Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Францускиот тенисер Џовани Мпеши Перикард го сруши рекордот на Вимблдон на првиот ден од третиот Гренд слем во сезоната. Тенисерот, познат по својот убиствен сервис, го оправда својот углед во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц. Во првиот поен, тој сервираше со брзина од 239,8 километри на час, соборувајќи го рекордот на Тејлор Дент од 2010 година (238,2). Тоа не беше доволно за Перикард, па во истиот гем „испука“ сервис од ...
Симоне Инзаги, тренерот на Ал Хилал, им честиташе на своите играчи за пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство. Тимот од Ријад ги елиминираше „граѓаните“ во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата (4:3), со што го направи најголемото изненадување на турнирот. „За овој резултат, клучни се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат ...
Кошаркарот на Фенербахче, Најџел Хејс-Дејвис, ќе ја продолжи кариерата во НБА, откако ги договори деталите за едногодишна соработка со Феникс Санс. По освојувањето на тројната круна со Фенербахче, титулата во Евролигата во 2025 година, наградата за најкорисен играч на фајналфорот, како и првенството и Купот на Турција и наградата, Хејс-Дејвис се избори за целосно загарантиран едногодишен договор со Санс, објави инсајдерот на ESPN, Шемс ...
Фудбалскиот клуб Милан, нападот ќе го засили со „деветка“ од светската класа. Серху Гираси ги договорил личните услови со Милан, сега клубовите треба да се договорат за обештетувањето. Според италијанските медиуми, „росонерите“ испратиле официјална понуда од 70 милиони евра и сега на луѓето од Дортмунд е да одлучат дали ќе ја прифатат. Гираси им се придружи на „милионерите“ од Штутгарт минатата година за 18 милиони евра, што значи дека ...
Интер го заврши својот настап на Светското клупско првенство во осминафиналето. Вчера, во Шарлот, Флуминензе го победи Интер со 2:0. По натпреварот, најгласен во микс зоната беше капитенот Лаутаро Мартинез, чија изјава веднаш ги преплави италијанските медиуми и социјалните мрежи. Аргентинецот ги повика поединците во соблекувалната за, како што тврди, недостаток на мотивација и желба да се борат за грбот на Интер. „Кој сака да остане, нека ...
Легендарнуот Италијанец Роберто Баџо зборуваше за промашениот пенал во финалето на Светското првенство во САД во 1994 година. По промашениот пенал на Баџо, Бразил ја освои титулата светски шампион, додека Италијанците мораа да се задоволат со второто место. „Да имав нож во тој момент, ќе се самоубиев“, призна тој. „Да имав пиштол, ќе се самоубиев. Во тој момент сакав да умрам“. „Целото Светско првенство, не само нашите натпревари, се играше ...
Денвер Нагетс направија важен трејд. Тие го испратија крилото Мајкл Портер јуниор и незаштитениот пик од првата рунда во 2032 година во Бруклин Нетс за крилото Камерон Џонсон. Со овој трансфер, Нагетс успеаја да се ослободат од договорот на Портер, кој вреди 38,3 милиони долари за следната сезона и 40,8 милиони долари во сезоната 2026/2027. Џонсон ќе заработи 21 милион долари следната сезона, а 23 милиони во сезоната 2026/2027. Ова е воедно и ...
Фудбалерите на Ал Хилал се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство, откако го победија Манчестер сити со 4:3 по продолжение во осминафиналето во Орландо. Бернардо Силва му донесе водство на Манчестер сити со гол во деветтата минута, а Маркос Леонардо израмни за Ал Хилал со гол во 46-та минута. Малком му донесе водство на клубот од Саудиска Арабија со гол во 52-та минута, а Ерлинг Халанд израмни гол три минути подоцна. По 90 ...
Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ). Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година. Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето. Турција го очекува почетокот на квалификациите ...
Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата. Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи. Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на ...
Италијанските медиуми пишуваат за намерата на Душан Влаховиќ да остане во Јувентус, неговиот договор истекува следното лето. „Corriere della Sera“ пишува дека Влаховиќ го блокира Јувентус, кој сака да го доведе Џонатан Давид во своите редови. Дејвис би пристигнал како слободен игрч, но ќе добива околу шест милиони евра по сезона. Влаховиќ, со плата од 12 милиони евра, е „ортома околу вратот“ на клубот од Торино, кој би претпочитал веднаш да го ...
Челзи постигна договор со Брајтон и Жоао Педро ќе стане нов играч на „сините“. Брајтон ќе инкасира 50 милиони фунти, односно околу 60 милиони евра, а 23-годишниот ќе потпише договор откако претходно, во текот на денот ќе ги мине лекарските прегледи. Минатата сезона, Жоао Педро постигна 10 гола и запиша седум асистенции во 30 настапи во сите натпреварувања, додека сезоната претходно имаше учинок од 20 гола и три асистенции во 40 настапи. Со ...
Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека сумата што неговиот поранешен клуб ја инвестираше во трансферот на Флоријан Вирц е претерана. „Црвените“ го срушија рекордот во Премиер лигата со тоа што платија 116 милиони фунти на Баер Леверкузен за германскиот репрезентативец. „Без сомнение, тоа е претерана сума, а играчот на Ливерпул знае дека ако работите не одат добро во два или три натпревари… Сите се согласуваме дека зборуваме ...
Најтрофејниот германски клуб; Баерн го елиминираше Фламенго, клуб со најмногу регистрирани навивачи во светот и резервира место во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА: Баерн го победи Фламенго со 4:2 (3:1) пред 60.000 навивачи во Флорида. Фламенго официјално има 46,9 милиони регистрирани навивачи, што го прави најпопуларниот клуб во светот. Пресметано е дека 21,9 проценти од населението на Бразил го поддржуваат овој клуб. Во ...
Пари Сен Жермен се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство со убедлива победа против Интер Мајами. Европскиот шампион победи со 4:0 (4:0). ПСЖ првиот гол го постигна по само шест минути игра. Витиња изведе одличен слободен удар од левата страна, го пронајде Невеш кој остана сам и ја испрати топката во мрежата. Мрежата на Интер се тресеше во 15-та минута, но голот на Руиз беше поништен поради офсајд. А потоа на крајот од ...
Возачите на Мекларен издоминира на трката за Големата награда на Австрија. Ландо Норис ја забележа седмата победа во кариерата и ја намалу предноста на тимскиот колега Оскар Пјастри, во генералниот пласман на 15 поени. Пјастри го освои второто место, а трет трката ја заврши Шарл Леклер од Ферари. На Ред Бул Ринг, Британецот ја забележа трета победа оваа сезона и на Мекларен му ја донесе првата победа во Австрија по 24 години, кога Дејвид ...
Возачот на Гресини, Алекс Маркез, се здоби со фрактура на раката во несреќа за време на Големата награда на Холандија. Помладиот од браќата Маркез излета од патеката по дуелот со Педро Акоста, веднаш беше јасно дека има проблем со левата рака. Прегледите во медицинскиот центар открија дека шпанскиот мотоциклист ја скршил втората метакарпална коска. Гресини објави дека е сигурно дека Маркез ќе биде опериран во Мадрид во текот на вечерта, а ...
Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ одлучи да се пензионира. Богдановиќ ја објави својата одлука на социјалните мрежи. „Понекогаш во животот не го избирате моментот. Тој ве избира вас. По 14 месеци борба со повреда на стапалото, две операции и безброј обиди да се вратам на теренот, време е да се затвори едно поглавје. По повеќе од две децении поминати на паркетот, дојде моментот да се збогувам со кошарката. Не само како спорт, туку и како дел ...
Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на Големата награда на Холандија, 10-та трка од овогодинешното Мото ГП првенство. Осумкратниот светски шампион успеа да израмни три победи по ред за прв пат од 2019 година, а во Асен го забележа својот шести триумф во сезоната, а 94-ти во кариерата. Тој се најде и на највисокото скалило на подиумот во најсилната класата по 68-ми пат, што го израмни со Џакомо Агостини, а пред двајцата сега е само ...
Лионел Меси зборуваше за периодот поминат во Пари Сен Жермен пред дуелот на Интер Мајами со актуелниот европски првак, на клупскиот Мундијал во Соединетите Американски Држави. Меси играше за ПСЖ две сезони, од 2021 до 2023 година. „Тоа беа годините во кои не уживав, не бев среќен во секојдневниот живот. Не беше добро време за мене. Не бев среќен ниту еден ден – ниту на тренинзите ниту на натпреварите. Ми беше многу тешко да се прилагодам“, ...
Еден од најдобрите играчи на Интер, Хакан Чалханоглу побарал да биде ставен на трансфер листата. „Ве молам, пуштете ме дома“, наводно им рекол на раководството на клубот турскиот репрезентативец, кој никогаш не играл за клуб од својата татковина. Чалханоглу сака да се пресели во Галатасарај. Играчот од средниот ред ја започнал својата кариера во Карлсруе, потоа играл за ХСВ и Баер, а потоа за Милан и Интер, чиј член е од 2021 година. „Дојдов ...
Џејми Гитенс ќе стане играч на Челзи. Фабрицио Романо објави дека договорот е склучен и дека 20-годишникот ќе пристигне на „Стемфорд Бриџ“ и ќе потпише седумгодишен договор. Челзи на Борусија Дортмунд ќе и плати околу 65 милиони евра откако претходната понуда од 50 милиони евра од „Сините“ беше одбиена пред Светското клупско првенство. Гитенс е играч на Дортмунд од 2020 година, постигна 17 гола на 107 настапи за „милионерите“. Младиот англиски ...
Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, изјави дека одморот му е поважен од Светското првенство за клубови, кое се одржува во САД. Кристијано Роналдо и неговиот Ал Наср не се квалификуваа за Светското клупско првенство, а португалскиот играч не го гледа тоа како проблем. Роналдо неодамна го продолжи договорот со саудискиот клуб, додека нивните ривали како Ал Хилал и Ал Ахли играат на Светското клупско првенство, тоа не е случај со Ал Наср. ...
Челзи стигна до четвртфиналето на клупското Светско првенство по победата над Бенфика со 4:1 по продолжението во натпреварот што започна во 16:00 часот, а заврши во 20:40 часот по локално време во Шарлот, на југот на САД. Натпреварот беше прекинат во 86-та минута, при резултат 1:0 за Челзи, поради закана од бура. Зошто натпреварите се прекинуваат на Светското клупско првенство во Америка? Безбедносните протоколи во САД налагаат спортските ...
Фудбалерите на Челзи се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД откако ја победија екипата на Бенфика во осминафиналето, кое траеше „половина ден“. Натпреварот на стадионот „Бенк оф Америка“ во Шарлот заврши со резултат 4:1 (0:0, 1:1). Сè до таа 86-та минута беше нормално. Челзи поведе од 64-та минута со голот на Рис Џејмс и беше на прагот да се пласира во следната рунда. А потоа….Молњи се појавија на небото над Шарлот ...
Ботафого во групната фаза приреди едно од најголемите изненадувања, го победи во Пасадена шампионот на Европа, Пари Сен Жермен, но овој пат не можеше против земјаците од Сао Пауло. Фудбалерите на Палмеирас први се четвртфиналисти на Клупското светско првенство што се одржува во Соединетите Американски Држави. Зелените од Сао Пауло беа подобри од црно-белите од Рио де Жанеиро во осминафиналето. Дуелот на два бразилска великанa на стадионот ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија. Британецот до третата пол-позиција оваа сезона дојде со брилијантен круг 1:03.971 минути. За речиси половина секунда го остави зад себе шарл Леклер од Ферари, а тимскиот колега Оскар Пајстри беше уште подалеку. Вторито ред за утрешната трка го комплетира Луис Хамилтон од Ферари. Зад него се Џорџ Расел (Мерцедес) и Лијам Лосон (Рејсинг ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите пред учеството на претстојниот Гренд слем – Вимблдон. Ѓоковиќ има 24 Гренд слем титули, а новинарите беа заинтересирани дали токму Вимблдон е негова најголема шанса да дојде до 25 Гренд слем трофеј. „Дали е ова мојот последен танц? Не знам. Имам желба да играм уште неколку години! Би сакал да бидам физички здрав и ментално мотивиран да продолжам да играм на највисоко ниво. Тоа е мојата ...
Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката одржана во рамките на Големата награда на Холандија. Маркез во 10. спринт трки сезонава има девет победи, не успеа да слави само во Сливерстон кога победата му припадна на неговиот брат Алекс од Гресини. Зад Марк, се пласира неговиот брат Алекс. Вепчатокот е дека помладиот Маркез во ниту еден момент не сакаше да го нападне лидерот во трката, а имаше шанси, бидејќи во поголемиот дел ...
Јирген Клоп, поранешен тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул и сегашен шеф на светскиот фудбалски оддел на Ред Бул, во интервју за „Ди Велт“ жестоко го критикуваше Светското клупско првенство, кое моментално се игра во САД. „Светското клупско првенство е најлошата идеја што некогаш е имплементирана во фудбалот. Луѓе кои никогаш немале никаква врска со секојдневната работа се задолжени да носат одлуки. Ги разбирам оние што велат: „Но учеството ...