето е супермоќ“. Настанот е ...

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (1 јуни, недела, со почеток од 17 до 18 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Трката ќе започне со стартна позиција од Порта Македонија, десно долж ул. ...

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, граѓаните ќе уживаат во сончевотро и топло време. Од УХМР соопштуваат дека ќе има мала до умерена опблачност и дека ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.тер од северен правец. Во нашата држава во наредните денови температурите ќе се движат од 32 до 36 степени Метереолозите велат дека пред нас е период на ...

Пелистер се пласираше во Купот на Македонија, откако славеше против ГРК Охрид со 27-23 на вториот полуфинален натпревар. Битолчани за првиот пехар после 20 години во ова натпреварување ќе се борат против големиот ривал Вардар 1961, мечот се игра утре во СЦ „Билијанини Извори“ со поеток во 17:30 часот. Ракометарите на Пелистер наидоа на силен отпор од страна на ГРК Охрид, некаде после 40-та минута почнаа да градат посериозна предност и да го ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц на 5 јуни во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, најави денеска портпаролот на германската Влада. Портпаролот Стефан Корнелиус наведе дека Мерц и Трамп, помеѓу другото ќе разговараат и за војната во Украина, одговорот на НАТО на растечките надворешни закани, ситуацијата на Блиски Исток и трговскиот спор меѓу САД и Европска Унија. Мерц од 6 мај, кога ја презеде функцијата, со Трамп ...

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали денеска објави вонредно зголемување на минималната плата од 1 октомври оваа година. „Мислам дека тоа е најдобрата и најголемата вест. Ќе има вонредно зголемување на минималната плата од 1 октомври оваа година, а дополнително зголемување на 1 јануари следната година. Од 1 јануари ја зголемуваме минималната плата на 550 евра“, изјави Мали за ТВ Прва.Тој додаде дека оваа година минималната плата е ...

Со фотографии од загинатите чеда во рацете, родителите, семејствотата, пријателите и јавноста, граѓаните на Кочани излегоа на осмиот по ред марш преку кој се упати порака дека се уште се чека правда. Овојпат тие испратија порака: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“, а на протестот освен жители на Кочани, дојдоа и од други градови. Ова е осми по ред марш кој го организираат и велат дека ќе маршираат колку што треба за да добијат ...

Екипата на РК Вардар се пласираше во финалето на македонскиот Куп во ракомет откако во полуфиналето го победи тимот на РК Алкалоид. Мечот во регуларните 60 минути заврши нерешено 28:28 по што следуваше изведување пенали. Во пенал серијата победи екипата на Вардар со 4:3 и така се пласираше во финалето. Екипата на двократниот европски првак ќе го чека противникот од мечот Охрод – Еурофарм Пелистер, а финалето ќе се одигра утре во Охрид каде ...

Само шест часа по најавата дека ќе биде публикувано фототипно издание на култната книга на Рацин „Бели мугри“, по иницијатива и со поддршка на акад. Горан Калоѓера од Риека, Хрватска, половина од тиражот веќе е резервиран!, информираа од „Македоника литера“. Попладнево заврши печатењето на книгата во 400 примероци (колку што бил тиражот на оригиналното издание во 1939 г.), околу 200 примероци веќе се нарачани од пријатели на акад. Калоѓера, од ...

Внуката на Ѓорѓи Колозов, Исидора Хенниг, на 25 и 26 мај 2025, настапи во улогата на Катерина Минола од Скротување на фуријата, комедија од Шекспир на сцената на Театар форум Кројцберг во Берлин како дел од Михаил Чехов Студиото- Берлин. Успехот беше очигледен и награден со многу аплаузи. Традицијата продолжува иако Исидора го играше Шекспир на германски. Инаку Ѓорѓи Колозов е еден од легендарните македонски актери кој има одиграно стотици улоги ...

Со ноќна трка вечерва со почеток во 21 часот ќе започне стартот на деветтото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“. „Стартот на Ноќната трка е пред плажата Куба Либре, трасата е долга 2 км, а финишот е на Кеј Македонија, пред хотел Палас. По завршувањето на трката учесниците ќе уживаат во хуманитарна паста забава и концерт на групата Балканикос. Ги покануваме сите охриѓани и гости да бидат дел од оваа незаборавна ноќ – со спорт, ...

Откако пред две недели откри дека има дијагноза за рак на простата, поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера изјави дека е оптимист за своето закрепнување, пренесува ДПА. -Сите луѓе околу мене се многу оптимисти, изјави Бајден, потврдувајќи дека започнал со лекување и додавајќи дека моментално зема „пилула“, но не даде дополнителни детали за неговото лекување. „Моето очекување е дека ќе можеме да го победиме ова“, рече 82-годишниот ...

Министерството за култура и туризам денеска на својата веб страница го објави Конкурсот за учество на Република Северна Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година во организација на „Венециско биенале” (La Biennale di Venezia). Интернационалната ликовна изложба ќе се одржи на темата „Во молски тоналитети” („In Minor Keys”) зададена од кураторот на изложбата Којо Кух (Koyo ...

Во Градскиот парк во Скопје денеска се одржува настанот „Вдоми Љубов” – фестивал, посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво. Како што најавија организаторите од ЈП „Лајка“, фестивалот има за цел да го привлече вниманието кон важноста на вдомувањето, наместо купување миленичиња, и да ја приближи работата на ова претпријатие до пошироката јавност. Во рамки на програмата се предвидени две интерактивни игри со кучиња и нивните ...

Денес ќе се одржи Третата еко-акција за чистење на Охридското Езеро! Нуркачи, волонтери и љубители на природата повторно се обединија со заедничка цел – зачувување на езерото и неговата природна убавина. ,Ве покануваме да ни се придружите и да дадете свој придонес во чистењето на крајбрежјето и подводниот свет. Настанот е и одлична можност за дружење, размена на искуства и промоција на еколошката свест”, порачуваат од Клубот за подводни ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик во САД од 25 на 50 проценти. „Ќе воведеме зголемување на царините од 25 проценти. Ќе ги зголемиме царините за челик во САД од 25 на 50 проценти, што дополнително ќе ја обезбеди челичната индустрија во САД“, рече тој на митинг во Пенсилванија. Во февруари, Трамп ги зголеми царините за челик и алуминиум на 25 проценти „без исклучоци или ...

Семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по осми пат ќе излезат на протестен марш. „Маршот за ангелите“ ќе започне во 16.05 часот во Паркот на револуцијата, а потоа ќе се движи по веќе утврдената рута односно преку трговскиот центар, Општинската зграда и зградата на полицијата, а ќе завшри пред зградата на Судот и Обвинителството. Семејствата на настраданите ги повикаа и роднините на повредените да се ...

Традиционално, Охрид викендов е домаќин на „Фајнал фор“ турнирот на македонскиот куп во ракомет. Програмата започнува во 17.00 часот со супер интересната пресметка помеѓу РК Алкалоид и РК Вардар, а од 19.30 во второто полуфинале ќе се сретнат домаќините РК Охрид и РК Пелистер Еурофарм. Финалето на купот е закажано за утре, недела, први јуни. Минатата година трофејот го освои РК Алкалоид а најтрофејна е екипата на Вардар со вкупно освоени 16 ...

Финалната серија во Источната конференција на НБА лигата сè уште трае, откако кошаркарите на Њујорк ја совладаа синоќа Индијана со 111-94 на домашен терен во Медисон Сквер Гарден и со тоа го намалија резултатот на 2-3 во серијата до четири победи. Со овој пораз Индијана ја пропушти првата шанса за пласман во големото финале, а втората ќе ја има ноќта меѓу сабота и недела кога шестиот натпревар се игра во Индијанаполис. Њујорк до втората победа ...

Големите поплави, предизвикани од обилни врнежи, кои ја погодија Романија вчера се закануваат да го уништат рудникот за сол Праид, кој се смета за еден од најголемите резервоари на сол во Европа. Станува збор за најлошите поплави во последните 30 години, и поради тоа властите го затворија рудникот во централниот романски округ Харгита, бидејќи надојдениот поток во близина поплави дел од рудникот. Рудникот Праид е омилен меѓу туристите поради ...

Европската Унија и шест нејзини земји членки во Обединетите нации ги депонираа своите инструменти за ратификација на Договорот за заштита на отвореното море, информира Мисијата на ЕУ при ОН. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со ова, покрај ЕУ, кон Договорот се придружија и Кипар, Летонија, Португалија, Словенија, Унгарија и Финска, откако на почетокот на годинава тоа го сторија и Франција и Шпанија. Според европскиот комесар за ...

Англискиот репрезентативец Трент Александар-Арнолд потпиша денеска договор со Реал Мадрид. Александар-Арнолд имаше важечки договор со Ливерпул до крајот на јуни оваа година, но Реал одлучи да ја плати откупната клаузула за да може 26-годишниот дефанзивец веднаш да се приклучи на мадридскиот тим за настап на претстојното Светско клупско првенство. Целата своја кариера Александер – Арнолд ја мина во Ливерпул, дебитирајќи за првиот тим во 2016 ...

Шефот на регионалната воена управа на Запорожје (ОВА) Иван Федоров изјави дека Русите во изминатите 24 часа извршиле 507 напади врз 17 населени места во областа Запорожје, во кои две лица загинале, а пет се ранети, пренесе Укринформ. Харков и Запорожје беа цел на масовен напад на руски беспилотни летала во последните 24 часа, а во нападите загинаа две лица, додека шестмина беа ранети, потврдија денеска украинските власти. Шефот на регионалната ...

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека бројот на случаи на инфекција со коронавирус повторно се зголемува во одредени делови на светот, со појавата на нов вид на вирусот, означен како „NB.1.8.1“, но дека ризикот за јавното здравје во моментов се проценува дека е низок на глобално ниво. Зголемување на бројот на заболени е регистрирано пред се во земјите од Источниот Медитеран, Југоисточна Азија и Западниот Пацифик. Американските ...

Едно или повеќе непознати лица пристапиле до личниот мобилен телефон на шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, и го користеле нејзиниот телефонски именик за да контактираат со високи американски функционери и да се претстават како неа, потврдија извори за CBS News. Некои од примателите препознале дека нешто не е во ред бидејќи повиците и пораките доаѓале од непознат број, а лицето кое се претставило како Вајлс побарало комуникацијата ...

Сулфатите веќе неколку години се претставуваат како нешто што ќе ја уништи косата на секоја жена, додека многумина не знаеле дека всушност се препорачува за одреден тип. Иако често избираме шампони за да постигнеме сјајна и здрава коса, ретко обрнуваме внимание на состојките што ги содржат овие производи. Една од најчестите и најконтроверзните состојки, сулфатите, со години предизвикува дебата меѓу експертите и корисниците. Во Србија се ...

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година. Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Конкурсот за државната награда ќе трае од 1 до 30 јуни 2025 ...

По повод 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, во Домот на културата во населбата Ѓорче Петров во Скопје, на 02.06. (понеделник) во 11 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена „Моите херои” на Јана Иванова (10 години). Ова е трето ликовно претставување на Јана која, изминатиот месец со истата поставка се претстави во Младинскиот центар „Матично” и на Филозофскиот факултет во Скопје. Со своите бравурозни прикази на своите јунаци кои ...

Студентите во блокадата за попладнево во Белград најавија протест наречен „Сакаме избори“. Според објавите на социјалните мрежи, протестот треба да започне во 16 часот и 30 минути. кај поранешната Главна железничка станица, која ќе биде збирно место. Во 17 часот и 15 минути ќе има говор, како и 16 минутен молк за жртвите од падот на новосадската настрешница на 1 ноември минатата година, а потоа ќе се упатат кон Вишото јавно обвинителство на ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
94%
1013
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
83%
1014
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
60%
1016
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.42
97%
1017
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
90%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
85%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
88%
1010
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
100%
1010
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
94%
1019
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.89
81%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
100%
1018
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60009

Currency

1.26054