Во 2025 година, неколку земји-членки на Шенген повторно воведуваат внатрешни гранични контроли поради безбедносни причини, миграција и здравствени закани. Овие мерки се привремени, но значително ќе влијаат врз патувањата низ Европа. Еве ги најважните информации што треба да ги знаете како турист: Шпанија Италија Австрија Словачка Холандија Данска Период: 12 мај – 11 ноември 2025 Норвешка Шведска Франција Германија Бугарија 🇸🇮 Словенија Што ...

Напад со нож се случил во петокот вечерта на Централната железничка станица во Хамбург. Според пишувањето на Билд, најмалку дванаесет лица се повредени, а сојузната полиција уапсила една жена. Нападот се случил на пероните 13/14. Првично се зборуваше за осум повредени, но подоцна полицијата појасни дека три жртви се во критична состојба, уште три се тешко повредени, а шест лица имаат полесни повреди. Според информации од германскиот весник, ...

Соединетите Американски Држави и Иран завршија уште еден круг преговори за иранската нуклеарна програма без напредок. Разговорите во Рим, со посредство на заливската држава Оман, завршија по приближно три часа, објави омандскиот министер за надворешни работи Бадр ал-Бусаиди во петокот на социјалната мрежа X. „Петтиот круг на преговори меѓу Иран и САД денес заврши во Рим со одреден, но не и конечен напредок“, напиша ал-Бусаиди. „Се надеваме дека ...

„Одамна му велев на Тим Кук од „Епл“ дека очекувам „Ајфоните“ што се продаваат во САД да бидат произведени и склопени токму во САД, а не во Индија и на други места. Ако тоа не е случај, „Епл“ треба да плати царини од најмалку 25% во САД“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми „Трут Сошнал“. Доколку оваа закана се оствари, тоа би можело значително да ја зголеми цената на iPhone, а потенцијално да влијае и врз продажбата и ...

Во Албанија продолжува трендот на раст на туристи, чиј број во првите четири месеци од годинава достигна 2.45 милиони. Премиерот Еди Рама ги сподели бројките во објава на Фејсбук, истакнувајќи дека 820 илјади странски посетители уживале во Албанија само во текот на април. „Во Албанија, во текот на месец април уживале 820 илјади странски посетители, зголемувајќи ја нивната вкупна бројка на 2,45 милиони во првите 4 месеци од 2025 година. Овој раст ...

Безбедноста околу местата за богослужба во Вашингтон е зголемена по смртоносниот напад во близина на Еврејскиот музеј, додека во тек се подготовките во еврејската заедница во главниот град на САД за прослава на Шабат, соопшти полицијата. Во Вашингтон, „ќе видите зголемено присуство на полицајци, ќе не најдете околу нашите религиозни организации, ќе видите зголемено присуство околу нашите училишта и места како што е Еврејскиот заеднички центар“, ...

Министерството за финансии на САД донесе одлука да запре со изработка на монетите од еден цент, објави весникот „Волстрит џурнал“. Паричка, што во САД се нарекува и пени, е во употреба 232 години односно од 1793 година. Одлуката се очекува да стапи во сила на почетокот на 2026 година и е донесена поради високите трошоци за производство. Изработката на еден цент чини околу четири центи. Загубата на годишно ниво изнесува приближно 56 милиони ...

Русија и Украина реализираа најголема размена на затвореници од почетокот на руската инвазија, во која учествуваа стотици војници и цивили, а размената ќе продолжи и во текот на викендот, соопштија денеска официјални лица од двете земји. „Ги враќаме нашите луѓе дома“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм и додаде: „Првиот дел од договорот за размена на 1.000 за 1.000 е имплементиран“. Зеленски рече дека од секоја страна ...

По шестгодишна пауза, американскиот производител на спортска опрема „Најк“ повторно ќе започне со продажба на производи директно на платформата на „Амазон“. Компанијата, исто така, ќе ги зголеми цените на повеќето свои патики и друга облека почнувајќи од 1 јуни, по неодамнешното воведување на високи американски царини, јавија американските медиуми. Облеката и обувките за возрасни со цена над 100 долари ќе поскапат од 2 до 10 долари, додека ...

Универзитетот Харвард денеска поднесе тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради забраната за запишување на странски студенти. Во тужбата поднесена до федералниот суд во Бостон, Универзитетот наведе дека со владината одлука се крши Првиот амандман и ќе има „непосредни и катастрофални последици за Харвард и повеќе од 7.000 странски студенти од дури 100 земји. Исто така се посочува дека Владата „со пенкало би ...

Обединетите Арапски Емирати објавија дека денеска регистрирале рекордна мајска температура од 50,4 степени Целзиусови, што не е забележано во изминатите две децении во таа земја. „Највисоката температура регистрирана во земјата денеска е 50,4 степени Целзиусови во Ал Шавамех“ во емиратот Абу Даби, објави Националниот центар за метеорологија на социјалната мрежа „Х“. „Ова е највисоката температура некогаш забележана (во мај) откако започнаа ...

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, е позната по својот елегантен стил и беспрекорниот изглед на јавни настани. Сепак, често ја гледаме во поопуштени изданија, без шминка, што дополнително ја истакнува нејзината природна убавина. Природна убавина во секојдневните ситуации Пред да стане член на кралското семејство, Кејт често беше видена без шминка за време на нејзините секојдневни активности. На пример, додека студирал на Универзитетот во Сент ...

Препорака за самоизолација и здравствен надзор за двете заболени лица од мајмунски сипаници препорача Комисијата за заразни болести. Оттаму информираа дека дополнително се следи состојбата на лицата кои биле во близок контакт со заболените и доколку тие пројават симптоми ќе бидат тестирани во Институтот за јавно здравје. „Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат хигиенските мерки за лична заштита од заразни заболувања, а во случај на ...

Безбедноста и приватноста се прв приоритет на сите и ние најмногу се грижиме за тоа. За да ви олесниме, барем во еден сегмент, ви откриваме тајни кодови кои ќе ви помогнат да ги отстраните или потврдите сомнежите за приватноста на вашите повици. За да дознаете дали вашите повици и пораки се пренасочени, бирајте *#21#. Статусот на секоја информација ќе се прикаже на екранот. Ако статусот вели „Препратено“, тоа значи дека вашиот телефон се следи. ...

Утре, (24.05.2025), со почеток во 12:00 во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарна изложба под мото „Биди суперхерој за животните“. Посетителите на оваа изложба ќе имаат можност да ги видат уметничките дела кои студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија од АУЕ- Фон ги сликаа на лице место во скопската зоолошка, инспирирани од животните и природата. Секој посетител ќе може со одредена донација да стане сопственик на едно од уметничките дела на ...

Нашата европска шампионка, Даниела Алексовска, на 4 јули ќе влезе во кафезот за својата прва полупрофесионална борба на престижниот настан ARMMADA 13 во Бачка Паланка, Србија. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг против Ева Круз од Ирска. Оваа борба ја означува првата појава на Даниела во кафезот по освојувањето на златниот медал на Европското првенство, и со овој настап, Даниела станува првата Македонка која стигнала до ова ниво во ...

Во чест на празникот, денес во повеќе градови се организираат настани: културно-уметнички програми, изложби, промоции на книги на влашки јазик, настапи на фолклорни ансамбли и јавни трибини посветени на прашањата со кои се соочува влашката заедница. Власите се автохтона етничка заедница со длабоки корени на Балканот, препознатлива по својот романски дијалект, традиционалната облека, занаетчиството и сточарството. Во Северна Македонија, влашката ...

Патниците на главната железничка станица Термини во Рим се соочуваат со откажување на возови или доцнење од дури 90 минути, пренесува агенцијата Анса. Штрајкот ќе трае до полноќ. Според достапните информации, патниците се информирани дека многу возови ќе имаат задоцнување и ќе се менува возниот ред. Штрајкот се однесува на персоналот кој работи во возењето, како и на работниците задолжени за сообраќајот и оперативните железнички услуги, додека ...

Проектот предизвикал незадоволство кај дел од јавноста. Граѓаните собрани во неформалната иницијатива Za Komanje Brdo, повеќе пати предупредуваат на недостаток на транспарентност и неусогласеност на проектот со законите за заштита на животната средина. Тврдат дека процесот на издавање на дозволи бил нетранспарентен и дека локалната заедница не била адекватно вклучена во донесувањето на одлуки кои директно влијаат на просторот и квалитетот на ...

Според договорот, Обединетото Кралство ќе ја изнајмува базата 99 години, со можност за продолжување на договорот уште 40 години. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека оваа база претставува „еден од најзначајните придонеси за безбедносната соработка со САД“ и дека договорот е во национален интерес. Историски контекст: Островите беа одвоени од Маурициус во 1965 година, додека земјата сè уште беше британска колонија. Тогаш Велика Британија ...

Преку протестот се бара укинување на владината уредба „5/35“ со која се менува структурата на работа на факултетите, распуштање на работната група за изработка на нов закон за високо образование, откажување од комерцијализација и ваучеризација на образованието, како и распишување вонредни парламентарни избори. „Поради иднината на Србија, мора заедно да го одбраниме јавното високо образование и автономијата на универзитетот. Единствениот начин ...

Особено погодени се провинциите Басра и Мисан, додека во Ди Кар температурите достигнаа 48 степени. Ваквите екстремни услови веќе имаат трагични последици – двајца кадети од воена академија во покраината Ди Кар починале од дехидрација, а деветмина се хоспитализирани поради исцрпеност и изложеност на сонце. Владата го оцени случајот како „злоупотреба“ и најави истрага. Премиерот Мохамед Шија ел Судани наложи формирање истражна комисија и го ...

Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик, соопшти дека камионите пренесуваат храна, брашно, лекови и други критични залихи. Но, предупреди дека количините се недоволни за да ги покријат потребите на 2,1 милион жители на Газа. Критичен недостиг на основни залихи Дижарик истакна дека многу основни артикли – како свежа храна, средства за хигиена, вода за пиење и гориво за болниците – не смеат да влезат во Газа повеќе од 80 дена поради блокадата од ...

„Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на три независни извори, прв ја објави веста, наведувајќи дека одлуката е резултат на тековна комуникација меѓу администрацијата на Трамп и универзитетот, во врска со „законитоста на барањата за обемна документација“. Барањето за увид во евиденцијата е дел од поширока истрага на Министерството за внатрешна безбедност, која се однесува на притисоците врз федералните службеници кои, според наводите, се заканувале ...

Главната порака во Декларацијата до новинарите во регионот е дека ВИ треба да служи како алатка што ги поддржува новинарите и редакциите, но никогаш како замена за човечката проценка, професионалниот суд или уредничката одговорност. Нацрт- декларацијата за етичка употреба на ВИ во медиумите, како што информираат од СЕММ, ја зацртала професорката по стратешки комуникации, Марина Тунева, додека учесниците на регионалниот состанок, низ дводневната ...

Од вчера напладне до денеска, во четири одвоени случаи во близина на грчките остров Гавдос и Крит биле откриени и спасени вкупно 228 мигранти, кои се пренесувале со пет чамци, јави дописничката на МИА од Атина. Три од случаите се во морскиот дел јужно од Крит, а едниот е југозападно од малиот остров Гавдос. Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека во текот на денешниот ден, силите на Фронтекс откриле и спасиле вкупно 78 лица во два чамци ...

Делегација од професори од неколку универзитети утре ќе поднесе академска петиција (со сите потписи) за распишување вонредни парламентарни избори“, објави Академскиот пленум. Како што е наведено во соопштението, петицијата ќе биде доставена до Владата на Србија в петок во 14:00 часот, а до Претседателството во 14:30 часот. „Оваа петиција ја покрена Академскиот пленум, а ја потпишаа повеќе од 1.500 професори, соработници и истражувачи од ...

Во голема операција на француската полиција е разбиена педофилска мрежа. Од понеделникот до денеска уапсени се 55 мажи. Уапсените на возраст од 25 до 75 години, меѓу кои и еден свештеник, дедо, болничар, „добри татковци“, професор по музика и мажи самци разменувале пораки на Телеграм и биле во Контакт со „исклучително опасни“ педофили кои се во затвор од минатото лето, изјави раководителот на операциите во Канцеларијата за малолетници (ОФМИН), ...

Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ нема да остане во Реал Мадрид следната сезона. Како што пишува „COPE“, Модриќ не добил понуда од „Кралскиот клуб“ за продолжување на договорот. Се очекува 39-годишниот Модриќ да се прости од навивачите на домашниот натпревар од 38. коло на Ла Лига против Реал Сосиедад на 24 мај. Последните настапи Хрватот ќе игра за Реал Мадрид на Светското клупско првенство 2025 година во САД. Според „COPE“ идниот тренер на ...

Владата на Хрватска денеска одлучи да обезбеди дополнителна итна хуманитарна помош за УНИЦЕФ и другите цивили во Појасот Газа во висина од еден милион евра. УНИЦЕФ обезбедува суштинска поддршка во форма на здравствена заштита на терен, вклучувајќи мобилни клиники кои помагаат во лекувањето на неисхранетоста, психосоцијална поддршка, вода и санитарии, заштита на децата од насилство и експлоатација и парична помош за најранливите семејства. Според ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
94%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
88%
1014
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
83%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
60%
1017
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.88
91%
1017
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
5.66
78%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
67%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
100%
1011
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
5.81
94%
1019
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
0.89
92%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
82%
1019
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60009

Currency

1.26054