
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Американскиот претседател во заминување Џо Бајден се обиде дополнително да ги истакне своите перформанси во надворешната политика, велејќи дека противниците на Америка се послаби отколку кога тој ја презеде функцијата пред четири години, и покрај тековните глобални кризи. Една недела пред да му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, Бајден, во редок говор во Стејт департментот, ја пофали поддршката на неговата ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е многу блиску до постигнување договор за ослободување на заложниците кои ги држела палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа. Трамп за мрежата „Њузмакс“ изјави дека договор може да биде постигнат до крајот на неделата. „Многу сме блиску да го направиме тоа“, рече Трамп. Тој изрази жалење што голем број заложници повеќе не се живи поради тешките услови во кои Хамас ги ...
Првото официјално рочиште пред Уставниот суд на Јужна Кореја за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол заврши денеска по четириминутна седница поради негово отсуство, при што судот го одби барањето на Јун да се исклучи еден од осумте судии од судењето. Следното рочиште е закажано за четврток, а судот ќе го продолжи судењето без разлика дали Јун е присутен или не, изјави вршителот на должноста претседател на судот Мун Хјунг-бае, повикувајќи ...
„СДС и Филипче додека беа власт се им дозволија на коалициските партнери ДУИ. СДС и Филипче дозволија криминалот да царува а корупцијата да се прошири до пандемиски размери. СДС молчеше и создаде атмосфера во која се перцепираа како немоќни, а истовремено беа дел и соучесници пред се она што беше очигледно а тоа е мегаломански криминал и пљачкање на народните пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Филипче беа директни сведоци на сомнителни ...
Задоволна сум од денешната одлука, но борбата за правда ќе продолжи, вели Гордана Јанкулоска поранешната министерка за внатрешни работи, во врска со пресудата на Основниот кривичен суд во случајот „Тврдина“. Таа во објава на социјалните мрежи додава дека борбата за правда продолжува и изрази надеж дека граѓанската постапка ќе донесе разрешница за масовното прислушување. „Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава. Од 11:00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка, воведена е забрана за движење на тешки моторни возила и автобуси. Активни забрани за тешки товарни возила има на патните правци: Гостивар – ...
Бугарскиот претседател Радев ќе го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот за премиер именуван од најголемата пратеничка група во 51-то Народно собрание, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава, пренесува БГНЕС. На 15 јануари, среда, од 12:00 часот, согласно чл. 99, ст. 1 од Уставот на Република Бугарија, шефот на државата Румен Радев ќе му врачи мандат за формирање влада на кандидатот за премиер, предложен од најголемата ...
На Универзитетската клиника за ортопедски болести во Скопје успешна е извршена трансплантација, со имплант, односно коска од починат донор, која е имплантирана на два прста кај 13 годишно дете со брахидактилија, соопшти Министерството за здравство. Како што велат од Министерството, кај нас првпат е извршена ваков тип на трансплантација и детето е со уреден постоперативен тек . Изразувам посебна благодарност и честитки за целиот тим предводен од ...
Екс разузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот „Тврдина“. Кривичниот суд денес ја објави пресудата, пришто двајцата бегалци од правдата кои не беа екстрадирани од Грција добија казни за злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа. Казна од три години затвор доби Тони Јакимовски, додека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, доби ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава. Од 11:00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка, воведена е забрана за движење на ТМВ и Автобуси, соопшти АМСМ. АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: · Гостивар – Маврово – Дебар · Струмица – Берово · Пресека · ...
СДС и нивниот прв човек, Венко Филипче во времето кога беа власт, кога стануваше збор за ДУИ и посебно за Артан Груби, глумеа дека ништо не знаат за криминалот на партнерите. Демек ниту виделе, ниту слушнале, а знаеја сите што прави конкретно Груби, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. „СДС и Филипче за почеток треба да излезат на прес-конференција и да им се извинат на граѓаните што дозволиле ДУИ и Груби да ги крадат народните пари. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република во нашата држава, Паоло Палминтиери. За време на средбата, министерот Муцунски му посака успешна мисија на новиот италијански амбасадор, изразувајќи уверување дека неговото дипломатско искуство и личен ангажман ќе придонесат значително кон продлабочување на односите и ...
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами откако земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија, јавува Си-Ен-Ен. Издадено е предупредување за цунами за префектурите Мијазаки и Кочин, соопшти JMA, пренесе Кјодо. Во префектурата Мијазаки веќе е забележано цунами високо 20 сантиметри, а според јапонската агенција, не се потврдени оперативни аномалии во нуклеарната централа ...
Во 14.50 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, додека од 14.50 часот на патен правец Прилеп-Градско, кај Превој „Плетвар“, воведена е забрана за тешки товарни возила во двата правци, соопштија од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...
„Иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство“, велат од СДСМ. СДСМ, како што велат, нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ. „Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква ...
Денеска градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, го пречека на средба првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити. На средбата се дискутираше за проектите кои се распределени за Општина Гостивар од страна на Владата, како и за проектите што ги обезбедува Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е доделувањето средства за Општина Гостивар за изградба на фекална и атмосферска ...
Иван Михајлов го опишува подвигот на Мара Бунева во том III од неговите „Спомени“: “Бѣше мъгливъ влаженъ день. Сѣкашъ още виждамъ какъ по измокрената й връхна дреха се стичаха дъждовнитѣ капки. Нѣмаше какво повече да си кажемъ. Очитѣ и ме гледаха увѣрено. И въ рѫкуването й почувствувахъ нейната сигурность; а заедно съ това и доловимия трепетъ на рѫката й – знакъ че искаше да ме прегърне, за сбогомъ съ мене и съ всички, които следъ нея оставаха ...
Спасувачките екипи се координираат за извлекување на постаро лице кое е заглавено во својот дом од снежни наноси во слото Полаки во Кочанско. Од ЦУК известуваат дека контактирани се екипите на ЛС Кочани, Црвениот крст, противпожарната бригата и Дирекцијата за заштита и спасување во градот. Стапено е во контакт со братот на заглавеното лице. „Командирот на ТППЕ Кочани има стапено во контакт со братот на лицето кое се наоѓа во с. Полаки за негова ...
Данска разбира дека САД имаат безбедносни интереси на Арктикот и е подготвена да разговара за тоа со администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави денеска данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен. Тој на прес-конференција во Ерусалим изјави дека Данска е подготвена да ги продолжи разговорите со Трамп во тесна соработка со Гренланд за да ги обезбеди легитимните американски интереси, пренесе „Ројтерс“. Трамп ...
Општина Центар информира дека на официјалната веб-страница е објавен Граѓанскиот буџет за 2025 година. Овој документ, подготвен во едноставен и разбирлив формат, обезбедува увид во приходите, расходите и планираните капитални инвестиции на општината, претставувајќи ги приоритетите и стратешките определби на локалната самоуправа. „Граѓаните преку оваа апликација можат да имаат увид во тоа како се креира буџетот, како се трошат нивните пари и кои ...
Скоро сите јавни училишта во Лос Анџелес ќе ги отворат вратите, иако пожарникарите продолжуваат да се борат со неколку пожари кои однесоа најмалку 24 животи и уништија повеќе од 12.000 објекти во градот. Образовните власти во Лос Анџелес објавија дека само седум од 1.302 училишта ќе останат затворени. Четири од нив се уништени во пожар во близина на населбата Пацифик Палисадес во северозападниот дел на Лос Анџелес, а уште три се во зоната на ...
Катар, кој е еден од посредниците во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, им го предал на Израел и на палестинската милитантна група Хамас „конечниот“ нацрт на договорот за прекин на огнот и за ослободување на заложниците, дизајниран да стави крај на војната во Газа, изјави неименуван функционер за Ројтерс денеска. Официјалниот претставник рече дека е постигнат напредок во разговорите во катарскиот главен град Доха по полноќ по ...
ЈП Македонијапат извести дека дежурните екипи и во текот на ноќта во континуитет биле на терен и вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги одржат проодни за сообраќај. Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта. ...
„СДС се претвори во партија на уценети политичари. СДС му слугуваше на ДУИ и уште му молчат. Исплашени да не прозбори и ги издаде, СДС молчат за Груби. Скоро два месеци скандалите и криминалите на Груби ја брануваат македонската јавност, само од СДС збор не се кажува за него. Ги нема да се оградат и да го повикаат Груби да се врати во државата и да се соочи со правосудните органи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од Груби се откажа и ДУИ, ама СДС од него ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава. Од 05:45 часот тешките товарни возила поради врнежи од снег превентивно ќе се пренасочуваат од автопат А1 кај клучка Демир Капија до Смоквица по регионалниот патен правец (стариот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг-ун доколку тој може да обезбеди нивна размена за украинските војници заробени во Русија. „Покрај првите заробени севернокорејски војници, сигурно ќе има уште. Прашање на време е кога нашите војници ќе успеат да заробат други“, напиша Зеленски на Икс. Зеленски претходно изјави дека Украина заробила двајца ...
Според првите прелиминарни резултати на Државната изборна комисија на Хрватска, актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ убедливо го победи противкандидатот Драган Приморац. Милановиќ освои 71,02 отсто поддршка, а Приморац 28,98 отсто од гласовите. Според податоците на комисијата, Зоран Милановиќ досега освоил 154.422 гласа, а Драган Приморац 63.027 гласа. Потсетуваме, Милановиќ убедливо беше победник во првиот круг и му недостасуваа ...
Најпогодена држава од загадувањето на воздухот е Северна Македонија, а по неа следи Србија, објави „Еуроњуз“ повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Соседните држави Албанија и Бугарија, како и Црна Гора исто така се наведуваат како земји со високо ниво на загаден воздух. Според извештаите на Европската агенција за животна средина, изложеноста на PM2.5 честичките предизвикало ...
До крајот на денот нè очекува облачно и студено време со повремени врнежи од снег. Поради ниските температуре и северниот ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што информираат од УХМР, највисока снежна покривка измерена е во Попова Шапка со 64 сантиметри снег, Маврови Анови 50 сантиметри, Штип 30 сантиметри, Тетово 26 сантиметри, додека во Крушево 24 сантиметри. ...
Од 15:50 часот патниот правец А1 Демир Капија – Смоквица е во целосен прекин и сообраќајот се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102, информира АМСМ. Активни забрани за тешки товарни возила има на: – Гостивар – Маврово-Дебар – Гостивар – Стража-Кичево – Пресека – Плетвар – Ѓавато – Струга – г.п. Ќафасан – М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос – Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба ...