Како коалиција која потекнува од народот, нема да ги оставиме граѓаните сами во овој бојкот од мака. „Вреди“ ја разбира потребата на граѓаните да го извршат овој бојкот, велат од коалицијата. „Дека преку ова се алармираат профитерите на сметка на народот дека не можат да постават цени надвор од секоја економска логика. Ја разбираме нашата тежина и одговорност како коалиција, дека сме дел од владата и имаме институционални одговорности. Но, пред ...

Филипче и СДС направија хаос на Онкологија, ги оставија пациентите без терапија, без лекови, во агонија и недостаток на медицински кадар, профитирале на здравјето на македонските граѓани, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче треба да знае дека нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС. Филипче и СДС креирале криминални шеми на Онкологија од кои ...

Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, изјави државниот секретар Марко Рубио во вчерашното интервју, додавајќи дека стекнувањето на Гренланд е во национален интерес на САД и дека ова прашање треба да се реши. Трамп изрази интерес Гренланд, автономна територија на Данска, да стане дел од САД по неговиот реизбор во ноември. Рубио изјави за шоуто Мегин Кели на Sirius XM дека Трамп сака да го купи ...

ВМРО-ДПМНЕ изразува најдлабока жалост за трагичната сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, поради која животот го загуби младата Фросина Кулакова. Воедно, владејачката партија бара најостра санкција за возачот од страна на Јавното обвинителство и судот. „Наместо декларативни казни, потребни се суштински мерки кои ќе делуваат превентивно за секој што ќе се осмели да управува моторно возило без возачка дозвола, во алкохолизирана ...

Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на улицата Партизански одреди. Од тука велат дека дека барале продолжување на мерката притвор за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, но судот донел пресуда со кој на обвинетиот му била изречена заводска мерка – упатување во воспитно -поправен дом Тетово, ...

Со доделување на признанија од Светската царинска организација до царински службеници за особени заслуги во зголемувањето на ефективноста на управата во наплатата на приходи, олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот денеска во Царинската управа беше одбележан Меѓународниот ден на Царината. „Со гордост да кажам дека во изминатиот период постигнавме многу при што преземавме конкретни дејствија за олеснување на трговијата, ...

Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон, откако авион се урна во воен хеликоптер, објави NBC News, повикувајќи се на локални телевизиски станици. Нуркачите пронајдоа и една од двете црни кутии на авионот. Хеликоптерот е свртен наопаку, но се чини дека е главно недопрен. Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да ...

„ЈСП имаше пракса дури и директорот и стручните служби на ЈСП, дури лично директорот учествуваше кога се правеа возни редови и менување на возни редови и линии. Доаѓам од локална самоуправа каде баш тоа сум го работел и сме седнувале со Јанушев кога беше директор на ЈСП и до детали со сите месни заедници сме се собирале со луѓе и сме правеле менување на возни редови по потребите на граѓаните“, истакна советникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Бојковски на ...

Патниците од кобниот лет на Американ Ерлајнс, кои требаше да слетаат на аеродромот Роналд Реган Вашингтон, на терминалот ги чекаа нивните семејства и пријатели. Седум минути пред 21 часот по време на Вашингтон, се случи катастрофа на небото, недалеку од националниот аеродром. Американски патнички авион се судри со Black Hawk, во кој се наоѓаа тројца војници, непосредно пред слетувањето. Преполовен се урна во реката. Во него имало 60 патници и ...

Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање. -Тоа е уште една скандалозна изјава на Трајко Славевски. Срамна, дрска и потценувачка е било каква закана за граѓаните да не бараат поголеми плати. Се лаже ДПМНЕ ако мисли дека може некого да замолчи. Граѓаните имаат мака да обезбедат основни потреби за секојдневниот живот и со ...

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката од ВМРО-ДПМНЕ Анета Марковска Илиевска ја искористи присутноста на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и побара одговор од неа и службите за активностите за мега паркот. Марковска Илиевска продолжи и додаде: „Во однос на уредувањето партерно и озеленување на просторот помеѓу реката Вардар, Булевар Илинден, Никола Парапунов и улица Љубљанска во Општина Карпош во минатото ...

Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека во правосудството се потребни подлабоки реформи но дека треба да се внимава. „На сите граѓани им е јасно дека реформи во правосудството ни се потребни и тоа подлабоки, но, да внимаваме тие да бидат содржајни и реформи кои одат кон подобро. Затоа што неколку пати сме пробале, така избрзувајќи и не сме донеле решенија кои се одржливи и долгорочни. Овој пат сакаме да внимаваме и пристапот е поинаков“, ...

Лидерката на француската десница Марин Ле Пен денеска изјави дека Франција треба да примени цврст пристап кон земјите кои одбиваат да примат депортирани, наведувајќи го како пример американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот притисок врз Колумбија да прифати депортации. Ле Пен посочи дека Франција треба да преземе слични мерки кон Алжир, како што направи Трамп кон Колумбија, пренесе Ројтерс. Во интервју за француската телевизија, таа рече ...

Ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и јас како советник кој доаѓа од таа општина ќе ја поддржиме оваа одлука за изменување на одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Сарај, за изградба на пумпа-станица и смена на цевководи и изградба на резервоар во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарци, Семеништа и останатите“, вели Мартин Стојановски, советник од советничката ...

Поранешната советска лизгачка и бронзена медалистка во парови Ина Волјанскаја била во патничкиот авион кој се урна по судир со хеликоптер во Вашингтон, изјави извор за руските медиуми. Ина Волјанскаја, поранешна лизгачка која се натпреваруваше за Советскиот Сојуз, беше тренер во Клубот за лизгање во Вашингтон. Волјанскаја е дел од стручниот штаб на тимот на Ашбурн Ајс Хаус од Вирџинија, кој се натпреваруваше на првенството на САД што се одржа во ...

„Создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ во соопштението е единствено во главата на Ахмети и бегалецот Артан Груби. Има ли поголема зона без Aлбанци кojа ДУИ и Ахмети ја направија по нивното над 20 годишно владеење каде избркаа десетици и стотици илјади луѓе надвор од државата по потрага по подобар стандард“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „И ова нивно соопштение е уште една лага и манипулација затоа што во владиниот тим советници ...

Дупката што проголта камион на раскрсница во близина на Токио продолжи да се шири и се спои со друга дупка што се формираше во близина, а спасувачките екипи сè уште работат на спасување на возачот, кој е заробен веќе трет ден. Дупката, која се формираше во вторникот во Јаши, префектурата Саитама, сега е широка околу 20 метри, објави Кјодо. Локалните пожарникари размислуваат за употреба на тешка механизација за отстранување на нечистотијата и ...

„Да разговараме какви мерки и активности се преземени од страна на владата и на другите надлежни институции. Заради тоа што ова е една од основните функции на Собранието, да преку вакви деловнички и законски инструменти, успееме да седнеме сите на една маса и пред граѓаните да ги отвориме сите прашања. Оваа иницијатива ја покренавме заедно со пратениците на Левица. Сметаме дека борбата против загадениот воздух може да ги обедини сите пратеници ...

Она на што се обврзавме вчера, работиме и денес. Предизборната кампања во годината што ја оставивме зад нас, ја изработивме нашата политичка програма, со која се натпреварувавме и победивме. Важен дел од таа програма е патот Тетово-Призрен, како еден од нашите приоритетни проекти. Денеска со гордост соопштуваме дека работите за овој проект продолжуваат добро, велат од коалицијата „Вреди“. „Владата на „Вреди“ ја започнува 2025 година со конкретни ...

„Советот на Општина Аеродром одлучи да не го зголеми износот на еднократната парична помош за новороденче на својата последна седница која се одржа неделава“, велат од СДСМ. „Додека некои општини донесоа одлуки за зголемување на помошта за новороденче и до 100 проценти, помошта за новороденче во Аеродром останува во непроменет износ од 8.000 денари цели 7 години. – Коневски ја воведе, Марин ја зголеми, само Муцунски и Митески излажаа дека ќе ја ...

Кремљ ја коментираше несреќата откако медиумите објавија дека во авионот имало двајца руски лизгачи. „Денеска се лоши вестите од Вашингтон. Жалиме и изразуваме сочувство до семејствата и пријателите на нашите сограѓани кои загинаа во оваа авионска несреќа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Руските уметнички лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на Американ ерлајнс кој се урна во близина на националниот ...

Во пожар што избувна во студентски дом во Љубљана во раните утрински часови се повредени 11 лица, од кои тројца се тешко повредени. Според првичните информации, пожарот избувнал во една од собите на првиот кат од студентскиот дом на улицата Пољанска, од каде брзо се проширил низ целата зграда. Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а сите лица од овој објект (363) биле евакуирани. Според известувањето на Радио телевизија Словенија, ...

Палестинската група Хамас денеска ослободи уште една жена, израелски војник во Газа според договорот за прекин на огнот со Израел, јавува Анадолија. Агам Бергер беше предадена на претставници на Меѓународниот Црвен крст во областа Ал-Раза, во бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа. Agam is home pic.twitter.com/SvtkB7hjl5 — Israel Defense Forces (@IDF) January 30, 2025 Израелската армија потврди дека ја презела Бергер од Црвениот ...

Студенти од блокираните белградски факултети денеска ќе тргнат на прошетка од Белград до Нови Сад со цел да им дадат поддршка на колегите од Нови Сад во блокирањето на сите три моста во тој град, по повод три месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица. Бранот студентски протести со барање одговорност за уривањето на настрешница на 1 ноември во Нови Сад, при што тешко беа повредени две лица, постојано се ...

Според извештајот од САД, службите за итни случаи извлекле најмалку 18 тела. Цитирајќи полициски функционер, Си-Би-Ес Њуз додаде дека сè уште не се пронајдени преживеани. Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека синоќешниот настан е „апсолутно трагичен“. Latest below. Absolutely tragic. Search and rescue efforts still ongoing. Prayers for all impacted souls, and their families. Investigation launched immediately by Army & ...

Палестинската канцеларија поврзана со Хамас објави список од 110 палестински затвореници кои Израел треба да ги ослободи како дел од договорот за прекин на огнот и размена на затвореници во Газа. На списокот се наоѓаат имињата на 32 затвореници кои отслужуваат доживотна казна, 48 затвореници кои издржуваат долгорочни казни и 30 малолетни лица. Истиот извор пренесува дека 17 палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна и тројца ...

Израелските сили, кои зазедоа стратешка позиција во јужна Сирија по падот на Башар ал Асад, ќе останат на врвот на планината Хермон на неодредено време, изјави во вторник министерот за одбрана Израел Кац по посетата на војниците во областа, пишува Ројтерс. Кац нагласи дека Израел нема да дозволи „непријателските сили“ да се зацврстат во јужна Сирија. Планината Хермон, масивен планински венец покриен со снег што се протега по сириско-либанската ...

Конзервативниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц од германските демохристијани (ЦДУ) го потврди своето одбивање да соработува со екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и покрај вчерашното заедничко усвојување на предлогот на Бундестагот за миграциската политика. „Луѓето на АфД сега можат да триумфираат како што сакаат, но тоа нема да се случи“, изјави лидерот на ЦДУ, кој многумина го сметаат за иден германски канцелар, за ...

Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, систематски потиснувајќи ги Албанците од позициите каде се носат одлуки. Овојпат, тоа се огледува во составот на советнички тим на Премиерот каде речиси нема ниту еден Албанец, велат од ДУИ. „Оваа политика на мајоризација е позната во минатото, и претставува реконфигурација на државниот систем, промовирајќи моно-етничка доминација. Тоа јасно покажува дека механизмите на ...

Со поддршка на ЕУ ИПА 2 Програмата , во номври 2024 година започната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува законската рамка за квалитет на воздух со европските регулативи, објави Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамките на двогодишниот проект за кој Европската Унија обезбеди средства во висина од 1,5 милиони евра целосно ќе се транспонираат европските директиви (2008/50/EC, 2004/107/EC и 2016/2284/EC) ...

МВР Билтен

53 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
34%
1020
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
43%
1020
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
46%
1020
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
43%
1021
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.17
48%
1020
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.03
53%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.81
40%
1017
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
37%
1017
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
24%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
41%
1019
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
3.09
40%
1020
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
68%
1018
Currency

61.53

Currency

53.2474

Currency

72.3797

Currency

34.5194

Currency

39.181

Currency

65.5689

Currency

7.42072

Currency

0.66726

Currency

0.36931

Currency

0.52486

Currency

1.35078

Currency

0.61717

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14970.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.63

Сребро

1167.64

Злато

110378.60

Бакар

9.55

Паладиум

33050.97

Платина

38665.45

Родиум

177632.87

Цинк

2.56