Бугарија забележа ограничен инфлациски ефект по воведувањето на еврото, а јавната поддршка за единствената валута расте, изјави гувернерот на Бугарската народна банка Димитар Радев, јавува БГНЕС. „Нашата анализа покажува дека ефектот беше ограничен и во голема мера еднократен, во опсег од 0,3 до 0,4 процентни поени“, истакна Радев, додавајќи дека инфлацијата дури се намалила на 2,3 проценти во јануари. Поддршката за еврото меѓу домаќинствата ...

Бугарската претставничка на годинешниот избор за песна на Евровизија, DARA, повика на поддршка од Бугарите ширум светот, јавува БГНЕС. „Сум се среќавала со многу Бугари во светот и знам колку е силна нивната врска со Бугарија. Овој конкурс не е само за мене, туку за нашата земја. Многу ќе се радувам да ја почувствувам нивната поддршка“, изјави пејачката по средба во Агенцијата за Бугарите во странство. Директорката Рајна Манџукова нагласи ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, им го честита 7 Април – Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници, на денешното традиционално свечено одбележување, во организација на Македонското лекарско друштво. -Годинешното мото „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“ јасно говори дека научниот пристап во здравството претставува клучен двигател на иновации, напредок и унапредување на квалитетот на здравствените услуги. ...

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, изјави дека на денешната седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, наместо сериозна и суштинска дебата за Националната стратегија за превенција и заштита од насилство врз жените, се случил „обид за евтин политички перформанс“. Според Пешевска, темата бара одговорност, зрелост и фокус, но наместо тоа, дел од колешките од опозицијата, кои како што наведува ретко учествуваат во ...

По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 10 лица и Обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица. Со Обвинителниот акт сите десет лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, на тројцата организатори им се ставаат на товар дека сториле продолжено кривично дело Даночно затајување и кривично дело – Перење пари и други ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на седница на Советот одговарајќи на советничко прашање посочи дека во изминатите неколку години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици и последици. Тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што дури 70 проценти од средствата се собрани во месеците по ...

Американскиот „New York Times“ го потврди она што го говори СДСМ. Пријателот на Мицкоски – Орбан е скриена рака на Русија во Европа и во НАТО и дека руски структури и дезинформациски мрежи активно се вклучуваат во политичките процеси во Унгарија, со цел да го одржат Орбан на власт, кажа на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. „Таква е последната лажна операциа (false-flag) случајот со лажните вести за „експлозиви во ...

Во Бугарскиот културно-информативен центар се одржа работна средба со првиот човек на бугарската Државна агенција Архиви претседателот доц. д-р Михаил Груев и делегација предводена од самиот него. На средбата беа разгледани можностите за идни заеднички иницијативи меѓу БКИЦ-Скопје и ДА „Архиви“ на Бугарија. Во фокусот на разговорите беа активности за зачувување и промоција на историското и документарното наследство на Бугарија, како и ...

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во содејство со градежни инспектори од општина Гостивар, извршија увид во с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на државно земјиште“ и „бесправно градење“. При контролата, констатирано е дека на местото викано „Рудина“ е започната градба на објект без соодветна документација на земјиште во државна сопственост, а инвеститор е Ш.С.(39) од ...

42-годишен маж вчера во 13:00 часот во СВР Скопје 42 пријавил дека околу 08:20 часот на своето работно место како контролор на ЈСП за наплати и билети, во два наврати бил физички нападнат од О.А.(61) и од две други лица. Според пријавеното, тој го затекнал О.А. без билет, кој веднаш почнал да му се заканува, го извлекол од автобусот и физички го нападнал. Како што е пријавено, тој успеал да влезе во друг автобус, но на друга постојка повторно ...

Почина познатата бугарска народна пејачка Јанка Рупкина, соопшти Бугарското национално радио. Во март таа беше хоспитализирана во тешка состојба, пренесува БГНЕС. Рупкина е родена во 1938 година во селото Богданово. Својата кариера ја започнува по победата на народниот собир во Граматиково, по што станува солистка на Ансамблот за народни песни при Бугарското национално радио, каде настапува повеќе од три децении. Светска слава стекнува како ...

Вчера во 15:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово, товарно возило „фолксваген транспортер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(34) од Куманово, удрило во 14-годишно девојче од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово. Вчера ...

Во СВР Скопје вчера во 11:00 часот било пријавено дека во градски автобус на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, паднала 84-годишната патничка Е.Д. од Скопје. Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Во СВР Скопје вчера во 11:00 часот било пријавено дека во градски автобус на крстосница од ...

Вчера во 15:10 часот во СВР Тетово, 33-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од С.Ѓ. од Охрид, вработена во приватна фирма за консталтинг. Според пријавеното, кон крајот на 2024 година стапил во контакт со пријавената за посредување за добивање германска работна виза, при што на 01.11.2024 на сметката на фирмата уплатил 24.520 денари. Како што е пријавено, иако му било ветено дека визата ќе биде готова во рок од три месеци, до денот ...

Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова, поранешна директорка на Еразмус, и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. Од Судот наведуваат дека во првостепената пресуда нејасно е за кои дејствија е винова Димова, а за кои дејствија е ослободена. „Апелациониот суд Скопје информира дека, по одржана јавна седница на 11.03.2026 година, донесе одлука со која ги уважи жалбите на ...

Се појавуваат неколку можни сценарија за развојот на ситуацијата околу Иран по ултиматумот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој истекува во вторник, изјави бугарскиот новинар и меѓународен аналитичар Иво Иванов во емисијата Студио Актуално. Според него, најлошото сценарио би било евентуален удар на САД врз нуклеарната централа АЕЦ Бушер. „Принципот е дека треба да бидеме подготвени за неколку видови сценарија“, нагласи Иванов. Тој ...

Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита и оваа година, традиционално, по триесет и четврти пат по ред, во рамките на хуманитарната акција, им подели повеќе од 140 хуманитарни пакети на граѓани и семејства кои се во социјален ризик. Станува збор, појаснуваат од таму, за пакети со прехранбени продукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски производи) и хигиенски производи кои беа донирани од страна ...

Започна целосната реконструкција на една од најзначајните улици во Мичурин – „Симеон Кавракиров“ во населбата Мичурин во Општина Аеродром. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, извршија увид во стартот на градежните активности, со што официјално започна реализацијата на проект кој, според Митески, долго време беше неопходен и очекуван. „Оваа интервенција претставува значајна ...

Јавниот обвинител Ненад Савески денеска оствари работна средба со Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски. На средбата беа разменети мислења и информации за состојбите во правосудниот систем и владеењето на правото, како и за улогата и одговорностите на двете институции во насока на нивно унапредување и градење функционална правна држава. Соговорниците ја истакнаа важноста од обезбедување максимална независност и самостојност на ...

Општина Ѓорче Петров официјално го објави јавниот повик за доделување субвенции во износ од 10.000 денари за полагање на возачки испит, наменет за млади лица кои за првпат аплицираат. Со оваа мерка, општината, велат од таму, продолжува со конкретна и директна поддршка на младите, овозможувајќи им полесен пристап до возачка дозвола – значаен чекор кон поголема мобилност, независност и подобри можности за вработување. Градоначалникот истакна ...

Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерки и носи само делумни решенија без ефект. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, секогаш кога ќе најави мерки цената на дизелот поскапува, изјави Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ. „Мерките на СДСМ не се воведени до крај, а цената на оваа неспособност ја плаќаат граѓаните кои се соочуваат со нов ценовен шок токму пред велигденските празници. Поскапени се: лебот, ...

Функционерите на Европската унија ги повикуваат владите на земјите-членки да избегнуваат прекумерна потрошувачка за да го ублажат порастот на цените на енергијата и предупредуваат дека шокот предизвикан од војната на Блискиот Исток може да се претвори во фискална криза. Европската комисија инсистира во разговорите со членовите предложените субвенции за извори на енергија, намалување на даноците и ограничувања на цените да бидат временски ...

СДСМ јавно бара одговорност за сериозниот скандал во Основно училиште во Куманово со злоупотреба на деца за политички цели од страна на ЗНАМ и Максим Димитриевски, изјави Розалија Ангеловска, членка на Комисија за образование на СДСМ. „Скандалот се случи во основното училиште „Кочо Рацин“, под надлежност на Општината, каде што работи сопругата на Димитриевски, како и претседателката на Советот, Ивана Георгиевска од ЗНАМ. Наместо вистинска ...

По повод Светскиот ден на здравјето, 7 Април, Општина Кисела Вода во соработка со Институтот за јавно здравје и волонтерите од Црвен крст, денеска организираше акција за бесплатни здравствени прегледи. Настанот се реализираше на две локации, во паркот Македонија и во Паркот на бранители во Драчево, каде во периодот од 10:00 до 12:00 часот присутните граѓани имаа можност да ја проверат својата здравствена состојба. Акцијата опфати мерење на ...

Опфатот на скринингот на рак на дојка се движи од 0,8% до 5,4%, додека кај скринингот на рак на грло на матка од 10,3% до 15,5% од целната популација, што е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг, покажа најновиот извештај на Државниот завод за ревизија. Кај мамографскиот скрининг резултатите во просек се издаваат по околу 25 дена, а кај значителен број жени и по повеќе од 60 дена, додека кај ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи, изјави: „Оваа година за нас е навистина тешка, посебно со случувањата во Заливот. Нешто за коешто веќе зборував, но тоа е што е, ќе се бориме. Сите Колективни договори коишто имаат обврска од 1 април, веќе започнаа да се применуваат. ...

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, денес потпиша Анекс на Колективниот договор со претставниците на репрезентативните синдикати УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според Анексот, вработените во Фондот ќе добијат покачување на платите од пет проценти започнувајќи со априлската плата за оваа година, а истото покачување ќе биде имплементирано и во 2027 и 2028 година. „Очекувам дека ова покачување на платите ќе биде стимул ...

Со свечена церемонија во Военомедицинската академија (ВМА) во Софија беше одбележан 7 април – Светскиот ден на здравјето и Денот на здравствениот работник, при што беа доделени признанија на медицински специјалисти за нивниот придонес во развојот на установата, јавува Инфоцентарот на бугарското Министерство за одбрана. Наградите, доделени во име на началникот на ВМА, се наменети за лекари, медицински сестри и здравствени работници со ...

Студенти од Американскиот универзитет во Бугарија (АУБ) ги посетија Софија Тех Парк и канцеларијата на Hewlett Packard Enterprise (HPE) како дел од заедничка иницијатива што ги поврзува академијата и технолошката индустрија, јавува БТА. Во рамки на посетата, студентите се запознаа со суперкомпјутерот Discoverer+ и со проектот BRAIN++, како и со нивната улога во развојот на екосистемот за вештачка интелигенција во Бугарија. „Нашата улога како ...

Манастирот Кикос во Кипар привлекува поклоници од целиот свет, особено за време на големите христијански празници, каде се чува чудотворната икона на Пресвета Богородица. Меѓу посетителите има и многу Бугари, јавува БНР. „Бугарска трага“ во манастирот остава и економот отец Максим, кој е со бугарско потекло и дипломец е на Пловдивскиот универзитет „Паисиј Хилендарски“. Тој раскажува дека уште како ученик, по првата посета во 2007 година, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.26
75%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
2.6
54%
1014
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.58
63%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.09
62%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
9.21
54%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
0.94
78%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
65%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.84
68%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.05
85%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
83%
1014
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
1.34
33%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
5.26
100%
1012
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.0193

Currency

66.8363

Currency

7.96397

Currency

0.69422

Currency

0.3335

Currency

0.5251

Currency

1.15959

Currency

0.5711

Паладиум

39127.46

Рутениум

49029.89

Сребро

1891.89

Цинк

0.00

Алуминиум

3.12

Калај

50.54

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Платина

50958.93

Злато

128718.15

Бакар

12.44

Родиум

249168.29