Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Конвој од камиони и комбиња денеска ја транспортираа запленетета марихуана од Струмица тешка околу 30 тони. Полицијата влезе во две фирми за одгледување на медицинска марихуана во регионот, а едната од нив „CBD Medplant“ од Борисово, Ново Село. Формирана е во 2018 година, а сопственици се Коље Василев, Христијан Котев, Алекс Гомес, Добринка Кирилиева и СГБ проперти СА. Инаку Тони Коцев таткото на Христијан Котев е поранешен председател на ...
Иран би можел да нападне американски бази во регионот ако САД нападнат негова територија, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Нема да нападнеме американска територија ако Вашингтон нè нападне, но ќе ги нападнеме неговите бази во регионот, нагласи Арагчи во интервју за Ал Џезира. Арагчи рече дека Техеран и Вашингтон се согласиле дека следната рунда разговори треба да се одржи што е можно поскоро, но дека датумот сè ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера потпиша извршна наредба со која се укинува „казнената“ тарифа од 25 проценти за целиот увоз од Индија, воведена поради купувањето руска нафта од страна на Индија, соопшти Белата куќа. Одлуката дојде откако Трамп претходно оваа недела објави дека постигнал трговски договор со Индија, според кој американските тарифи за индиските стоки се намалени од 50 на 18 проценти, во ...
Белата куќа планира да го одржи првиот состанок на лидерите на „Одборот за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп посветен на Газа на 19 февруари во Вашингтон, објави Аксиос, повикувајќи се на американски функционер и дипломати од четири земји кои учествуваат во телото. Според извештајот, состанокот треба да се одржи во Американскиот институт за мир, а исто така ќе служи и како конференција за собирање средства за реконструкција на ...
Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, изјави дека неговиот оддел го прекинува професионалното воено образование, стипендиите и програмите за сертификати со Универзитетот Харвард, што претставува најнова ескалација на администрацијата на Трамп против универзитетот. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп презеде мерки против водечките американски универзитети, вклучувајќи го и Харвард, поради низа прашања, вклучувајќи ги пропалестинските ...
Руските сили започнаа голем напад врз Украина во текот на ноќта, испукувајќи повеќе од 400 дронови и околу 40 ракети, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Главни цели на нападите беа енергетски објекти низ целата земја, објавуваат украинските медиуми. Претседателот Зеленски објави детали за нападот на социјалната мрежа „X“. „Главни цели беа енергетската мрежа, производствените капацитети и дистрибутивните трафостаници. Штети се ...
Дел од невладините со критики на предложениот закон за висока раководна функција. Се креира ли брана за партиските директори, се воспоставува ли мерит системот или повторно се остава простор за партиски заслужните или послушни кадри. Во „Топ тема“ вечерва дебатираа Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени, Марија Мирчевска, раководителка на Центарот за добро управување во ИДСЦ и Есма Адиловиќ Фазлиќ, ...
Српската пациентка Јована Алексиќ, која има меланом, карцином на кожата со метастази, ќе биде првата личност во светот што ќе почне лекување со руската вакцина против рак, изјави шефот на катедрата на патологија на универзитетот Сеченов во Москва, Сергеј Бољевиќ. Нејзиното лекување, додаде тој, ќе почне во наредниот месец до два. „Ова не е клиничко испитување, туку лекување. Вакцината за неа ќе почнеме да ја подготвуваме од понеделник на ...
Високите претставници на САД и Иран ќе ги продолжат разговорите по денешната средба во Оман, изјави иранскиот министер за надворешни работи, во обид да се намалат тензиите кои ги зголемија тензиите од воен конфликт меѓу двете држави. Абас Арагчи оцени дека разговорите, одржани со посредство на властите во Оман, се „добар почеток“ и фокусирани исклучиво на прашањето на нуклеарната програма а преговарачите на двете страни сега ќе се вратат во ...
Европскиот комесар за клима, Вопке Хукстра објави формирање на паневропски сили за брзо распоредување кои ќе бидат составени од 300 пожарникари. Ваквиот потег на Брисел следува по катастрофалните пожари во 2025 година кои многумина ги оценија како најлошите во Европа, но дополнително е потикната и од забрзаните климатски промени. Хукстра истакна дека т.н. „сили за брзо распоредување“ ќе бидат составени од пожарникари од сите 27 земји членки ...
Пратеникот Драган Ковачки е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој доаѓа на местото на Ѓорѓија Сајкоски. Огранизационен секретар на партијата ќе биде директорот на СОЗР, Ивица Томовски, а шеф на кабинет на партискиот претседател Христијан Мицкоски и во партијата ќе му биде Владимир Неловски, кој оваа функција ја извршува и во владата. Централниот комитет вечерва избра и нов Извршен комитет, во кој девет лица се сменети, а на нивно место ...
Суштината на предложениот Закон за висока раководна функција е да воспоставиме постапка, услови, критериуми за избор на високи раководители, а не професионализација на јавна администрација, како што е конципирана првата забелешка на граѓанскиот сектор, изјави Есма Адиловиќ Фазлиќ, координатор на работна група за законот во министерството за јавна администрација, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Идејата е да постојат ...
Кја граѓанскиот сектор има консензус дека нѝ е потребна радикална реформа која би придонела кон воспоставување на непартиско, професионално и стручно јадро во јавната администрација, рече Марија Мирчевска, раководителка на Центарот за добро управување во ИДСЦ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма во врска со предложениот закон за висока раководна функција. „Имавме неколку клучни забелешки околу моделот кој што е предложен во овој ...
Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска-Кочоска и Тимчо Муцунски, кои досега беа потпретседатели ќе бидат предложени за членови на Извршниот комитет. На вечерашниот Централен комитет на партија треба да биде избран нов Извршен одбор на ВМРО ДПМНЕ. Од седиштето на ВМРО ДПМНЕ за Вестите на Телма во 18:30 се јави Далиборка Демјанска Б.С. Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска-Кочоска и Тимчо Муцунски, ...
Советник од Советот на Општина Кочани од редовите на ВМРО ДПМНЕ истовремено е директор на основно училиште, што според законот е неспоива функција, реагираа денеска од независната советничка група „Доста беше“ во Кочани. Побарале и добиле официјален документ од Државната комисија за спречување на корупција, во кој јасно стои дека во ваквиот случај има судир на интереси. Според кочанските советниците од независната листа „Доста беше“ по ...
Запленети се околу 40 тони марихуана наводно одгледувана за медицински цели по претресите во Скопје и во Струмица дознава Телма од извори во истрагата. 10-тина се од Скопско, а 30-тина од Струмица. Првичните 27 тони за кои вчера брифираа истражните органи веќе се зголемени, со веќе откриени нови количини кои биле спремни за шверц, велат нашите извори. Истите извори велат дека марихуаната, на начинот на кој е продуцирана, складирана и чувана ...
Петте кандидатурите за државен обвинител предпладнево пристигнале во Советот на јавните обвинители, потврди за Телма претседатлеот на Советот Башким Бесими. Дополнително ќе закаже седница на која членовите ќе ги разагледаат кандидатурите и ќе дадат мислење, позитивно или негативно, за секој од нив. Законскиот рок е 15 дена а потоа владата му предлага на Собранието кандидат кој добил позитивно мислење од Советот. Кандидати за шеф на Јавното ...
Судскиот совет објави оглас за уставен судија за празносто место на Елизабета Дуковска чиј избор во мај лани го поништи Управниот суд. Огласот ќе трае 15 дена, а судкси треба да предложи кандидат да Собраснието. Mоже да се јави секој судија со најмалку 20 години судиски стаж, по претходно утврдена оцена на неговите вкупни резултати во работата и придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и правниот систем. Огласот следува откако ...
Се става ли на пауза долгонајавуваната дисперзија во Битола со која треба да им се олесни на тешко болните? Онколошките пациенти од Пелагонискиот регион повторно останаа без онколози од Скопје и терапија во Битолската Клиничка болница. Ова одделение функционираше само неколку месеци, а веќе еден месец пациентите од овој град и околината пак се во неизвеснот и треба да се малтретираат за да доаѓаат на Клиника. Ана Марјановиќ здружение Хема ...
Цените на становите во Скопје се влезени во нагорна спирала, затоа што многумина инвеститори очекуваат да продолжат да растат и на големо купуваат со што го зголемуваат притисокот врз цените, велат упатени во пазарот со недвижности со коишто разговаравме. И покрај енормниот раст од изминатите години, цените нема да се стабилизираат на краток рок доколку владата не интервенира, уверени се нашите соговорници. Податоците на Народната банка ...
Осомничени се двајца полицајци, поранешна ракометарка, а сегашна наставничка и пожарникар од Скопје поради сомнежи дека примале поткуп од граѓани на кои им овозможувале побрзо да извадат лични документи, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Четворицата разработиле шема преку која организирале и спроведувале постапки за издавање лични документи, а за возврат добивале пари од граѓани за услугата. Меѓу осомничените е и поранешната ...
Лајковите растат, грижата уште побрзо. Зад екранот што светка во детските раце, се отвора прашањето – кој ги штити децата во дигиталниот лавиринт? Граѓанската „Иницијатива за безбедно детство“ ја покренува петицијата што бара јасни правила таму каде што алгоритмите одамна немаат кочници. Социјалните мрежи се секојдневие за младите, но не и безбедна зона. Дизајнирани да крадат внимание, но кај децата оставаат подлабоки траги: нарушено ментално ...
Изработени се три нови законски решенија: Законот за високо образование, Законот за квалитет во високото образование и истите веќе се ставенои на ЕНЕР додека Законот за научно- истражувачка дејност ќе биде ставен на платформата следните денови. Министерската Јаневска најави реорганизација и заживување на улогата на Агенцијата за квалитет во високото образование која во изминативе пет години на постоење според неа вршела само акредитација на ...
Додека институциите одлучуваат за социјален стан, 37-годишниот Стефан Ивановиќ живее во неизвесност. Тој е со церебрална парализа, без сопствен дом и со социјални примања. Од Министерството за социјална политика велат дека во ноември минатата година извршиле увид и утврдиле дека Стефан живее сиромашно и нема дом. Наодот кој ги содржи тие информации го доставиле до владината Комисија за станбени прашања, која треба да одлучи дали тој ќе добие ...
Запленети се 27 тони марихуана одгледувана за медицински цели по претресите во Скопје и во Струмица. Акцијата е поврзана со пронајдените 5 тони марихуана во Србија, кои тамошните власти тврдат дека се од земјава. Во центарот на истрагата е компанијата „Алфафарм“ ДОО Скопје, чиј ко-сопственик Иван Драгниќ, кој е државјанин на нашиот северен сосед беше уапсен. Со неколку комбиња и камиони се изнесуваше марихуана тешка девет тони од објектот на ...
Околу осум илјади вработени во правосудството и управата во април ќе добијат осум проценти покачена плата заедно со околу 1.600 денари колку што ќе се зголеми минималецот како дел од пакетот кој го предложи Владата а кој е прифатлив за двата синдикати, УПОЗ и КСС. Пактот на Владата вклучува и откажување од Општиот колективен договор и потпишување на индивидуални договори, а за возврат во март оваа и наредните две години вработените ќе добијат ...
Рафет и Феим Мемишовски од Битола јавно им се извинија на државниот врв за заканите упатени за време на протестите поради одземените возила на граѓани кои возеле без возачка дозвола. Извинувањето го објавија преку видеопораки на социјалните мрежи. За време на блокадите во Битола тие изјавија дека ќе има убиства и тепачки доколку полицијата продолжи да ги конфискува возилата. „Се извинувам пред целата Влада и целото министерство, пред ...
Формирање Државна агенција за книга, бара писателот и новинар Ѕвездан Георгиевски. Тој е еден од одбиените автори на конкурсот на Министерството за култура и туризам, за поддршка на проекти од национален интерес, во областа на литературата и издавачката дејност. Георгиевски смета дека конкурсот е спроведен паушално и без стратегија, а решение на проблемот е Агенција за книга. Агенцијата за книга е она што го има во светот одамна- агенти. ...
Во Сингапур прашањето веќе не се поставува прашањето дали ќе има летечко такси туку кога тоа ќе биде целосно интегрирано во секојдневието на жителите на Сингапур. На 10-тиот Сингапурски воздушен саем, кој се смета за најголемата изложба за воздухопловство и одбрана во Азија посетителите имаа прилика да ги видат превозни средства на иднината. Фил Свинсбург кој е директор на Азиско-пацифичките операции и развој на бизнисот за Виск Аеро за ...
На 96- годишна возраст почина д-р Коста Балабанов. Тој е една од најистакнатите личности во македонската историја на уметност и во заштитата на културното наследство. Како историчар на уметност, конзерватор, научник, дипломат, професор и културен деец, тој остави длабока трага во проучувањето, зачувувањето и меѓународната афирмација на македонската средновековна уметност. Познат е и како хуманист, љубител на природата и пасиониран акварист, ...