Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Велики петок се смета за најтажниот и најдраматичниот ден во христијанството, кога Исус Христос бил осуден и распнат, пишува БГНЕС. Според евангелските сведоштва, Христос бил испрашуван од Синедрионот со цел да биде обвинет за богохулство. Откако не успеале во тоа, го обвиниле дека се нарекол „Цар јудејски“ и дека подготвува бунт против римската власт, по што бил предаден на римскиот намесник Понтиј Пилат. Иако Пилат ги сметал обвиненијата за ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и Гренланд за иднината на островот, со фокус на ограничување на влијанието на Русија и Кина на Арктикот. Тој оцени дека Трамп е во право за ризиците во регионот и нагласи дека НАТО треба да има посилна улога, вклучително и преку иницијативата „Арктички стражар“. Во меѓувреме, данскиот министер за надворешни работи порача дека Трамп не се откажува од идејата ...
Новиот електронски систем за контрола на влез и излез на државјани на трети земји од утре, 10 април, станува целосно оперативен во сите 29 земји членки на шенгенскиот простор. Новиот европски Систем за влез/излез (EES) почна постепено да се применува на 12 октомври минатата година и по шест месеци станува целосно оперативен. „Со системот за влез и излез го градиме најмодерниот ИТ граничен систем во светот“, изјави портпаролката на Комисијата, ...
Џелал Хоџиќ/Цивил медиа Полека се навршуваат речиси две години како новата власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, ги креира политичките процеси во државата. Резултатите се катастрофални, буквално на секое поле. Изолирана држава од демократскиот и цивилизиран свет, со стопирана европска перспектива. Економските показатели ги вклучуваат сите можни аларми дека работите се движат во погрешна насока. Јавното здравство лошо, доволно е да ...
Јавното обвинителство и АНБ потпишаа меморандум за соработка. Целта на Меморандумот, како што е соопштено од обвинитеслтвото, е дополнително развивање и унапредување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Агенцијата што треба да овозможи ефективна и ефикасна превенција и кривичен прогон. Покрај зајакнување на законски воспоставените механизми за размена на податоци и информации меѓу двете институции, Меморандумот предвидува и размена на ...
Синоќа во Филхармонијата на Република Северна Македонија се одржа импресивен „Велигденски концерт“, под диригентската палка на светски познатиот бугарски диригент и министер за култура на Република Бугарија маестро Најден Тодоров, јавува Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Маестро Тодоров ги предводеше оркестарот и хорот во обемна и емоционално силна интерпретација. Солисти на концертот беа Катерина Стојановска, Исмет Вејсели и ...
Создаваме ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза, соопштија од Општина Аеродром. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска, по повод Велики Четврток, учествуваше во хуманитарна акција насочена кон поддршка на бездомни и социјално загрозени лица. Заедно со Тони Станковски и претставници на Здружението на граѓани за помош на бездомни и социјално загрозени лица, беа поделени повеќе од 300 оброци. Акцијата имаше за цел да обезбеди основна поддршка и да испрати порака за солидарност и грижа кон најранливите категории граѓани. Од ...
Албанците не се алатки, туку се закон, велат од „Вреди“. Како што велат од таму, 25 години, правичната и соодветната застапеност се користела за политика. „За неа се зборуваше, ветуваше, измамуваше, крадеше и корумпираше. Но, кога стануваше збор за решение, секогаш недостасуваше законот. Секогаш недостасуваше волјата. Можеби недостасуваше и храброста. Таканаречената алатка балансер, која требаше да гарантира еднаквост, во пракса се претвори ...
35-годишен штипјанец го претепал својот татко во дворот од семејната куќа. СВР Штип, според соопштеното, поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(35) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 04.04.2026 во двор од семејна куќа, пријавениот физички го нападнал неговиот татко, нанесувајќи му повреди. 35-годишен штипјанец го претепал својот татко во дворот од семејната куќа. СВР Штип, според ...
Вчера во 18:50 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека ул. „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. Вчера ...
ВМРО повторно во рударска мисија. Малку е што сме втора најзагадена земја во Европа па Мицкоски поданички сака да дозволи ново труење во име на ,,стратешки дијалог”. Мицкоски сака да дозволи на американска компанија да ископува антимон во стариот рудник „Крстов Дол“, каде што во 60-тите и 70-тите години од минатиот век се копало и преработувало антимон, велат од граѓанската иницијатива Зелен хуман град. За жал, македонските власти, додаваат ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа со каква динамиката тече изградбата на автопатиштата, особено на Охрид-Кичево, изјави: „Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија, морам да признаам, посебно во делот на обезбедување на средства за довршување на делницата ...
Бугарскиот научноистражувачки брод „Св. св. Кирил и Методиј“ (НИК 421) пристигна на Морската станица во Варна, со што успешно заврши 34-тата бугарска антарктичка експедиција, јавува БТА. Пловниот објект тргна од Ледениот континент на 17 февруари. Неговата последна станица беше шпанското пристаниште Картахена, од каде екипажот исплови на 2 април кон Бугарија. Во Картахена на бродот се качија кадети од Високото воено-морнарско училиште во ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети Психијатриската болница Негорци – Гевгелија по повод извршена целосна реконструкција на хроничното одделение. „Здравствената инфраструктура е еден од столбовите на системот и затоа се залагаме за унапредување на инфраструктурата и подобри услови за лекување и третман на пациентите. Реконструкцијата во Психијатриската болница Негорци опфати целосна обнова на кровната конструкција, комплетно ...
Синдикатот на културата (СКМ) реагира на соопштението на Уставниот суд во врска со колективниот договор и платите на културните работници. Од таму велат дека податоците за платите не се точни и дека министерот Зоран Љутков не доставил точни информации. „Кој го лаже Уставниот суд на Република Северна Македонија? Зошто релевантното Министерство за култура, односно министерот Зоран Љутков, не доставил точни информации за основната плата на ...
Полицијата уапси турски државјанин во Скопје. Кај него е пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал онлајн игри на среќа. На 09.04.2026 во Скопје, на територија на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје. При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со ...
На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Министерот за здравство, Ази Алиу, вели дека од досегашната примена на законот произлегла потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на ...
Каде завршуваат парите на граѓаните во спортот? Министерот за спорт Борко Ристовски мора да излезе пред граѓаните и да одговори. Распределбата на државните субвенции за 2026 година во спортот е скандалозна и отвора сериозни сомнежи за можни злоупотреби, селективност и корупција, вели Панче Милевски од СДСМ. Според него, нема сегмент во државата кој го контрлира ВМРО-ОКГ и каде не постојат сомнежи за корупција. „Трета година по ред, ...
Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на јавната расправа посветена на нацрт-Годишниот извештај за 2025 година за имплементацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, организирана од Министерството за јавна администрација. Целта на јавната расправа е да се презентира напредокот во спроведувањето на активностите во текот на 2025 година и да се овозможи отворена дискусија ...
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 10.04. (петок), 12.04. (недела) и 13.04.2026 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла”, „Трготекстил” и „Палома Бјанка” каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот ...
Ветено ли му било на Заев процент од продажбата на станбените единици кои прорускиот бизнисмен Дака требало да ги гради во Тетово, проценети на 200 милиони евра, праша денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Дали Заев освен оние 4 милиони евра кои, Дака во аудио снимки на социјалните мрежи, вели дека му ги дал како поткуп на Заев, требало да добие и процент од продажбата на 2.000 станбени единици во Тетово? Затоа ли СДС и ДУИ, по ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска го посети сточарот Никола Колев, кој на крајот на јануари претрпе штета од поплавите што го зафатија неговото стопанство, а беа оштетени и објектите и сточниот фонд. При денешната посета, министерот му посака на сточарот Никола со здравје да го користи новоизградениот објект, како и сточниот фонд кој го доби благодарение на солидарноста на сточарите од цела ...
Традиционалната манифестација Парада на Бугарија што се одржува во Елк Гроув Вилиџ годинава ќе се одржи на 17 мај (недела) во Rotary Green Park во предградието на Чикаго. Веста ја соопшти генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков. Парадата на Бугарија ќе се одржи по петти пат и се организира по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската писменост. ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува корисниците на услугите, дека утре, петок, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат само прва смена од 07:30 до 15:30 часот. Во сабота шалтерите ќе работат од 09:00 до 14:00 часот, а понеделник е неработен ден. Со редовно работно време ќе се продолжи од 14.04.2026 година, вторник, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. ЈП Водовод и канализација – ...
Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода 64-годишниот З.К. од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа. Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој е лишен од слобода и задржан во полициска ...
„Малите дела на добрина можат да го променат светот многу повеќе од големите зборови“ – со оваа порака Бојана Скендеровски сподели значаен момент од својот живот и кариера. Од вчера таа и официјално ја презеде улогата амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври“, откако беше потпишан меморандум за соработка со директорката на установата. Ова партнерство има за цел да ја подигне свеста за потребите на децата без ...
Законот за култура нема конкретна методологија за пресметка на платите. Платата, како основно право од работен однос, не произлегува од закон туку од одлука и на овој начин правната сигурност и еднаквоста се доведени во прашање, утврди Уставниот суд. На 9. седница одржана на 8 април, Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, во целина, склучен на 30.12.2019 година по поднесена ...
Центарот за граѓански комуникации денес го објави истражувањето за коруптивните шеми во јавните набавки во здравството воочени преку жалбите. Според нивното истражување, во 71 % од жалбите на фирмите се оспорува одлуката за избор на најповолна понуда, што укажува дека главниот извор на нерегуларности во здраствените тендери е евалуацијата на понудите како фаза со највисок ризик од фаворизирање на одредени понудувачи. „Анализата на жалбите ...
Британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, во четврток ќе порача дека пловидбата низ Ормускиот теснец, клучен за глобалните енергетски резерви, мора да остане слободна. Лондон се спротивставува на планот на Иран, да наплаќа за премин низ виталниот воден пат, кој пренесува околу една петтина од светската нафта и гас, објави Ројтерс. Порака до Иран Иран претходно објави дека сака да наплаќа за бродовите за премин низ Ормускиот ...