Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Плејмејкерот и член на идеалниот состав на Евролигата, Ти-Џеј Шортс, повеќе не е член на Париз, а клубот сподели видео порака во која натурализираниот репрезентативец на Северна Македонија, висок 175 см, се збогува со шампионите на Франција. „Постојат многу емоции зад оваа одлука и дефинитивно не ми беше лесно да го напуштам Париз. Ова беше мој дом две години“, започна 27-годишниот Шортс откако ги избриша солзите. Merci pour tout @TjShorts5 ...
Здружението на играчи од МЛС објави податоци за платите на сите играчи со важечки договори заклучно со мај 2025 година, а очекувано на врвот се наоѓа Лионел Меси. Напаѓачот на Интер Мајами, кој има 38 години, ја задржа водечката позиција втор пат по ред. Основната плата на капитенот на аргентинската репрезентација е 12 милиони долари, а вкупната загарантирана компензација е дури 20,4 милиони долари. Оваа бројка го вклучува основниот договор ...
Олимпик Лион се соочува со најтешките моменти во клупсјата историја. Француската фудбалска федерација, во вторникот, го исфрли клубот од Лига 1, а како што стојат работите УЕФА нема да му дозволи да се натпреварува во Лига Европа. Лион е исфрлен во втората лига поради огромниот долг, се спеменува сума од 422 милиони евра. Клубот во јануари доби опомена да го намали долгот, а откако не го направи тоа во дадениот рок, ФФФ реагираше со жестока ...
Кепа Аризабалага постигна договор со Арсенал и ќе потпише четиригодишен договор. Аризабалага се уште го држи светскиот рекорд, во 2018 година, Челси на Атлетик Билбао му плати 80 милиони евра. За ангажман на искусниот голман Арсенал ќе издвои само шест милиони евра. Кепа, минатата сезона играше за Борнмут како позајмен од Челзи. Кепа беше позајмен во Реал Мадрид пред Борнмут (играше 20 натпревари), како замена за повредениот Куртоа, но не ...
Џони Кардозо постигна договор со Атлетико Мадрид и го напушти Бетис, со кого играше во финалето на Конференциската лига минатата година. 23-годипниот репрезентативец на САД, со „јорганџиите“ ќе потпише четиригодишен договор, клубот од „Бенито Виљамарин“ ќе инкасира околу 30 милиони евра од овој трансфер. Покрај него, Диего Симеоне се надева дека наскоро договор ќе потпише и Алекс Баена од Виљареал. За еден од најдобрите асистенти во ЛА лига, ...
Далас Маверикс го избраа првиот избор на драфтот како што се очекуваше, а улогата на носител на тимот ќе ја преземе Купер Флег. Минатата сезона стручњаците во САД најмногу внимание му посветија на крилениот играч од Универзитетот Дјук. За Купер Флег се вели дека е „генерациски талент“. Во Далас треба да биде прва ѕвезда и заштитно лице на франшизата по заминувањето на Лука Дончиќ. Далас го испрати Дончиќ во ЛА Лејкерс во замена за Ентони ...
Синоќа, фудбалерите на Интер ја елиминираа Ривер Плата од Светското клупско првенство. Аргентинците тешко се помирија со фактот дека нема да го продолжат натпреварувањето. Нероаѕурите победија со 2:0 во директен дуел за пласман во нокаут фазата на турнирот во САД. Италијанскиот гигант го реши натпреварот во судиското продолжение, а Ривер го заврши натпреварот со двајца играчи помалку. На теренот беше многу напнато во текот на сите 90 минути, ...
Познати се уште двајца учесници во нокаут фазата на Светското клупско првенство, тоа се Борусија Дортмунд и Флуминенсе. На Дортмунд му беше потребна победа над корејски Улсан за да се пласира во осминафиналето. Германскиот тим успеа да триумфира и да го потврди пласманот во нокаут фазата. Резултатот 1:0 не го покажува најдобро вистинскиот однос на силите. Натпреварот мина во апсолутна доминација на „милионерите“. Помладиот од браќата Белингем, ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо одлучи да остане во Ал Наср. Како што објави Фабрицио Романо, само формалности го делат 40-годишникот од останувањето во Саудиска Арабија. Тој треба да потпише едногодишно или двегодишно продолжување на соработката со клубот, во зависност од тоа што играчот претпочита. Доколку се одлучи за втората опција, тоа значи дека сè уште би играл фудбал професионално на 43 години. Тој потпиша за Ал Наср во ...
Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср. „Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср. Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина. Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на ...
Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс. Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи. Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти. Во првата сезона, тој одигра ...
Поранешниот возач на Формула 1, Серхио Перез, отворено проговори за разделбата со Ред Бул. Во 2024 година, Серхио Перез го напушти Ред Бул по разочарувачка сезона. На неговото место дојде Лиам Лосон, кој беше заменет од Јуки Цунода по две трки. Лосон и Цунода се соочија со слично проблеми, со кои се соочуваше Перез, но и покрај тоа не можат да го остигнат перформансите што ги имаше Мексиканецот. Перез зборуваше за тоа со новинарите и кога беше ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ), на своите официјални профили на социјалните мрежи го објави тимот на сезоната 2024/25 во Лигата на шампионите. Во гласањето учествуваа тренерите, играчите, новинарите и ракометните фанови. Четворица дански репрезентативци се најдоа во идеалниот тим: голманот Емил Нилсен (Барселона), левото крило Емил Јакобсен (Фленсбург), десниот бек Матијас Гидсел (Фуксе Берлин) и Магнус Саугструп (Магдебург) кој е ...
Барселона, официјално потврди дека долгоочекуваното враќање на „Камп Ноу“ ќе се случи во недела, 10 август 2025 година, за време на традиционалниот Трофеј Џоан Гампер. Иако противникот сè уште не е официјално потврден, италијанскиот Комо моментално е главен фаворит. Тоа ќе биде прво појавување на машкиот тим на „Камп Ноу“ по повеќе од две години реновирање, а се очекува стадионот да има намален капацитет од околу 25.000 гледачи во таа фаза, ...
Она што се шпекулираше пд завршувањето на сезоната 2024/2025, сега доби потврда, Лука Модриќ стана нов играч на Милан. Најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид одлучи усно да потврди дека ќе се пресели на северот од Италија. Модриќ ќе му се приклучи на новиот клуб по Светското клупско првенство. Трансферот го потврди Фабрицио Романо, најпознатиот фудбалски новинар специјализиран за трансфери. Деталите од договорот сè уште не се ...
Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека би било неразумно да се отпише седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, по неговиот тежок почеток на сезоната во Ферари. „Видовме шема дека Луис мора да ја пронајде својата магија на почетокот на сезоната, а потоа вториот дел од сезоната е секогаш многу силен. Затоа, никогаш не го отпишувајте Луис Хамилтон“, изјави Волф за подкастот на „Блумберг“, објави Скај спортс“. Оваа година, по ...
Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, не го криеше своето задоволство од назначувањето на Џанаро Гатузо за селектор на Италија. Донарума имаше можност да работи со Гатузо кога беше во Милан од 2017 до 2019 година. „Воодушевен сум. Веќе разговарав со Гатузо неколку пати. Тој е навистина мотивиран, исто како и ние. Се надевам дека можеме да постигнеме големи работи заедно. Многу сум среќен што тој е новиот селектор“, рече Донарума. Италија не се ...
Барселона наскоро би можела да претстави ново тинејџерско чудо од дете. Според „Марка“, шпанскиот шампион е во напредна фаза на преговори со бразилскиот клуб Спорт Ресифе, во во врска со 17-годишниот дефанзивен играч од средниот ред Зе Лукас. Оваа сезона, тој го имаше своето деби за бразилскиот клуб, собра 432 минути во осум лигашки натпревари и наскоро би можел да се пресели од Јужна Америка во Европа. „Трансфермаркт“ го проценува на 3 ...
Адам Лалана официјално се пензионира од фудбалот од оваа среда. На социјалните мрежи, Лалана, објави дека неговата фудбалска кариера е завршена. 37-годишниот поранешен репрезентативец на Англија ги направи своите први професионални фудбалски чекори во Саутемптон, за кој одигра најмногу натпревари и постигна најмногу голови (235, 48). Одигра 128 натпревари за „црвените“, ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско ...
Јапонскиот боксер Џин Сасаки го доживеа најтешкиот нокаут во својата кариера изминатиот викенд за време на борбата за светската титула во велтер категорија на ВБО. Во петтата рунда, Сасаки доби силен кроше во главата од својот противник, Брајан Норман Џуниор, кој веднаш го онесвести. За време на падот, Сасаки ја удри главата во подот од рингот, што предизвика сериозни здравствени проблеми. „Не само што не се сеќава на самата борба, туку дури и ...
Митингот на Златната лига во Острава, одржан во вторник, ќе биде запаметен по лошата среќа што го снајде Крис Робинсон за време на трката на 400 метри со пречки. Проблемите на Робинсон започнаа рано во трката кога му се скина шорцот. Прескокнувајќи ги пречките Робинсон ѝ го покажуваше на публиката она што јавно не се покажува. И на крајот успеа да победи на одличен начин, со премет нанапред и со голема насмевка затоа што беше свесен како ...
Кајри Ирвинг, еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата ќе остане во Далас Маверикс. Освојувачот на шампионскиот прстен со Кливленд Кавалирс и франшизата од Тексас потпишаа тригодишен договор вреден 119 милиони долари. Кајри ја намали својата плата од 43 на 39 милиони долари, а последната година од договорот се активира на барање на играчот, односно кошаркарот ќе има можност да го тестира пазарот. Далас ќе има респектабилен состав, покрај ...
Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, го информирал раководството на клубот дека се сели во Барселона, пишува „Мундо Депортиво“. Каталонскиот гигант е подготвен да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со тоа што веднаш ќе плати 58 милиони евра и уште четири милиони евра во следната фискална година. Нико Вилијамс со Барселона ќе потпише договор до јуни 2032 година. Трансферот ќе биде официјален на 1 или 2 јули, за да ...
Челзи се квалификуваше во нокаут фазата на Светското клупско првенство со убедлива победа од 3-0 (2-0) над Есперанс од Тунис во последното коло од Групата Д. „Сините“ не дозволија изненадување во натпреварот кој мораа да го добијат. Интересно, секој гол „падна“ во судиското продолжение – два во првото полувреме. Тосин Адарабијо го направи тоа во третата, Лиам Делап го постигна својот прв гол за Челзи во петтата минута, асистент за головите ...
Репрезентативецот на Летонија, Кристапс Порзингис повеќе не е играч на Бостон Селтикс. Во размена на три тима, Прозингинс заврши во Атланта Хокс. Бостон Селтикс решија да ги „исчистат“ своите редови и да направат ред во платниот список. Прво во понеделникот го испратија Џру Холидеј во Портланд, а за возврат го добија Енферни Симонс. Само еден ден подоцна, франшизата од Масачусетс направи нова размена и го испрати Кристапс Порзингис во Атланта ...
Бразилскиот фудбалер Нејмар постигнал договор со Сантос во врска со новиот договор и се очекува да го потпише оваа недела, тврдат бразилските медиуми. Претседателот на Сантос, Марсело Тешеира, во текот на денот треба да се сретне со таткото на Нејмар за да се договорат сите услови од новиот договор. Актуелниот договор на Нејмар со Сантос истекува на 30 јуни. Тешеира веќе навести претходно оваа недела дека е можно клубот има можност да го ...
Фудбалерите на Окленд Сити направија огромен подвиг на Светското клупско првенство. Единствениот аматерски тим на клупскиот Мундијал успеа да ремизира со аргентинскиот великан Бока Јуниорс (1:1). Овој натпревар беше последен за двете екипи на првенството, од Ц групата во осминафиналето се пласираа Бенфика и Баерн. Многумина ги потценија Новозеланѓаните откако примија 16 гола во два натпревари против Баерн и Бенфика, но против легендарниот ...
Кошаркарите на Париз се шампиони на Франција за сезоната 2024/25, откако ја добија серијата против Монако со 3:2. Во мајсторката Париз славеа победа 99:93. Екипата на Тијаго Сплитер славеше во првите два натпревари, а потоа Монако успеа да возврати и да избори мајсторка. Париз го отвори натпреварот подобро, а благодарение на серијата на почетокот на вториот период, таа достигна максимални +17. Монако успеа да фати приклучок пред крајот на ...
Бенфика го победи Баерн со 1:0 и го освои првото место во Ц групата на клупскиот Мундијал. Натпреварот во Шарлот се одигра во нехумани услови, на температура од речиси 40 степени Целсиусови. Клубот од Лисабон во 14.меѓусебен дуел успеа да го победи Баерн. Единствениот гол на натпреварот го постигна Андреас Шлердуп во 13-та минута од натпреварот. Репрезентативецот на Норвешка одлично се позиционираше и по остриот центаршут на Аурсенс и го ...
Њу Орлеанс Пеликанс го испратија својот најдобар играч Си Џеј Меколум во Вашингтон Визардс, објавија американските медиуми. Заедно со Меколум, Пеликанс го испратија и искусниот канадски центар Кели Олињук во во Визардс, како и избор од втората рунда на идниот драфт, а за возврат ќе ги добијат Џордан Пул, Садик Беј и 40-от избор на претстојниот драфт. Трејдот со Меколум е само продолжение на процесот на обнова на Пеликанс, кои во текот на ...