Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ги осуди демонстрантите против Зимските олимписки игри како „непријатели на Италија“ по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Милано, еден од двата града домаќини на ЗОИ, и наводните саботажи на железничката мрежа во близина на Болоња во централна Италија, објавија британските медиуми. Инцидентите се случија на првиот ден од натпреварите на Зимските олимписки игри, чиј домаќин е Милано, ...
Даниел Кајмакоски, македонскиот поп-пејач бил киднапиран ноќеска во Белград. Српските медиуми објавија дека Кајмакоски бил пресретнат од вооружени лица близу „Бетон хала“ во Белград околу 2 часот по полноќ. Киднаперите му се заканиле со нож и пиштол, го врзале и го ставиле во автомобил обидувајќи се да му изнудат 20.000 евра. Кајмакоски бил спасен откако полицијата го пресретнала автомобилот кај градот Рума. Даниел Кајмакоски, македонскиот ...
Граѓаните со 2,5 пати повеќе пари во банките од компаниите, Но, од друга страна расте и кредитирањето. За една година задолжувањето на граѓаните и компаниите во банките се зголемило за дури 13 отсто, при што во апсолутен износ нивниот вкупен долг изнесува над девет милијарди евра, и тоа највеќе за станбени и потрошувачки кредити. Граѓаните со 2,5 пати повеќе пари во банките од компаниите, Но, од друга страна расте и кредитирањето. За една ...
КОД открива како се наталожиле 40 тони марихуана во неколкуте лиценцирани фирми за произвидтсво на медицински канабис. Кој министер за здравство потпишал правилник со кој наместо на затворен простор или во оранжерии канабисот да се одгледува на нива. Зошто настанала експанзија на фирми па од почетните 9 стасале до над 60 одгледувачи на канабис . КОД истражуваше и како фирмата Алфафарм груп која била основана 2023-та, ја добила лиценцата ...
Втора блокада на струмичките улици за еден месец. Еко-активистите во Струмица го губат трпението и бараат надлежните со итни мерки да почнат да го решаваат проблемот со аерозагадувањето. Велат дека почетните акции на општинските инспектори за животна средина и полицијата во кои беа казнети неколку физички лица кои гореле жици за бакар се охрабрувачки, но, недоволни бидејќи градот сѐ уште се гуши. Бараат итно ревидирање на дозволите за рбаота ...
Околу 11 илјади административци до 2028 година ќе добијат околу 40 отсто повисока плата. Владата и УПОЗ постигнаа договор. Премиерот пак секој месец ќе анализира дали е подобрена услугата кон граѓаните и бизнисот од нивна страна – нешто што го побарал од синдикатите за возврат. Со договорот, вработените во управата и правосудството оваа и наредните две години ќе добијат плус 8 отсто покачување на платата во која ќе биде пресметан износот од ...
Ќе се проверува секоја фирма за одгледување на марихуана за медицински цели, најави премиерот Христијан Мицкоски, а одлуката ќе биде донесена на претстојната седница на Владата во вторник. Ова следи по заплената на 40 тони марихуана во Скопје и струмичкиот регион. Премиерот Мицкоски наместо да одговори, првично праша од каде новинарите знаат дали петте тона марихуана пронајдени во Србија за кои тамошните власти тврдат дека се од Македонија ...
Поранешниот премиер, Зоран Заев,се закани со тужба против пратеникот Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ доколку не му се извинат. Во објава на Фејсбук тврди дека нема никаква поврзаност со случаите на запленета дрога. Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, ...
Прв пат ќе се бира член на Судскиот совет кој јавно, слично како и кандидатите за членови на Комисијата за дискриминација ќе се престави пред собраниската комисија. Ова го предвиде новиот закон за Судски совет кој беше донесен на неколку денови пред новата 2026 година. Во огласот кој е објавен во службен весник пред неколку денови се бара член кој ќе биде од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на Уставниот ...
Со симболичен протестен марш по битолски Широк Сокак, Независниот полициски синдикат го изрази својот револт поради заканите по живот упатени кон полициските службеници за време на протестите во Битола од поединци на кои им беа одземени возилата што ги управувале без возачка дозвола. Од Независниот полициски синдикат побараа притвор за сторителите и апелираа до институциите да не применуваат селективна правда, туку законите да важат еднакво ...
Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска во серија лавини на северот од Италија. Во алпскиот регион Валтелина, лавина погоди тројца скијачи, при што загинаа двајца од нив. Италијанската планинска служба за спасување во Трентино пријави две лавини во кои загина по едно лице. Во овој регион во сила е предупредување од трето ниво Имаше инцидент и во долината Аоста на границата со Швајцарија и Франција, каде што лавина однесе две лица ...
Иран никогаш нема да се откаже од своето право да збогатува ураниум, дури и ако „му се наметне војна“, изјави денеска шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи. На форум во Техеран, Аракчи рече дека „Иран плати многу висока цена за својата мирновременска нуклеарна програма за збогатување ураниум“, објави денеска „Тајмс оф Израел“. Зошто толку инсистираме на збогатување (ураниум) и одбиваме да се откажеме од него дури и ако ни се наметне ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека во Дубаи е уапсен маж осомничен за вооружениот напад врз врвниот руски воен разузнавач Владимир Алексеев во Москва. Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите. ...
Португалците денеска излегуваат на гласачките места во вториот круг од претседателските избори за да го одредат наследникот на конзервативниот претседател Марсело Ребело де Соуза. Околу 11 милиони лица со право на глас се повикани да гласаат, а гласачките места треба да се затворат во 19 часот по локално време, додека гласањето на позападните Азорски Острови ќе продолжи уште еден час. Претседателот во оваа земја на ЕУ има релативно силни ...
Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Негови први пријатели на кои им даваше тој заедно со Венко Филипче лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели, гледаме деновиве дека тие за тоа не го користеле ...
Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно несоодветно чување и складирање, реагираше денеска поранешниот премиер и екс претседател на СДСМ, Зоран Заев преку пост на ФБ. “Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со ...
Хуманитарен фудбалски натпревар во Кочани меѓу Осогово и Вардар кои одиграа за сеќавање и солидарност со жртвите на пожарот во Пулс. Натпреварот се одигра пред полните трибини на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. Сите средства од продажбата на билетите се наменети за хуманитарни цели, а дополнителен придонес дадоа и навивачите на Вардар, „Комити“. Ревијалниот натпревар заврши со резултат 4:1 за Вардар. Хуманитарен фудбалски натпревар во ...
Руската закана за источното крило на НАТО би можела да се зголеми доколку дојде до прекин на огнот во Украина, смета Волфганг Ишингер, претседател на Минхенската безбедносна конференција, цитиран од ДПА. Додека Украина ја брани Европа, заканата не е толку голема, рече дипломатот во интервју објавено денес од „Тагесшпигел“. Ова значи дека армиите на рускиот претседател Владимир Путин во моментов се приковани таму и „тој губи илјадници војници ...
Кај двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест „scabies“ (шуга), информираат попладнево со соопштение од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Генералштабот на Армијата во соработка со Министерството за одбрана. Како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини се пуштени ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Украина е непријател на Унгарија затоа што барала од Брисел Унгарија да не добива евтина руска енергија. Орбан на митинг во Сомбател, во западна Унгарија, изјави дека Украинците мора да се откажат од своите постојани барања во Брисел да ја исклучат Унгарија од добивање евтина руска енергија, објави порталот Hirado.hu. Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни ...
Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак неколку пати престојувал во Њујорк во стан во сопственост на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, се гледа од минатонеделната електронска пошта објавена од американското Министерство за правда, објавија денеска израелските медиуми. Во објавените пораки се гледа дека Ехуд и неговата сопруга, Нили Приел Барак, повеќепати престојувале во станот на Епстин помеѓу 2015 и 2019 година, откако Епстин ...
За разлика од Франција, Германија во моментов не планира да отвори генерален конзулат во Гренланд, јавува ДПА. Федералната влада веќе е претставена во Гренланд од почесен конзул, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека отворањето конзулат не е планирано во овој момент. Франција вчера објави дека отворила генерален конзулат во Гренланд, станувајќи првата земја од ЕУ што го сторила тоа. Претседателот ...
Дали децата и тинејџерите, кои секојдневно поминуваат часови на интернет и социјалните мрежи, би можеле лесно да се откажат или барем да го ограничат нивното користење? Граѓаните се поделени, но повеќето се скептични и помалку оптимистични дека ваква одлука лесно би се спровела кај сегашната генерација. Велат дека интернетот е длабоко навлезен во секоја пора на општеството и дека ќе биде потребно време за создавање нови навики кај децата. ...
Возачите кои во јануари и февруари се движеа по новата делница на булеварот се соочија со пропаднат асфалт и дупки, места врз кои потоа е интервенирано. Ставени се дополнителни количини асфалт, но не се израмнети соодветно па формирани се нерамнини и грпки на патот. Ова продолжување на булеварот, локалната власт го нарече – аеродром. Иако во декември беше пуштено во употреба со свеченост и сечење црвена лента, сега градоначалникот со ...
Општината и болницата заедно барат начин како да се реконструира потпорниот ѕид на штипската Клиничка болница, чиј дел минатата недела се сруши и потрупа две возила. Во моментот се прават анализи колку ќе чини неговата реконструкција, ако се земе во предвид дека станува збор за камен ѕид со должина од околу 300метри и висина од неколку метри. Тој ѕид е дотраен. Падниот дел ќе го поправиме, но мора и најургентните делови да ги средиме. Има ...
Претреси на повеќе локации и домови во Скопје открија група од тројца осомничени кои спремале одмазда. Ова го потврди единицата за насилен тероризам и екстремизам која заедно со обвинителството за гонење на организиран криминал се сомнева дека уапсените организирале одмазда за своите браќа кои лани беа обвинети и осудени за кривично дело „терористичка организација“. При претресите вчера се пронајдени и и одземени автоматска пушка со две рамки ...
Конвој од камиони и комбиња денеска ја транспортираа запленетета марихуана од Струмица тешка околу 30 тони. Полицијата влезе во две фирми за одгледување на медицинска марихуана во регионот. Полицијата влезе во струмичките фирми, бидејќи се поврзани со скопската „Алфафарм“ од кај тргна истрагата и од каде се запленија претходно речиси 10 тони марихуана. Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во ...
Нема да има парламентарни избори за брзо време. Ова е еден од политичките заклучоци кои, според аналитичарот, Петар Арсовски, може да се извлечат од најавената владина реконструкција и синоќешниот состанок на Централното претседателство на ВМРО-ДПМНЕ. За смените во Извршниот комитет, укажува дека, секој претседател на партија на високи партиски позиции поставува свои луѓе и тоа е очекувано, особено во високо хиерархиски структуирана партија, ...
Идната недела ССМ на блокади, УПОЗ во обид да го скрои договорот за повисоки плати во нивните редови. Во Министерството за финансии попладнево синдикатот и надлежните ќе работата на документот со кои вработените во правосудството и управата во април и следните две години ќе добијат осум проценти покачена плата или вкупно 24 отсто како и сумата од законското зголемување на минималецот во тој период. Примерокот потоа треба да се достави до ...
Уставниот суд го отфрли барањето на премиерот Еди Рама во врска со случајот на вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку, бидејќи не беше постигнато потребното мнозинство гласови за негово прифаќање, со што на сила останува суспензијата на Балуку од јавни функции. Осумте уставни судии се поделиле во гласањето, четворица биле „за“ а четворица против, што според правилата за работа на Уставниот суд автоматски значи дека ...