Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја коментираше ситуацијата со бегството на поранешниот вицепремиер во Владата , Артан Груби, кој се наоѓа на црната листа на САД за корупција, а против кого е распишана и меѓународна потерница. Тој изјави дека Груби се наоѓа на албански простор, но без да даде конкретни информации за неговата локација. Ахмети додаде дека, сепак, правдата не треба да биде селективна и ...

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, нема информација каде е поранешниот вицепремиер, Артан Груби, но во тек е истрага. Во интервју за „Радио Слободна Европа“, Коцевски тврди дека „кртот“ кој ја проби истрагата за Државна лотарија не е од Обвинителството. За екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е осомничен во друг случај, не барале притвор оти казната е до 5 години затвор. Прапшан до каде е истрагата по пријавата за поранешниот ...

На 81-годишна возраст почина Јагнула Куновска – истакнат правник и политичар во земјава. Родена е во грчкиот град Костур во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа била евакуирана во градот Тетово во НР Македонија во 1948 година како една од многуте политички бегалци од Граѓанската војна во Грција. Завршила право на Скопскиот универзитет. Потоа работела како адвокат во Скопје. Член била и на Друштвото на ...

Изборите во Сирија би можеле да се одржат за четири години, изјави новиот сириски лидер Ахмед ал Шара, што е првпат да постави распоред за политичкиот процес откако Башар ал Асад беше соборен овој месец. Изработката на новиот устав може да потрае до три години, рече Шара во интервју за саудиската државна телевизија. Тој, исто така, изјави дека ќе биде потребна околу една година за Сиријците да видат драстични промени. Шара ја предводи групата ...

Двајцата потврдени преживеани во аионската несреќата во Јужна Кореја беа спасени од делот од опашката на авионот – единствениот дел од леталото што задржал парче од својата форма, изјави на брифинг шефот на противпожарната служба на Муан, Ли Јунг-Хјун. Преживеаните во несреќата, кои се членови на екипажот, се згрижени во болница. „Само делот од опашката ја задржал формата малку, а остатокот од авионот изгледа речиси невозможно да се препознае“, ...

Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ, велат од опозициската партија. „Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи. Откако „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и „случајно“ службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил „грешка“ затоа што бил ...

Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше. СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал. Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат ...

Пишува: Аргир од Б’лгарско Блаца Днеска (27 декември, бел. уред.) участвахме във светата литургия за именния празник на ‘железната’ църква въ Цариград. Целият състав на нашият църковен хор със радост и вдъхновение изпълнихме песнопенията които беха част от светата литургия. Във литургията участваше Тивериополски Епископ Тихон от БПЦ. Забележително беше и присъствието на Негово Всесветейшество Вселенският Патриарх Вартоломей. ‘Железната’ църква ...

На криминалот на ДУИ и на Артан Груби му нема крај. Груби со другар му Перпарим Бајрами во Државна лотарија си направиле криминална шема, од која профитирале милиони. Невозможно е СДСМ да не знаеле ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Артан Груби и Перпарим Бајрами системски краделе од лотарија и ваквиот криминал, од надлежните институции, е документиран и истражен. За неколку месеци од преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Првиот Јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари. Додека пак другите четири Јавни повици се однесуваат за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна ...

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото беше градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а потоа и инспектор во Царина, по што лани беше назначена за нов директор на државната компанија „Аеродроми“. Халими ја презеде функцијата од Трајче Ангеловски, а нејзиното именување го следеа контроверзии и реакции во јавноста, кои се однесуваа на тоа дали ги ...

Општина Гостивар денес одржа јавна дебата за креирање на буџетот за 2025 година. Предлог-Буџетот на општина Гостивар е планирано да биде 27 милиони евра, што претставува најголем буџет во историјата на општината. „Денес организиравме јавна дебата во врска со буџетот на општина Гостивар за 2025 година, дебата на која сите граѓани, невладини организации и заинтересирани страни можеа да дојдат и да ги споделат своите предлози и идеи за планирањето ...

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за обезбедување против едно осомничено лице во предметот „Адитив”, обвинителството појаснува дека МВР вчера (26.12.2024 година) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави Известување за постапување по сите 77 наредби за претрес издадени од Основниот кривичен суд – Скопје во кое, во ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за две лица осомничени за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Едниот од нив е осомничен и за обид за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие според член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените со ножеви во рацете им се ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ, кој на седница за пратенички прашања во Собранието на РСМ изјави дека бил незаконито следен од безбедносни служби во текот на 2020 година. Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите. Имајќи предвид дека се ...

Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против В.К., од 11.12.2024 година, а во врска со истрагата за предметот од обвинителството означен како „Адитив“, денеска, веднаш по добивање на известување од надлежното МВР за неговата достапност, донесе решение со кое го отфрли предлогот за определување мерки за претпазливост, со оглед дека осомничениот не е ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали Владата ќе расправа за доделување на средства на ЈСП за бесплатен превоз на студентите, информираше дека во вторник на владина седница ќе биде донесена одлука, бидејќи сесијата започнува во јануари. „Средствата се обезбедени во рамките на Буџетот на Министерството за образование и наука за следната година и на редовната ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицкоски, кој на седница за пратенички прашања во Собранието на РСМ изјави дека бил незаконито следен од безбедносни служби во текот на 2020 година. -Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите. ...

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денес реагираше во собраниската седница откако власта најгрубо ја крши демократијата, не дозволува дебата и носи закони по итна и скратена постапка. – Она што ни се случува денес во Собранието и ваквиот начин на функционирање, каде што во моментот ги добиваме точките на дневен ред и не известуваат во собраниските служби, и во ист тој момент се става на дневен ред, тоа го нема во ниту едно слово во ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека била отворена истрага за полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме од јарбол на улица на Денот на албанското знаме. Одделот за внатрешна контрола при МВР во рамките на утврдени дејствија кои што се сторени, не утврдил дека предметното лице прекршило било каква стандардна-оперативна процедура во рамките на полицијата. „Во рамки на утврдените дејствија коишто се ...

Поради сообраќајна несреќа, патот Куманово – Крива Паланка, кај Младо Нагоричане е во прекин за секаков вид на сообраќај, соопшти АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја испратила 500 тони пченично брашно во Сирија како хуманитарна помош. Зеленски изјави дека станува збор за хуманитарна иницијатива „Жито од Украина“, која Киев ја започна во соработка со Светската програма за храна на Обединетите нации. Планирано е брашното да биде поделено на 33.250 семејства, односно меѓу 167.000 луѓе, во текот на неколку недели. Секој пакет е тежок ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за трговците коишто ги зголемија цените производите, информираше дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување. „Утрово разговарав со господинот Дурмиши министерот за економија и труд, но и претходниве ден-два добивам информации од ...

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Патниот правец од Крива Паланка кон ГП ,,Голема Црцорија – Голеш,, во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, патот не е прооден од снежни наноси и навеви од снег. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Од 15.11.2024 година започнува законската обврска ...

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го распушти Бундестагот и најави предвремени парламентарни избори за 23 февруари 2025 година. „Во тешки времиња“ потребна е функционална влада, рече Штајнмаер во објаснувањето на својата одлука. „Затоа сум убеден дека новите избори се вистинскиот пат за благосостојбата на нашата земја“, изјави Штајнмаер, пренесуваат германските медиуми. Политичките партии во Германија веќе се договорија, ...

Украина, главен светски производител и извозник на житарки и маслодајни семиња, ја испрати првата серија на помош во храна во Сирија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски рече дека 500 метрички тони пченично брашно се на пат за Сирија како дел од хуманитарната иницијатива „Жито од Украина“ во соработка со Киев и Светската програма за храна на Обединетите нации, пренесува Ројтерс. Зеленски истакна дека во наредните ...

Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра. Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведените проверки никаде не може да се пронајдат, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Над 400.000 евра е криминалот, со набавка на разна компјутерска опрема и телевизори, за кои е потпишан прием, а при извршување на попис не се ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по презентација на резултатите од работата на МВР, упати охрабрување до припадниците на Министерството за внатрешни работи. Тој им порача да продолжат да ја спроведуваат правдата насекаде. „Она коешто е важна порака е дека никој не треба да биде над законот и Уставот и не смее да биде над законот и Уставот. Поминаа времињата како до сега. Треба да се бориме против сите оние корумпирани елементи во општеството ...

Поморскиот сообраќај во многу пристаништа во Грција е во прекин поради силниот ветер. Според грчката државна телевизија ЕРТ, поради силните ветрови на Егејското Море, воведена е забрана за пловидба во многу пристаништа меѓу кои Пиреја, Лаврио, Рафина, Волос и Кавала. Поради забраната значително е во прекин поморскиот сообраќај во целата земја, а транспортот до многу острови во моментов не е можен, пренесуваат медиумите. Според податоците на ...

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар тврди дека новата администрација во Сирија го измамила Западот по соборувањето на режимот на Башар ал Асад. Зборувајќи за „Џерусалим пост“, Саар даде своја оценка за новата администрација во Сирија. Обвинувајќи ја администрацијата на чело со Ахмед ал Шара дека е „екстремистичка“, Саар рече дека се сомневаат во новата администрација и дека има причини за тоа. „Знаеме дека Западот е измамен во ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
67%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.03
70%
1011
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.2
84%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.0
89%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
59%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57