Портпаролот на Европската служба за надворешни работи, Ануар ел Ануни, изјави дека „не постои воено решение за овој конфликт“ и дека е време да се стави крај на „циклусот на насилство, смрт и разурнување“. Повикувајќи на воздржаност, Европската комисија испрати јасна порака дека сите страни мора да го продолжат почитувањето на примирјето постигнато претходно овој месец. Потпретседателката на Комисијата и шпанска комесарка за конкурентност, ...

Брисел, 29 октомври 2025 (МИА) - Европската Унија внимателно ги следи последните настани во Газа и го повторува својот апел до сите страни да продолжат да го почитуваат прекинот на огнот, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Ануар Ел Ануни. - Ги повикуваме сите страни целосно да се посветат на спроведување на секоја фаза од планот за прекин на огнот во Газа и да се воздржат од каква било активност што би можела да го загрози ...

„Генералниот секретар силно ги осудува смртните случаи предизвикани од израелските напади врз цивили во Газа, вклучително и многу деца. Тој осудува сите активности што го поткопуваат примирјето и ја загрозуваат безбедноста на цивилното население,“ изјави портпаролот на ОН, Стефан Дујарик. Гутереш ги повика сите страни во конфликтот да ги почитуваат своите обврски и да се воздржат од „секоја акција што може да ги загрози цивилите или да ја ...

Примирјето во Газа е обновено, објавија израелските власти. Прекинот на огнот помина уште еден тест откако десетици Палестинци загинаа во серијата воздушни напади кои беа одговор на нападот од Хамас врз израелски војници на југот од енклавата. „Тие убија еден израелски војник и Израелците возвратија, и треба да возвратат. Кога тоа ќе се случи, треба да возвратат. Имаат право да го сторат тоа, ништо нема да го загрози договорот за прекин на ...