Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Злато вредно 1 милион и 800 илјади евра е украдено вчера во филмскиот грабеж на златара во центарот на Гостивар и пред очите на локалните жители кои се затекнале на местото на настанот. Само што настапила ноќта четворица маскирани лица со оружје влегле во објектот во центарот на градот и во близина на малиот пазар и успеале да украдат 18 килограми злато. Некои од луѓето кои се нашле во близина на објектот не само што биле сведоци на тоа како ...
Европската комисија извести дека од недела стартува фазната имплементација на новиот систем за премин на надворешните граници на Европската Унија. Државите-членки ќе започнат со прибирање на дигитални информации за граѓани од не-ЕУ држави кои престојуваат до 90 дена. Транзициската фаза ќе трае половина година, период во кој државите самостојно ќе одлучуваат на кои гранични премини најпрво ќе ја имплементираат новата постапка. Подоцна, системот ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека воведува дополнителен данок од 100% на кинескиот увоз почнувајќи од 1 ноември или порано. Ова претставува потенцијално ескалирање на царинските стапки слично на нивото што во април ги разгоре стравувањата од глобална рецесија. Претседателот на својата страница на социјалните мрежи изјави дека ги воведува овие нови царини поради контролата на извозот на ретки минерали што ја воведе Кина. Трамп во објавата ...
Голен број Израелците се собраа на Плоштадот на заложниците во Тел Авив синоќа за да покажат солидарност со оние што сè уште се држат во Газа, надевајќи се на нивно безбедно враќање по договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, јави АП. Жителка на Тел Авив, вели дека состојбата станала неподнослива. Се очекува 48-те израелски заложници што остануваат во Газа да бидат ослободени во наредните денови, а од Хамас се бара да го исполни рокот ...
Честитката од претседателката Сиљановска – Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание Ви ја пренесуваме во целост. Почитувани сограѓани, Ви упатувам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание! На денешниов голем празник, уште еднаш им оддаваме почит на оние кои пред 84 години тргнаа во тежок и храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето на татковината и создавањето македонска држава на ...
На 28. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово, МНТ триумфираше со дури две престижни награди. Со едногласна одлука на жирито, беа доделени наградите за МНТ од стручното жири: Александар Ивановски – претседател; Дубравка Киселички, Петар Андоновски, Гергана Трајкова и Стефан Јакимовски – членови. Жирито ги донесе следниве одлуки: ГРАН ПРИ ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА – „Бог на колежот“ – Македонски народен театар, Скопје; и за ...
Македонската фудбалска репрезентација одигра 0-0 на гостувањето кај најголемиот фаворит во групата – Белгија и остана во одлична позиција за пласман на Светското првенство во 2026 година. Дефанзивната стратегија на селекторот Благоја Милевски се покажа како вистински потег, бидејќи Белгијците, и покрај целосната иницијатива и бројните шанси, не успеаја да ја совладаат цврстата македонска одбрана. Секоја акција што ја минуваше дефанзивната линија ...
Филмски грабеж вечерва се случувал во Гостивар и тоа во центарот на Гостивар во близина на црквата. Како што пишуваат повеќе медиуми ограбена е златара од страна на неколку вооружени лица со автоматско оружје, калашников. Вo видеото кое го сподели медиумот „ПаЦензуре“ се гледа моментот на грабежот на златара. Разбојниците наводно фрлиле бодликави жици на неколку локации во центарот на Гостивар со цел да ја спречат полицијата да ги следи ...
Директорот на клиниката за неврологија и вонреден професор на медицинскиот факултет, Д-р Игор Кузмановски, беше разрешен денеска од функцијата од министерот за здравство Азир Алиу, откако на социјалните мрежи се појави видео снимка на која тој во чинија меша бела прашкаста материја, додека во разговор со уште едно лице, кое најверојатно го снимало видеото, зборува за „шмркање бело“. Кузмановски, кој беше кадар на ВМРО-ДПМНЕ, во видео снимката ...
Предизборни дебати со кандидатите за градоначалници на општина Тетово. Во Топ Тема своите програми ги соочуваат Катка Божиноска од Левица, Самка Ибраимоски од Коалиција Искуство за успех: ЛДП, ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР, Бајрам Реџепи – Коалиција НАИ предводена од ДУИ и Стевица Саркоски – ВМРО – НП. Според Бајрам Реџепи од Коалиција НАИ предводена од ДУИ дека сегашното раководство на општината Тетово на незаконски начин префрлува пари на градители кои ...
Директорот на клиниката за неврологија и вонреден професор на медицинскиот факултет, Д-р Игор Кузмановски, беше разрешен денеска од функцијата од министерот за здравство Азир Алиу, откако на социјалните мрежи се појави видео снимка на која тој во чинија меша бела прашкаста материја, додека во разговор со уште едно лице, кое најверојатно го снимало видеото, зборува за „шмркање бело“. Кузмановски, кој беше кадар на ВМРО-ДПМНЕ, во видео снимката ...
Предизборни дебати со кандидатите за градоначалници на општина Тетово. Во Топ Тема своите програми ги соочуваат Катка Божиноска од Левица, Самка Ибраимоски од Коалиција Искуство за успех: ЛДП, ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР, Бајрам Реџепи – Коалиција НАИ предводена од ДУИ и Стевица Саркоски – ВМРО – НП. Според Катка Божиноска од Левица, еден од главните проблеми со кои се соочува Тетово е сообраќајниот метеж кој според неа се должи на лошата урбанизација. ...
Две години по почетокот на најкрвавата фаза од повеќе деценискиот конфликт меѓу Израел и Палестинците, страдањата и уништувањата не запираат. Ќе се остварат ли очекувањата за конечно завршување на ужасите? Едно е сигурно – ништо повеќе нема да биде исто. Ниту во Газа, ниту во Израел. Во нападите на Хамас од 7-ми октомври 2023-тата година беа убиени 1200 лица, најголем дел од нив цивили а 251 беа земени во заложништво. Уште 48 лица остануваат во ...
Марија Корина Мачадо, лидерката на опозицијата во Венецуела е добитничка на овогодинешната Нобелова награда за мир, соопшти норвешката нобелова комисија. Комисијата смета дека претседателската кандидатка на минатогодишните избори во Венецуела успеала да ја обедини фрагментираната опозиција и да му пружи политички отпор на репресивниот режим на Николас Мадуро. „Во долгата историја на Нобеловата награда за мир мислам дека комисијата била соочена ...
Да се открие вистинскиот виновник за обидот за атентат бара докторот Зекирија Шаини кој не му верува на обвинителството кое ја осомничи неговата поранешна сопруга дека е нарачател. Тој вели дека истражните органи неправедно го вмешале името на Арјета Ајдини и дека со тоа го нарушиле нејзиниот углед. Докторот Шаини кој е и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково беше погоден со три куршуми во центарот на Куманово додека се возеше ...
Вакцините стигнаа навреме, во тек е пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип со која се опфатени ризичните категории граѓани: бремените жени, децата од 6 месеци до пет години, хронично болните без оглед на возраста, лица над 65 години и секако здравствените работници. И покрај тоа што во последниве години се забележува растечки тренд во набавката на вакцините и искористување на истите, сепак најголема е свесноста кај ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Русија, а со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради основано сомнение дека во земјава извршил кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот стапил во контакт со оштетениот со кој остварил повеќе средби, а на средбата на 09.10.2025 година од оштетениот зел 20.000 евра, по што бил ...
Марковски компани е најголемиот тендерџија на РЕК Битола во изминатите години. Иако најголемите тендери ги добива во последните четири години, соработката на оваа битолска компанија со РЕК почнува во 2012 година, кога го заработува првиот милион. Проверката на Електронскиот систем за јавни набавки покажува дека Марковски компани го добила првиот голем тендер од РЕК за санација на свлечишта во рудникот Суводол од над 60 милиони денари, односно ...
Помина половина година од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но раните што ги остави таа ноќ се уште не се заздравени. Тоа не беше само несреќа, беше колективна траума што остави длабоки траги врз целото општество. Се повеќе луѓе бараат психолошка поддршка. Оние кои ја преживеаја трагедијата, особено младите, како и оние кои загубија блиски, се уште се борат со болката и стравот. Нестабилноста, несигурноста и чувството дека ништо повеќе не ...
„Македонскиот јазик ја имал улогата на национален јазик уште пред да стане службен со познатото решение на АСНОМ, донесено на неговото прво заседание и затоа агументирано може да се тврди дека,официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е некаква „вештачка конструкција„, рече претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, во својот говор по повод денот ан Академијата. Попов зборуваше за настаните кои му ...
Фатон Љури кој со мотор го прегази скопјанецот Југослав Николовски под неговиот прозорец кај паркот на Франкофонијата призна за делото тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот но го негираше другото дека не му укажал помош на повредениот кој подоцна почина. Обвинителката рече дека вечерта на први јули Љури се однесувал несовесно и незаконски и го прегазил Николовски со мотор на пешачка патека без возачка дозвола и со неприлагодена ...
Во август годинава државата исплатила 19,5 милиони евра на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола, информира Јавното претпријатие за државни патишта. Од почетокот на 2025 година, за овие проекти досега се исплатени над 71 милион евра. Според надзорниот извештај, во август се изведувале геотехнички истражувања, проектирање, уривање на објекти и градежни активности за ...
На граничен премин Богородица спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари. Од страна на Одделението за истраги, против едно лице до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Според информациите од Царинската управа, осомничената, македонска државјанка, патувала со автобус на ...
Шеснаесетгодишното момче од Идризово, кое на 14 септември беше тешко повредено во сообраќајната несреќа кај село Марино, општина Илинден, им подлегна на повредите. Тој управувал мопед кога се судрил со возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, зад чиј управувач бил Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица. На мопедот се возела и 13-годишна сопатничка, која исто така беше тешко повредена. Несреќата се случила доцна вечерта, а ...
Министерот Љутков внимателен по првата пресуда за платите во културата – вели ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Засега не дава конкретен одговор дали ќе се сретне со Синдикатот за култура, откако тие добија прва пресуда во своја корист за, како што тврдат, незаконски пресметаните плати. На новинарско прашање на Телма, Љутков изјави дека ќе следи како ќе се развива ситуацијата. Синдикатот предупредува дека ова е само почеток и дека се ...
Додека светот денеска го одбележува Светскиот ден на менталното здравје, најгласно одекнува тишината во умовите на оние што се вратија од фронтовите и заробеништво во Источна Украина. Лекарите предупредуваат: физичките рани може да заздрават, но невидливите – оние што тивко го разјадуваат духот – бараат многу повеќе време, грижа и разбирање. Физичко и морално уништување без ниту еден испукан куршум, а тоа би било похумано, вели украинскиот ...
Обвинетиот Фатон Љури призна вина за сообраќајната несреќа во која животот го загуби Југослав Николовски. Според обвинението, тој управувал мотор без возачка дозвола по пешачка патека со брзина неприлагодена на условите, со што предизвика тешка несреќа.Николовски се здоби со тешки телесни повреди, на кои подоцна им подлегна во болница, и покрај укажаната медицинска помош. Обвинителството го товари Љури и за тоа што по несреќата го оставил ...
Кандидатите за градоначалник одговараат на прашањата што најмногу ги засегаат граѓаните – сообраќај, инфраструктура, загадување, иднината на градот… Во организација на ТВ ТЕЛМА и Националниот демократски институт (NDI) youtube.com/watch?v=U4NjFwTxG24&list=PLQaTilgehBiSDAjbkdbx1Ut1xl2ITWEWk&index=8 © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул гледа „прозорец на можности“ за земјите од Западен Балкан да се приклучат кон ЕУ, објави ДПА. Говорејќи на конференција во Белфаст, Вадефул рече дека земјите-кандидатки за ЕУ имаат големи надежи за напредок, но дека „постои и голем страв дека на крајот ова ќе биде бесконечен процес што нема да даде никакви резултати“. Иницијативата Берлински процес, покрената во 2014 година од поранешната ...
Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот дел во близина на јужната филипинска провинција Давао Ориентал. Земјотресот предизвика паника меѓу населението, прекини во напојувањето со струја и евакуација на крајбрежните села поради можност од цунами. Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор соопшти дека е започната проценка на потенцијалната штета, а спасувачки тимови и хуманитарни служби се подготвуваат ...