
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Поради температурната инверзија која што деновиве се случува во Пелагониската котлина, особено во Битола, што резултира со ниски температури и густа магла, општина Битола за време не пресојниот викенд ќе организира бесплатен превоз до скијачките терени на Стрежево и кон Инфоцентарот на Пелистер, каде што граѓаните ќе можат да уживаат во сонцето, повисоките температури и чистиот воздух, соопштија од Општина Битола. Во соопштението се вели дека во ...
Утрово најстудено со-6 степени беше во Берово, -4 Попова Шапка, -3 Битола, Прилеп, Струмица, -2 Лазарополе, Виница, Тетово, -1 Крива Паланка, 0 Кавадарци, Крушево, Куманово, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 1 Демир Капија, Штип, Маврови Анови, Претор, Дебар, 2 Охрид, Велес. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди претежно во источните делови и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави присуствуваше на одбележувањето на 30 годишниот јубилеј од постоењето на црквата „Свети Никола”, на коj присуствуваа и бројни македонски иселеници. Во своето обраќање тој истакна дека овие 7 месеци откако е избрана Владата, таа ја води борбата дома за подобра инфраструктура, подобро здравство, поквалитетно образование, конкурентна економија и ...
Се почести се информациите за тешката финансиска состојба на Германија, за нивото на сиромаштија и опасноста од прогласување рецесија. И додека сите пресметуваат колку автомобилската индустрија е во криза односно дали зелената енергија им прави проблем на Германците, никој не мисли дека дел од проблемот може да биде и едноставна административна грешка која одлева пари од државната каса. Млад брачен пар буквално ништо и никаде не прави, и ...
Електронската трговија е се попопуларна и на македонско како и на светско ниво. Но, исто така и измамите се глобални, па за македонските купувачи може правдата да не е достапна. Оттука, Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија направи посебен маркер којшто до некаде ја гарантира чесноста на електронскиот трговец. Чести се моментите во кои слободното веме се минува со телефонот во рака и се вртка надолу по бескрајниот чаршав од ...
Судскиот совет денеска за нови судии во Апелациониот суд Битола ги избра судиите Билјана Белевска Пројковска за судија во кривичната област, и Ристо Сотиров, Дејан Крстанов и Александар Илиевски за судии за граѓанска област. Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски истакна дека на објавениот оглас за избор на еден судија за кривична област и тројца судии од граѓанската област формирана е Комисија за рангирање чиј претседател е ...
Белата куќа го врати познатото црвено копче во Овалната соба за претседателот Доналд Трамп лесно да нарача диетална Кока-Кола. Црвеното копче за Кока-Кола што Трамп го користеше за време на неговиот прв мандат повторно беше забележано на неговото биро откако во понеделникот положи заклетва како 47-ми претседател на САД, објави весникот „Волстрит џурнал“. Позната е неговата наклонетост да пие диетална Кока-Кола. Тој многу пати изјави дека не пие ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за да се спречи нова руска офанзива, потребни се најмалку 200.000 мировници од Европа. Зеленски ја даде изјавата на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, еден ден откако Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на САД со ветување за брз крај на војната во Украина. Украинскиот лидер апелираше до европските држави да преземат поодлучни чекори за заштита на континентот. ...
Утрово -4 степени во Битола, -2 Прилеп, Попова Шапка, -1 Лазарополе, 0 Тетово, Демир Капија, Струмица, Штип, Берово, Кавадарци, Крушево, Маврови Анови, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Претор, Виница, Велес, Дебар, 2 Куманово, 3 Охрид, Гевгелија. Висината на снежната покривка е 49 см на Попова Шапка, 40 Маврови Анови, 22 Крушево, 15 Битола, 7 Тетово, 5 Демир Капија, Берово, 4 Штип, Лазарополе. Променливо облачно со сончеви ...
Државниот завод за статистика денеска ја објави информациајта за индексот на просечната исплатена нето плата по вработен за ноември минатата година. Изнесува 109.5 што подразбира дека просечната плата во Македонија изнесува 41.999 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 109.5. Ваквото зголемување ...
Денеска Битола беше најстуден град во Македонија. Но, не толку студен како што Битола беше позната пред повеќе децении. Некои споредуваат дека сегашните темеператури се благо кажано пролетни во споредба со тоа дека некогаш снтигнувале и подолу од -25 степени. Битола со -6 степени Целзиусови и наврнати триесеттина сантиметри снег, иако се стопи и денеска е само 17тина, сепак е најзимскиот, истовремено и најстудениот град во Македонија денеска. ...
На 49-та седница на Советот на Општина Битола која е закажана за 28 јануари како прва точка ќе се најде пливачкиот базен во Битола. Советниците ќе треба да гласаат за одлука за давање согласност за склучување на Анекс на Договор за соинвестирање во изградба на затворен пливачки базен во Општина Битола со бр.10-45/29 од 19.02.2020 година. Во членот 1 се предвидува давање согласност за соинвестирање во изградбата меѓу Општина Битола и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на забраната за апликацијата ТикТок во САД за 75 дена. Уредбата содржи упатства за јавниот обвинител да не ја спроведува забраната за „мојата влада да може да одреди соодветни дејствија во однос на ТикТок“. Покрај тоа, со неговата извршна наредба, Трамп му наредува на Министерството за правда да испраќа писма до компании како Епл и Гугл кои работат ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека на денешната седница на Владата усвоија одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени. „65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен. 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен. 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен. Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото ...
Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025. По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик. Со евентуална победа македонската репрезентација ќе ...
Утрово најстудено со -6 степени беше во Битола, -5 Прилеп, -3 Тетово, Штип, Виница, Куманово, -2 Дебар, Кавадарци, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови, Лазарополе, 0 Скопје-Петровец, Крушево, 1 Претор, Гевгелија, 2 Охрид. Висината на снежната покривка до 7:00 часот утрово е 46 см на Попова Шапка, 42 Маврови Анови, 22 Крушево, 17 Битола, 10 Дебар, 9 Тетово, 7 Демир Капија, 6 ...
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД. „Свечено се колнам (или потврдувам) дека верно ќе ја извршувам функцијата претседател на Соединетите Држави и ќе го зачувам, заштитувам и бранам Уставот на Соединетите држави најдобро што можам, ќе го зачувам, штитам и бранам Уставот на САД“, рече Трамп во Заклетвата. Претседателската заклетва на функцијата е наведена во член II, дел 1 од Уставот на САД. ...
Празниците се време кога и одмараме и празнуваме. Но, не сите. Тие се дел од оние кои и во празник и во делник и во неработен ден се на своите работни места, односно 24/7 или 365 денови во годината и така од пандемијата наваму кога се и дежурни аптеки. Сузана Христовска-Димовска е дипломиран фармацевт од приватната здравствена установа аптека „Роса Вита“ , таа и нејзиниот тим се условно речено чуварите на нашето здравје. Годинава аптеките ...
Доналд Трамп денеска ќе положи заклетва за втор мандат како претседател на Соединетите Американски Држави. Инаугурацијата ќе се одржи во 12 часот по источно време во САД (17:00 часот по Гринич) на 20 јануари 2025 година. Церемонијата првично требаше да се одржи на отворено, на западниот преден дел на американскиот Капитол, свртен кон паркот наречен Национален мол, во Вашингтон. Но, ниските температури го принудија Трамп да се премисли. Во ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,16%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација фаќање на Светиот крст, која се одржа вчера во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј” во Битола, по повод Водици. 15 годишниот Иван Миовски кој е ученик во прва година во општинското средно економско училиште „Јане Сандански”, раскажа за своето прекрасно искуство од учеството на оваа манифестација. Коњановски, посакувајќи ...
Изралеската војска потврди дека првите три заложнички штп го ослободи Хамас се префрлени од Газа во Израел. „Тие се дома“, објави израелската војска на социјалната мрежа Икс. Ослободените три жени, се првите од 33-те заложници кои треба да бидат пуштени од Хамас согласно првата фаза од договорот со Израел за прекин на огнот во Појасот Газа. Според израелските медиуми, трите ослободени заложнички се Дорон Штајнбрехер, Емили Дамари и Роми Гонен, ...
Утрово најстудено со -9 степени беше во Берово, -8 Крива Паланка, -7 Битола, Прилеп, -6 Виница, -4 Тетово, Штип, Куманово, -3 Струмица, Дебар, -2 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Маврови Анови, -1 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Гевгелија, Лазарополе, 1 Попова Шапка, 3Крушево. До утринава до 7:00 часот висната на снежната покривка е 47 см на Попова Шапка, 44 Маврови Анови, 24 Крушево, 17 Битола, 10 Тетово, 8 Демир Капија, 6 ...
Денес, православните христијани го одбележуваат големиот христијански празник, Богојавление – Водици, денот кога Свети Јован Крстител, го крстил Исус Христос во реката Јордан. Крштевањето, значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. По повод денешниот празник, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на манифестацијата на положување на Светиот крст во осветените води на Соборниот храм ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин ја совлада Гвинеја со 29:20 (полувреме 14:10) во натпревар од 3. коло во групата Д на Светското првенство. Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар. Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, против Австрија или Катар во зависност од резултатот на вечерашниот натпревар меѓу Унгарија и ...
Соединување на човекот со Христос е чинот на положување на светиот Крст во водите и негово пребарување, а по осветувањето од епископите, водите стануваат лековити. За 2025 година останува забележано дека на Иван Миовски Бог му помогна да го пронајде крстот фрлен во базенот на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Битола, кадешто со богослужбата чиноначалствуваше Митрополитот Петар. Тој е ученик во средното економско училиште „Јане Сандански“ ...
Богојавление – Водици, еден од најголемите христијански празници, беше свечено одбележан во 15 населени места во Општина Новаци со традиционалниот чин на фрлање на светиот крст во осветените води. Овој празник ја симболизира светлината и духовното прочистување, привлекувајќи верници и учесници кои со голема посветеност го почитуваат неговото значење. Како и секоја година, најхрабрите жители на општината се впуштија во осветените води со желба ...
Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство, за противник ја има селекцијата на Гвинеја. Натпреварот се игра во Вараждин Арената, со почеток во 18:00 часот. Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е оптимист во пресрет на денешниот натпревар со Гвинеја. „Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го ...
Денеска се слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примањето Крштение ...
Денеска македонските православни верници го празнуваат Богојавление-Водици. Празникот е поврзан со една од светите тајни на православната црква или сакраменти на католичката. Богојавление се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кој уште се вика и Претеча што значи претходник. Во раното христијанство, крштевањето се вршило само над т.н. зрели верници, кои претходно морале да се пријават ...