По изборната победа во Унгарија, Петер Маѓар изјави дека новата влада ќе има прагматичен однос со Русија и ја поздрави пораката од Кремљ за почитување на изборните резултати. Тој најави и ревизија на договорите за проширување на нуклеарната централа Пакс, оценувајќи го проектот како „преценет“, со можност за повторни преговори или раскинување. Говорејќи за можен разговор со Владимир Путин, Маѓар рече дека би му порачал „да престане со ...

Победникот на изборите во Унгарија, лидерот на партијата „Тиса“ Петер Маѓар изјави дека неговата земја не треба да биде засолниште за „меѓународни престапници“, посочувајќи го случајот со поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, кој доби азил во земјата, јавува БГНЕС. „Унгарија категорично не смее да биде засолниште на меѓународни престапници. Ова важи и за г. Никола Груевски, кој е осуден престапник“, изјави Маѓар, ...

Бугарскиот премиер Андреј Ѓуров им честиташе на граѓаните на Унгарија и на Петер Маѓар за изборните резултати, истакнувајќи ја рекордната излезност како доказ за силата на демократијата. „Демократијата не е само гласачка кутија. Таа е непоколебливиот глас на луѓето кој вели: Тука сме, ни е грижа“, напиша Ѓуров на Фејсбук. Тој нагласи дека вистинската сила на една држава е во граѓанското општество и додаде дека Европа е „избор да бидеме заедно ...

Амбасадорката на Бугарија во Ирска, Ванја Андреева-Малакова, изјави дека постои надеж во иднина да се изгради бугарска црква во земјата, која ќе биде постојано отворена за заедницата, јавува БТА. „Се надеваме да стигнеме до моментот да има бугарска црква тука, во Ирска, која да е со постојано отворена врата за Бугарите во моменти на среќа, радост, тага и барање утеха“, рече таа на средба со бугарската заедница во Амбасадата во Даблин. ...

Бугарија има потреба од враќање на своите граѓани од странство, изјави генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА), Кирил В’лчев, на средба со бугарската заедница во Ирска, одржана во Амбасадата на Бугарија во Даблин, јавува БТА. „Имаме потреба од нивното знаење и искуство, но најмногу од љубовта кон бугарското“, истакна В’лчев, додавајќи дека во земјата има околу 2,5 милиони жители помалку во споредба со состојбата пред 35 ...

Генералната директорка на Бугарската национална телевизија (БНТ), Милена Милотинова, изјави дека Бугарите во странство се „наша мисија“ и дел од „другата Бугарија“, која треба подобро да се запознае и почесто да се прикажува во медиумите. Таа говореше на средба со бугарската заедница во Ирска, одржана во Амбасадата на Бугарија во Даблин, јавува БТА. „Бугарската дијаспора, која живее надвор од границите на нашата земја, е дел од Бугарија и тоа ...

Џелал Хоџиќ/ CivilMedia Огромно мнозинство во Унгарија, милиони Унгарци, вчера во историја го испратија Виктор Орбан. Со други зборови: Орбан го отфрлија оние во кои јавно се колнеше, додека брутално ги крадеше. Партијата ТИСА на опозиционерот Петер Маѓар е дел од семејството на умерените европски десничари ЕПП. Вчера цела демократска Европа му ја честиташе победата на Маѓар, а го славеше поразот на Виктор Орбан. Честитките доаѓаа и од ...

Генералната директорка за комуникации и информации на УНЕСКО, Марија Габриел, во статија објавена во ватиканскиот весник „Осерваторе Романо“ повика на зачувување на човечката способност за размислување и ја истакна важноста на медиумската и информациската писменост денес, пренесува БТА. „Во текот на 80 години УНЕСКО ја става заштитата и унапредувањето на основното право на слобода на изразување и пристап до информации во сржта на својот ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, го осуди oбидот да се опожари синагогата во Скопје, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“. „Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека во тек е истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност. The arson attack on the Jewish Community building and synagogue in Skopje – on Easter – is utterly unacceptable and strongly condemned. There is no place for such acts ...

На регионалниот пат Тетово–село Јажинце, во тетовското село Одри, се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со тетовски регистарски ознаки излетал од коловозот. Несреќата била пријавена во СВР Тетово на 12 април во 12:35 часот, а со четирициклот управувал М.Ќ. (19) од село Теарце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од село Слатино, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за ...

Извршната агенција за Бугарите во странство го продолжи крајниот рок за пријавување на неколку детско-младински конкурси во нејзина организација до 1 мај 2026 година, соопшти институцијата во допис до бугарските училишта и организации во странство. Станува збор за три традиционални конкурси: 30. јубилејно издание на Литературниот конкурс „Стефан Гечев“, 25. издание на конкурсот за цртеж „Бугарија во моите мечти“ и 16. издание на конкурсот за ...

Анализа: БГНЕС Парламентарните избори во Унгарија беа следени со голем интерес како од Европа, САД, Русија, така и од земјите од регионот. Но што всушност значат резултатите за Бугарија, надвор од бројот на освоени мандати? Категоричното симнување од власт на режимот на Виктор Орбан отвора пат кон враќањето на Унгарија во Европа, но ја става на испит и бугарската држава. Орбан беше вистинското лице кое го бранеше српскиот хегемонизам и ...

Американската војска ќе воведе поморска блокада во Оманскиот Залив и Арапското Море, источно од Ормускиот теснец, која ќе се однесува на целиот поморски сообраќај без разлика на знамето на бродовите, пренесува Ројтерс. Според соопштението на Централната команда на САД за Блискиот Исток, Центком, бродовите што без одобрение ќе влезат или излезат од блокираната зона ќе бидат изложени на „пресретнување, пренасочување и заплена“. Блокадата ...

Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Унгарците вчера испишаа историја, на својата прва прес-конференција по победата над Виктор Орбан на парламентарните избори. Тој информираше дека неговата партија ќе има 138 од вкупно 199 пратеници во парламентот, иако дел од гласовите сè уште се пребројуваат, оценувајќи го резултатот како „мандат каков што досега не е виден“. Маѓар ја обвини партијата Фидес дека зад себе имала „целосна пропагандна ...

Министерството за внатрешни работи информира дека на 12 април во 07:22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Апостол Гусларот“, во двор од верски објект, бил забележан канистер за гориво и траги од горење. По добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Претходно, Еврејската заедница во Македонија го осуди, како што наведуваат, обидот за опожарување на ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски го сослушал извештајот на Рустем Умеров по првата фаза од работата на украинската делегација на Блискиот Исток и во регионот на Заливот, пренесува Украинска правда. Зеленски наложил да се финализираат нацртите на неколку нови безбедносни договори, со очекување резултати уште оваа недела. Украина моментално комуницира за безбедносни прашања со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, ...

Делегацијата на Партијата за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на тим-билдинг активностите во Анкара реализираше повеќе посети и средби. Во рамки на програмата, делегацијата оддаде почит на Мустафа Кемал Ататурк со посета на Аниткабир. Потоа беа остварени средби во Големото народно собрание на Турција со пратеници кои потекнуваат од Македонија, при што беа разменети мислења за прашања од заеднички ...

Од СДСМ соопштија дека по падот на власта на Виктор Орбан во Унгарија, може да дојде до откривање на, како што наведуваат, „тајни бизнис комбинации“ меѓу Орбан и Христијан Мицкоски. Во соопштението се наведува дека „Мицкоски ги ставил стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан“, како и обвинувања поврзани со медиуми, телекомуникации, енергетика и кредити. СДСМ посочува дека „сите овие договори мора да бидат детално истражени“ и ...

Опозициската СДСМ реагира по изборите во Унгарија, оценувајќи дека граѓаните избрале европски курс наместо, како што наведуваат, автократија. „Унгарија ја избра Европа наместо Русија. Граѓаните јасно и гласно рекоа: доста е автократија“, стои во соопштението. Од партијата посочуваат дека по 16 години владеење, паднал режимот на Виктор Орбан, а победата на Петер Маѓар ја оценуваат како „победа на демократијата над автократијата и на владеењето ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека од денеска во 16 часот ќе блокираат бродови кои „влегуваат или излегуваат“ од иранските пристаништа. Американскиот претседател претходно соопшти дека морнарицата ќе започне постапка за блокада на „сите бродови“ кои се обидуваат да влезат или излезат од Ормускиот теснец. Од Централната команда на САД соопштија дека блокадата ќе се спроведува „непристрасно кон бродови од сите држави“, но ќе остане ...

Од ВМРО-ДПМНЕ упатија критики до Венко Филипче и раководството на СДСМ, повикувајќи го да се огради од поранешниот премиер Зоран Заев. Во соопштението се наведува дека Филипче треба да се дистанцира од, како што тврдат, „сомнителни проруски бизнис партнери“ поврзани со Заев, при што се споменуваат имиња како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко и Борче Марковски. Од ВМРО-ДПМНЕ го посочуваат и случајот од 2020 година со урбанистички ...

Полскиот премиер Доналд Туск објави на социјалните мрежи дел од телефонски разговор со Петер Маѓар, лидерот на унгарската партија Тиса. Туск му се јавил на Маѓар од Сеул за да му честита за изборниот успех. „Добредојдовте назад во Европа“, напиша тој покрај објавеното видео. „Петер, поздрав! Искрено се радувам, можеби дури и повеќе од тебе“, му порача полскиот премиер на Маѓар. Туск се осврна на изборните резултати и во објава на мрежата Икс. ...

Убедливата победа на Петер Маѓар ѝ дава силен мандат на неговата партија Тиса за спроведување реформи и можност за одмрзнување милијарди евра од Европска Унија, пренесува Ројтерс. Аналитичарите оценуваат дека очекуваното двотретинско мнозинство е најповолен исход за ЕУ и пазарите, кои веќе сигнализираат доверба и можен економски раст. Сепак, постои претпазливост – новата власт ќе мора да ги исполни ветувањата, особено во делот на владеење на ...

Будимпешта се претвори во зона на славје по изборниот пораз на Виктор Орбан. Илјадници луѓе танцуваа по улиците, автомобилите свиреа, а поддржувачите на партијата Тиса ја славеа убедливата победа. Изборите со рекордна излезност од околу 80 проценти ја завршија 16-годишната власт на Орбан. За многумина, тоа значи враќање кон европскиoт курс. Every street in central Budapest looks like this right now, people are celebrating ...

Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе се движи во интервал од 15 до 21 степен. Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерена облачност, проследено со умерен до засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 20 степени. ...

Проф. д-р Пламен Павлов/Труд Често в представите ни за българското национално Възраждане се открояват противоречията между “хъшовете» и “граматиците», между “лудите глави» и “кротките» представители на интелигенцията. Такива противоречия, дори конфликти безспорно съществуват, но ако изоставим емоциите, по-силно се оказва взаимодействието между революционното и еволюционното направление. Пресечната точка е отношението към образованието и ...

Проф. д-р Звонимир Јанкулоски/Нетпрес „Розите се црвени, лојалноста исто така“. Ако честитките за Свети Валентин беа напишани од ЗНАМ, тие можеби ќе изгледаа некако вака. Најзаводливиот трик на политиката е нејзиното претворање во афективни врски со електоратот и опфаќа широк спектар на емоционални феномени, вклучувајќи љубов, наклонетост, приврзаност и посветеност. Сето ова го видовме на хуманитарен настан организиран од Советот на родители ...

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ја поздрави убедливата изборна победа на партијата „Тиса“ во Унгарија, оценувајќи ја како силен сигнал за политичка промена во земјата и пошироко во Европа. Ковачев изрази очекување дека новата власт во Будимпешта ќе ја преиспита досегашната политика кон Северна Македонија, особено во делот на, како што наведува, поддршката за „антибугарска реторика и активности на Скопје“. Според него, со години ...

Ивон Величковски Поразот на Орбан е повеќе од партиски и личен – тоа е пораз на цел еден правец. Во овие 16 години, Fidesz и Орбан тргнаа од ALDE “либерали”, па преминаа во EPP “конзервативци” пред да завршат во корпоративен авторитаризам и официјална прегратка со Путин. Обидот за пресликување на унгарскиот модел во ЕУ не успеа во Полска, а тековно наидува на отпор во Словачка и Чешка. Политичко Скопје на сите “конзервативци”, ...

Опозициската партија „Тиса“ на Петер Маѓар оствари убедлива победа на парламентарните избори во Унгарија, освојувајќи 138 од вкупно 199 пратенички места, што ѝ обезбедува двотретинско, уставно мнозинство, пишува БГНЕС. Владејачката коалиција ФИДЕС-КДНП на Виктор Орбан освои 54 мандати, додека „Ми Хазанк“ доби 7. Премиерот Виктор Орбан го призна поразот, оценувајќи дека „резултатот од изборите е болен, но јасен“ и им ја честиташе победата на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.91
62%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
2.97
50%
1013
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.62
51%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.92
46%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.3
50%
1013
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.45
71%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
63%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.61
72%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.15
87%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.92
83%
1015
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
2.24
33%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
5.91
100%
1012
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.0193

Currency

66.8363

Currency

7.96397

Currency

0.69422

Currency

0.3335

Currency

0.5251

Currency

1.15959

Currency

0.5711

Алуминиум

3.12

Паладиум

39127.46

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Платина

50958.93

Цинк

0.00

Злато

128718.15

Сребро

1891.89

Бакар

12.44

Калај

50.54

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29