Оливер Спасовски од СДСМ денеска на прес конференција истакна дека СДСМ нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите поднесени од ДУИ, затоа што не се потребни нови поделби по етничка основа. „Македонското Собрание во ниту еден случај не смее да биде мегдан за поттикнување меѓуетнички тензии и отворање можности за поделби меѓу граѓаните. Доколку намерите на подносителите биле вистински, причините за интерпелаците не смеело да бидат ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните кои сè уште користат лични документи со старото уставно име. Како што рече, голем дел од документите, како возачките дозволи и пасошите, се веќе заменети со новото уставно име. Тошковски нагласи дека граѓаните не треба да трпат штета поради „погрешните политики на претходната власт.“ „Огромен број од возачките дозволи се ...

Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм, вели во одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. – Реториката за постојано подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и спотови со воени опреми се несоодветни провокации за кои дефинитивно нема место во нашето општество. Не држат вода ставовите дека во СДСМ има албанофобија, СДСМ е ...

„СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата. СДС се главем виновник за милионските криминали на Груби. Тие ја потчинија цела влада на него и неговите криминални шеми“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Груби отворено, без проблем од прогон, со години ја ограбуваше државата во време на СДС. СДС свесно дозволи и знаеше што се прави Груби. СДС се виновни за криминалот на Груби и за се што правеше, кое му ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Полициското одделение Групчин, општина Желино при што отвори нова канцеларија на Управните служби на МВР. „Денеска сме во општина Желино и заедно со поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот на Тетово. Во рамки на една заедничка идеја што ја имавме уште пред изборите, она што сме го ветиле го реализираме а тоа е го доближуваме услугите на МВР до секој еден граѓанин на ...

Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека од 28 декември 2024 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажни пораки, кои се испраќаат до граѓаните на Македонија. Овие активности сè уште се актуелни. Се испраќаат лажни SMS пораки со злоупотребено име на банката, кои содржат линк до лажни веб-страници со намера за измама. Целта на овие пораки е прибирање на податоци за платежните картички и ...

Либералната партија на канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо доцна вчера објави дека ќе избере нов лидер на 9 март, пред овогодинешните избори, за кои анкетите покажуваат дека рејтингот на партијата е значително ослабен. Трудо пред четири дена најави дека ќе поднесе оставка како лидер на владејачката Либерална партија и премиер по девет години на власт, но вети и дека ќе остане на функцијата додека неговата партија не избере замена. ...

Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите на катастрофата во јужна Калифорнија. Снимките од воздух на областа Пацифик Палисадес во Лос Анџелес во четвртокот покажаа широко распространето уништување по пожарот во Палисадес, кој продолжува да гори. Шефот на пожарникарите во Лос Анџелес, Кристин Кроули, го опиша пожарот во Палисадес како една ...

Четири лица загинаа во гранатирање во Украина, руската војска е обвинета за жртвите во Доњецк, а украинските сили во регионот Запорожје, соопштија регионалните власти. Во регионот Доњецк, точката на бавното напредување на Русија на запад долж линијата на фронтот, гувернерот Вадим Филашкин на Телеграм изјави дека две лица загинале кога руските сили го гранатирале градот Сиверск. Понатаму, на југ, во областа контролирана од Русија во областа ...

Канадскиот премиер Џастин Трудо во средата изјави дека изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за можна анексија на Канада се тактика дизајнирана да го одвлече вниманието од влијанието на царините што тој ги предложи. Трамп, кој рече дека ќе воведе царини од 25 отсто на сите канадски увозни производи, освен ако Отава не ја зајакне граничната безбедност, во вторникот рече дека може да употреби „економска сила“ за да ја ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека последната од серијата состаноци со западните сојузници во Германија резултирала со ветувања за дополнителни 2 милијарди долари воена помош во војната против Русија. Зеленски, во изјава за телевизискиот канал „Моја Украина“ по вчерашната средба, даде неколку детали за помошта, велејќи дека 34 земји ветиле поддршка во различни аспекти. Тој го оцени состанокот како многу добар, истакнувајќи дека ...

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го коментираше предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд, повлекувајќи паралели меѓу планот и руската анексија на неколку украински региони. Русија долго време се обидува да ги оправда своите анексии на украинските региони Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје во септември 2022 година пред меѓународната заедница. Песков во својот коментар истакна дека Русија ...

„Состојбите во здравството се влошуваат од ден на ден. Алармантно расте бројот на смртните случаи, 20 бебиња почнаа во изминатите 7 месеци, се влошуваат услугите за граѓаните. Мора да има одговорност за она што се случува, мора да има одговорност за починатите бебиња“, велат од СДСМ. „Јавноста е сведок дека има обиди да се заташка последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести, кое било одбиено за ...

„СДС се тие кои дозволија Артан Груби да прави што сака и да ја краде државата. Артан Груби со друга владина структура не би можел така да се однесува. Но, бидејќи СДС беа гладни за власт и сакаат да останат во владините фотелји што подолго и по секоја цена, му дозволија на Груби да краде од Државна лотарија и од други институции, да игра фудбал по државни институции и да покажува ароганција на највисоко ниво“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС со ...

„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество“, велат од СДСМ. „За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во единствена ...

„Добро е што Венко Филипче, после години громогласен молк и оправдување на политиките на СДС кои директно ја поткопуваа македонската државност, конечно се осмели макар и лажно да направи било каков чекор во одбрана на националните интереси. Меѓутоа, вистинската искреност бара не само зборови, туку и извинување и преземање одговорност за сите предавства на СДС изминативе седум години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Очекуваме Филипче, во име на СДС, јавно ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остави работна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер. На средбата се потврдија добрите билатерални врски меѓу двете земји, со посебен акцент на развивање на економските односи. Вицепремиерот Николоски ги презентираше условите за инвестирање во земјава, притоа на средбата се разговараше и за повикот на нови авиолинии што Министерството ...

Новиот Закон за учебници во основно и средно образование ја уредува подготовката, изборот, одобрувањето, издавањето и повлекувањето од употреба на учебниците за основните и средните училишта, со него ќе добиеме подобар квалитет на учебниците а тие и понатаму остануваат бесплатни. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање рече дека со новиот модел, учебниците се даваат на издавачките куќи, но, на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со задоволство ја прифати поканата на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан да биде дел од прославата и празничната трпеза по повод неговиот именден – празникот на светиот првомаченик, архиѓакон Стефан. Покрај искрените честитки, таа му посака добро здравје и изрази желба за понатамошно успешно извршување на важната мисија на духовен чувар и водач на ...

Појавата на нарачана изработка на магистерски и докторски трудови мора да запре. Ова го изјави министерката за образование, Весна Јаневска и нагласи дека Министерството веќе работи на воведување стандарди и мониторинг во високото образование со тоа што веќе во неколку државни универзитети се одземени неправилно стекнати звања и дека одредени лица се отпуштени од работа. -Таа појава мора да запре. Како министерство веќе сериозно работиме на тоа ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари, не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им ги преполнија пациенти со грип и пневмонии, а упат за рентген не можат да креираат. Министерот Таравари вели дека скоро и да нема болница во земјава во која нема рентген. „Пред да дојдам тука имав состанок со екипата од ’Мој термин’ за да има што повеќе термини во болниците и на периферија. Јас немам информација дека ...

УХМР прогнозира за наредните денови дека следува студен бран со врнежи од снег. Истовремено, се потсетува дека, согласно временските метеоролошки прилики, со соодветни подготовки согласно дестинацијата се планираат патувањата, а пожелно е да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, согласно информациите од надлежните институции и служби. Конкретно, УХМР прогнозира дека во сабота ќе преовладува ...

Владата на Венецуела, денеска, низ целата земја ќе подели плакати, кои личат на налози за апсење, против седум поранешни претседатели на земји од Латинска Америка, кои најавија дека ќе го поддржат опозицискиот лидер Едмунд Гонзалес во неговата намера утре да положи претседателска заклетва. Официјални лица им наредиле на вооружените сили и на полицијата да дистрибуираат постери на сите улици, пристаништа и аеродроми против поранешните ...

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, сподели видео на својата социјална мрежа „Трут соушл“ во кое професорот од Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс, ја критикува политиката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Блискиот Исток. Во видео споделено од Трамп, Сакс ја нуди својата проценка за причините за инвазијата на Ирак во 2003 година. „Од каде дојде оваа војна? Дали знаете? Тоа е прилично изненадувачки. Оваа војна всушност ...

Коалицијата Влен ја повика ДУИ да донесе формална одлука за исклучување на Артан Груби од членство во партијата. Од тука велат дека ДУИ треба да преземе конкретни и видливи мерки за зачувување на стратешкото партнерство на Албанците од Северна Македонија со Соединетите Американски Држави и за докажување дека Албанците нема да бидат заложници на ничиј криминал. „Досегашните изјави на господинот Али Ахмети и господинот Бујар Османи за ...

И ДУИ и Тетовскиот Универзитет сите се дистанцираат од криминалецот и бегалец Артан Груби, сите освен Социјалдемократскиот сојуз, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС покрај ДУИ се највеќе виновни зошто на Македонија воопшто и се случи Груби. Да не беше нивната желба за власт по секоја цена или ќе воведоа постапка против Груби, или воопшто немаше да дозволат да дојде до тоа. Нема амнестија за СДС во случајот Груби. СДС знаеле ...

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе кое почина на клиниката на почетокот на минатиот месец откако прво беше одбиено за хоспитализација, а по два дена со влошена состојба било примено на лекување. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес извести дека го добил извештајот од стручната комисија. „Нема одговорност од докторите. Извештајот пристигна, јас го прочитав уште во понеделник, ако не се ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека во месец март очекува дечињата од населбите Пролет и Маџир маало да бидат згрижени во новата градинка Пролет која е прва изградена градинка по пет децении на територија на општината. „Во март годинава, се надевам децата од Центар да бидат згрижени во оваа предучилишна установа која е изградена по највисоки светски стандарди. Изградбата е комплетно завршена, а на крајот на ...

Загадениот воздух во градовите низ државата е сериозен проблем кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите резултати од преземените системски мерки би се почувствувале за некој период од среден рок, од неколку години, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на долгорочна и системска стратегија која реално ќе го намали загадувањето. За да се направи тоа, меѓу другото, потребно е ...

Во главните улоги се актерите Александра и Ивајло Еневи. Класичната бајка „Снежана и седумте џуџиња“ е прва премиера во Државниот куклен театар во Бургас за оваа година, информираат од културната установа. Во главните улоги се актерите Александра и Ивајло Еневи. Сценографијата и куклите се на Марија Ибришимова. Музичката придружба е дело на композиторката Мира Искарова. Претставата е погодна за публика над 3 години. Премиерата на „Снежана и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
70%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
79%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52