Утрово најстудено со -13 степени беше во Берово, -8 Крива Паланка, -6 Битола, Прилеп, -5 Виница, Маврови Анови, -3 Тетово, Штип, -2 Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, -1 Демир Капија, 0 Гевгелија, Крушево, 1 Попова Шапка. Претпладне студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево и тивко со мала до умерена локална облачност. Максималната температура во котлините со магла до 4, а во ...

ТикТок објави дека речиси сигурно ќе престане со работа во САД почнувајќи од утре по одлуката на американскиот Врховен суд во врска со законот што го донесе Конгресот во врска со функционирањето на оваа популарна апликација. – ТикТок, за жал, ќе биде принуден да ја прекине работата во САД на 19-ти јануари, освен ако администрацијата на Џо Бајден не се погрижи да не се спроведе законот со кој се забранува платформата во САД ако неговиот кинески ...

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите Јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост, како воведение во празникот на Просветлението. Мерата на постот за верниците, како и за ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД, соопштија денеска од Владата. Премиерот коj ќе биде придружуван од Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков во Вашингтон ќе присуствуваат на инагурациската ...

Утрово најстудено со -12 степени беше во Берово, -8 Битола, -7 Тетово, -6 Крива Паланка, Маврови Анови, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -5 Штип, -4 Виница, Кавадарци, -3 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Претор, Крушево, Попова Шапка, -1 Охрид, Гевгелија. Висината на снежната покривка до утрово до 7:00 часот е 53 см на Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 29 Крушево, 20 Битола, 18 Дебар, 11 Тетово, 8 Демир Капија, Берово, ...

Основните и средните училишта во Битола, подготвени се за почетокот на наставата во второто полугодие во учебната 2024/2025 година. Покрај тековните подготовки, продолжуваат и новите инвестиции во училиштата кои се реализираат во соработка со локалната самоуправа и министерството за образование и наука, соопштија од Општина Битола. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети Средното општинско земјоделско училиште ...

Неопходна е потребата правната рамка да ја следи постојната административна и институционална структура, а исто така јасно да се определат надлежностите и одговорностите на органите на управата. На овој начин се надминуваат правните празнини односно се отстрануваат можностите за правна несигурност на граѓаните. Предложените измени и дополнувања се и во насока на хармонизирање на Законот за инспекција на трудот со одредбите од Законот за ...

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија. „За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули. Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на ...

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Холандија со 37-32 (18-15) во вториот натпревар одигран на Светското првенство во ракомет во салата во Вараждин, Хрватска. Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров им честиташе на Холанѓаните по победата над нашата репрезентација со 37-32. Тој изјави дека мора да се погледнат грешките направени од овој натпревар и дека можеби не бевме доволно добри за да победиме. ...

„Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја пуштаме пругата од Куманово до Бељаковце, пруга која ќе значи економски напредок на овој регион, ќе значи поврзување со соседите и подобрување на животот на граѓаните, истакна во своето обраќање вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на пуштање во употреба на новата пруга од Куманово до Бељаковце. Пругата ...

Новоназначената конзулка во Генералниот конзулат на Република Грција во Битола, Деспина Ипиоти, денес оствари прва официјална посета на Општина Битола, каде имаше средба со градоначалникот Тони Коњановски. На средбата, се разговараше за досегашната соработка на општината со повеќе градови во Грција, како и за можностите за зајакнување на соработката на културен, образовен и економски план. Градоначалникот Коњановски, ја информираше Ипиоти, дека ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го потсети светот дека секоја година на планетата Земја е се пожешко. Според него, човештвото веќе ја отворило Пандорината кутуја, а пожарот во Лос Анџелес бил првото зло. Човештвото ја отвори Пандорината кутија и болестите излегуваат. Ова е ставот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за климатските промени кои се случуваат на планетата и улогата на човекот во процесот, кој ...

Со одлука на стручниот колегиум на РЕК Битола, од вчера почнаа подготвителни операции за вклучување во погон на уште еден блок, покрај ТЕ Битола 3 кој во моментов е во функција. Во информацијата од вчера се вели дека до раните утрински часови термоблокот да биде синхронизиран на електроенергетската мрежа и да произведува во согласност со потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Во претстојниот период, комбинатот ќе испорачува електрична ...

Македонската машка ракометна репрезентација следниот натпревар на Светското првенство го игра денеска од 18:00 часот во Вараждин, Хрватска. Противник на „црвено-жолтите“ е селекција на Холандија. Нашите репрезентативци во првиот натпревар од ракометниот мундијал одиграа нерешено против Унгарија (27-27). Единствениот меѓусебен дуел досега со Холанѓаните беше пред две години на Светското во Полска каде загубивме убедливо со 34-24 во Краков. Во ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е постигнат договор за враќање на заложниците што ги држеше Хамас во Појасот Газа. Тој најави дека денеска ќе го свика својот кабинет за безбедност, а потоа и владата за да го одобри договорот. Соопштението дојде еден ден откако канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека во последен момент имало неуспеси во преговорите за ослободување на заложниците во замена за прекин на огнот во Газа и ...

Во четвртото коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 8, 14, 19, 21, 29, 33 и 36. Извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплитраше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше две шестки, секоја од нив вредна по 331.047,00 денари. Фондот за седумка во следното коло е 16.990.000 денари. На играта џокер извлечени беа следните броеви: 0, 7, 2, 7, 3, 5. На џокерот добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка со вредност од ...

Утрово -9 степени во Берово, -8 Попова Шапка, -6 Дебар, -5 Штип, Крива Паланка, -4 Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Виница, Тетово, -3 Прилеп, Куманово, -2 Скопје-Петровец, Битола, Гевгелија, Маврови Анови, Крушево, -1 Скопје-Зајчев Рид, Велес, 0 Охрид, Претор. До утрово до 7:00 часот висината на снежната покривна е 54 см на Попова Шапка, 48 Маврови Анови, 31 Крушево, 22 Битола, 20 Дебар, 15 Тетово, 11 Штип, 10 Берово, 8 Демир Капија, 6 ...

Дваесетгодишна студентка е тешко повредена во центарот на Белград откако во неа удри автомобил за време на протестна блокада на раскрсница. Возачот побегнал од местото, а полицијата соопшти дека е пронајден. Повредената девојка е пренесена во Ургентниот центар. Како што може да се види на снимките објавени во медиумите и на социјалните мрежи, инцидентот се случил околу пладне во близина на улицата Рузвелтова, каде студенти кои ги блокираа ...

Над 600 граѓани, меѓу кои најголем број млади лица кои се на зимски распуст, го искористија бесплатниот превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки, организиран од страна на Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинк, соопштија од Општина Битола. Утре, 17.01.2025 е последниот ден од реализацијата на оваа еднонеделна активност, која со голем интерес беше прифатена од страна на граѓаните, а за која младите со позитивни впечатоци, раскажуваа за ...

Едно село им забранило на своите жители да се разболуваат оти во селото ниту брза помош има, ниту брза помош брзо пристигнува. Белкастро, мало италијанско село, им забрани на своите жители да се разболуваат. На луѓето кои живеат во Белкастро им е наредено да избегнуваат каква било болест…што може да бара итна медицинска помош. Избраниот им градоначалник Антонио Торчија за ова издал и декрет. Белкастро се наоѓа во јужниот регион на Калабрија – ...

Извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека изминативе 10 дена, за повеќе од трипати е зголемен бројот на болни од сезонскии грип. Лекарите очекуваат зголемување на инциденцата кај децата од школска возраст со крајот на распустот. Грипот како сезонско заболување во државава е над неделната граница на појавување, вели извештајкот на Институтот за јавно здравје. Последните десетина дена за повеќе од 3 пати е зголемен бројот на болни. ...

Катарскиот премиер потврди дека Израел и Хамас постигнале прекин на огнот во Газа и договор за заложниците „Катар, Египет и САД со задоволство го објавуваат успехот на заедничките посреднички напори откако завојуваните страни во Газа постигнаа договор за размена на затвореници и заложници’, нагласи тој. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одвоено разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и со претседателот Џо Бајден за ...

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,01%. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 ден/лит. Малопродажната ...

Утрово -7 степени на Попова Шапка, Маврови Анови, -5 Крушево, -4 Крива Паланка, -3 Берово, Дебар, Виница, -2 Тетово, Битола, Прилеп, -1 Охрид, Претор, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 0 Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Демир Капија, 2 Гевгелија. Висината на снежната покривка до утрово до 7 часот е 57 см на Попова Шапка, 50 Маврови Анови, 33 Крушево, 25 Битола, 24 Тетово, 17 Берово, Штип, 16 Прилеп, 14 Демир Капија, 10 Претор, 9 Скопје – ...

Катарскиот премиер потврди дека Израел и Хамас постигнале прекин на огнот во Газа и договор за заложниците „Катар, Египет и САД со задоволство го објавуваат успехот на заедничките посреднички напори откако завојуваните страни во Газа постигнаа договор за размена на затвореници и заложници’, нагласи тој. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одвоено разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и со претседателот Џо Бајден за ...

Јавното претпријатие „Паркинзи”, преку соопштение ги известува сите корисници на нивните услуги дека во деновите 16 и 17.01 (четврток и петок) на одредени улици ќе се врши чистење на снежната покривка од коловозната површина. Затоа, се известуваат граѓаните, на наведените датуми во попладневните часови да не ги паркираат возилата на следните улици (и паркинг зони кои гравитираат на овие улици): ∙ Улица „АСНОМ“ од страната на Клиничката болница ...

Екипи на четирите јавни претпријатија „Нискоградба“, „Комуналец“, „Паркинзи“ и „Водовод“ синоќа ги расчистуваа остатоците од снег на битолски Широк Сокак. Директорот на „Нискоградба“ рече дека продолжуваат со расчистување на снегот и на други локации во градот, со цел непречено движење и на пешаците и на возачите. Го прашавме каква беше вчерашната состојба во градот споредбено со претходниот ден. „Според мене одлично, можи и подобро. Како што и ...

Ако дворот не му е исчистен, за домот не го ни прашувајте, вака вели битолската опозиција за темата со снегот и состојбата со улиците во градот. „Дали над 250.000 евра пари на сите битолчани не им се доволни на КЈП „Нискоградба“ за да ги исчистат патиштата, улиците и тротоарите или е во прашање неспособноста на директорот и градоначалникот“ прашува советникот од СДСМ, Борче Корлевски. Корлевски вели дека со договорот кој „Нискоградба“ го склучи ...

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи”, каде имаше средба со директорот Горан Талевски и дел од вработените во училиштето. На средбата се разговараше за новите инвестиции кои ќе се реализираат со почетокот на новата година, а за кои активностите се веќе започнати. Согласно склучениот договор со изведувачот, започнаа подготовките за реконструкција на ...

Големите, обилни со храна празнувања веројатно Ве доведоа до зголемување на конфекцискиот број. Не грижете се, не сте само вие, не сте само тука и, не само во овој век. Големите прејадувања често биле во фокусот на лекарите и надрилекарите во 17 и 18 век. На пренајадените им давале лек во „антимонална чаша“. Антимонална чаша била мала кригла или чаша од половина литар, најчесто исполнета со вино. Лиена во антимон, популарна во Европа во текот ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
83%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
68%
1016
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
49%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
64%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.12
90%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.54
61%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
69%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
57%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
2.68
72%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
6.17
54%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
78%
1012
Currency

61.54

Currency

52.6656

Currency

71.3284

Currency

34.2016

Currency

38.162

Currency

65.2485

Currency

7.33004

Currency

0.65425

Currency

0.35625

Currency

0.5243

Currency

1.2883

Currency

0.60315