Во името на Собранието, претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, упати честитка по повод големиот христијански празник, Божиќ. „Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг. Посакувам овој празник да донесе мир, хармонија и радост во вашите срца и вашите семејства. Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите ...

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите бегалци од правдата да се вратат и да се соочат со доказите пред органите. Прашан од новинарите дали соработуваат со албанските власти, по информациите дека поранешниот вицепремиер, Артан Груби, се наоѓа во Албанија, Мицкоски рече дека не би сакал да шпекулира и да открива детали. „Не би сакал да шпекулирам. Ги повикувам сите кои се бегалци од правдата да дојдат за да се соочат со фактите и доказите ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави разрешување на заменик-директорот на „Македонија пат“ ако се докаже дека ја убил мечката со која што беше фотографиран. Мицкоски рече дека ќе побара одговорност доколку се потврдат ваквите тврдења. „Ќе биде разрешен, ако се потврдат овие тврдења. Тоа се девијантни однесувања кои ако се потврдат, немам намера да ги амнестирам“, рече Мицкоски. Случајот со мечката го покрена здружението за заштита на животните ...

Премиерот Христијан Мицкоски упати божиќна честитка во која посака да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските. „Почитувана Ваша Светост, архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, Почитувани членови на Светиот архиерејски синод, Почитувано свештенство и монаштво, Драги сограѓани, Во мое лично име и во име на Владата упатувам најискрени честитки по повод големиот христијански ...

Состанокот на официјални лица од Словачка, Украина и Европската комисија за снабдување со гас планиран за утре е откажан бидејќи Киев нема да учествува, објавија словачките власти. Комисијата бара нов датум за состанокот, објави во соопштение владата на словачкиот премиер Роберт Фицо. Фицо го обвини Киев дека ја оштетил Словачка со тоа што одлучил да не го обнови договорот за транзит на руски гас низ земјата и се закани дека ќе го прекине ...

Најмалку 53 лица загинаа во силен земјотрес од 7,1 степен што утринава го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина. Многу згради се урнати, објавија кинеските државни медиуми. Според првичните информации, повредени се над 60 лица, а уништени се над илјада куќи. Како што јави Би-Би-Си, се уште е рано да се процени бројот на жртвите. Scenes of destruction and houses collapsed in Tingri, Tibet after today’s earthquake measuring 6.8 ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев. „Имам особено задоволство и чест на сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, ...

Коалицијата ВЛЕН упатува искрени честитки до сите верници од православна вероисповед по повод Бадник и Божиќните празници. Овие денови се симбол на заедништво, љубов и човечност – вредности кои ни се потребни повеќе од кога било, велат од ВЛЕН. „Нека празничниот дух донесе радост, мир и благосостојба во секој дом, градејќи мостови на солидарност и разбирање меѓу сите заедници. Овие празници се потсетник дека нашата земја е најсилна кога сите ...

Финската Елиса денеска објави дека ја завршила поправката на двата подводни телекомуникациски кабли кои беа оштетени на 25 декември во Балтичкото Море. На 26 декември, Финска го заплени танкерот Eagle S што превезуваше руска нафта поради сомневање дека го оштетил подводниот кабел за напојување „Естлинк 2“ меѓу Естонија и Финска и четирите телекомуникациски кабли на Божиќ со влечење сидро на морското дно. „Двата кабли на Елиса сега се поправени“, ...

Белгиската полиција утрово уапси маж вооружен со нож пред канцеларијата на белгискиот премиер во Брисел. „Човекот со нож беше совладан од воената полиција. Мажот е префрлен во полициска станица. Во инцидентот не се повредени воените полицајци“, изјави портпаролот на премиерот Александар Де Кро. Локалната полиција го потврди апсењето, истакнувајќи дека мажот се заканувал на воениот персонал стациониран на местото. Локалните медиуми јавуваат дека ...

Азербејџан објави дека ерменските сили во текот на ноќта пукале врз нејзините воени позиции во западниот регион Лачин, јавува Anadolu. Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека ерменските сили ги нападнале азербејџанските сили во близина на селата Забух и Јагазур. „Ве известуваме дека единиците на вооружените сили на Ерменија изминативе денови неколкупати пукаа врз нашите позиции и сите овие случаи се евидентирани“, беше посочено. ...

„ДУИ нон грата продолжува да ја потценува интелигенцијатана нашите граѓани кои ја казнија оваа застаренакорумпирана каста. Овој клуб на луѓе гладни за власт и нурнати во корупција со години ја водеа околината сокатастрофални кадри која, како резултат на тоа, доведоа дооваа состојба. Дури, не треба да се заборави и иницијативата на качакот, Артан Груби, кој се обиде да јапретвори ДУИ во зелена партија откако ја уништијаживотната средина, но и тие ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Настанот почна со делење на осветените бадникови гранчиња на влезовите од храмот, како симбол на празникот и духовната сплотеност. „Бадник е повеќе од празник, тоа е ден што нè потсетува на вредностите на семејството, заедништвото и љубовта. Ви посакувам празничните денови ...

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен денеска изјави дека му дал задача на лидерот на десничарската Партија на слободата (ФПО) Херберт Кикл да формира коалициска влада, откако не успеа обидот на центристите да формираат коалиција без ФПО. „Го задолжив да започне преговори со (конзервативната) Народна партија за формирање влада“, рече Ван дер Белен во телевизиска изјава по средбата со Кикл. Народната партија, единствениот потенцијален ...

На температури под нулата и ледени води девет Бугари скокнаа во езерото Мичиген за да го спасат Богојавленскиот крст, ден пред празникот Јордановден – Водици, јавува преку својот Facebook профил, генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков. „Крстот го спаси 18-годишниот Данаил Кирилов од Ќустендил. Ритуалот го водеше отец Кирил од Бугарската православна црква „Св. Софија“. Ѝ благодарам на бугарската заедница во Чикаго што ги ...

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска по повод Христијанскиот празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по ул.„Борис ...

„Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом“, велат од ДУИ. „Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, ...

„Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човештво и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба. Да се насочиме кон добрите дела и хуманоста, бидејќи тие се темелите на христовата вера“, се вели во божиќната честитка на ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ посакува празничните божиќни мигови, да ги исполнат вашите домови со топлина, мир и хармонија. Нека се пренесе гласот дека Христос е роден. Да ги споменеме и сите оние кои ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во неделата извести за силни експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, што се совпадна со извештаите за напад со беспилотно летало врз тренинг центарот на централата, изјави главниот директор на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси. Гроси, исто така, рече дека Агенцијата сè уште не може да потврди никакво влијание. „МААЕ е запознаена со извештаите за наводен напад со ...

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, -4 во Скопје-Зајчев Рид и Тетово, -3 во Крива Паланка, Штип и Струмица, -2 во Велес, Битола и Демир Капија, -1 во Кавадарци, Прилеп и Виница, 0 во Попова Шапка, Претор и Охрид, 1 во Крушево и Маврови Анови, 2 во Гевгелија. Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 48 сантиметри во Попова Шапка и 42 во Маврови Анови. Времето во текот на ...

Северна Кореја, наводно, истрелала балистичка ракета со среден дострел во морето, а инцидентот се совпадна со посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Сеул во период на политички превирања во Јужна Кореја. Војската на Јужна Кореја соопшти дека проектилот бил лансиран кон исток околу пладне по локално време, кратко откако Блинкен се сретнал со вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја Чои Санг-мок. На состанокот, ...

Голем број граѓани кои беа на скијање во Маврово денеска останаа заглавени со часови во километарски колони возила на патот Никофорово-Радика. Во некои од возилата има и мали деца, а возилата им остануваат без гориво. „Фотографииве се тазе, денешни, вечерашни, сакаш да се вратиш во викендичка, ама те пренасочуваат да се враќаш од кај Леуново и Никифорово, цел круг околу езерото, оти нормални услови за движење од другата страна нема. Колоната е ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) попладнево објави дека претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, не го потпишала указот за Законот за заштита на децата, со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. Од СДСМ го поздравија овој чекор и побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од измените на законот. Од Кабинетот на претседателката засега нема потврда на информацијата, ниту официјално образложение. ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро ја осудува одлуката на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за ставање вето на законските измени кои предвидуваат двојазичност. Според ДУИ, оваа одлука претставува директен напад врз албанскиот јазик и правата на Албанците во Македонија. „Ова не е изолиран инцидент, туку јасно координирана стратегија. Прво, лидерот на Вреди, Африм Гаши, настапи со изјава насочена против албанскиот јазик, ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) побара од власта целосно да се откаже од измените на Законот за заштита на децата, поради спорните одредби што ги содржи. „Го поздравуваме непотпишувањето на Указот од страна на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, со што се отвора можноста за повторно разгледување. Бараме од Владата да се повлече од намерата за измена на Законот,“ соопштуваат од СДСМ. Од партијата ги ...

Извор: БНР На 24 януари е премиерата на новия български игрален филм „Клас 90“. Наскоро излезе и трейлърът на лентата, в която участват все известни наши актьори. Съученици, дипломирани от гимназията през 1990 г., празнуват годишнина от завършването си в малък хотел в планината. Очакваният купон, на който да си спомнят младостта, за много от тях се превръща в изненадващо преживяване – на повърхността изплуват стари и нови травми, които ги ...

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник ќе се одржат повеќе манифестации, известуваат од СВР Скопје. -Ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на ...

Неповолните зимски услови предизвикаа откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт, од вкупно 1.090 планирани, информира ДПА. Според портпаролот на аеродромската управа, пистите на најголемиот германски аеродром мора да бидат исчистени, додека намалената видливост дополнително го ограничува капацитетот на аеродромот. Процесот на одмрзнување на авионските крила се одвива подолго поради екстремните зимски услови. Слични проблеми се ...

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик е осомничен 22-годишник од Гостивар. Основното јавно обвинителство Гостивар поведе истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно девојче. Со жртвата се запознале преку апликацијата „Снеп-чет“ и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со ...

Намалена видливост поради појава на магла од 80 – 100 м. има на планинскиот превој Ѓавато и до 50 м. на планинскиот превој Буково, соопшти АМСМ. Сообраќајот во близина на Башино Село, кај мостот, од 03 јануари е во целосен прекин и истиот ќе биде во прекин подолг временски период. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57