Во акцијата под кодно име „Премин“, спроведена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, уапсени се 15 цариници и еден полицаец. Оваа акција е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, иницирана по пријава од граѓанин против три лица. На денешната прес-конференција, Министерството за внатрешни работи информираше дека биле извршени претреси на 26 локации во Струмичко-гевгелискиот регион, при што пронајдени се ...

Денес се навршуваат 17 години од трагичната смрт на легендарниот македонски пејач Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Со само 26 години, Тоше успеа да остави неизбришлив траг во срцата на обожавателите низ целиот Балкан. Тоше, со неверојатен музички талент, ја започна својата кариера со победа на фестивалот Мелфест во 1997 година. Неговите хитови како „Тајно моја“, „Во коси да ...

Израел денес изврши воздушен напад врз општинското седиште во Набатие, главен град во јужен Либан, при што загинаа градоначалникот и уште најмалку пет други, јавува Ројтерс. Нападот ги зголеми стравувањата дека проширената воздушна кампања на Израел, дизајнирана да го уништи Хезболах поддржан од Иран, може сè повеќе да вклучи јавни службеници и згради, кои досега беа поштедени. Привремениот либански премиер Наџиб Микати го осуди нападот врз ...

На денешната седница на Владата, премиерот Христијан Мицкоски најави формално завршување на процесот на селекција на проектите од општините за користење на средствата од заемот од Унгарија. Тој изрази уверување дека до крајот на месецот ќе бидат потпишани договорите со општините, што ќе означи почеток на имплементацијата на овој историски проект. Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, истакна дека околу 90 проценти од ...

Анализата на потрошувачката на струја од 2021 до септември 2024 покажува дека до крајот на 2023 година не се очекуваат услови за враќање на евтината тарифа. Во првите девет месеци од годинава, најниските цени на струјата биле забележани од 12 до 16 часот, но претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, истакнува дека не се исполнети условите за дополнителни часови евтина струја. „На пазарот, цените од 20 до 24 часот ...

Утрово, нешто пред 10 часот, источна Турција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, недалеку од градот Баскил. Епицентарот беше сместен на 44 километри источно од Малатија и на 26 километри југоисточно од Баскил, реон кој минатата година веќе доживеа силен потрес. Земјотресот се случи на длабочина од 9 километри. Потресот беше силно почувствуван во источна Анадолија, југоисточна Анадолија и централна ...

Најновите податоци од истражувањето на „Пајпер Сендлер“INSTA откриваат интересни трендови во користењето на социјалните мрежи меѓу тинејџерите. Според истражувањето, Инстаграм и ТикТок се на врвот, привлекувајќи најголемо внимание кај младата публика. Истражувањето, спроведено на повеќе од 13.000 тинејџери во САД, покажува дека Нетфликс ја надминува Јутјуб во дневната потрошувачка на видео-содржини. Иако ТикТок сега е најпопуларната социјална ...

Измерени температури утрово: 1 Берово, 3 Лазарополе, 5 Битола, Маврови Анови, Попова Шапка, 6 Струмица, Тетово, 7 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, 8 Штип, Дебар, Охрид, Претор, 9 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 10 Куманово, Велес, Кавадарци, Виница, 12 Гевгелија. Во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и постудено со мала локална облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец. Утрото постудено, преку денот сончево ...

Вечерва колони возила на сообраќајниците кои водат кон кружниот тек на Дулие. Таму се изведуваат градежни работи, што пак предизвика и застој во нормалното одвивање на сообраќај. Нервоза кај возачите кои се движеа низ овој дел. Екипи на „Стентон градба“ работат на овој кружен тек, односно, како што објаснуваат од фирмата изведувач за да може да се направи приклучна лента која води до новопроиектираната улица за пристап до тамошниот трговскиот ...

Ниту едно прашање, ниту едно барање за појаснување, ниту извесен предлог, буквално ништо, само презентација. И ова вака не е само на комисијата за безбеност. Слична е ситуацијата и на други комисии, читање, гласање, читање гласање. Најсилни и најаки се советниците на комисијата за финансии. Но, да се вратиме на таа за безбедност, каде претседавачот ја отвори и го покани претставникот на полицијата да го презентира извештајот. Поволна и стабилна ...

Во чест и спомен на големиот Тоше Проески, Стефан Житошански започна амбициозна велосипедска тура од Крушево до Нова Градишка. Како што секоја година по повод смртта на Тоше 16.10. маратонци од Хрватска доаѓаат во Крушево за да му оддадат почит на неговиот лик и дело, оваа година, во обратен правец Крушево – Нова Градишка и со велосипед, Стефан ќе му оддаде почит на овој наш великан и ќе положи цвеќе на неговиот споменик. Овој подвиг не е само ...

Постојат бројни записи за развојот на Битола низ историјата и нејзиниот напредок на многу полиња.Таа била важен воено-политички и административно-културен центар во овој дел на Балканот, но по ништо не заостанувала ни во развојот на медицината и иновативностите во оваа област . Од 1895 година, лекарите во Европа започнале со користење на ренген апаратот, проучувајќи ја на овој начин човечката внатрешност, без хирушки интервенции. Во 1908 година ...

Бројните коментари дека во Европа многу се користи зелената енергија не соодветствуваат со анкетата којашто Европската Комисија ја направи во 83 градови на европскиот континент. Автомобилите пак најмногу се користеле. Преференциите за транспорт значително се разликуваат низ европските метрополи и градови. Во просек, возењето е најчестиот начин на транспорт во 83 европски градови, проследено со градски јавен превоз, како што се автобуси, трамваи ...

Утрово, Премиерот Мицкоски имаше работен појадок со Германската стопанска комора во Берлин.Тој на својот фејсбук профил објави: „Имав работен појадок со Германската стопанска комора во Берлин. Зборував за нашите приоритети за инвестиции во патната инфраструктура, изградба на клучните коридори и инвестициите во енергетиката. Германија е нашиот најголем трговски партнер и остануваме посветени да ги искористиме потенцијалите за да го подобриме ...

Утрово 1 Берово, 4 Лазарополе, 5 Крива Паланка, Битола, 6 Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Маврови Анови, 7 Прилеп, Дебар, Куманово, Велес, Попова Шапка, 8 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Крушево, Кавадарци, 9 Виница, 10 Гевгелија. Во текот на ноќта ведро, утрово е сончево и постудено со мала локална облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец. Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе ...

Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ. Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Северна Македонија на крајот на септември. Албанија и Северна Македонија заеднички ги започнаа преговорите на 19 јули 2022 година во Брисел. Европската комисија очекува почеток на преговорите за ...

Од денеска па во следните десет работни дена, односно до 28 октомври, екипи на Центарот за јавно здравје од Битола ќе ја спроведуваат втората есенска фаза од превентивната систематска дератизација, односно поставување отровни мамци за уништување на глодари ( глувци). Со дератизацијата ќе бидат опфатени подземниот канализационен систем, прифатниот канализациски систем во околината на објекти од јавен интерес како што се детски градинки, основни, ...

Во склоп на програмата на Интефест, во Народниот Театар во Битола, беше изведена театрската претстава „Вујко Вања“, во режија на Софија Ристевска Петрушева. „Вујко Вања“ зборува за стареењето и преиспитувањето на сопствениот живот проследено со безбројните прашања дали правилно сме го изживеале нашиот живот. Преставата е за загубените луѓе кои упорно се борат да бидат лојални на себе. Главната улога во „Вујко Вања“, ликот на вујко Вања, го ...

Фотографката Ивона Кочов го овековечи моментот на заоѓање на комета до врвот Пелистер. „Она шо ме израдва најмногу е бесценетиот момент кој го фатив, заоѓањето на кометата до врвот Пелистер (Антената)…навистина од срце му се израдвав! 14.10.2024 од 18:45-19:11 ч“ напиша траа на својот фезбук профил. Незината фотографија ја сподели и Скопското астрономско друштво. „Кометата Ц/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС ја „удира“ Пелистер над Битола. Фотографирано ...

Основната претпоставка за непречено одвивање на сообраќајот на патиштата е постоење на обезбедување на објективните услови во кои тој се одвива ( соодветни сообраќајно технички услови што подразбира добра патна мрежа и сигнализација). Дали е тоа доволно? Според извештајот на Полициската станица во Битола, бројот на сообраќајни незгоди во градот е зголемен. Соодветни сообраќајно-технички услови од низата субјективни услови кои зависат од самите ...

Последната седница на Советот на општината донесе нова формално-правна дилема. Дали Непотпишувањето на одлуките од градоначалникот и нивно необјавување значи намалување на функционалноста на Општината и Советот заедно? Поврзаност, безбедност и одржливост. Овие три елементи, според некои концепти на општина беа дел од дискусијата на последната седница на Советот на општина Битола. Советниците изгласаа инцијатива за почеток на разгледување на ...

Иницијативата за започнување на постапка за изменување и дополнување на тарифата за автотакси превозот предложена од Здружението на лиценцирани такси превозници на град Битола, беше изгласана, но тоа не значи дека е донесена одлука за поскапување на такси превозот во Битола. Со ова изгласување, сега како што рекоа советниците останува на комисија од општината да ја оцени оправданоста на барањето. Така беше кажано и на комисиската расправа и ...

На веб страницата – vakcinacija.mk, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, веќе се пријавени над 14.000 граѓани. Предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Од министерството велат дека континуирано го зголемува бројот на обезбедени вакцини. Пријавувањето се врши со пополнување на ...

Започнаа теренските активности за реконструкција на дел од улицата „Нико Фундали“. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и дел од општинската администрација која го координира проектот, извршија увид во денешните изведбени активности, кои опфаќаат отстранување на стариот асфелтен слој. Реконструкцијата започна од спојот со улицата „Север-Југ“ на исток, до спојот со улицата ”Тошо Даскало” на запад, со вкупна должина од 340.70 метри, а ...

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес и утре се во посета на Берлин, Сојузна Република Германија каде ќе се одржи состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Предвидено е учество и заедничка прес-конференција на Канцеларот на Сојузна ...

Регулаторната комисија денеска објави одлука за нови цени на горивата. Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република ...

Најмалку 20 лица, меѓу кои и деца, загинаа во израелски воздушен напад што погоди училиште, кое претходно беше претворено во засолниште во централниот дел на Појасот Газа, соопшти денеска блиската болница во регионот. Во нападот, кој се случи во близина на Нусејрат, беа убиени и две жени. Училиштето служеше како засолниште за голем број Палестинци, раселени во текот на едногодишната војна во Појасот Газа. Телата на загинатите беа префрлени во ...

Утрово 1 степен во Берово, 3 Лазарополе, 5 Битола, Струмица, 6 Крива Паланка, Демир Капија, Попова Шапка, Маврови Анови, 7 Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Прилеп, Штип, 8 Охрид, Куманово, Велес, Кавадарци, Виница, Дебар, 9 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 10 Гевгелија. Во текот на ноќта променливо облачно, утрово е сончево и постудено со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец. Денеска сончево и потопло со мала до ...

НАТО денеска ја започнува годишната нуклеарна вежба над Западна Европа, на која ќе учествуваат повеќе од 60 авиони, а вежбата ќе трае две недели со учество на борбени авиони способни да носат американски нуклеарни боеви глави, објавено е на веб-страницата на Северно-атлантската алијанса. „Нуклеарното одвраќање е камен-темелник на сојузничката безбедност. Вежбата „ Steadfast Noon“ е важен тест за нуклеарно одвраќање и испраќа јасна порака до сите ...

Минималните измерени температури во земјава изнесуваат: 1 Берово, 3 Лазарополе, 5 Битола, Струмица, 6 Крива Паланка, Демир Капија, Попова Шапка, Маврови Анови, 7 Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Прилеп, Штип, 8 Охрид, Куманово, Велес, Кавадарци, Виница, Дебар, 9 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 10 Гевгелија. Во текот на ноќта променливо облачно, утрово е сончево и постудено со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
43%
1010
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1010
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1009
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
55%
1011
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.17
49%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
2.06
77%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.34
61%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
64%
1011
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
60%
1010
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
2.24
43%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
32%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52