Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија. Потпишавме неколку договори за економска соработка што се услов за идната соработка. Посебно е важно тоа што Дубаи станува центар за извозот кон Истокот, што е одлична можност за домашно извозните компании да ја користат помошта и логистиката што ја нуди Владата на ОАЕ, истакна вицепремиерот Александар Николоски, кој е дел од владината делегација која ...

Во 29 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 5, 8, 12, 14, 21, 30, 36. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше две шестки, секоја од нив вредна по 223.466,25 денари. Фондот за седумка за следното коло изнесува 27.732.000 денари. На џокерот беа извлечени следните броеви: 9, 7, 8, 3, 3, 5. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци во следното коло на играта џокер е 1.194.000 денари. ...

Со асистенција на српската полиција и на жандармеријата во опрема за разбивање демонстрации, вработени во РТС беа спроведени да влезат во зградата на медиумот во центарот на Белград, јави дописникот на МИА од Белград. При акцијата на полицијата беа истуркани студентите во блокада кои не дозволуваат влегување во РТС од понеделникот навечер. Студентите трет ден по ред ги блокираат зградите на РТС на улицата Таковска во центарот на Белград и на ...

Утрово 6 степени во Берово, Маврови Анови, 7 Попова Шапка, 8 Струмица, Крива Паланка, Крушево, Лазарополе, 9 Велес, Штип, Гевгелија, Битола, Виница, 10 Скопје-Петровец, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Претор, 11 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 12 Куманово, Демир Капија. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а ...

По силниот ветер од ланската година кога и на Пелистер многу молики беа оштетени, се отвори прашањето за тоа дека моликата на Пелистер е во климакс. Што тоа значи? Дали Пелистер ќе остане без шума? Дали моликата изумира пред нас? З Зборувавме со некои од луѓето директно вклучени во работата на Националниот парк „Пелистер“. На Балканскиот полуостров, блису градот Битола живее Молика – издржлив бор со високо стебло, како тенка и понекогаш ...

Над 30 проекти од различни потреби на општественото живеење, преку соодветни апликации ќе бидат доставени до министерствата за новиот Јавен повик за изразување интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА, соопштија денес од Општина Битола. Во соопштението се вели дека градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги потпиша проектните апликации, a преку нив Општина Битола има за цел да ...

Утревечер, 16 април битолскиот Народен Театар на големата сцена ќе одигра праизведбата на драматизацијата на романот „Црно Семе“ од Ташко Георгиевски. Режисер е Андреј Цветановски, на сцената се вклучени актери и голем тим соработници од разни профили кои стојат зад актерисите. Ова е првиот од проектите на оваа институција од културата за кои Министерството за култура додели средства. Во низата романи за судбината на Македонецот од егејскиот ...

Советот за превенција при Општина Битола, денес одржа состанок на кој се разгледуваа неколку важни теми. Ситуацијата со деца малолетници во локали во ноќните часови, проблемот со деца под дејство на алкохол и обезбедувањето на безбедност на подрачјето на општина Битола за одржување на престојните матурски и полуматурски прослави, беа разгледувани како една точка на која беа презентирани моменталните состојби и беа претставени мерки за ...

Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, трет месец по ред, организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти април. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и тоа: Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП Комуналец на ул. 16-та бб, ...

Јавното претпријатие „Водовод“ Битола информира дека во текот на утрешниот ден 16.04.2025 (среда), поради изведба на јазел во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисници: Населба Баир од (над ул „Илинденска“ до ул „ Христијан Карпош“,) и ул. „Широка“. Со намален притисок ќе биде Стрежевска населба. Прекинот ќе трае од 08:30 ласот до завршување со активностите. Во информацијата од „Водовод“ се вели дека ...

Во семејството на добитници на инстант лотарија добивме нов член. Лидија Перовиќ (83) од Скопје, е среќната добитничка на автомобил ford focus од првата серија на инстант лозот „Титаниум“. Ние ѝ приредивме незаборавно роденденско изненадување, со доделување на автомобилот токму на нејзинот 83-ти роденден, информираат од Државна лотарија. За Лидија оваа добивка е сосема неочекувана. Иако досега добивала само помали парични износи, сепак, никогаш ...

Утрово 6 степени на Попова Шапка, 8 Берово, Крушево, Маврови Анови, 9 Крива Паланка, 10 Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, Виница, Струмица, Кавадарци, 11 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Штип, 12 Демир Капија, Гевгелија. Во изминатите 24 часа наврнат воден талог, 5 л/м2 во Прилеп, Берово, 3 Крива Паланка, Куманово, Охрид, Крушево, 2 Претор, Штип, Виница, Велес, Кавадарци, Маврови Анови, Тополчани, Пожар-Радовиш, 1 ...

Студентите кои синоќа ги блокираа РТС и сите влезови на оваа телевизија на улицата Таковска и Кошутњак ноќта ја минаа пред влезот и од утрово не дозволуваат на никого да влезе, јавува МИА. Во координирана акција, студенти од Белград и Нови Сад синоќа ги блокираа зградите на Радио телевизија на Србија (РТС) и Радио Телевизија Војводина (РТВ) и најавија дека таму ќе останат до понатамошно известување. Како што јавува Н1, на блокадата на РТС ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции е во официјална посета на ...

Јавното претпријатие „Водовод“ информира дека дека во текот на утрешниот ден 15.04.2025 (вторник), поради изведба на јазел во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисници од Булеварот „1-ви Мај“ од Црн Мост до Саат – кула и населбата „Баир“ од над улицата „Илинденска“ до улицата„Христијан Карпош“, ул. „Широка“, како и ул. „Охридска“ од ул. „Методија Трајковски“ до ул. „Стив Наумов“. Со намален притисок ќе ...

Федерацијата на училишен спорт на Македонија за учебната 2024/2025 година, организацијата на Државното првенство кошарка машки од средните училишта, ја додели на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Битола. Целокупната агенда на државниот настан, планот и програмата на Државното првенство ја презеде СОУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито,, – Битола и Стручниот актив по спорт и спортски активности. На настанот учествуваат: СОУ ,,Јосиф Јосифовски” од ...

На крајот од оваа недела христијанското население во државата – Православните и Католиците ќе го празнуваат великиот верски христијански празник Велигден. Се имало- се немало, на трпезата мора да има велигденски бојосани јајца, јагнешко, козињак – трпеза според можностите на верниците, а за децата – нова облека и обувки. Иако на некои не им е то тоа, да празнуваат…други во одговорноста за одбележување на празникот – пред Господ, соседите или ...

Поради лошите временски услови, асфалтирањето на улицата „Бурса”, наместо денес и утре, ќе се реализира во среда и четврток, односно на 16 и 17.04.2025, соопштија од Општина Битола. Заради непречена реализација на активности во рамки на проектот „Реконструкција на коловоз на дел од улица „Бурса” во Битола (од спој со улица „Македонска фаланга” до спој со новопроектираната улица „Индустриски пат”), на 16.04.2025 и 17.04.2025 на горенаведениот ...

Општина Битола, изразува длабоко жалење за немилиот настан, кој се случил вчера во угостителски објект на Плоштадот Магнолија, при што осумгодишно дете се здобило со повреда на челото, како резултат на напад од улично куче, се вели во соопштението до медиумите. „Благодарение на навремената интервенција, детето е соодветно згрижено во Одделението за максилофацијална хирургија при Клиничката болница во Битола, каде што му е пружена неопходната ...

Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека во тек е реализација на проектот реконструкција на водоводната мрежа Логоварди – Поешево, во должина од 6 км. За таа цел, ја известуваат јавноста дека во наредните денови започнувајќи од 15.04.2025 ( вторник), корисниците од овие села ќе имаат прекинато водоснабдување (од 8:30 часот до завршување со активностите околу реконструкцијата). Од „Водовод“ велат дека овој зафат ќе придонесе до ...

Пет барања до институциите изнесе денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во говор на митингот „Не ја даваме Србија“ што се одржа во Белград. Вучиќ на собирот рече дека „Движењето за народот и државата“ е потребно „бидејќи ни треба нова енергија и нова сила, нов план, не план до 2027 година, туку до 2035 година“. „Бидејќи имаме арогантни локални функционери кои нема да разговараат со народот, ќе бидат заменети со оние кои сакаат“, рече ...

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,82%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 71,50 ден/лит. Малопродажните ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции е во официјална посета на ...

“Монохроматска изопаченост” не е само визуелна изложба – тоа е искуство. Искривените фигури, нивната скаменета металност, нивната двосмисленост меѓу човекот и апстракцијата – сето тоа создава чувство на чудење, на непрекинато барање одговори. Лина Продановска, авторката на оваа изложба, која беше отворена во битолската „Магаза“ е матурантка и самата изложба е матурска проектна задача по ликовно образование. Инаку Продановска е ученичка во ...

Културен и информативен центар – Битола се вклучува во кампањата за промоција на премиерата на претставата “Црно семе” во продукција на НУ Народен Театар Битола и за таа цел на 14 и 15 април со почеток во 19 часот во Кино Браќа Манаки Битола ќе го проектира истоимениот култен македонски филм работен според сценарио на Ташко Георгиевски и Кирил Ценевски “Црно семе”. Битола живее со животните приказни на Доне, Христо, Парис, Марко, со тешката ...

Од двата руски балистички проектили што вчера го погодија центарот на северниот украински град Суми, досега загинаа најмалку 34 лица, а ранети се 117, што претставува најсмртоносен напад врз Украина оваа година, соопштија украинските власти. Суми, со население од околу 250.000 жители, се наоѓа на само 25 километри од руската граница, стана гарнизонски град откако украинските сили од него лани во август го почнаа упадот во Русија, што оттогаш е ...

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во рамки на планираните активности на 13.04. во 00.30 часот извршија акциска контрола во повеќе угостителски објекти и објекти за забава во Битола кои што се детектирани како места каде што доаѓаат малолетни лица, соопшти МВР. Притоа во клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ затекнати биле 16 деца, а во угостителски објект лоциран на булеварот „1-ви Мај“ биле затекнати уште четири ...

Утрово 3 степени во Берово, 5 Лазарополе, 6 Крива Паланка, Крушево, Попова Шапка, 7 Струмица, Маврови Анови, 8 Кавадарци, Гевгелија, 9 Охрид, Претор, Виница, 10 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Прилеп, Велес, Штип, 11 Скопје-Петровец, 12 Демир Капија. Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. ...

Денеска неделата посветена на Влегувањето на Спасителот Господ Исус Христос во Ерусалим, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Златко Костовски, Кирил Трајковски, ерејот Александар Маргулевски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј, во Битола. На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, благоволи во свештенички чин да го ...

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението. Кога Царот, седејќи на осле, влегол во Ерусалим, сите луѓе – деца, возрасни, старци, простирајќи ја својата облека и со палмови гранчиња во рацете, кои се симбол на победата, брзо Го пресретнале, како Животодавец и Оној Кој ја ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
46%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
54%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
46%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.64
42%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
80%
1018
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
74%
1019
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
53%
1018
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
46%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.58
43%
1017
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.34
54%
1019
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
72%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.2292

Currency

70.0511

Currency

34.8707

Currency

37.9994

Currency

66.2867

Currency

7.49847

Currency

0.66409

Currency

0.34494

Currency

0.52539

Currency

1.26766

Currency

0.60104