Кикс на фаворитите во 15.коло во Премиер лигата. Ливерпул и Арсенал одиграа нерешено со Фулам, односно Евертон. Ипсвич во последните секунди победи во Вулверхемптон, а Њукасл го декласира Лестер. Ливерпул, втора пат по ред не успеа да победи во Премиер лигата. откако во минатото коло одигра 3.3 во Њукасл, вечерва одигра 2.2 со Фулам на домашен терен. Ливерпул од 17.минута играше со фудбалер помалку. Робертсон доби црвен картон во моменти кога ...

Фудбалерите на Баерн Минхен во 14.коло го доживеаја првиот пораз во Бундес лигата оваа сезона. Лидерот на табелата падна во Мајнц, му пресудиа Кореецот, Ли Јае-сунг. Киксот на Баерн го искористи актуелниот шампион Баер Леверкузен и со триумфот во Аугсбург ја намали предноста на Баерн на четири бода. Мајнц кој минатата сезона во финишот на сезоната избори опстанок, оваа игра одлично. Против Баерн ја забележа шестата победа и скокна на шестото ...

Аталанта и по 16 одиграни натпревари ќе остане лидер во италијанската Серија А. Попладнево, Ла Деа на Сардинија го победи Каљари со 1:0. По 16 рунди во Серија А, Аталанта е лидер со 37 бода. Аталанта на Сардинија ја забележа 10.победа во низа, во домашниот шампионат. Д неа дојде многу потешко од очекувањата. Решавачкиот гол го постигна резервистот Николо Заниоло, кој влезе во игра во 64. минута, а само две минути подоцна ја круниса одличната ...

Џордан Крукс од Кајманските Острови е најбрзиот пливач на сите времиња. Во квалификациската рунда во дисциплината 50 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта 25-метарски базени, тој забележа резултат 20.08 секунди. За осум стотинки ја надмина претходната граница од соништата, која беше во сопственост на познатиот Американец Кејлеб Дресел. Крукс во Будимпешта го брани златниот медал освоен во Мелбурн пред две години. За светскиот ...

Претседателот на Руанда, Пол Кагаме, објави дека оваа африканска земја официјално се пријавила за домаќин на трка во Формула 1, за која рече дека ќе се одржи во главниот град Кигали. Последната Формула 1 трка на африканскиот континент се одржа во 1993 година, кога патеката во Јужна Африка Кјалами беше домаќин на трката. „Среќен сум што можам официјално да објавам дека Руанда се натпреварува да ја врати возбудата на трките во Африка со тоа што ...

Фудбалскиот клуб Вардар го донесе првото засилување во зимскиот преоден рок. Нов играч на црвено-црните е Михал Пинтер. 30-годишниот Словак е централен дефанзивец, во Вардар дојде од Шкупи. За тимот на Шкупи има одиграно 42 натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Пинтер во кариерата бил играч на Татран Прешов и Злате Моравце. Вардар во вториот дел од сезоната го очекува грчевита борба за опстанок во лигата. есенскиот дел од шампионатот ...

Трент Александер-Арнолд пред дуелот со Фулам даде интересно интервју за „Скај Спорт“. Се разговараше на различни теми, Трент повторно изрази бројни пофалби за новиот тренер и тоа што секојдневно се насмевнува поради начинот и длабочината со која Арне Слот го набљудува фудбалот. Зборуваа и за досегашната сезона, размислувањата на играчите пред заминувањето на Јирген Клоп, предизвиците… Но и за она што најмногу ги интересира навивачите на ...

Синоќа 16. коло од Серија А започна со дуелот помеѓу Емполи и ТориноМинимална победа забележаа гостите. Голот за победа е вистинско ремек дело. Го постигна Че Адамс и сигурно е еден од најубавите оваа сезона. По грешка на Емполи во нападот и додавањето на Никола Влашиќ, играчот на Торино ја во 70.минута, „удри“ по топката од половина терен. Адамс забележа дека голманот Дејвис Васкез Лах е далеку од својот гол, неговата грешка ја казни со ...

Денвер Нагетс на домашен терен ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со 120:98 во натпревар од НБА лигата. Денвер ги декласира Клиперси и покрај тоа што Никола Јокиќ одигра под своите стандардни. Актуелниот МВП натпреварот го заврши со 16 поени (6/9 од поле). , седум скока и две асистенции. Центарот на франшизата од Колорадо на претходните два натпревари постигна 56 и 48 поени. Јокиќ со оглед ан убедливата предност која ја имаше Денвер не играше во ...

Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове по 12 дена ја напушти болницата, соопшти клубот. Младиот фудбалер колабираше на теренот за време на дербито со Интер на 1 декември, а пред неколку дена му беше вграден дефибрилатор. Кариерата на Бове во Италија е завршена. Прописите во Серија А се строги, не може да игра фудбале со дефибрилатор, но може да игра надвор од италијанскиот полуостров. Кристијан Ериксен мораше да го напушти Интер откако доживеа ...

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека Серхио Перез би можел да биде заменет со еден од двајцата членови на тимот на РБ, по разочарувачките резултати на Мексиканецот во неодамна завршената сезона во Формула 1. Перез во јуни потпиша нов двегодишен договор со австрискиот тим, но во вториот дел од сезоната неговите резултати без под нивото. Мексиканецот четири пати беше на подиумот во првите пет трки од сезоната, но од трката во Имола во ...

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера ги дозна противниците во квалификациите за пласман на СП во 2026 година. Македонија ќе се обиде да стигне до Мундијалот преку Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Квалификацискиот циклус Македонија ќе го отвори на 22.март наредната година со гостувањето во Лихтенштајн. Три дена подоцна во Скопје ќе гостува селекцијата на Велс. На 6.јуни, фаворитот во групата, Белгија ќе гостува во Скопје, а три ...

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити денеска соопшти дека во сезоната 2023/24. остварил рекорден приход од 715 милиони фунти (околу 865 милиони евра). Приходите на Сити се зголемија за 2,2 милиони фунти по рекордот од минатата сезона од 712,8 милиони фунти. Сити дојде до оваа сума во сезона кога не успеа да го повтори историскиот резултат – „тројната круна“ (Премиер лига, ФА Куп и Лига на шампиони) од сезоната 2022/23, но го освоија четвртиот ...

Јусуфа Мукоко е 20-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд кој моментално е на позајмица во Ница. Таму постигна два гола и забележа две асистенции на 13 настапи во сите натпреварувања оваа сезона. На 12 години беше прогласен за најголем талент во светот, а денеска германски „Билд“ објави дека тој всушност е четири години постар од неговата возраст. Мукоко е роден во Камерун, а во Германија дошол како дете. На 12-годишна возраст првпат играл за ...

Фото/ ffm.mk Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Мундијалот во 2026 година. На патот до Канада, Мексико и САД на Македонија и стојат Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Македонија ќе биде фаворит во дуелите со Казахстан и Лихтенштајн, а впечатокот е дека може да игра со фаворитот Белгија и Велс. „Извлекувањето во Цирих ни носи надеж. Добивме група со репрезентации со кои може да ...

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах е најдобар играч во Премиер лигата за месец ноември. Салах беше вклучен во пет од седумте гола што Ливерпул ги постигна на три натпревари во Премиер лигата во ноември. Тој го постигна победничкиот гол во камбекот против Брајтон, беше вклучен и во двата гола во победата против Астон Вила, а постигна два гола во победата над Саутемптон. Тој беше најдобар стрелец во лигата во ноември, а оваа сезона постигна 13 ...

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство. Патот на Мундијалот во 2026 година Македонија ја води преку Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Поради зголемувањето на бројот на учесници на Мундијалот од 32 на 48 репрезентации, Европа наместо досегашните 13 ќе има 16 претставници, а соодветно е делумно променет и квалификацискиот систем. Беа извлечени 12 групи, а само ...

Ли Ти, еден од најпознатите кинески фудбалери и поранешен селектор на националниот тим е осуден на 20 години затвор поради корупција. Утврдено е дека Ти со години плаќал и примал мито за да мести натпревари, да избира играчи, па дури и да купува преноси од сопствените натпревари. Според пишувањата на кинеските медиуми, Ти добил речиси 6,7 милиони евра мито од фудбалерите за да ги избере за националниот тим и да помогне во обезбедувањето нови ...

Лионел Меси пред нешто повеќе од три години ја напушти Барселона како слободен играч, но тој засекогаш ќе биде поврзуван со клубот од „Ноу Камп“. За многумина, најдобриот играч на сите времиња пристигна во Барса во 2000 година, дебитираше во 2004 година, за клубот одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и забележа 303 асистенции. Рекордерот во многу категории е и рекордер на клубот со 34 освоени трофеи. По две години во Пари Сен Жермен и една ...

Кристијан Пулишиќ се повреди пред седум дена, а во средата навечер против Црвена звезда, Милан остана без уште двајца важни играчи. Во дуелот од шестото коло во Лигата на шампионите, во кој Милан се мачеше да го совлада српскиот шампион со 2:1, тренерот Пауло Фонсека уште во првото полувреме остана без Алваро Мората и Рубен Лофтус-Чик. Според италијанските медиуми Мората и Лофтус-Чик нема да играат до крајот на годината, со напомена дека ...

Михаел Шумахер е целосно надвор од очите на јавноста по неговата несреќа на скијање на 29.декември 2013 година, но во исто време тој и неговото семејство треба да се справат со многу други, нови и сложени проблеми. Освен оние за неговото здравје, тука се и најновите проблеми, уцените. Најлошо од се е што во заговорот била вмешана и медицинската сестра која се грижела за неговото здравје. Поранешната медицинска сестра наводно била дел од ...

Џамал Мусиала ја доби наградата за најдобар играч на годината во дресот на германската репрезентација. Офанзивниот играч за врска на Баерн играше брилијантно во текот на целата сезона, вклучувајќи ја и претходната, а своите блескави игри ги пренесе и во националниот тим. Мусиала одигра одлично на Европското првенство годинава, каде Германија беше елиминирана во четвртфиналето од Шпанија. Играчот од средниот ред на Минхен освои 56 отсто од ...

Андрија Максимовиќ, тинејџерот на Црвена звезда, е новиот рекордер во Лигата на шампионите. Еден од најталентираните фудбалери ов Европа, против Милан во средата го урна рекордот на легендата на Манчестер сити и актуелен менаџер на Баерн Минхен, Венсант Компани. Максимовиќ е најмладиот фудбалер кој започнал пет натпревари во низа во Лигата на шампионите. Играчот од редот за врска ги започна дуелите со Интер, Монако, Барселона, Штутгарт и ...

Душко Ивановиќ со победа дебитираше на клупата на Виртус. Екипата од Болоња на нестварен начин славеше против поранешниот тим на Ивановиќ, Басконија со 82:81. Басконија загуби добиен натпревар против Виртус. Домаќините влегоа со четири поени предност во последните 30 секунди, тренерот Пабло ласо реши да се игра пенал завршница.играчите на Басконија не правеа прекршоци, на противникот му дозволи лесно да поентира за два, единствено ја бранеа ...

Три натпревари се одиграа синоќа во НБА лигата. Победи забележаа Бостон, Мајами и Сакраменто. Актуелните шампиони, Бостон го надиграа Детроит Пистонс со 123:99. Најефикасен кошаркар во редовите на Бостон синоќа беше Пејтон Причард со 27 поени, четири скока и десет асистенции. Причард сериозно ја истакна кандидатурата за најдобра шести играч во сезоната. Тој и Дерик Вајт (23 поени) погодија по седум тројки. На спротивната страна Рон Холанд ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, ПАОК и Рома забележаа триумфи во натпреварите од шестото коло во Лига Европа. Јунајтед во Пилсен ја победи Викторија со 2:1. „Црвените ѓаволи“ не можат да фатат ритам и со новиот тренер Рубен Аморим. Сепак на крајот Португалецот ја запиша првата победа на гостински терен. Голманот на Јунајтед, Андре Онана гим подари гол на гостите во 48.минута, пораз спречи резервистот Расмус Хојлунд со два гола. Рома се ...

Фудбалерите на Челзи ја совладаа Астана со 3:1 во натпреварот од петтото коло на Конференциската лига. Тренерот на „сините“ Енцо Мареска реши да ги одмори своите најголеми ѕвезди со оглед на оддалеченоста до Казахстан и за да ги има подготвени з викенд кога „сините“ ќе играат во Премиер лигата. Марсека шанса им даде на младите сили предводени од Марк Гуиу, поддржани од малку поискусните Педро Нето, Аксел Дисаси, Тосин Адарабио, Филип Јоргенсен ...

НБА лигата е се поблиску до Европа и формирање на посебна лига, а како што пренесуваат „Релево“ и „Блумбер“г, новото натпреварување би можело да стартува од сезоната 2026/27. Според информациите, НБА веќе стапила во контакт со клубови како Панатинаикос, а се чека реакција од Реал Мадрид и Фенербахче. Шпански „Релево“, тврди дека НБА и ФИБА постигнале напредок во разговорите во претходните месеци за што поскоро формирање на новото ...

Манчестер сити се наоѓа во длабока криза. Тимот на Пеп Гвардиола има само една победа во последните десет натпревари, два пати одигра нерешено и доживеа седум порази. Синоќа, Јувентус со головите на Влаховиќ и Мекени го победи Манчестер сити со 2:0 во Лигата на шампионите. „Граѓните“ со осум бода, по шест кола се наоѓаат на 22.место во Лигата на шампионите. По натпреварот во Торино, работата на Гвардиола ја критикуваше легендарнуот италијански ...

Никола Ѓуретановиќ (17), настапи во квалификациите на 400 метри на Светското првенство во мали базени, кое се одржува во Будимпешта. Ѓуретановиќ исплива извонредено, успеа да го подобри досегашниот национален рекорд. Патеката ја исплива за 3:53,05 минути, овој резултат е за речиси три ипол секунди подобар резултат од досегашниот рекорд на Марко Блажевски (3:56,32). Ѓуретановиќ квалификациите на 400 метри ги заврши на 40.место во конкуренција ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
6.69
30%
1018
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
37%
1021
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
2.06
37%
1022
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
34%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.95
36%
1018
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 27ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.81
33%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
31%
1016
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
33%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
45%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
33%
1022
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
10.29
39%
1017
Currency

61.525

Currency

53.2956

Currency

72.268

Currency

34.7121

Currency

39.0513

Currency

65.5666

Currency

7.38675

Currency

0.66427

Currency

0.37034

Currency

0.52507

Currency

1.34814

Currency

0.62007

Алуминиум

2.52

Кобалт

42.99

Никел

15025.00

Рутениум

21637.45

Калај

33.12

Сребро

1163.93

Злато

108920.23

Бакар

9.65

Паладиум

33886.89

Платина

40233.42

Родиум

177632.87

Цинк

2.63