Според податоците од мерната станица на Министерството за животна средина лоцирана во центарот на Битола, вечерва во 23:00 часот е регистрирано многу ниско загадување со МП2,5 честичките и средно загадување со МП10 честичките. Во истото време мерната станица во индустрискиот дел на Битола измери ниско загадување со МП2,5 честичките. Во останатите градови во Македонија загадувањето е многу ниско, ниско или средно, а високо загадување е ...

Бојкотот на маркетите на државно ниво го преполови прометот на 8-те ланци маркети во државата. Засега нема информации за тоа каде повикот за бојкот имаше најголем одзив. Во анкетата што ја направи Тера граѓаните се согласуваат со чинот, но се сомневат во можноста за ефикасност и сметаат дека владите на земјите кадешто се реагира против високите цени треба да го решат проблемот. „Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е ...

Денеска на редовна седница на Владата практично отпочна постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа со којшто ќе се изрази интерес на единиците на локална самоуправа за финансирање на капитални проекти од интерес на граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес конференција со министерот за локална самоуправа Златко Перински. „Станува збор за втор јавен повик за искористување на ...

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорката на Основното училиште „Коле Канински”, Дијана Христовска, денес извршија увид на локацијата во населбата Буковски ливади, каде ќе биде реконструиран објектот кој ќе претставува нова училишна зграда во населбата, соопштија од општината. Во предлог решението кое се ревидира, предвидени се 5 училници, влезен хол со пропратни содржини, рампа за лица со попреченост, ...

Делегација од општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски и претставници на Советот на општината, по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење. Во чест на денешниот ден, почит одадоа и претставници на општинската организација на Сојузот на борци, политичките ...

Општина Битола, активно спроведува мерки за подобрување на пристапноста, мобилноста и функционалноста на лицата со попреченост преку Програмата за социјална заштита. Во рамките на таа Програма, објавен е јавен повик во согласност со донесениот правилник за искористување на финансиска помош при адаптација на пристапност, мобилност и функционалност до и во домот на лицата со попреченост, каде се дефинирани условите за субвенционирање на трошоците ...

Делегација на ОК ВМРО ДПМНЕ предводена од претседателот на ОК и пратеник Пеце Милевски, Олга Лозановска пратеник и Горан Исков потпретседател положија свежо цвеќе пред спомен куќата на Гоце Делчев во Битола. Исто така и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и делегации од Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и Патриотскиот институт оддадоа почит. “… дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во ...

САД ќе ја одложат примената на новите царини за канадските производи најмалку 30 дена, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо по телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. „Имплементацијата на предложените царини ќе биде одложена најмалку еден месец додека работиме заедно на ситуацијата“ изјави Трудо. Канада прифаќа нови обврски, вклучително назначување службеник одговорен за проблемот со фентанил, додавање на ...

Утрово најстудено со -8 степени беше на Попова Шапка, -5 Крушево, -3 Берово, -2 Крива Паланка, Куманово, Скопје-Петровец, Прилеп, 0 Штип, Охрид, Кавадарци, Дебар, Виница, Скопје-Зајчев Рид, 1 Велес, Битола, Тетово, 2 Струмица, 5 Гевгелија. Времето денеска променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во претпладневните часови во југоисточните делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 9 часот и 18 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 2.7 степени. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка ...

Директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска-Илијевски денеска соопшти дека поднесе оставка на функцијата. „По шест години и шест месеци исполнети со посветеност, визија и љубов, денес официјално ја напуштам функцијата директор на Националната установа Центар за култура – Битола и се враќам на сцената на Битолскиот театар, каде што започна мојата актерска кариера. Поднесување оставка е тежок личен чин, кој го правам со длабока ...

Локалната самоуправа во Битола, продолжува со активностите за подобрување на спортската инфраструктура во општината. За проектите кои беа најавени кон крајот на минатата година, веќе се финализира документацијата, а оваа недела се очекува да започнат и работните активности на терен за реконструкција на салата во Бистрица, соопштија од Општина Битола. Со новото проектно решение треба да се изврши реконструкција на кровната конструкција, која ...

Од јавното обвинителство информираат дека од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како „Адитив“, во насока на проширување на постапката, под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои постапуваат во предметот, денеска се приведени осум лица од Битола, Кичево и Велес и извршен е претрес на една локација во Велес. Како резултат на ...

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,12%. Mалопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит. ...

Над 200 земјотреси биле регистрирани во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос со максимална магнитуда од 4,5 степени, а по новиот состанок во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција беа донесени превентивни мерки за граѓаните, меѓу кои и одлука училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи денеска да останат затворени, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на ноќта и рано утрово продолжија ...

Утрово -2 степени во Берово, Попова Шапка, 0 Маврови Анови, Крива Паланка, 1 Лазарополе, 2 Крушево, Прилеп, Струмица, Штип, 3 Битола, Кавадарци, 4 Тетово, Охрид, Претор, Виница, 5 Скопје-Петровец, Велес, 6 Скопје-Зајчев Рид, 7 Гевгелија. Времето денеска променливо облачно со слаб локален дожд, преку ноќта понекаде на повисоките планини ќе провејува слаб снег. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека „многу скоро“ ќе воведе царини за европските производи, слични на оние што веќе ги наметна за увозот од Канада, Мексико и Кина. „Тие имаат огромна предност во трговијата со нас – САД има трговски дефицит од 300 милијарди долари. Тие не купуваат наши автомобили, земјоделски производи – речиси ништо. А ние купуваме милиони нивни автомобили и големи количини храна“ изјави Трамп на ...

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, рече премиерот Христијан Мицкоски. „Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Како претседател на партијата и ...

Во интервју за Радио Слободна Европа, претсдеталот на СДСМ, Венко Филипче беше прашан и за престојните локални избори дали веќе одредиле некои сигурни кандидати и каков резултат очекува. „Очекувам дека овој процес ќе заврши некаде во март или почетокот на април, за да до крајот на април добар дел од кандидатите за градоначалници и советници веќе бидат познати и да започнат да работат на терен со граѓаните во општините во кои живеат. Ставаме ...

Во осумте поголеми синџири на маркети во петокот е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, во петокот е забележан и пад од 46,29 проценти на вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети во споредба со претходниот ден. „Податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во ...

Утрово -4 степени во Берово, -2 Маврови Анови, -1 Тетово, Струмица, Лазарополе, Попова Шапка, 0 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Велес, 1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип, Кавадарци, 2 Охрид, Претор, Крушево, Гевгелија, 4 Виница. Времето денеска променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а ...

Студентите од масовните демонстрации во Нови Сад порачаа дека ќе останат на улиците и на мостовите онолку колку што е потребно за да се постигне правдата, бидејќи градот и државата ним им припаѓаат, јави Бета. „Сите ќе останеме заедно на мостовите, на улиците онолку колку што е потребно, бидејќи овој град и оваа земја ни припаѓаат на сите нас затоа што сакаме да останеме во нашата држава Србија. Ви благодариме што заедно ја пишувате историјата. ...

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети Средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито”, кое следната недела, ќе го одбележи големиот јубилеј „80 години од одржувањето на првиот час на современ македонски јазик во училиштето”. Во исто време, додека директорката и вработените активно ги подготвуваат програмските содржини, кои ќе се реализираат од 02 до 06 февруари, паралелно продолжуваат и инвестициите со кои ...

За борба против детското престапништво и врсничкото насилство, превенцијата е еден од најважните чекори. Целта на општинскиот Совет за превенција од детско престапништво на Општина Битола, е преку превенција сузбивање на веќе постоечките ситуации, враќање на децата на правилен пат, како и спречување на други деца да тргнат по пат на престапништвото. „Ние сме тие кои што треба да делуваме кај сите млади лица, да не дојде да западнат тие, да ...

По примерот на Хрватите и граѓаните од земјите на регионот Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и во Македонија преку социјалните мрежи беше повикано на бојкот на маркетите поради високите цени. До 14.00часот во Битола нема голема разлика што денеска како пазарен ден е најавен бојкот. Купувачи има, не во толкав број како другите денови, но, исто колку во деновите од крајот на месеците. Денеска е 31 јануари и тие што влегуваат да купуваат , ...

Од митот за пронаоѓачот Дедал, кој направил крилја за со свјот син Икар да избега од затвор јасен е копнежот на човекот да лета како птица. И, од искона црта, пресметува, авиони и хеликоптери измисли и разни други направи, но сепак не може да лета со крилја. А научниците секој со свој интерес сеуште бараат одговор на прашања поврзани со самостојно летање на човекот. Најпрвин откриле дека човекот неможе сам да лета оти нема сила. Птиците имаат ...

По повиците на социјалните мрежи, денеска дел од јавноста очекува граѓаните да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи. Иницијативата која прво се случи во Хрватска, а вакви акции се најавени и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата, додека надлежните институции најавија ригорозни контроли во маркетите и ...

Општина Битола објави Јавен повик за финансиска поддршка на лица со ретки болести, со цел покривање на патни трошоци до здравствени институции надвор од Битола и поддршка за надминување на нивните секојдневни предизвици. Оваа мерка е наменета за лицата со ретки болести кои се наоѓаат во незавидна социјална и здравствена положба. Оваа мерка во општината започна да се применува од 2023 година, на предлог на градоначалникот Тони Коњановски, по ...

Со порака „чекор поблиску до правдата“, студентите кои ги блокираа белградските факултети се на протестен марш кон Нови Сад. По пешачење од повеќе од седумдесет километри, тие на 1-ви февруари ќе им се придружат на новосадските студенти во блокирањето на три моста во тој град. Со протестните блокади на мостовите ќе бидат одбележани три месеци од уривањето на настрешницата на реконструираната Железничка станица, при што загинаа 15 лица, а две беа ...

На последната седница на Советот на општина Битола во делот на расправата која се отвори за загадениот воздух, советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојкоски потсети на проектот за топлификација на Битола, кога почнал, колку време бил закочен, како и за тоа кој бил против изградбата на велосипедските патеки. „Неспорен факт е дека се презеле и некакви мерки за да се спречи загадувањето во градот, онолку колку што можел овој Совет ги гласал, не само овој ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
88%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.13
62%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
49%
1017
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.37
83%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
75%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
62%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
61%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
53%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
74%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
48%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
69%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.4012

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048