Според Киев, руската војска вчера вечерта со дрон погодила електрична инсталација во комплексот на Чернобил, по што електраната била без струја неколку часа. Официјалните лица потврдија дека инцидентот не довел до зголемување на нивото на радијација на местото каде што се случила една од најтешките нуклеарни катастрофи во светот, 1986 година. „Напојувањето со струја е обновено и локацијата работи нормално“, потврди администрацијата на зоната ...

Во рамки на протестите, се планирани околу 250 митинзи и маршеви низ целата земја, на кои се очекува да присуствуваат од 300.000 до 350.000 луѓе, вклучувајќи од 20.000 до 40.000 во Париз, според податоците на властите. Првиот бран на овие протести беше организиран на 18 септември, кога се проценува дека на улиците излегле од 500.000 до повеќе од милион луѓе. Протестите се насочени против буџетските мерки предложени од поранешниот премиер ...

Русија и Украина разменија воени заробеници според формулата 185 за 185, објави денеска руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека покрај 185 заробени украински војници, Русија ослободила и 20 цивили, јавија руските медиуми. „Во согласност со руско-украинските договори постигнати на 23 јули во Истанбул, 185 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев. Во замена, беа префрлени 185 воени ...

Повеќе од 16.000 луѓе се убиени во вооружено насилство од 2022 година на Хаити, карипска земја опустошена од напади на банди, соопштија денеска ОН и предупредија дека без меѓународна поддршка „најлошото можеби допрва доаѓа“. Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, на седницата на Советот за човекови права на ОН во Женева изјави дека е „длабоко вознемирувачки“ што, од друга страна, таканаречените групи за самоодбрана и масите ...

Во Манчестер, Велика Британија, се случи напад врз верници во синагога. Најмалку две лица се убиени, а тројца се тешко ранети. Нападот врз синагогата во Манчестер, се случи на најголемиот еврејски празник Јом Кипур, а полицијата се сомнева дека на неговото тело, кое сè уште лежи пред синагогата, биле скриени експлозиви. Камион од одделот за заштита од експлозии пристигнал на местото на настанот. Напаѓачот се забил со автомобил во луѓето и ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека следните мерки за поддршка на Украина мора да бидат насочени кон зајакнување на воздушната одбрана, борба против беспилотни летала, снабдување со ракети со долг дострел и зголемување на притисокот врз руските извори на финансирање на војната. На панел-дискусија на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген, Макрон оцени дека Москва „очигледно не ја постигнува својата главна ...

Филмот „Сите го викаат Реџо“, во режија на Ибер Деари, ја освои наградата за Најдобра режија на престижниот Tirana International Film Festival. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм и беше дел од натпреварувачката програма во категоријата Perspective. Жирито ја оцени режијата како најдобра со следното образложение: „Во уметноста на филмот, режисерот мајсторски ги обединува креаторите и гледачите, водејќи ансамбл актери за да создадат ...

Во изложбениот салон на Младинскиот културен центар (МКЦ) од денеска до 10 октомври че биде поставена самостојната изложба „Откривање и ритам“ на мултимедијален уметник Мартин Џепароски. Изложбата е замислена како поетска видео-инсталација што се состои од две интерповрзани видеа – „Откривање“ и „Ритам“ – и истовремено како просторна инсталација, која преку визуелно прикажување и дијалог со просторот нуди едно уникатно сензорно доживување. – ...

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ од денеска започнува со нови протести кои ќе се одржуваат секојдневно во терминот од 15 до 18 часот, со блокада на мостот „Близнак“. Од иницијативата велат дека на ваков чекор се одлучиле поради, како што наведуваат, игнорантскиот однос на институциите кон нивните барања. Според најавите, протестите ќе се интензивираат сѐ додека надлежните органи не излезат со конкретни решенија во врска со ...

Флотилата, која вклучуваше околу 500 активисти и хуманитарни залихи, беше блокирана од страна на израелските сили, а на бродот се наоѓаше и шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со актерот Лијам Канингем и европратеничката Рима Хасан. Покрај блокадата, флотилата продолжува да се движи кон својата цел, според информации од веб-страницата Flotilla Tracker. Оваа акција ја разбуди меѓународната заедница и предизвика масовни ...

Според официјалните информации, 59 лица сè уште се водат како исчезнати, додека петмина се потврдени како загинати. Зградата се урнала во понеделникот попладне, во момент кога стотици ученици, главно момчиња, учествувале на молитва во салата на училишниот интернат. До вчера беа извлечени пет преживеани и две тела, од урнатините во објектот кој се наоѓа на околу 30 километри од градот Сурабаја, на источниот дел од островот Јава. М. ...

Инцидентот се случил во 21:58 по локално време (3:58 по средноевропско време) кога еден авион слетал, а другиот се подготвувал да тргне. Како што пренесува аеродромската управа, едно лице било пренесено во болница поради повреди кои не се опасни по живот. Во соопштението се додава дека член на екипажот во еден од авионите исто така бил повреден, но не сериозно. Иако аеродромот, кој е еден од најфреквентните во САД, не беше затворен поради ...

Американската вселенска агенција НАСА денеска испрати околу 15.000 од вкупно 18.218 цивилни службеници на неисплатено отсуство и ја суспендира повеќето свои активности, откако федералната влада на САД официјално се затвори поради неусвојување на буџетот во Конгресот. Според планот за континуитет на работењето на НАСА, агенцијата ќе го исклучи целиот систем што не е критичен, ќе ги обезбеди објектите и ќе издаде формални решенија за ...

„Овде можете да видите како (Израел) пресретнува еден од нашите бродови,“ изјави европратеничката Рима Хасан од Франција, која се наоѓа на едно од пловилата, во видео-објава на социјалните мрежи. На директен пренос преку официјалниот канал на флотилата, членовите на екипажите на повеќе бродови беа снимени со елеци за спасување, седнати во круг и чекајќи го пресретнувањето. Флотилата брои над 50 пловила и исплови во август. На нив се наоѓаат ...

Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорскиот диригент проф. Летка Димовска-Полизова и продуцентот промотор на македонската уметност Иво Јанкоски се добитници на државната награда „11 Октомври“ за највисокото признание за животно дело во 2025 година во областа на науката, уметноста. Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ денеска ја соопшти одлуката за доделување на највисокото признание за животно дело во 2025 година во областа на ...

Најмалку 36 лица загинаа денеска кога се урна црква во изградба во регионот Амхара, во Етиопија, соопштија локалните власти. Американските медиуми пренесуваат дека трагичниот настан се случил рано утринава во црквата Мењар Шенкора Арерти Маријам во Амхара, во северна Етиопија, додека верниците се собирале на годишен настан посветен на прославата на Света Марија. Државните медиуми во Етиопија денеска пренесуват дека импровизирано скеле ...

Утринава делумно се урна облакодер во њујоршкиот округ Бронкс, а првичните информации за причините за колапсот укажуваат на експлозија на гас, објави локалниот сајт fox10phoenix.com. Инцидентот се случил утринава кратко по 8 часот, во станбениот комплекс Мичел Хаус на Александар Авенју број 205. Станува збор за 20-катна зграда во која, според противпожарната служба (FDNY), се урнало окното за палење на отпадот, што се протега по целата ...

САД ветија дека ќе обезбедат безбедносни гаранции за сојузникот Катар, на чија територија во текот на минатиот месец Израел изврши воздушни напади, се наведува во претседателскиот декрет објавен од Белата куќа. „Политиката на САД е да ја гарантира безбедноста и територијалниот интегритет на Државата Катар од каков било надворешен напад“, се наведува во декретот потпишан пред два дена од американскиот претседател Доналд Трамп. Израел на 9 ...

Фредериксен ги повика сите земји-членки на единство, истакнувајќи дека секоја европска држава е погодена од „руската хибридна војна“ – преку дронови или саботажа. „Еден ден е Полска, друг ден Данска, а следната недела можеби ќе видиме саботажа или дронови на друго место,“ рече премиерката. Францускиот претседател Емануел Макрон, кој изрази солидарност со Данска поради последните инциденти со дронови, повика на воздржаност: „Мораме да бидеме ...

Најмалку девет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во украинскиот крајбрежен град Одеса по бури и поплави, соопштија денес локалните власти. Во текот на ноќта, спасувачите евакуираа луѓе и ги санираа последиците од обилните дождови во Одеса и околината. За само половина ден, во регионот на Одеса наврнаа врнежи од дожд колку што паѓаат речиси еден месец. Меѓу жртвите се шест жени и осумгодишно дете За време на пребарувањето и спасувањето, ...

Организаторите испратија итно предупредување и повикаа на меѓународно внимание, додека низ светот активисти подготвуваат масовни мобилизации во знак на солидарност. Тие побараа безбеден премин за флотата. Флотата, натоварена со хуманитарна помош и меѓународни активисти, е дел од пошироките напори да се пробие долгогодишната израелска блокада, која сериозно ги влоши животните услови на населението во Газа. Израелскиот јавен сервис KAN објави ...

Отворањето ќе се одржи во галеријата „Руди“ (ул. Теодосиј Гологанов бр. 2, агол со бул. Климент Охридски), на 1 октомври (среда), со почеток во 19 часот, каде што публиката ќе има можност да ужива во уникатна поставка на цртежи создадени како инспирација од литературното читање што се одржа во јули годинава под истиот наслов. Изложбата обединува дела на пет талентирани македонски уметници – Дијана Томиќ, Јана Јакимовска, Петар Петков, ...

По релативно стабилен почеток на неделата, Скопје се соочува со нагла промена на времето. Од четврток навечер се очекува силен дожд, а петок ќе биде најстудениот ден досега оваа есен. Од викендот следува стабилизирање на временската состојба и бавно покачување на температурите. Во текот на денешниот ден ќе има променлива облачност со умерени температури околу 18 степени. Но веќе утре навечер во главниот град ќе пристигне студен фронт кој ќе ...

Минхен денеска беше потресен од експлозии и пукање во северниот дел на градот. Според првичните информации, најмалку едно лице загина, а друго е повредено. Полицијата интервенираше со голем број сили, улиците беа затворени, но подоцна беше соопштено дека нема понатамошна закана за јавноста. Инцидентот се случил во утринските часови во близина на Lerchenauer Straße, каде жителите пријавиле силни експлозии и истрели. Полицијата веднаш ја ...

„Се надевам дека Хамас ќе го прифати во предвидениот рок. Во планот има многу интересни елементи,“ изјави папата за италијанските новинари при заминување од летната резиденција во Кастел Гандолфо. Тој додаде дека е од суштинско значење да дојде до прекин на огнот и ослободување на заложниците. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска соопшти дека Хамас има три до четири дена да одговори на предлогот од 20 точки, ...

:Копенхаген денес и утре е центарот на европската дипломатија. На агендата на лидерите на ЕУ и нивните партнери се наоѓаат долгорочната поддршка за Украина, засилувањето на европската одбрана и справувањето со хибридните закани. Предлозите за „дрон ѕид“ и користење на замрзнатите руски средства само ја потврдуваат сериозноста на состојбата.Текст:Европската унија сака да испрати сигнал дека поддршката за Киев е стабилна и предвидлива, ...

„Ситуацијата е критична и вонредна. Поради руското гранатирање, електраната е исклучена од системот и се напојува само преку дизел-генератори, кои не се предвидени за ваков долг период на работа. Еден генератор веќе откажа“, изјави Зеленски во своето обраќање. Тој предупреди дека Русија намерно го спречува поправувањето на далеководите и ја загрозува основната безбедност на целиот свет. „Ниту еден друг терорист не се осмелил да направи на ...

Змјотрес со јачина 6,9 степени според Рихтер го погоди централниот дел на Филипините, особено провинцијата Себу, предизвикувајќи урнување згради, прекини на електричната енергија и сериозни штети на инфраструктурата. Според официјални извори, бројот на загинати се искачи на 69 лица, а повеќе од 150 се повредени. Притоа, најтешко погоден е градот Бого, кој се наоѓа близу епицентарот, каде што болниците се пренатрупани и кога спасиоците копаат ...

САД испратија опрема за борба против дронови во Данска за европските самити на 1 и 2 октомври, соопшти денеска данското Министерство за одбрана, приклучувајќи се на бројните европски земји кои понудија поддршка откако дронови беа забележани над земјата. – Задоволни сме и благодарни што и САД ја поддржуваат Данска со капацитети за борба против дронови во контекст на претстојниот самит, објави Министерството на Х. Последните извештаи за дронови ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави предлогот на Трамп за мир во Газа, соопшти неговиот портпарол. Портпаролот во изјава го цитира Гутереш кој вели дека „сега е клучно сите страни да се обврзат на договорот и негова имплементација“. Шефот на ОН повторно повика на „итен и траен прекин на огнот, неограничен хуманитарен пристап низ цела Газа и веднаш и безусловно ослободување на сите заложници“. „Обединетите ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.89
51%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
2.68
65%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.67
90%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.74
58%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.91
44%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.78
84%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
42%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.42
49%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.36
47%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
4.92
59%
1017
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
0.89
46%
1014
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.67
100%
1016
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.2733

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Платина

52309.26

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Злато

130535.25

Сребро

1891.04

Калај

52.95

Бакар

12.79

Алуминиум

3.18

Иридиум

247560.75

Паладиум

41378.01

Родиум

260421.05