Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Полицаец во Прилеп пукал со службен пиштол во својот двор, но куршумите завршиле во соба кај соседите. Тој сакал да го прикрие делото и ги зел проектилите од кај соседите и ги ставил во неговиот двор. Исто така, со негов колега по пораки на мобилен телефон се договориле да го негираат делото. Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на ...
Општина Центар започна со целосна реконструкција на култното детско игралиште „Славка Недиќ“, попознато како „Дрвен“, лоцирано во Дебар Маало, со цел создавање побезбеден, пофункционален и современ простор за игра на децата. Со реконструкцијата ќе се изврши целосна замена на дотраената урбана опрема и постојните реквизити, кои ќе бидат заменети со нови, современи и безбедни содржини. Во рамки на проектот е предвидена и изградба на нов ...
Во рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас. Потпишувањето се реализира во Вашингтон, како дел од стратешкиот дијалог со САД, клучна платформа за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Дијалогот ...
Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека официјалните ветеринари на граничниот премин Ќафасан одбиле пратка од над 10 тони јагнешка кожа со потекло од Република Албанија, која требала да транзитира низ државата. Пратката е вратена согласно превентивните мерки за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари, која е присутна во Албанија. Од АХВ наведуваат дека со оваа одлука е спречен потенцијален здравствен ризик и е потврдена ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната собраниска седница за прашања од опозицијата, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, во однос на менаџирањето на кризата, заштитата на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. „Кризата со војната во Иран започна во последните денови на февруари. Се случуваат работи кои што беа очекувани и на кои што предупредуваа експерти, аналитичари. Односно тоа е дека цената, растот на цената ...
„СДС, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената на ДУП во Тетово. Земал ли Заев 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра? Заев менувал детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дака бил спремен да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. „Почитувани сограѓани Роми, Нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се ...
Вработените во „Комуналец“ Гостивар по 13 години добиваат здравствено осигурување. Во посета на претпријатието денеска беа министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. „Денес сме овде да соопштиме за корекција на една долгогодишна системска неправда од здравствениот систем – 109 вработени во ЈКП ‘Комуналец’ Гостивар од 2013 година се оставени без здравствено осигурување, не ...
Во рамки на работната посета на Вашингтон и втората сесија на Стратешкиот дијалог, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари билатерална средба со заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Средбата ја потврди силната и растечка соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ја истакна заедничката посветеност на двете земји кон регионалната стабилност, економската соработка, развојот на енергетскиот сектор ...
Министерството за култура и туризам соопшти дека започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала во Скопје. Оттаму информираат дека постапката за избор на изведувач е успешно заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одбила како неоснована жалбата на економски оператор и го потврдила изборот на најповолна понуда. Со тоа, како што наведуваат, се отстранува последната правна пречка за почеток на ...
Министерство за образование и наука направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница, обезбедувајќи за прв пат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение, известуваат од МОН. Оваа новина доаѓа по спроведената постапка согласно објавеното известување на МОН, како и по измените во Законот за учебници во основното и средното образование („Службен весник на РСМ“, бр. 3 од 3.1.2025 ...
Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со Раде Ивановски, сопственик на компанијата „Римин Еар“, пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можности за основна обука на „ер трактори“, известуваат од ДЗС. Ангелов истовремено се сретна со тројца можни кандидати за пилоти на „ер трактори“, коишто имаат над 300 авио-часови во ...
„Владата на Мицкоски задоцни и не прзеде навреме мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Цените пораснаа, животот на граѓаните стана поскап а тоа го потврди и Државниот завод за статистика“, велат од СДСМ. „Трошоците за живот во март се повисоки за 4,9%, а најголемиот ценовен притисок е кај храната и безалкохолните пијалоци со растат од 7,5%, земјоделските производи за 6,4%, што е директен удар врз стандардот и секојдневната трпеза на ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши се обрати по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, нагласувајќи дека ромската заедница е неразделен дел од општеството и има исти права и достоинство како и сите граѓани. Тој посочи дека и покрај напредокот во законодавството, многу Роми сè уште се соочуваат со препреки и дискриминација во пристапот до образование, вработување и основни услуги. Гаши истакна дека темата „Од невидливост кон ...
Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница на кој на дневен ред е Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата, посочи дека со овој предлог се предлага намалување на цените на патарините за околу 50 проценти. Трајчулески потенцираше дека цените на патарините се дополнителен удар врз граѓаните и компаниите во оваа криза, бидејќи ...
СДСМ по итна постапка поднесе предлог-закон за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 5%, со цел заштита на животниот стандард на граѓаните и ублажување на инфлаторните притисоци, рече пратеничката Сања Лукаревска. „Поднесуваме предлог на закон за дополнување на Законот за додадена вредност по скратена постапка. Бидејќи не е предвидена можност за повластена даночна стапка од 5% на бензинот и на дизелот во горивата, сакаме да предложиме ...
Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии (INSAIT) при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, во соработка со стриминг платформата „Нетфликс“ (Netflix), разработија нов AI модел наречен VOID, кој може да отстранува објекти од видео и истовремено реалистично да ја реконструира сцената, соопшти прес-центарот на Министерството за образование и наука. За разлика од стандардните алатки што само ги „пополнуваат“ ...
Во почетокот на април, Банско беше сцена на инспирација и меѓународна размена, претворајќи се во привлечен центар за млади таленти и уметност. Градот оживеа со ритамот на престижни настани што собраа учесници од различни држави и ги исполнија улиците со боја, емоција и креативна енергија, јавува Пиринско. Натпреварот за детска убавина и таленти „Little Miss & Mister Galaxy“ собра деца од Бугарија, Северна Македонија, Бразил, Малта, ...
Светски познатиот бугарски диригент и министер за култура на Бугарија маестро Најден Тодоров, ќе ја има диригентската палка на Велигденскиот концерт во Филхармонијата на Република Северна Македонија. Музичниот настан, ќе се одржи на 8 април со почеток во 20:00 часот, во Концертната сала на Филхармонијата. На концертот ќе настапат солистите Катерина Стојановска (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и Иван Наумовски (баритон/бас), придружени од хорот ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави објавувањето на двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран. Во соопштението, неговиот портпарол рече дека Гутереш ги повика сите страни во конфликтот на Блискиот Исток да го почитуваат меѓународното право и условите на прекинот на огнот со цел да се отвори патот за траен и сеопфатен мир во регионот. Гутереш, исто така, изрази „искрена благодарност“ до Пакистан и другите ...
Во Стопанската комора и формално почна да функционира Групација на овластени увозници на моторни возила, директно подржана и од претседателот на СКСМ Бранко Азески. По неколку неформални работни средби и дискусија за прашања од интерес на нивното заедничко делување, овластените увозници на моторни возила во Северна Македонија ја формализираа и Групацијата при Комората. За претседател е избран Благоја Димитровски од Тојота Авто Центар, а за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи на двонеделен прекин на огнот, објавувајќи детали на неговата мрежа Truth Social. Трамп го објави ова помалку од два часа пред истекот на рокот за она што претходно го нарече „уништување на цивилизацијата“. Трамп рече дека договорот за прекин на огнот е постигнат под услов Иран да се согласи повторно да го отвори Ормускиот теснец. „Врз основа на моите разговори со премиерот Шехбаз Шариф и ...
Американската војска ги прекина нападите во Иран, изјави американски функционер. Од почетокот на војната, САД нападнаа повеќе од 13.000 цели во Иран, соопшти Централната команда на САД. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека се согласил на двонеделен прекин на огнот со Иран. Тој постави услов за повторно отворање на стратешки важниот Ормуски теснец. Иранскиот министер за надворешни работи Сејед Абас Арагчи изјави дека во ...
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека Исламската Република Иран и САД, заедно со нивните сојузници, се согласиле на моментален прекин на огнот. Според него, прекинот на огнот важи за сите области, вклучително и Либан, и стапува на сила веднаш. „Топло го поздравувам овој мудар гест и ја изразувам мојата најдлабока благодарност до раководството на двете земји“, рече Шариф. Тој, исто така, ги покани делегациите од вклучените страни во ...
Четири часа откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи прекин на огнот, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху издаде соопштение во кое го поздравува договорот меѓу САД и Иран, но нагласува дека прекинот на огнот не се однесува на Либан, и покрај тврдењата на пакистанските медијатори. „Израел ја поддржува одлуката на претседателот Трамп да ги суспендира нападите врз Иран две недели, под услов Иран веднаш да ги ...
Американската новинарка Шели Китлсон, која беше киднапирана во Ирак кон крајот на март, е ослободена, потврди државниот секретар на САД Марко Рубио. Новинарката беше киднапирана во Багдад од страна на ирачката вооружена група Катаиб Хезболах. Потврдено е ослободувањето Четириесет и деветгодишната Китлсон беше киднапирана на улица во Багдад на 31 март од страна на ирачката вооружена група Катаиб Хезболах. Рубио ја потврди веста за нејзиното ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја поздрави двонеделната пауза во нападите врз Иран како „одличен ден за светскиот мир“. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, тој рече дека Иран „водел доволно војни“ и дека „доаѓаат многу позитивни потези“. Трамп, исто така, објави дека САД ќе учествуваат во обезбедувањето на поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, клучен глобален пат што Иран во голема мера го затвори за време на конфликтот. ...
Во рамки на Стратешкиот дијалог со САД кој се реализира во Вашингтон, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја предводеше првата сесија од разговорите посветена на одбранбените и безбедносни прашања при што укажа на долготрајното партнерство помеѓу двете сојузнички земји кое „ги зајакнува одбранбените капацитети и ги зацврстува мирот и безбедноста.“ Пред претставниците на американскиот Стејт Департмент, Мисајловски истакна дека одбранбената ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши одржа средбата со досегашните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески. Ова е вторa по ред ваква средба, организирана со цел размена на искуства и мислења. На почетокот на средбата претседателот Гаши се заблагодари за присуството, повторно искажа голема почит кон Собранието, според него една од најзначајните институции во државата. Накратко сподели информации за ...
Несебар е најпосетената општина во Бугарија во 2025 година со околу 1,5 милиони туристи, покажуваат податоци за сместувачки капацитети со 10 и повеќе легла. По неа следуваат Софија со 1,3 милиони и Варна со 1,2 милиони посетители, јавува БГНЕС. Петте најпосетени општини – меѓу кои и Пловдив и Балчик – генерираат половина од туристичкиот проток во земјата. Во топ 10 се и Велинград, Банско, Бургас, Хисарја и Самоков. Во 2025 година приходите од ...