Правосуден испит може да се полага само на македонски јазик, одговори министерот за правда Игор Филков по изјавата на неговиот колега и вицепремиер Беким Сали дека полагањето може да биде и на албански јазик. Во соопштението порачува дека поминало времето на правен релативизам, институционален хаос и селективна примена на нормите, туку воспоставување на јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок. „Токму затоа, ...

Француското правосудство обелодени уште еден случај на педофилија и бара сведоци по обвинението против 79-годишен маж кој силувал повеќе од 89 малолетни лица. Обвинетиот е приведен во 2024 и осомничен e дека извршил силувања и агресија врз малолетни лица во периодот од 1967 до 2022 година. Случајот го истражува Обвинителството во Гренобл. Наводните злосторства се извршени во Германија, Швајцарија, Мароко, Нигерија, Алжир, Филипините, Индија, ...

Владата на денешната седница се очекува да донесе одлука да се проверува секоја фирма за одгледување на марихуана за медицински цели, откако ова го најави премиерот Христијан Мицкоски. Таквата одлука следи по заплената на 40 тони марихуана во Скопје и струмичкиот регион, а премиерот уште еднаш повтори дека очекува заплената да достигне и до 100 тони. Мицкоски како проблем го посочи донесувањето на правилникот, односно подзаконскиот акт од ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа ќе биде збришана за пет години, ако не стори ништо да стане учесник во светските случувања, наместо нивни набљудувач. „Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води кон среќна покорност. Никому не пречиме, се обидуваме да бидеме љубезни кон Американците, а со Кинезите продолжуваме како и претходно. Ви велам, ако не сториме ништо, Европа ќе биде збришана за пет години“, рече Макрон ...

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се враќа на Конгрес на ЦДУ на 20 февруари, што ќе биде нејзино прво учество во работата на партиското тело по нејзината одлука за повлекување од политичката сцена. Германските медиуми појаснуваат дека само по себе не е изненадување поранешни лидери на партијата да бидат поканети како посебни гости, но, според нив, изненадување е што Меркел ја прифатила поканата, со оглед на нејзините претходни ...

Соединетите Американски Држави ќе предадат две исклучително високи командни места во НАТО, во Неапол и во Норфолк, на европски офицери, изјави воен извор за британските медиуми. Одлуката е во согласност со барањата на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на поголема одговорност од европските нации за сопствената безбедност. Неговата администрација сака НАТО, долго доминиран од САД, да стане „НАТО предводен од Европа“. Како дел ...

Патните трошоци на пратениците, поделени на месечно ниво, се поголеми од минималната плата на еден работник, особено во приватен сектор. Ќе продолжиме да ги блокираме и пратениците и министрите и владата и работодавачите и сите оние кои се виновни што низ годините го донесоа македонскиот работник на дното, рече Иван Пешевски, потпретседател на ССМ, претпладнево од блокадата на собранието. „Тврдиме дека 600 евра треба да биде една ...

Ова не е приказна за една фасада. Ова е приказна за држава што не знае да застане зад сопствените одлуки. Едните ја соголија и унаказија зградата на ЕСМ со барок од стиропор. Другите со години не мрднаа со малиот прст, а третите денес ветуваат „модерна и енергетски ефикасна“ зграда. А ние, граѓаните, си плаќаме – како да ни растат парите на дрвја. Зградата на ЕСМ не е само архитектонски проблем, туку симбол на државна неспособност, без ...

Приватните превозници во Скопје реагираат дека системот „Безбеден град“ неправедно ги санкционира автобусите, без да ги земе предвид специфичните услови на јавниот превоз. Поради долгиот состав на автобусите и недостаток на посебни жолти ленти, тие често се бележат како да поминуваат на црвено светло, што води до високи казни и одземање возачки дозволи. Предупредува дека ваквите санкции може сериозно да го нарушат јавниот превоз, со оглед на ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше предмет на ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста за 2024 година. Ревизорите утврдија дека во делот на инспекцискиот надзор при увоз на стоки постојат ризици, бидејќи фактурите и здравствените сертификати се на повеќе странски јазици, што може да доведе до недоволно проверена веродостојност и безбедност на производите. Ревизијата покажала и недостатоци во инспекцискиот надзор на ...

ОН изразија загриженост во врска со недостигот на гориво во Куба и неговите импликации врз работењето на аеродромите. Загриженоста доаѓа откако кубанските воздухопловни власти ги предупредија авиокомпаниите дека нема доволно гориво за авионите да се наполнат со гориво на островот, што е најновиот чекор во нивните потези за рационализирање на енергијата, бидејќи администрацијата на Трамп ја исклучува карипската нација од нејзините ресурси за ...

По изјавата на министерот Беким Сали дека правосудниот испит треба да може да се полага и на албански јазик, реагираше министерот за правда Игор Филков, кој преку службата за односи со јавност на Министерството за правда испрати соопштение до медиумире во кое вели дека Уставот мора да се почитува и не смее да биде предмет на слободни и дневнополитички интерпретации. Во продолжение интегрално реакцијата на на министерот за правда. Почитуван ...

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е наменет за да се оддаде почит за жртвите од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ и целта е да биде изграден во најкус можен рок и да претставува достоинствено место за сеќавање. Локацијата зафаќа површина од 1.035 квадратни метри и ...

Гислејн Максвел, поранешна соработничка на Џефри Епстин и осудена за трговија со луѓе, одби да одговара на прашања за време на сослушување пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД. Таа се појави виртуелно од затвор во Тексас и повеќепати се повика на Петтиот амандман, со што го искористи правото да молчи. -Госпоѓо Максвел, дали бевте блиска пријателка и доверлив човек на Џефри Епстин? -Би сакала да одговорам на вашето прашање, ...

Маж од село Стење, ресенско, е лишен од слобода поради измами со лажни лекари и сообраќајни несреќи, соопшти СВР Битола. Тој и уште едно непознато лице измамиле две постари битолчанки, претставувајќи се како доктори и барајќи пари за наводни итни операции на нивни блиски. Првото кривично дело се случило на 5 февруари, кога оштетената дала златна огрлица и златно синџирче со привезоци во вредност од околу 40.000 денари. Следниот ден, 6 ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе отвори центри за извоз на оружје во Европа, почнувајќи од средината на февруари. Toj рече дека производството на дронови со употреба на украинска технологија ќе започне во Германија кон средината на февруари и додаде дека производствените линии веќе работат во Обединетото Кралствo. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе отвори центри за извоз на ...

ССМ денеска наутро излегува на блокади во обид да го зголеми притисокот и да се избори за што е можно поголемо зголемување на минималната плата од законски предвидените 1.600 денари. Први на списокот на синдикалците се пратениците во Собранието бидејќи тие една година го блокирале законот за минимална плата и исплатата на додатоци за храна и превоз. Ќе се блокираат двете улици пред и зад Собранието за да им се оневозможи пристап на ...

Најверојатно е дека вечерта ќе останат без греење студентите кои веќе 12 часа се без струја, а престојуваат во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид објави Студентарија. Според видеото како во хорор филм, со свеќи во раце студентите се движат во целосна темнина низ домот. Засега се уште нема информации кога ќе биде пуштена струја, а студентите во коментарите на објавата негодуваат дека во сред зима додека другите се возат со луксузни ...

Владата попушти за платите на државната администрација, но не и за минималната плата на работниците. Не попушта ни ССМ – 600 евра минимална плата или блокади и генерален штрајк. Ќе се откажат ли работодавачите од барањето владата да плаќа дел од придонесите за зголемување на минималната плата за да се задржи социјалниот мир? Синдикалната минимална кошничка во јануари е 66.413 денари, владата се уште не ја објавила нејзината. Дали ...

Александар Мијајловиќ, кој е главниот осомничен како организатор на групата која шверцувала 5 тони марихуана за која властите тврдат дека потекнувала од македонско тло, има фирма за одггедување на марихуана за медицински цели во земјава, пишува Призма. Станува збор за компанијата „Грин лајф“ од селото Јосифово во Валандово, а Телма открива дека нејзин сопственик е белградската фирма „Био Натурал“. Спред јавно достапниот регистар пак газда на ...

Пациeнтка со рак на јајници била лекувана со терапија која не е индицирана за оваа, терaпијaта и била менувана без образложение, а комбинацијата на два лека предизвикала сериозни последици. Ова е една од вкупно 51 пациент на Клиниката за онколгија чија историја на лекување што ги анализирала вештакот од Словенија д-р Маја Равник од Клиничкиот центар и од медицинскиот факултет во Марибор. За друг пациент пак кажа дека хемотерапијата ја ...

Гилејн Максвел, осудена најблиска соработничка на сексуалниот предатор, Џефри Епстин, одбила да одговара денеска да одговара на прашања од членовите на комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД. Максвел учествувала виртуелно на сослушувањето зад затворени врати од затворот во Тексас, каде ја отслужува 20-годишната затворска казна за трговија со луѓе. Претседавачот на комитетот, републиканецот Џејмс Комер, изјави дека „како што било ...

Општината да преземе поенергични мерки за решавање на проблемот со бездомните кучиња, побараа невладините ромски организации по немилиот настан во кој дете кое си играше во дворот пред куќата во населбата Баир беше нападнато од глутница кучиња. Детето е искасано по целото тело, а со тешки повреди од битолската болница беше префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде сè уште се лекува. Денеска од таму информираат дека е во стабилна ...

Четири лица од велешката касарна се заразени со шуга и се пратени на домашно лекување. Во моментов нема никој во изолација, бидејќи кај останатите припадници не се забележани симптоми. Надлежните информираат дека состојбата се следи секојдневно и нема простор за загриженост. „Тоа не е карантинско заболување. Потребно е само да биде издвоен болниот и да биде на домашно лекување. Треба да има свој кревет. Друго посебно изолирање не е потребно“, ...

Во вечерашната Топ Тема дебатираа министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, со Ангел Димитров претседател на Организацијата на работодавачи и Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати. Министерот за економија Дурмиши истакна дека Владата досега постигнала договор во делот зголемување на платите на вработени во администрацијата, со која ќе се опфатат околу 11 илјади вработени. „Дијалогот може да се постигне кога има ...

Полицијата истражува каде завршиле прехранбени производи во вредност од околу 70 илјади евра храна од магацинот на владините бифеа, кои постоеле само на хартија, но во реалноста ги немало. Пописот од 2024 година покажал разлика помеѓу сметководствената и фактичката состојба од 4,2 милиони денари, констатира Државниот завод за ревизија во Ревизорскиот извештај за работата на владината Служба за општи и заеднички работи. Во службата им ...

Системот „Безбеден град“ регистрира вкупно 4.991 прекршок во периодот од 2 до 8 февруари од кои најголем број од прекршоците (4.674) за прекумерна брзина на возење (4.674), за минување на црвено – 163, а за управување со возило со истечена сообраќајна дозвола – 154 прекршоци. Исто така, изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 се за „минување на црвено светло“, а 125 се за „брзо возење“. Во рамки на ...

Блокадите на Собранието утре нема да го стопираат работното темпо на пратениците, а полицијата ги презема сите мерки за ред и безбедност. Спикерот Африм Гаши очекува пратениците да дојдат пешки и нагласува дека работата ќе продолжи додека се почитува правото на протест. Во однос на барањата за повисоки плати, Гаши е на став дека е потребна анализа за нивелирање според важноста на функциите во државата. Пратениците на работа додека ...

ССМ утре наутро излегува на блокади во обид да го зголеми притисокот и да се избори за што е можно поголемо зголемување на минималната плата од законски предвидените 1.600 денари. Први на списокот на синдикалците се пратениците во Собранието бидејќи тие една година го блокирале законот за минимална плата и исплатата на додатоци за храна и превоз. Ќе се блокираат двете улици пред и зад Собранието за да им се оневозможи пристап на пратениците ...

Казна доживотен затвор доби познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, кој лани на 8 август во раните утрински часови ја уби својата 84-годишна мајка Марија Заркова. Убиството го извршил во семејниот дом, со нож, по што се јавил на бројот за итни повици. Судечкиот судија, Сашко Георгиев во Основниот суд во Штип на денешното изрекување на пресудата рече дека станува збор за најтешко кривично дело убиство, а заштитата на човековиот живот има ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
58%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
47%
1016
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
47%
1016
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.95
62%
1014
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
46%
1013
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
51%
1016
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
47%
1013
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
49%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
60%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6064

Currency

71.1413

Currency

37.611

Currency

38.4771

Currency

66.9844

Currency

7.69516

Currency

0.69906

Currency

0.32996

Currency

0.52491

Currency

1.16852

Currency

0.55871

Цинк

3.45

Бакар

12.07

Злато

166450.52

Паладиум

47416.53

Алуминиум

3.62

Платина

63947.83

Калај

50.49

Рутениум

53788.20

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Родиум

326330.08

Сребро

2840.84