Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија, информираат попладнево од владината прес-служба. – По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, а понатаму и работните групи од двете земји, се конкретизираат работите за изградба на третата фаза ...
Откупот на пченицата за стоковните резерви предизвика зголемување на цената на лебното зрно за еден денар. Потпреседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека одредени млинови почнале да ја откупуваат пченицата по 13 денари, колку што изнесува и цената за откуп за стоковните резерви. -Претходно пченицата беше по 12 денари. Но, таа цена беше за прва класа. Оваа година, бидејќи беше многу сушна, мислиме дека пченицата повеќе се ...
Коалицијата ВРЕДИ денеска до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи откако ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за ОБСЕ Самитот без документација и евиденција додека бил министер за надворешни работи. -ВЛЕН денеска поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се пристапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи. Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари се ...
Реалната просечна плата порасна двојно повеќе споредено со времето кога СДСM беше на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на објавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за пад на животниот стандард. Од владејачката партија посочуваат дека статитстиката потврдува оти порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 6,7 отсто, за разлика, од како што велат, 3,5 отсто во времето на СДСМ. Тоа, според ВМРО-ДПМНЕ значи дека стандардот на граѓаните ...
Класична СДС матрица на лаги и дефокус. Последниот човек кој може да зборува за економија е Венко Филипче. Под него, Заев, Артан, Бујар и Али, Македонија ја виде најголемата сиромаштија, најскапата струја, најскапото гориво и најголемите корупциски афери, објави ВМРО-ДПМНЕ. Народот плаќаше со живот и празни џебови, а тие си полнеа сметки и договараа политики на јахти. Денес Филипче зборува за „достоинство“, а токму тој и неговиот ментор ја ...
Во Собранието денеска им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ на годинашните добитници доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендоркинологија и Борче Стаменов од Иницијативата „Донирај компјутер“. Наградата им се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу ...
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски. На средбата се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижности и за можностите за поефикасна размена на информации меѓу двете институции. Како што соопштија од Катастар, целта на средбата е креирање нови мерки за полесен пристап до кредити за купување прв стан. Директорот Живковски ...
Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во време кога министер беше Бујар Османи, а Обвинителството и судството сѐ уште не презеле никакви мерки, велат од ВЛЕН. Од таму додаваат дека ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) се потрошени за организација на ОБСЕ самитот во Скопје без соодветна документација, без ...
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија, инфалцијата руши рекорди, платите стагнираат, граѓаните се се посиромашни, посочува претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук. Филипче нагласува дека власта го прекина системот на континуирано зголемување на платите што го воведе СДСМ и ги доведе граѓаните до раб на преживување. „Пред еден од ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески уверува дека се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ниво под три проценти, во која насока гледа охрабрувачки сигнали од страна на Владата. Навистина сакаме да се симнеме на инфлација под 3 проценти. Тука има охрабрувачки сигнали од страна на Владата, помалку популизам од аспект на пристисоците за раст на платите. Најверојатно до крајот на годината ќе има напори, мерки, да се вклопи ...
СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници. Додека јавно глуми противник на СДС, Димитар Апасив немал проблем со тоа што неговата сопруга да барала пари од европските фондови и владата на Ковачевски преку Националната агенција за Еразмус+, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. – Имено токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управува Марко Ѓорѓиевски ...
Министерот за здравство, Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. На состанокот присуствуваа и заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус на периодот ...
Патувањето од Белград до Закинтос за еден студент од Србија за малку ќе се претвореше во вистински кошмар. Младиот белграѓанец тргнал со автобус кон грчкиот остров за да летува со пријателите, но набрзо открил дека му го нема паричникот. Го изгубил на бензинска пумпа кај Куманово, а тоа го сфатил дури откако автобусот веќе влегол во Грција. Враќање назад – невозможно. „Мојот син тргна со автобус за Закинтос преку агенција, како што најчесто ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 проценти на увозот на кинески стоки доколку Пекинг не воспостави сигурни залихи на ретки земни магнети за САД. „Тие мора да ни ги дадат магнетите. Ако не ни ги дадат магнетите, ќе мора да им наплатиме царина од 200 проценти или нешто слично“, рече Трамп во Белата куќа за време на состанокот со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг. Американскиот претседател призна ...
И Граѓанската платформа „Независни заедно“ ќе има свој кандидат за градоначалник на Скопје, професор доктор Горан Марковски – Декан на Градежниот факултет, како што го најавуваат „истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје“. Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, порачаа од грашанската платформа „Независни заедно“, составена од „Шанса за ...
Од Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донела решение со кое постапката за преземање на Стопанска банка Битола од страна на српската Алта Банка се запира поради промена на преземачот во рамки на истата групација. Комисијата ја информирала Стопанска банка Битола за оваа решение (донесено на седница на 19. август), вчера. Алта Банка е дел од Алта Гроуп ДОО Белград, а српската ...
Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Орце Симов, за „Слободен печат“ тврди дека во ротирачкиот ресторан во телекомуникациската кула на Водно нема да има никакви веселби, и дека патот до таму нема да отвара за возила. Моментално со возило до кулата може да стигнете само ако имате специјална дозвола, а патот со рампа е затворен на Средно Водно. -Нема да има ни свадби ни веселби, ниту се планира да се отвори ...
Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија истакна дека по сите големи ветувања на изборите во 2024 година и после 4 години локална власт има огромни разочарувања кај граѓаните, особено за нереализираните ветувања и економијата. ,,Со ВМРО-ДПМНЕ има катастрофални економски параметри, платите стагнираат, додека во регионот растат, и БиХ не претрка со минимална плата од 511 евра. Регионот оди нагоре ние ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, инвестираше огромни суми пари во различни сектори од почетокот на неговиот втор мандат. Критичарите го обвинуваат дека ја користи својата позиција – сосема отворено – за да го зголеми своето лично богатство. Откако беше повторно избран на функцијата претседател на САД, Доналд Трамп постојано се соочува со обвинувања дека остварува лична добивка од претседателската позиција. Тој и неговото семејство неодамна ...
За неколку месеци односно на почетокот на идната година Македонија нема да плаќа роаминг со членките на ЕУ. Ова е најавата која што доаѓа од Брисел каде министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски разговарал и на оваа тема со претставници на Европската Унија. ,,Денес во Брисел се сретнав со Герт Јан Купман, генерален директор за проширување и соседство во Европската комисија. Разговаравме за постепеното укинување на трошоците за роаминг ...
Неверојатен натпревар и голема победа за Ливерпул против Њукасл, со голот на тинејџерот Енгумоа, кој погоди во десеттата минута од судиското продолжение во второто полувреме за конечни 2:3. Њукасл и Ливерпул одиграа фантастичен натпревар на затворањето на второто коло од Премиер лигата, во кој „стралките“ малку ги делеше од неверојатен подвиг. Ливерпул не одигра ништо, дури и во ситуација кога имаше играч повеќе, Њукасл доминираше, особено во ...
Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад „Македонија“ во Скопје. Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранил од функцијата Лиса Кук, гувернерката на Федералните резерви (ФЕД), обвинувајќи ја дека сторила хипотекарна измама. Во писмо до Кук, Трамп наведува дека постојат „доволно докази“ дека Кук давала лажни изјави во договорите за хипотеки, а Федералната агенција за финансирање на домувањето поднесе барање до Министерството за правда за отстранување на гувернерката. „Во најмала рака, ...
Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев оствари уште еден голем подвиг, откако успешно го преплива каналот Ла Манш. Тој до целта стигна за време од девет часа и 43 минути, со што стана само петтиот Македонец кој го постигнал овој импресивен успех. Ла Манш претставува еден од најголемите предизвици во маратонското пливање, познат по своите силни морски струи, ниски температури и непредвидливи временски услови. Затоа ваквото достигнување претставува ...
Беше заменик министер за внатрешни работи, а сега бара работа. На поранешниот заменик министер за внатрешни работи од СДСМ во време на техничката влада Митко Бојмацалиев очигледно тешко му оди потрагата за работа во приватниот сектор. На социјалнита мрежа Линкдин, Бојмацалиев навел дека е експерт за маркетинг и социјални медиуми и дека бара маркетинг тим за работа. Митко Бојмацалиев, за време на техничката влада дојде на позицијата ...
Украинското Министерство за надворешни работи остро го критикуваше онлајн-учеството на американскиот режисер Вуди Ален на Московскиот меѓународен филмски фестивал. „Настапот на Вуди Ален на Московската филмска недела е срамота и навреда за жртвата на украинските актери и филмаџии кои беа убиени или повредени од руските воени злосторници во тековната војна против Украина“, соопшти украинската дипломатија преку социјалните мрежи. Министерството ...
Валери Залужни, амбасадор во Велика Британија и поранешен врховен командант на Украина, одбил телефонски повик од потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, по неговата озлогласена пресметка во Овалната соба во февруари со претседателот Володимир Зеленски, објави Гардијан , повикувајќи се на неименувани извори. Според изворите на „Гардијан“, тимот на Венс се обидел „преку разни дипломатски и други канали“ да го контактира амбасадорот во обид да ...
Мечка јадела храна оставена на маса на трем од семејна куќа во тетовското село Отуње. Додека животното се „гоштевало“, членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата и со мобилен телефон го снимиле присуството на мечката, пренесува Тетово инфо. Оттаму додаваат дека летово и во другите блиски села како Сетоле и Једоарце се забележани слични примери на камери за видеонадзор на кои се гледа како мечките, во потрага по храна, се движат низ ...
Двајца холандски тинејџери беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул, а се сомнева дека починале од труење. Според извештаите, холандскиот државјанин Рашид Мохамед Аџуб (57) и неговите синови Мохамед Џамил Јусуф (17) и Мохамед Јаздани (15) престојувале во хотел во центарот на Истанбул и посетиле ресторан во населбата Таксим во петокот вечерта, објави Сабах Хабер Плус. Додека синовите наводно јаделе таму, таткото не ја пробал храната. ...
Канадската компанија „Тера Балканика Рисорсис“ објави дека во рамки на проектот Виогор–Жаник во Брежани (БиХ) е откриено значително проширување на златното лежиште, при што во третата фаза од дупчењето потврдиле присуство на повеќеметално наоѓалиште. На длабочина од 72,3 метри е измерена просечна содржина од 0,27 грама злато на тон руда, а во поединечни делови и над еден грам на тон. Освен злато, во новото наоѓалиште се потврдени и антимон и ...