Битолската СДСМ преку прес конференција со неколку прашања до Општината, односно градоначалникот Тони Коњановски. „Колку на број противпожарни апарати и хидранти имало во битолските градинки и училишта до 20ти март годинава, а колку после овоj датум? Колку од тие ПП апарати и хидранти се функционални, а колку надвор од употреба? Колку ПП апарати во битолските градинки и училишта биле сервисирани барем еднаш годишно како што налага законот? Во ...

Македонија започна голема и координирана активности меѓу локалните и централната власт за проверка на сите објекти од јавен карактер низ државата. Вонредни инспекциски контроли се спроведуваат низ сите објекти од јавен карактер низ државата . детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали , домовите на култура, и сите угостителски објекти и други места кадешто секојдневно се собираат групи на луѓе. Особен акцент се става на ...

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов, кој спаси 21 лице во пожарот во дискотеката во Кочани, беше примен на Клиниката за токсикологија заради белодробни потешкотии, односно експозиција или вдишување на зголемени концентрации на јаглероден моноксид. Тој вчера е пуштен на домашно лекување. Денеска како херој беше пречекан од неговите соученици во училиштето во Виница. „Од денес хероите имаат име – Јован Костадинов! Денес учениците и професорите ...

По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари информираше дека денеска се испишуваат 12 пациенти од болниците во Скопје. „Во моментот се вкупно 39 пациенти хоспитализирани во нашите болници, од кои 12 пациенти во Клинички центар, 10 пациенти во Стара градска болница, 10 пациенти во ГОБ „8 Септември” и во приватните болници 7 пациенти. Со пуштањето на домашно лекување на 12-те пациенти, ...

Oбјавен јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавена и монтирана нова пвц или алуминиумска дограма за домаќинствата на подрачјето на општина битола за 2025 година – аплицирањето ќе се спроведува електронски. Со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата преку замена на старата, дотраена и енергетско неефикасна дограма (дрвена) со нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на територија на Општина Битола, ...

„80 години знаење, традиција и инспирација!“ – порачуваат од Националната Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола на денот на почетокот на одбележувањето на овој голем јубилеј. Денеска започнува одбележувањето на 8 деценискиот јубилеј, со дискусија за улогата и значењето на оваа врвна културна установа. 25 март (вторник) Панел-дискусија на тема: „Библиотеката – срце на заедницата: 80 години култура, знаење и иновации“ ...

Делегациите на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави синоќа ги завршија разговорите во Саудиска Арабија, кои траеја повеќе од 12 часа. Заедничко соопштение за резултатите од разговорите ќе биде објавено денеска. Претходно беше кажано дека двете делегации го договараат текстот на заедничката изјава. Претседателот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Григориј Карасин, претходно денеска изјави дека „состанокот поминува ...

Безбедноста на граѓаните нема компромис, вели градоначалалникот на Битола, Тони Коњановски кој вчера присуствуваше на седницата на Управниот одбор на ЗЕЛС, ( Заедница на единици на локалната самоуправа) на кој присуствуваа и градоначалници од поголемите општини во државата. Темата на состанокот беа вонредните инспекции на објектите од јавен карактер кои се спроведоа во изминатите денови. „Како општина ќе продолжиме со инспекциите и во ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вчера изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје повредено беше едно лице. Во соопштението од обвинителството се вели дека осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од ...

Утрово 4 степени на Попова Шапка, 6 Крушево, 7 Маврови Анови, 8 Охрид, Претор, Прилеп, 9 Тетово, Берово, 10 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крива Паланка, Кавадарци, Струмица, 11 Скопје-Петровец, Виница, 12 Велес, Гевгелија, 13 Штип, Демир Капија. Најмногу дожд 31 л/м2 наврнаа во Маврови Анови, 25 Пожаране, 22 Попова Шапка, 16 Тетово, 13 Охрид, 10 Крушево, Претор, 6 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Тополчани, Пожар-Радовиш, 2 Крива ...

По повод Верските празници, Здружението на пензионери – Битола, Новаци и Могила, соопшти дека ќе доделува 600 ваучери од 1200 денари. Согласно програмата буџетот за 2025 година за пензионерите со ниски примања, членови на Здружението на пензонери, во согласност со Правилата донесени од ИО под бр. 02-150/2/4 од 11.08.2021 год. и измените и дополнувањата за начинот, условите и критериумите за доделување на хуманитарна помош на пензионери со ниски ...

Од јавното претпријатие „Паркинзи“ информираа дека како што најавија од денедка започна акцијата за предупредување на нелегално паркираните возила започна. На терен досега е евидентиран голем број на такви возила, велат од „Паркинзи“. Во информацијата пренесуваат и извадок од ЗБСП (член 66) во кој е регулирано паркирањето. „Почитувањето на законските прописи е задолжително за сите. Само тој е начинот со кој сите ќе имаме подобри услови во ...

Општина Битола, ја финализира втората фаза од реконструкцијата на улицата „Солунска”. Во рамките на оваа фаза, беше извршена реконструкција на мешовитата канализациона мрежа, во должина од 554 метри, со вкупна вредност од 10.713.427 денари. Работните активности продолжија со реконструкција на коловозот во должина од 566 метри и вкупна вредност од 13.187.575 денари. Со поставувањето на новиот коловоз, општина Битола, ја комплетира втората фаза ...

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,04%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит. ...

После една недела пауза поради деновите на жалост во Македонија поради трагедијата што се случи во Кочани, Битолскиот театар продолжува оваа недела со изведба на редовниот репертоар. Денес на сцената ќе биде изведена претставата „Жиголо“ праизведба на македонскиот текст од авторот Игор Кузмановски, во режија на Благој Мицевски, која ќе се изведе и на 28.март, во среда на 26-ти ќе се изведе „Снежана и седумте џуџиња“ во режија на Драгана ...

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите информираше дека вкупно 16 пациенти кои се лекуваат во државава денеска се испишуваат од болница и се упатуваат на домашно лекување. „Истовремено веќе се подготвуваме за прием на пациенти кои се враќаат од странство. Во моментот се вкупно 115 пациенти надвор од државата. Оваа недела очекуваме 8 пациенти да се вратат во клиниката каде што претходно биле примени и од таму ...

Претставниците на Соединетите Американски Држави и Русија започнаа разговори во саудискиот главен град Ријад, додека Вашингтон се обидува да посредува за ограничен прекин на огнот по повеќе од три години борби во Украина. Преговорите се одржуваат зад затворени врати во хотелот Риц Карлтон, јавија руските медиуми. Рускиот тим е предводен од дипломатот од кариера Григориј Карасин и Сергеј Беседа, висок разузнавач и близок човек од доверба на ...

Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, четврта ноќ по ред одржуваат протести во тој град, во Измир и турскиот главен град Анкара. Некои учесници на протестот нападнаа полицајци, а во Анкара полицаец беше повреден во напад на маскирани лица. Полицијата пукаше со гумени куршуми кон демонстрантите, јави ТРТ Хабер. Организатор на протестите е главната турска опозициска Републиканска народна партија ...

Битолската „Нискоградба“ информира за активностите кои ги презеде во текот на изминатата недела. Во нив, како што информираат се стабилизација на банкини со коцка на коловоз на локален пат за село Брусник, крпење на прекопи со асфалт при што се потрошени 20 тони, изградба на нова атмосферска канализација БЛР4 улици 150,170 и 210-та, реконструкција на приклучок на Музичкото училиште, нивелација на капаци на шахти на улица Солунска и подигнување ...

Утрово 2 степени на Попова Шапка, 5 Крива Паланка, Берово, Крушево, Маврови Анови, Лазарополе, 7 Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица, 8 Тетово, Претор, Виница, 9 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Велес, 10 Штип, Гевгелија, 11 Демир Капија. Најмногу дожд 29 л/м2 наврнаа во Лазарополе, 21 Маврови Анови, 16 Крушево, Попова Шапка, 12 Охрид, 10 Прилеп, Пожаране, Пожар-Радовиш, 9 Претор, Виница, Тополчани, 8 Струмица, 7 Берово, 6 Крива ...

Општина Битола во соработка со СВР Битола почнувајки од утре (понеделник) 24 март, организира еднонеделна кампања за превентива во сообраќајот. Во соопштението кое што го објави јавното претпријатие „Паркинзи“ на сите возила кои ќе бидат затекнати паркирани на пешачки, велосипедски површини, но и пристапни рампи за лица со попреченост, ќе им се издаваат писмени предупредувања за сообраќајниот прекршок со кој насилно узурпираат површини кои не им ...

По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот Арбен Таравари информираше за состојбата со пациентите, кои беа повредени во несреќата што се случи во Кочани. Во македонските болници сите пациенти се во стабилна и добра состојба. Се планира девет пациенти да бидат испишани на почеток на неделата, откако ќе им бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања. „Надвор од државата се 115 пациенти, во критична состојба ...

Денес екипи на ЈКП „Водовод“ Битола имаа работни активности на објектот “Пумпна станица Довлеџик”. Беше извршена промена на крилест затворач Ф/500 mm. заедно со монтажно-демонтажно парче Ф/500 mm. Монтирањето се врши на почеток на потисниот цевковод преку кој во летните месеци до “Филтер станица Дихово” се пумпа сирова вода од од ПС „ Довлеџик“ во должина од скоро 2 км. и висинска разлика од 120 м. Значењето на функционалноста на овој ...

Општина Битола е во завршна фаза на реализација на проектот за Реконструкција на коловоз, мешовита канализација и водоводна мрежа на улица „Никола Тесла“. Работните активности се одвиваа на потегот од поврзувањето со улица „Влатко Миленковски“ до спој со „Булевар 1 ви Мај“. Реконструкцијата на комплетната инфраструктура е во вредност од 9.826.756,09 денари, а инфраструктурното уредување во овој дел на градот вклучува и реконструкција на улично ...

Британската влада му нареди на националниот енергетски систем оператор итно да го истражи прекинот на електричната енергија што го принуди аеродромот Хитроу да ја прекине работата, изјави министерот за енергетика Ед Милибанд. Министерот за енергетика рече дека ќе работи со енергетскиот регулатор на земјата, Офгем, за да се утврди што стои зад прекинот. -Прекинот на струја во областа Хитроу предизвика значителни нарушувања за илјадници луѓе и ...

Утрово 3 степени во Берово, Лазарополе, Попова Шапка, 4 Крива Паланка, Охрид, 5 Струмица, Битола, Прилеп, 6 Тетово, Крушево, Маврови Анови, 7 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, Кавадарци, Куманово, Претор, 8 Виница, 9 Велес, 10 Штип, Демир Капија. Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југозападните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Дневната температура ќе биде ...

Денеска од Општина Битола соопштија дека општинскиот инспекторат, во координација со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола, ќе спроведат проширена контрола и на битолските локали и кафе барови, кои во најголем дел се лоцирани на Широк Сокак, во битолската чаршија, во Новиот пазар итн. Контролите ќе опфаќаат проверка на потребната документација, согласно Законот за угостителска дејност. Општинскиот инспекторат на терен редовно врши контрола ...

Утрово -4 степени во Берово, -1 Лазарополе, 0 Крива Паланка, Струмица, 1 Битола, Штип, Претор, 2 Тетово, Охрид, Прилеп, Гевгелија, Кавадарци, Велес, Попова Шапка, 3 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 4 Демир Капија, Виница, Крушево, Маврови Анови. Времето денеска сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде во ...

Обука за психо-социјална интервенција во криза во услови на колективна траума одржа денеска психолошкото советувалиште на Универзитетот Св. Климент Охридски. Ваквиот пристап не само што е иницијатива на психолозите кои го водат ова советовалиште од 2019 година, ами, велат од Универзитетот е пример за микроквалификации поврзрани со кризна интервенција и менаџмент, својствена на концептот на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС. Сите ...

Eден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус верски и обичајни празнувања е славењето на споменот на четириесетте војници од Севастија. Празникот се нарекува и Младенци. Македонски е обичајот на 21 спроти 22 март да се одбележи празникот Младенци . Го празнуваат сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале по 22 март претходната година. И, уште се верува дека ако на овој ден времето е убаво, убаво ќе биде и во ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
0.0
94%
1027
weather icon

Софија

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.64
73%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.28
98%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
85%
1029
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
65%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
81%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Злато

139470.53

Сребро

2128.87

Паладиум

52470.02

Калај

42.35

Бакар

10.93

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Родиум

258009.74

Цинк

3.03

Алуминиум

2.90

Кобалт

58.42

Платина

61733.50